Железница со загуби од 4,7 милијарди денари, застарени пруги и милиони евра провизии за неискористени кредити

Фото: А1он
Известуваат 9 медиумиПрв објави А1он · · последен

Во овој настан:ЖелезницаДЗР

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Јавното претпријатие „Железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија“ со години работи со загуби, располага со застарена и делумно нефункционална железничка инфраструктура, а за неискористени кредитни средства плаќа милионски провизии.

Клучни точки

  • Државниот завод за ревизија утврди низа финансиски и системски нерегуларности во работењето на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје (ЖРСМ Инфраструктура) за 2024 година. [Press24]
  • Државниот завод за ревизија изрази двојно неповолно мислење за работењето на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, нотирајќи акумулирана загуба од 4,7 милијарди денари, повеќемилионски пенали за неповлечени кредити и сериозни пропусти во управувањето со имотот и јавните набавки. [Рацин]
  • Државната железничка инфраструктура е во лоша состојба, работи со милионски загуби, а проектите за изградба и реконструкција на пругите се одолжуваат со години, па и со децении, велат од Државниот завод за ревизија. [МКД.мк]
Прочитај на А1он

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ДЗРЈП Железници тоне во долгови и застарена инфраструктура[Рацин]
  • ДЗРЖелезница тоне во загуби, пругите се распаѓаат, а милиони евра се плаќаат за неискористени кредити[МКД.мк]

Сите извештаи (9)

  1. А1онпрв

    Железница со загуби од 4,7 милијарди денари, застарени пруги и милиони евра провизии за неискористени кредити

    Јавното претпријатие „Железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија“ со години работи со загуби, располага со застарена и делумно нефункционална железничка инфраструктура, а за неискористени кредитни средства плаќа милионски провизии. Ова го утврди Државниот завод за ревизија во извештајот за финансиското работење и усогласеноста на претпријатието за 2024 година....

  2. Press24

    Државниот завод за ревизија откри милионски загуби и сериозни пропусти во работењето на ЈП ЖРСМ Инфраструктура

    Државниот завод за ревизија утврди низа финансиски и системски нерегуларности во работењето на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје (ЖРСМ Инфраструктура) за 2024 година. Според извештајот, претпријатието продолжува да генерира милионски загуби, кои за 2024 година изнесуваат 188,7 милиони денари, додека вкупната пренесена загуба од минатите години…

  3. Рацин

    ДЗР: ЈП Железници тоне во долгови и застарена инфраструктура

    Државниот завод за ревизија изрази двојно неповолно мислење за работењето на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, нотирајќи акумулирана загуба од 4,7 милијарди денари, повеќемилионски пенали за неповлечени кредити и сериозни пропусти во управувањето со имотот и јавните набавки. Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење и за финансиските извештаи и за усогласеноста со…

  4. Скопје1

    Железницата тоне во загуби, ревизорите открија неправилности и застарени пруги - Транспорт бара да реагира Обвинителството

    Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста со законите на ЈП „Железници – Инфраструктура“ за 2024 година, утврдувајќи сериозни неправилности во управувањето со јавните средства, имотот, залихите и железничките проекти. Министерството за транспорт побара Јавното обвинителство да ги испита ревизорските наоди, обвинувајќи ги претходните…

  5. МКД.мк

    ДЗР: Железница тоне во загуби, пругите се распаѓаат, а милиони евра се плаќаат за неискористени кредити

    Државната железничка инфраструктура е во лоша состојба, работи со милионски загуби, а проектите за изградба и реконструкција на пругите се одолжуваат со години, па и со децении, велат од Државниот завод за ревизија. Ревизорите констатирале дека при планирањето и изградбата на источниот дел од коридорот 8 имало сериозни пропусти. Во извештајот наведуваат дека е утврдено ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.