Бранко

36 настани во последните 30 дена, од 39 медиуми

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, за да го враќаат Бранко? А Македонија? — отвора на Скопје1

Се враќа ли Бранко Црвенковски во СДСМ, ќе ги прегази ли Венко Филипче своите внатрепартиски противници „како шлепер жаба“ и дали зад новата платформа за промени стојат старите партиски структури кои децении не променија ништо? Ќе бараме докази за тоа како Филипче и премиерот Христијан Мицкоски имаат договор „под маса“, како што тврди Андреј Петров. Ова се дел од прашањата што вечерва се отвораат…

Петрушевски: Со ребалансот капиталните расходи се кратат за 5,8 милијарди денари, дефицитот останува непроменет — отвора на Пари

Капиталните расходи се намалуваат за околу 5,8 милијарди денари, а вкупните приходи и расходи на државната каса се кратат за по 5,3 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет, на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од БДП. Ова го истакна пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната седница на собраниската ...

Петрушевски: Со ребалансот ги усогласуваме буџетските средства со реалната динамика на проектите — отвора на Press24

Бране Петрушевски, пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет кажа дека Буџетот не е статичен документ и дека истиот мора да одговори на реалните околности особено кога економските услови и очекувањата за негово извршување се менуваат, додека како што вели Петрушевски: „Одговорното управување подразбира навремено приспособување ...

6 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: КурирЖурнал+2

Во Собранието продолжува дебатата по Предлог ребалансот на Буџетот — отвора на Бизнис вести

Власта и опозицијата и денеска ги вкрстија аргументите за предлог-ребалансот на Буџетот. За власта, тој е одговор на актуелните геополитички случувања и показател за одговорни политики, а според опозицијата, фискален пораз на една неодговорна политика. Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Буџетот не е статичен документ и тој мора да одговори на реалните околности особено ...

Дејан Јованов – Деко предложен за сведок на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“ — отвора на Курир

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против деветмината полициски службеници обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што одбраната ги образложуваше предлог-доказите од доказните листи. Одбраната предложи изведување на повеќе материјални докази, како и распит на повеќе сведоци, меѓу кои и Дејан Јованов - Деко. Според предлогот, сведокот треба да се...

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена — отвора на Скопје1

Арктичката поморска рута станува сè попривлечна за кинеските компании што испорачуваат стока во Европа, бидејќи овозможува пократко време на транспорт и претставува алтернатива на традиционалните бродски коридори изложени на геополитички ризици.Според анализи објавени во кинескиот весник „Глобал тајмс“, особено голем интерес постои за транспорт на стоки чувствителни на високи температури, како...

Немирите во Европа и изборите во соседните земји директно влијаат врз економијата на Северна Македонија — отвора на Журнал

Немирите во Европа и изборите во соседните земји имаат директно влијание врз економијата на Северна Македонија, пренесува Zhurnal.mk. Бранот протести што ја зафати Европа доведе до ескалација на насилството и масовна мобилизација на граѓаните. Граѓаните во Франција, Албанија и Италија масовно излегуваат на улиците, поттикнати од комбинацијата на кризата со трошоците за живот, сериозните проблеми ...

Азески и Андоновски на заедничка маса: Презентација на дигиталните алатки пред компаниите — отвора на Бизнис вести

Денес, со почеток од 13.00 часот на иницијатива на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во просториите на Комората, пред компаниите членки, ќе бидат презентрани достапните дигитални услуги, решенија и можности што им стојат на располагање на компаниите, од страна на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. На средбата, претставниците на бизнис секторот ќе имаат ...

Божиновска и Азески разговараа за стратешките приоритети во енергетиката и рударството — отвора на Нетпрес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство, подготовката на новата Стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството. „Во фокусот на...

Излезноста на парламентарните избори во Србија до 14 часот изнесува 46,53 проценти — отвора на Нова Македонија

Излезноста на вонредните парламентарни избори во Србија денеска до 14:00 часот беше 46,53 проценти, објави вршителот на должноста директор на Републичкиот завод за статистика Бранко Јосиповиќ на прес-конференција во Републичката изборна комисија. До 14:00 часот, во Војводина гласале 49,23 проценти, во Белград 47,55 проценти, во регионот Шумадија и западна Србија 44,95 проценти и во регионот ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

До 12 часот гласале 34,55 отсто од вкупниот број запишани избирачи во Србија — отвора на 4NEWS

Директорот на Републичкиот завод за статистика во Србија, Бранко Јосиповиќ, соопшти дека до 12 часот на гласање излегле 34,55 отсто од вкупниот...

Европа на улица: Судири со полицијата во повеќе земји, речиси 1.000 уапсени во Франција, 400 во Италија — отвора на Булевар

Бран протести зафати повеќе европски земји, меѓу кои Франција, Италија, Шпанија, Албанија и Португалија. Граѓаните протестираат поради високите животни трошоци, недостапното домување, состојбите во образованието и јавните услуги, а во дел од земјите и против корупцијата. Дел од собирите прераснаа во насилни судири со полицијата. Во Франција, повеќе од 400.000 луѓе излегоа на улиците во ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Aктериот Крис Петровски: Холивуд е валкано место, полно со скршени надежи и срца, но и екстремно богати луѓе — отвора на МКД.мк

Уште растејќи на Нов Зеланд (каде што со своите родители се преселил како петгодишно дете), тој почнува да се занимава со актерство, но посериозно и се посветува на глумата кога на 18 години добил стипендија и се преселил во Лос Анџелес да студира актерство на Академијата за актерство „Стела Адлер“ (Stella Adler Academy of Acting), ...

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите — отвора на Сител

Бранот протести во регионот го отвори прашањето за можни безбедносни ризици во Македонија. Премиерот вчера предупреди дека Европа станала немирен вулкан и дека провокации се можни и во земјава. Фото за вовед: YouTube видео: Категорија: Македонија

Продолжува бранот грабежи во Севиља, обиен домот на фудбалерот Пајот — отвора на Република

Бранот грабежи во домовите на фудбалери и познати личности во главниот град на шпанската покраина Андалузија, Севиља, продолжува, откако весникот „Диарио де Севиља“, објави денеска дека тројца маскирани мажи упаднале во станот на фудбалерот на Реал Бетис, Трој Парот.Весникот известува дека маскираните мажи влегле во домот на фудбалерот, кој се наоѓа во станбената зона Ел ...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: БрифMakPress

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите — отвора на А1он

Бранот насилни протести, грабежи и уништување имот што ја зафати Франција предизвика остри реакции кај граѓаните на Париз, од кои некои за влошената безбедносна состојба ги обвинуваат претседателот Емануел Макрон и политичката нестабилност во земјата. Граѓаните што разговараа со агенцијата „Ruptly“ сметаат дека на француската влада ѝ недостасува сила за...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа? — отвора на Сител

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе цела Европа може дополнително да се прошири но дали протестниот вирус ќе ескалира на цел континент зависи од неколку клучни фактори. Според безбедносниот аналитичар Златко Кузманов, темпото на настаните ќе го диктираат упорноста на студентите и синдикатите, капацитетот на екстремните и криминални групи да го злоупотребат хаосот но и реакцијата на...

Оставки во Гугл поради воените проекти: Истражувачи за вештачка интелигенција ја напуштаат компанијата — отвора на Лидер

Бран од незадоволство ја зафати американската технолошка компанија „Гугл“, откако истакнати експерти и истражувачи почнаа да поднесуваат оставки поради употребата на напредни системи за вештачка интелигенција во воени операции. Клучна причина за револтот се потпишаните договори со властите на Соединетите Американски Држави и Израел, кои предизвикаа сериозни етички сомнежи кај кадарот. Според...

Протести ја тресат Европа, што толку ги разгневи младите? — отвора на Рацин

Бран протести во Франција, Италија, Албанија и други европски земји го отвори прашањето што ги турка младите на улица. Скапото живеење, несигурните работни перспективи и чувството дека политичарите не ги слушаат нивните барања се меѓу причините што ги издвојуваат германските медиумски анализи објавени вчера. Поводите се разликуваат од држава до држава. Но германскиот истражувач на ...

Во Луковица некогаш учеле над сто деца: Денес жителите ги раскажуваат спомените за водениците, свадбите и селските собори — отвора на Курир

Училиште со повеќе од сто деца, воденици покрај реката, оризови ниви и свадби за кои помагало целото соседство. Вака изгледал животот во Луковица, во Општина Македонска Каменица, според сеќавањата на Љубе Ристовски и Бранко Милошевски, соговорници во серијалот „Прангов – Приказни од нашите села“. Во разговорите на локалниот каменички дијалект, тие раскажуваат за детството, работата, семејните...

Министерката Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески — отвора на Курир

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство, подготовката на новата Стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството. Во фокусот на...

„Ова е навестување за тоа што го очекува целиот Запад“: Германските медиуми за протестите низ Европа — отвора на Макфакс

Бранот протести што зафати неколку европски земји, од Франција и Италија до Албанија, Белгија, Португалија и Шпанија, предизвика загриженост и во Германија. Германските медиуми предупредуваат дека незадоволството на младите, зголемувањето на трошоците за живот и намалувањето на можностите за образование и вработување може да доведат до нови социјални конфликти низ цела Европа. Додека во некои ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Pусија и Иран ги користат социјалните протести за дестабилизација на Европа — отвора на Рацин

Русија и Иран имаат интерес да ја ослабат политичката кохезија на западните држави и можат да ја искористат протестната активност за продлабочување на општествената поларизација, поткопување на довербата во државните институции и одвлекување на вниманието од сопствената надворешна политика. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Бранот протести на француските средношколци, кој започна на 18 септември 2026 година...

Тричковски бара СДСМ да гласа за ДУИ во Брвеница — отвора на Инфомакс

Бранко Тричкоски бара СДСМ да гласа за кандидатот на ДУИ кој во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. ,,Во вториот круг во македонската Саксонија-Анхалт, СДСМ мора да гласа за Аркин Јахиј и на тој начин да гласа за пораз на Злосторничката инсталација како најважна работа во историјата на Македонија од времето кога ...

Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ вечерва на „Златна лира“ — отвора на Република

На третата фестивалска вечер ќе настапат кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ со програма од Мангани, Бургмилер, Видор, Перминов, Казак и Цанев. Бранко Павловски е македонски кларинетист со богата меѓународна кариера и углед на концертната сцена. Музичката критика за него ќе напише: „...Експресивност во секоја нота... На концертот во Париз Павловски покажа дека е ...

„Devidian“ – мултимедијален концерт на Новите Лица во Лабораториум — отвора на ТРН

Дамјан Чемерски, Давид Станковиќ и Лука Петковски, учесници во резиденцијалната програма „Нови Лица“, го претставуваат „Devidian“, мултимедијален концерт во кој авторската музика се претвора во визуелно доживување во живо. Настанот ќе се одржи во сабота, на 17 октомври 2026 година, во Лабораториум, со почеток во 20 часот. Под менторство на Бранко Ристовски, искусен продуцент, визуелен ...

Дојави за бомби во училишта во Белград и Нови Сад: Учениците евакуирани од зградите — отвора на ТРН

Повеќе училишта во Белград и во Јужнобачкиот округ, вклучително и во Нови Сад, денеска, 19 октомври, добиле дојави за поставени бомби, објави „Еуроњуз Србија“. Во Белград, пораките пристигнале околу 9:25 часот. Меѓу училиштата што добиле закани се основното училиште „Бранко Радичевиќ“ во Батајница и „Ѓура Даничиќ“ во населбата Браќа Јерковиќ, во општината Вождовац. Родителите биле ...

Протестите поради високите трошоци за живот се шират низ Европа — отвора на Макфакс

Бранот протести поради растот на трошоците за живот, високите кирии и социјалната нееднаквост, кој во изминатите недели ја зафати Шпанија и Франција, се прошири и во Италија и Португалија. Во Милано избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, во Лисабон беше подигнато шаторско населено место, додека во Албанија протестите поради условите на универзитетите и високите школарини ...

Насилните протести се проширија низ Милано: полицијата употреби водени топови — отвора на Макфакс

Бранот протести, кој во последните недели ги зафати Шпанија и Франција, стигна и до Италија и Португалија. Во Милано, демонстрантите се судрија со полицијата и предизвикаа пожари, додека во Лисабон, за време на викендот, беше поставен камп со шатори, пренесува „Гардијан“. Саботните протести во центарот на Милано, насочени против високите трошоци за живот, започнаа мирно, ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Од Париз до Тирана: бунтот на младите се шири низ Европа — отвора на ТРН

Бранот младински протести во Европа почна во втората половина на септември со блокади на средни училишта во сиромашните предградија на Париз, а во октомври се прошири во Белгија, Италија, Грција и Албанија. Средношколците и студентите бараат повеќе наставници, помали паралелки, пристојни училишни згради и подостапно образование и домување. Во Франција, според објавените извештаи, приведени се ...

Младите и во Белгија излегоа на улица: Високото образование станува луксуз за студентите — отвора на ТРН

Неколку стотици претежно млади луѓе протестираа денеска низ централните улици на Брисел, барајќи запирање на образовните реформи што го поскапуваат студирањето и го ограничуваат пристапот до факултетите. Мирниот собир прерасна во судири со полицијата, која употреби солзавец и водени топови откако дел од демонстрантите превртеа автомобил. Бранот на студентско незадоволство во Белгија се надоврзува...

Интервју на Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, а граѓаните во Македонија со повисок стандард — отвора на Денешен

Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард. Ова е целта на комората, порачува Азески во интервју за „Економија и Бизнис“. Ние постоиме за фирмите, за членките на Стопанската комора. Тие имаат потреби, ние ги следиме, се прилагодуваме на новите текови на работење и излагаме во пресрет, бизнисот да ја врши својата функција. Ако не го следиш трендот...

Десет новинари од телевизијата N1 дадоа отказ — отвора на А1он

Десет новинари од телевизијата N1 дадоа отказ. Меѓу нив се Даница Вучениќ, Наташа Миљковиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ана Новаковиќ, Сања Косовиќ, Ксенија Павков, Жаклина Таталовиќ, Жана Булајиќ, Адам Сантовац и Димитрије Ѓуриќ. Наведуваат дека ова се случува во момент кога редакцијата на порталот Nova.rs, кој е дел од истата медиумска групација,...

„Devidian“ – мултимедијален концерт на Новите Лица вечерва во Лабораториум — отвора на Република

Дамјан Чемерски, Давид Станковиќ и Лука Петковски, учесници во резиденцијалната програма „Нови Лица“, го претставуваат „Devidian“, мултимедијален концерт во кој авторската музика се претвора во визуелно доживување во живо. Настанот ќе се одржи во сабота, на 17 октомври 2026 година, во Лабораториум, со почеток во 20 часот. Под менторство на Бранко Ристовски, искусен продуцент, визуелен ...

Како се движел процентот на писменост во земјите од поранешна Југославија во текот на 20 век: Словенија предводник, а каде е Македонија? — отвора на Независен весник

На првиот југословенски попис во 1921 година, само Словенија (91,1 процент) и Хрватска (62,5 проценти) имале повеќе од половина од писменото население. Србија била 46,5, Црна Гора 37,5, Македонија 22,6, а Босна и Херцеговина 21,8 проценти. Просекот на Југославија бил 49,5 проценти, според делото на Мирјана и Бранка Манојловиќ, објавено во списанието „Историја 20. века“, ...

Во Струмица отворена изложба на монети од XIV до XX век — отвора на MakPress

Во Галеријата на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица“ вечерва беше отворена изложбата на монети од XIV до XX век. Изложбата е подготвена врз основа на истоименото издание на Музејот, чиј автор е историчарот и виш кустос Бранко Ѓоргиев и претставува можност за непосредно запознавање со нумизматичкото наследство и ... The post Во Струмица отворена изложба на монети од...