Зеленски

40 настани во последните 30 дена, од 38 медиуми

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски — отвора на Независен весник

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Наскоро ќе биде организирана средба и мислам дека можеме да постигнеме голем напредок“, им рече Трамп на новинарите, осврнувајќи се на дипломатските напори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина што ...

3 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: БрифКурир

Големи преговори во ноември? Зеленски има посебно барање — отвора на Макфакс

Украина очекува трилатерални разговори со Соединетите Држави и Русија во ноември, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека во дипломатскиот процес и во одлуките за завршување на војната мора да бидат вклучени и европските земји. Зеленски нагласи дека Украина инсистира ниту една европска земја да не биде исклучена од процесот на носење одлуки, пренесува „Укринформ“. Според ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва — отвора на Скопје1

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му биде гарантирана безбедноста доколку дојде во Москва, соопшти Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика.Според Ушаков, Путин ова го кажал за време на денешниот телефонски разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и финскиот претседател Александер Стуб…

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за 90 дена — отвора на Курир

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои законот предложен од Володимир Зеленски, за продолжување на воената состојба за 90 дена, како и законот за продолжување на општата мобилизација за истото време, што го вклучува периодот од 1 ноември до 29 јануари 2027 година, објави парламентот денеска на својата интернет-страница. Од почетокот на целосната руска инвазија на Украина на 24 февруари...

10 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: ДенешенPress24+3

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања — отвора на А1он

Средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања поврзани со мировното решение, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха. Тој го изјави ова на прес-конференција во Хелсинки, заедно со неговите колеги Елина Валтонен од Финска и...

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори — отвора на А1он

Британскиот аналитичар и воен коментатор Александар Меркурис оцени дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не се залага за крај на конфликтот со Русија, туку за негово замрзнување. „Зеленски сака прекин на огнот, а не преговори. Тој сака да го замрзне конфликтот – сценарио во кое Украина не би имала апсолутно никакви...

Путин разговараше со лидерите на Финска и Норвешка: Неочекуван телефонски повик од Хелсинки — отвора на Инфомакс

Кабинетот на претседателот на Финска соопшти дека претседателот на таа земја, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторникот телефонски разговарале со претседателот на Русија, Владимир Путин. „Претседателот на Финска, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторник, на 27 октомври, во Хелсинки остварија телефонски разговор со претседателот на ...

Путин телефонски разговарал со лидерите на Финска и Норвешка — отвора на Мета.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со двајцата нордиски лидери по нивниот разговор со Путин. Минатата недела Зеленски се сретна со нив, како и со специјалниот претставник на САД Стив Виткоф во Осло

Зеленски: Речиси еден месец чекаме американско одобрение за ракети „Патриот“ и НАСАМС — отвора на Инфомакс

Украина речиси еден месец чека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет да го одобри трансферот на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ и НАСАМС, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Барањето доаѓа во услови на засилени руски напади врз енергетската и цивилната инфраструктура пред зимата. Зеленски наведе дека му наложил на својот тим повторно да го ...

Зеленски за Србија: Тоа е очигледно ново поглавје во историјата на земјата — отвора на Макфакс

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изборите во Србија. „Во Србија се случија промени, победа на Студентската листа. Ова е очигледно ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ. Секогаш се радуваме на нашите заеднички успеси, на сè што ги зајакнува нашите општества и им обезбедува повеќе можности на луѓето. Подготвени сме да продолжиме ...

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот — отвора на А1он

„Фајненшел тајмс“ (Financial Times) објави детали за една малку позната иницијатива за мировни преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Држави, која се одвиваше во јануари и февруари 2023 година. Во сржта на иницијативата беше неофицијален канал за комуникација, воспоставен со цел да се најде решение за војната, една година по...

Кремљ се надева на продолжување на соработката со Србија, Украина го поздрави резултатот од изборите — отвора на Телма

Кремљ изрази надеж дека новите политички лидери на Србија ќе ја одржат соработката со Русија откако студентското протестно движење победи на националните избори над долгогодишниот лидер Александар Вучиќ, познат по своите блиски врски со Москва. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави резултатот од изборите и го дефинираше...

По поразот на Вучиќ, Зеленски најави ново поглавје, а Москва се надева на соработка со новите власти — отвора на 360 степени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на платформата Икс ги честита изборните резултати, оценувајќи ги како почеток...

Украина контра Маск: „Не ги прекршивме условите за користење на Starlink“ — отвора на Пари

Украинските власти ги оспорија тврдењата на извршниот директор на SpaceX, Елон Маск, дека војската на земјата ги прекршила условите за користење на Starlink со користење на цивилната сателитска интернет мрежа за офанзивни напади со беспилотни летала, пишува Military.com. Серхиј Бескрестнов, советник за одбранбена технологија на претседателот Володимир Зеленски, рече дека долгогодишните...

Зеленски ѝ честиташе на Србија за изборниот исход: „Нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија“ — отвора на Скопје1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави изборниот исход во Србија, оценувајќи дека победата на студентската листа претставува ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ.На предвремените парламентарни избори во Србија, студентската листа „Студентите победуваат“ освоила 52,54 отсто од гласовите, додека листата на Александар Вучиќ „Обединета Србија“ добила 39,29 отсто....

„За танго се потребни двајца“, велат од Кремљ за победата на Студентската листа на изборите во Србија — отвора на Локално

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски — отвора на А1он

Британскиот весник „Дејли експрес“ (Daily Express) го окарактеризира како „злокобен“ повикот на Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, упатен до американскиот претседател Доналд Трамп – да им наложи на Пентагон и на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да го отстранат украинскиот претседател Володимир Зеленски. Весникот ја толкува изјавата...

Сите карти се на маса; Зеленски откри три услови за запирање на нападот — отвора на Макфакс

Украина беше подготвена да ги запре нападите врз руските рафинерии за нафта на барање на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, но само ако биде исполнет еден од трите услови на Киев, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зборувајќи во емисијата „TSN.Tyzhden“ на TSN, Зеленски рече дека украинските напади врз руските рафинерии не можат значително да ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Нов напад во Црното Море: Русија погоди брод што пловел кон пристаништето „Черноморск“ — отвора на Инфомакс

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни товари во водите на Црното Море. Според руското Министерство за одбрана, пловилото било нападнато за време на пловидбата, додека превезувало товар наменет за Вооружените сили на Украина (ВСУ) кон пристаништето Черноморск. Од руското Министерство за одбрана официјално соопштија за инцидентот: „Брод за насипни товари е оштетен за време ...

Зеленски: Територијата е нашата црвена линија — отвора на ТРН

Територијалниот интегритет на Украина останува црвена линија за која може да преговараат само државните лидери, порача претседателот Володимир Зеленски. Киев нема намера да прифати укинување на санкциите против Москва пред евентуална трилатерална средба со САД и Русија. Додека Вашингтон бара простор за технички разговори во ноември, украинската страна инсистира на конкретни чекори: заштита на...

Путин се согласи на преговори, Зеленски подготвен за неочекуваното — отвора на Press24

Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да ги продолжи преговорите со Украина со посредство на САД во текот на следниот месец, соопшти Кремљ по средбата во Санкт Петербург меѓу рускиот лидер и претставникот на Доналд Трамп, Стив Виткоф. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да прифати мировен договор што би ...

Зеленски: Подготвеноста на Путин за мировни преговори може да биде „политички трик“ — отвора на Рацин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека изразената подготвеност на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори може да биде „политички трик“ насочен кон избегнување на ескалација на тензиите со Вашингтон пред среднорочните избори во САД. Во интервју за украинската телевизиска станица ТСН, Зеленски рече дека намерите на Кремљ ќе бидат јасни преку неговите постапки и ...

Зеленски: Енергетскиот прекин на огнот е првиот сигнал дека Русија е подготвена за крај на војната — отвора на Бизнис вести

Евентуално енергетско примирје би можело да биде првиот сигнал за вистинската подготвеност на Русија да ја заврши војната, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Енергетско примирје како прв чекор, верувам дека е првиот сигнал“, рече Зеленски. Според него, Украина е подготвена за трилатерални разговори на ниво на технички групи, што треба да резултираат со конкретни ...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: КурирДенешен

Средба со Русија со посредство на САД ќе се одржи во ноември, потврди Зеленски — отвора на Нетпрес

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди во неделата вечерта дека дека во ноември ќе се одржи средба меѓу претставници на Русија и Украина, со посредство на САД, со цел продолжување на мировните преговори што се заглавени од почетокот на годината, објави агенцијата AFP. „Подготвени сме да разговараме. Ако станува збор за територијалното прашање, тоа треба да ...

Зеленски: Русија за една недела нападнала со 1.600 авионски бомби и 2.300 дронови — отвора на Макфакс

Русија во текот на изминатата недела ја нападнала Украина со околу 1.600 наведувани авионски бомби, 48 ракети и речиси 2.300 беспилотни летала, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој предупреди дека руските напади продолжуваат да предизвикуваат човечки жртви и материјална штета во повеќе делови од земјата. Зеленски повика на дополнителна меѓународна поддршка за украинската...

Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО) — отвора на Вечер

Меланија Трамп навести дека може лично да отпатува во Украина, а воедно му се заблагодари и на папата Лав XIV за неговата поддршка, во услови на контроверзии околу улогата што ја играше поглаварот на Римокатоличката црква во преговорите за

Постигнат прекин на огнот во Олешки, Украина. Меланија Трамп потврди дека за посредувала меѓу Путин и Зеленски — отвора на Плусинфо

Демократите ја обвинија Меланија Трамп дека си ги зема заслугите што му припаѓаат на папата, но и Русија и Украина ја потврдија нејзината улога во посредувањето во договорот.

Меланија Трамп: Разговарав и со Путин, и со Зеленски – потпишавме договор — отвора на Фокус

Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, денес потврди дека, посредувајќи за прекин на огнот во...

„Замрзнување на војната“ како пат до мир во Украина: Вашингтон бара територијален компромис од Киев — отвора на ТРН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се согласи на територијален компромис за да се постигне мировен договор со Москва, да прифати неутрален статус и да се откаже од членството во НАТО, како и од некои други услови, во замена за безбедносни гаранции. Ова се тврдењата изнесени во написот на српскиот весник „Политика“, кој ја опишува ...

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски — отвора на А1он

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за мировен договор со кој војната би била замрзната долж сегашната линија на контакт. Сепак, Зеленски додаде дека Украина нема да прифати да признае дека „територијата што е привремено окупирана е руска територија“. „Подготвени сме да ја запреме оваа војна што е...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Зеленски: Нема да дозволиме Путин да победи, но одлуките на Трамп му носат пари за војната — отвора на Скопје1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека несогласувањата со американскиот претседател Доналд Трамп не се од лична природа, но предупреди дека одредени одлуки на Вашингтон можат директно да ѝ помогнат на Русија да ја продолжи војната против Украина.Во интервју за Си-ен-ен, Зеленски порача дека неговата земја нема да се откаже од своите принципи, и покрај сè посложените односи со...

Може ли Украина да продолжи да се брани без САД? Европа плаќа повеќе, но клучните воени системи остануваат американски — отвора на Макфакс

Украина и натаму во голема мера се потпира на американската воена технологија, разузнавачките податоци и клучните одбранбени системи, иако Европа презеде поголем дел од финансискиот товар за поддршка на Киев. Зголемените тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го отворија прашањето дали Украина може да ја продолжи одбраната без...

5 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: ОпсерверТРН+1

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Украина на 23 октомври врати 270 лица од руско заробеништво, меѓу нив војници и девет цивили. Според претседателот Володимир Зеленски, повеќето ослободени бранители биле заробени од 2022 година, а најголем дел учествувале во одбраната на Мариупол. Меѓу вратените се и пет лица за кои се сметаше дека загинале во нападот врз затворот во Оленивка во ...

Кремљ: Трилатералните разговори во Абу Даби ќе се одржат во првата половина на ноември — отвора на Нетпрес

Разговорите во Абу Даби, каде што ќе се дискутираат безбедносните прашања меѓу Русија и Украина, ќе се одржат во првата половина на ноември во трилатерален формат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Разговорите во Абу Даби, планирани за првата половина на ноември, ќе се одржат во трилатерален формат. Претседателот ја посочи темата на разговорите, а ...

17 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: ФакторБриф+9

Конечно сите зборуваат за безбедноста на Европа - НО НИКОЈ НЕ МИСЛИ НА ИСТАТА РАБОТА — отвора на Вечер

На прв поглед, се случи нешто што беше тешко да се замисли до неодамна: Москва, Киев и Вашингтон конечно разговараат за истата тема. Владимир Путин ја прифаќа дискусијата за безбедноста на Русија, Украина и Европа како целина, Володимир Зеленски бара силни повоени гаранции, а американскиот претставник Стив Виткоф меѓу нив пренесува предлози за „поширока европска безбедносна архитектура“....

Зеленски: Нема ништо лично меѓу мене и Трамп — отвора на Макфакс

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека несогласувањата со американскиот претседател Доналд Трамп не се од лична природа, но предупреди дека укинувањето на санкциите против Русија ќе го зајакне рускиот претседател Владимир Путин и ќе го отежни постигнувањето мир во Украина. „Мојот став кон Путин е многу јасен. Мислам дека ако ги укинеме санкциите, ќе ...

Трамп тврди дека Маск ја возобновил мрежата Старлинк за Украина, Зеленски вели дека сѐ уште има проблеми со брзината — отвора на Сакам да кажам

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Илон Маск го обновил пристапот на Украина до сателитскиот интернет Старлинк, откако претходните ограничувања ...

Несогласувањата со Трамп не се лични, вели Зеленски. Киев се противи на ублажувањето на санкциите кон Москва — отвора на Плусинфо

Украинскиот претседател предупредува дека ублажувањето на санкциите може дополнително да ја зајакне Москва. Иако разговорите со американскиот преговарач ги оценува како продуктивни, Зеленски се сомнева дека Путин е подготвен за мир.

Каспаров: Ублажувањето на санкциите за Русија ќе донесе нови жртви во Украина — отвора на ТРН

Рускиот опозиционер и поранешен светски шаховски шампион Гари Каспаров предупреди дека олеснувањето на економските санкции кон Москва, дури и за ослободување на политички затвореници, директно води до зголемување на воената моќ на Владимир Путин. Во интервју за независната руска телевизија Дожд, тој истакна дека секое слабеење на притисокот врз руската економија се претвора во нови ...

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“ — отвора на А1он

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје, бидејќи тоа – според Зеленски – би можело да го чини губење на неговите сојузници. – Не мислам дека тие (Русите) ќе ризикуваат употреба на нуклеарно оружје, бидејќи тогаш сигурно нема да им...