Кремљ

40 настани во последните 30 дена, од 40 медиуми

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“ — отвора на Скопје1

Европските претставници нема да бидат поканети на претстојните трилатерални преговори меѓу Украина, САД и Русија за завршување на војната. Ова го соопшти помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, кој порача дека европските лидери можат да допатуваат, но нема да добијат место на преговарачката маса.„Можат да дојдат ако купат билети, но никој нема намера да ги покани на…

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Норвешкиот премиер по разговорот со Путин: Не верувам дека ќе го промени мислењето — отвора на Макфакс

Норвешкиот премиер, Јонас Гар Стере, изјави дека не очекува рускиот претседател, Владимир Путин, да го промени својот став за војната во Украина по вчерашниот телефонски разговор, во кој учествувал и финскиот претседател Александар Стуб. Разговорот траел 90 минути, а целта била Путин да ги слушне и европските ставови за војната, а не само американските. Контактот ...

Норвешкиот премиер по разговорот со Путин: „Не мислам дека ќе го смени мислењето“ — отвора на МКД.мк

Разговорот траел 90 минути. Со ова, Сторе и Стуб ја прекршија долгогодишната практика на западноевропските лидери кои избегнуваа директен контакт со Кремљ. Нивниот потег беше критикуван од некои сојузници, меѓу кои и данската премиерка Мете Фредериксен. Тие разговарале пред очекуваните први директни преговори меѓу украинските и руските претставници од февруари, кои треба да се одржат ...

Зеленски: Русија сака договор со НАТО за преобликување на безбедносниот поредок во Европа — отвора на Независен весник

Москва сака посебен договор со НАТО или со САД, што всушност би значело промена на безбедносната инфраструктура во Европа и во светот, изјави претседателот Володимир Зеленски. Кремљ ги претставува овие барања како „безбедносни гаранции“ за себе, во услови на тековни преговори за ставање крај на војната во Украина, им рече претседателот на новинарите на прес-брифинг. ...

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Џелал Хоџиќ Убава вест за регионот е падот на авторитарниот режим на Александар Вучиќ. Ова е втора одлична вест за Западен Балкан, после падот на авторитарниот режим на Виктор Орбан. Кремљ за кратко време остана без двајца свои играчи. Орбан беше прокси на Русија во ЕУ, а Вучиќ беше прокси на Русија на Западен Балкан. ...

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва — отвора на Скопје1

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му биде гарантирана безбедноста доколку дојде во Москва, соопшти Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика.Според Ушаков, Путин ова го кажал за време на денешниот телефонски разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и финскиот претседател Александер Стуб…

„Волстрит журнал“: Администрацијата на Трамп го предлага Орбан за кандидат за генерален секретар на ОН — отвора на 360 степени

10 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: УтроМКДенес+3

Путин разговараше со лидерите на Финска и Норвешка: Неочекуван телефонски повик од Хелсинки — отвора на Инфомакс

Кабинетот на претседателот на Финска соопшти дека претседателот на таа земја, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторникот телефонски разговарале со претседателот на Русија, Владимир Путин. „Претседателот на Финска, Александер Стуб, и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере, во вторник, на 27 октомври, во Хелсинки остварија телефонски разговор со претседателот на ...

Путин телефонски разговарал со лидерите на Финска и Норвешка: Мир во Украина само под услови на Москва — отвора на Антропол

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со претседателот на Финска и премиерот на Норвешка, при што порачал дека долгорочен и праведен мир во Украина е можен само со целосно и безусловно почитување на руските безбедносни интереси. Според Кремљ, Путин оценил дека конфронтацискиот курс на Европската Унија и НАТО придонесува за продолжување на воените дејства. Според ...

Синот на Трамп на лов во Казахстан со рускиот олигарх што му ја плати свадбата — отвора на Независен весник

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, отишол на лов во Монголија кон крајот на август, каде што престојувал во камп со олигархот поврзан со Кремљ, Умар Кремлев. „Фајненшл тајмс“ ги утврдил околностите на патувањето врз основа на сведоштва од локални водичи и службеници, податоци за летот, објави на социјалните мрежи и ...

Далеку од камерите: Трамп Јуниор ловел загрозен дивеч со олигарх на Путин во Монголија — отвора на ТРН

Доналд Трамп Јуниор кон крајот на август престојувал во ловишен камп во Монголија заедно со рускиот тајкун Умар Кремљов, личност од најблискиот круг на Владимир Путин. Додека двајцата поминувале денови во лов на загрозени диви овци и строго избегнувале камери, американската амбасада во Улан Батор потрошила 18.715 долари од буџетот за хотелско сместување на специјалните ...

Песков: Се надеваме на конструктивни односи со новите власти во Србија — отвора на Макфакс

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва се надева дека новите власти во Србија ќе се обидат да одржат конструктивни односи со Русија, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји е во нивен заеднички интерес. „Соработката со Русија е во интерес на Србија и корисна за Републиката“, рече Песков. Тој нагласи дека Кремљ високо ...

Русија се огласи по поразот на Вучиќ на изборите: За танго се потребни двајца — отвора на Press24

Кремљ ги призна резултатите од вонредните парламентарни избори во Србија и го истакна придонесот на досегашниот српски претседател Александар Вучиќ во градењето на билатералните односи, соопшти портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Навистина, ги признаваме резултатите од изборите одржани во Србија. Многу го цениме придонесот што Вучиќ го даде во развојот на нашите билатерални односи...

Кремљ се надева на продолжување на соработката со Србија, Украина го поздрави резултатот од изборите — отвора на Телма

Кремљ изрази надеж дека новите политички лидери на Србија ќе ја одржат соработката со Русија откако студентското протестно движење победи на националните избори над долгогодишниот лидер Александар Вучиќ, познат по своите блиски врски со Москва. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави резултатот од изборите и го дефинираше...

„За танго се потребни двајца“, велат од Кремљ за победата на Студентската листа на изборите во Србија — отвора на Локално

И Македонија ќе треба да излезе од НАТО? Русија сака да ја врати Алијансата на границите од 1997 година — отвора на Инфомакс

Русија ќе се обиде да ја искористи новата рунда мировни преговори за Украина за да обезбеди отстапки што ќе ја ослабат одбраната на НАТО. Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика во Кремљ, изјави дека Европа треба да биде вклучена во преговорите меѓу руските, украинските и американските претставници, бидејќи европскиот континент би бил клучен за постигнување ...

Путин се согласи на преговори, Зеленски подготвен за неочекуваното — отвора на Press24

Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да ги продолжи преговорите со Украина со посредство на САД во текот на следниот месец, соопшти Кремљ по средбата во Санкт Петербург меѓу рускиот лидер и претставникот на Доналд Трамп, Стив Виткоф. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да прифати мировен договор што би ...

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа — отвора на 4NEWS

Бујар Османи го коментираше изборниот исход во Србија, оценувајќи дека по Виктор Орбан, Кремљ загубил уште еден од своите главни сојузници во...

Кремљ поставува услови за евентуално повторно снабдување на Европа со руски гас — отвора на Нетпрес

Москва е подготвена да разговара за снабдување на Европа со гас доколку има интерес од европските земји, а за тоа Русија има слободен гас, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. „Откако Европејците почнаа да ги намалуваат купувањата на нашиот гас, ја зголемивме продажбата на гас на алтернативни пазари. Доколку има заинтересирани страни на Западот ...

Русија ги принудува ранливите граѓани и должниците да потпишат воени договори — отвора на ТРН

Кремљ спроведува тивка мобилизација преку уцени, принуда и физичко приведување на ранливи граѓани, покажува истражувањето на Си-ен-ен (CNN) базирано на сведоштва на семејства и податоци од организации за човекови права. Наместо високите финансиски бонуси што се нудеа по бранот во 2022 година, регрутерите сега на сила потпишуваат договори со лица со сериозни здравствени дијагнози, зависници ...

Зеленски: Подготвеноста на Путин за мировни преговори може да биде „политички трик“ — отвора на Рацин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека изразената подготвеност на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори може да биде „политички трик“ насочен кон избегнување на ескалација на тензиите со Вашингтон пред среднорочните избори во САД. Во интервју за украинската телевизиска станица ТСН, Зеленски рече дека намерите на Кремљ ќе бидат јасни преку неговите постапки и ...

Кремљ: Засега не е планиран нов телефонски разговор меѓу Путин и Трамп — отвора на Макфакс

Нов телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп засега не е планиран, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по договорот за хуманитарна операција во Олешки, во украинската Херсонска област. „Не, засега нема таков план“, одговори Песков на прашањето дали се подготвува нов разговор меѓу двајцата претседатели. Во меѓувреме, руската...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Кремљ: Трилатералните разговори во Абу Даби ќе се одржат во првата половина на ноември — отвора на Нетпрес

Разговорите во Абу Даби, каде што ќе се дискутираат безбедносните прашања меѓу Русија и Украина, ќе се одржат во првата половина на ноември во трилатерален формат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Разговорите во Абу Даби, планирани за првата половина на ноември, ќе се одржат во трилатерален формат. Претседателот ја посочи темата на разговорите, а ...

17 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: ФакторБриф+9

Кремљ: Русија и Украина ги усогласуваат роковите за прекин на огнот — отвора на Макфакс

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руските и украинските воени сили ги усогласуваат роковите за прекин на огнот во подрачјето на градот Олешки, во Херсонската област, пренесува РИА Новости. „Луѓето кои сакаат ќе можат да го напуштат тоа место“, рече Песков. Тој наведе дека Русија ги поздравува напорите на првата дама на САД, ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа — отвора на Независен весник

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека идните преговори за завршување на војната во Украина треба да се фокусираат на безбедносните гаранции за двете земји и широка рамка за европската безбедност. Во интервју за руската телевизија, еден ден по средбата со специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, Путин потврди дека Русија е подготвена да ги ...

14 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: БрифФокус+7

Русија формира стратешки резерви на оклопна техника во близина на границите на НАТО — отвора на Рацин

Русија ги обновува залихите на оклопна техника и артилерија во воените складишни бази, вклучително и во близина на границите со Финска и балтичките земји. Овој тренд може да укажува на намерата на Кремљ да го зачува потенцијалот за идно воено распоредување, и покрај значителните загуби на воена техника во војната против Украина. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Според ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Несогласувањата со Трамп не се лични, вели Зеленски. Киев се противи на ублажувањето на санкциите кон Москва — отвора на Плусинфо

Украинскиот претседател предупредува дека ублажувањето на санкциите може дополнително да ја зајакне Москва. Иако разговорите со американскиот преговарач ги оценува како продуктивни, Зеленски се сомнева дека Путин е подготвен за мир.

Си-ен-ен: Како Москва го надигра Вашингтон — отвора на МКД.мк

Но, руски претседател е Владимир Путин и се чини дека не е заинтересиран да се откаже од воените цели ниту заради човечките животи, ниту заради дополнителните милијарди во државната каса. Тоа фундаментално недоразбирање ги движи напорите на администрацијата на Трамп да посредува во крај на конфликтот, пишува Си-ен-ен. Кремљ ги отфрла предлозите Недоразбирањето повторно стана ...

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна — отвора на А1он

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини европските земји дека придонесуваат за продолжување на војната во Украина, додека напорите на Соединетите Држави за постигнување мирно решение ги оцени како поконструктивни. „Администрацијата на САД прави многу за да придонесе кон мирно решавање на конфликтот. Европските престолнини не прават ништо за да...

Кремљ ги отфрла мировните предлози на Трамп, Путин не отстапува од воените цели — отвора на Скопје1

Додека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува за завршување на војната во Украина, Москва не покажува подготвеност да се откаже од своите барања. Според анализа на Си-Ен-Ен, рускиот претседател Владимир Путин не ги прифаќа понудите за компромис и покрај можните економски придобивки за Русија.Трамп повеќепати тврдеше дека може брзо да стави крај на војната. Таквиот договор...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ВечерЖурнал

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан — отвора на Вечер

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј У

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Лидер

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина — отвора на А1он

Кремљ изрази незадоволство од новите украински и европски предлози за завршување на војната по вчерашната средба на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот пратеник Стив Виткоф во Санкт Петербург. Москва оцени дека предлозите не содржат многу конкретни решенија, но истовремено порача дека е подготвена за продолжување на преговорите со САД...

Путин се согласи да ги обнови тристраните мировни преговори со Украина и САД — отвора на Мета.мк

Овие најнови разговори доаѓаат и повеќе од две години откако Трамп, во својата успешна изборна кампања, вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа

Европа бара столче на преговорите, финскиот лидер во игра. Антонио Кошта одбил да се соочи со Путин — отвора на Плусинфо

Во Брисел расте загриженоста дека Доналд Трамп и Владимир Путин би можеле да договорат решение за Украина без доволно европско влијание. Финскиот претседател Александар Стуб се издвојува како можен европски претставник, додека меѓу дипломатите нема согласност кој треба да го отвори директниот канал со Кремљ.

Новите мировни предлози на Украина и Европа не нè задоволуваат, кажа Кремљ пред продолжувањето на преговорите — отвора на Сакам да кажам

Владимир Путин се согласи да ги продолжи преговорите со Украина следниот месец, но Кремљ, сепак, ги критикуваше новите мировни предлози ...

Ушаков: Преговорите за Украина анализирани врз основа на сигналите од САД — отвора на Нетпрес

Ситуацијата во врска со преговорите за запирање на војната во Украина по прекинот на преговорите од страна на Киев е повторно анализирана врз основа на сигналите добиени од Соединетите држави, изјави за новинарите во средата помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Претходно, разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Стив ...

Во Санкт Петербург средба Путин - Ли — отвора на МИА

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во Санкт Петербург се сретна со премиерот на Кина, Ли Кечијанг. Путин истакна дека од...

Путин отвора врата за крај на војната со Украина — отвора на ТРН

Новата рунда разговори би можела да се одржи во Абу Даби околу 10 ноември, но руските барања за украинските територии и идниот безбедносен статус на земјата остануваат главни пречки за мировен договор. Русија е подготвена повторно да започне трилатерални разговори со Украина и Соединетите Американски Држави за завршување на војната, соопшти Кремљ на 21 октомври ...

На Русија ѝ е потребен мир во Украина, а не примирје — отвора на Антропол

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека на Русија ѝ е потребен мир во Украина, а не примирје, додавајќи дека е неопходно „некој во Киев да донесе одговорна одлука“. „Ништо не е променето во позицијата на Москва во врска со решавањето на украинскиот конфликт. Нам ни е потребен мир, а не примирје“, изјави ...

6 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: МКД.мкА1он

Виткоф го замоли Путин да размисли за продолжување на преговорите со Украина, тој се понуди да му помогне на Трамп околу Иран — отвора на Сакам да кажам