Михалис Рокас

28 настани во последните 30 дена, од 25 медиуми

Рокас очекува патоказ за Северна Македонија штом се отворат преговорите, Брисел го оценува предлогот за буџетот на правосудството — отвора на 360 степени

Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина добија патокази бидејќи веќе отвораат и затвораат поглавја и кластери, вели...

Рокас: Протоколите со Бугарија се споменуваат во Преговарачката рамка, ЕУ очекува спроведување на договорите во добра верба — отвора на Проверено

Евроамбасадорот Михалис Рокас не исклучува можност земја членка на ЕУ да постави прашање што не било претходно предвидено во пристапниот процес, но нагласува дека Европската Унија нуди јасни правила и предвидливост за напредокот на земјава кон членство. Тој посочува дека протоколите поврзани со Договорот за добрососедство со Бугарија се споменуваат во Преговарачката рамка и дека ...

Дали протоколите со Бугарија се дел од преговорите со ЕУ – прашање до амбасадорот на Унијата, Михалис Рокас — отвора на 360 степени

„360 степени“ го праша Рокас што би значело тоа во конкретен случај – ако заедничката историска комисија...

Уставните измени повторно ја поделија власта и опозицијата – Сиљановска-Давкова предупредува на блокади, ЕУ бара реформи — отвора на 4NEWS

Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта — отвора на Press24

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции го повика евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во интерес на граѓаните и европската индина на земјата посочувајќи дека на Македонија ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство. „И ...

Мицкоски: Нула напредок во борбата против корупцијата се однесува на случаи амнестирани со измените на КЗ на претходната власт — отвора на MakPress

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Извештајот на Европската комисија, во кој се наведува нула напредок во клучните сектори како борбата против корупцијата, е реален документ кој е ставен на маса, иако лично не се согласува со одредени аспекти, за кои, како што посочи, разговарал и со евроамбасадорот Михалис Рокас. – Објективно јас не можам да ... The post Мицкоски: Нула напредок во борбата…

Мисајловски: Зајакнување на регионалните медицински капацитети за дејствување во услови на кризи — отвора на Журнал

Заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас ги посетивме припадниците на вооружените сили на земјите членки на Балканските медицински наменски сили – БМТФ, кои во касарната „Илинден“ изведуваат интегрирана обука на теренската болница – ROLE 2 во реално оперативно опкружување со поддршка на медицински експертски тим од Кралството Норвешка, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за ...

Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат — отвора на Мета.мк

Сиљановска-Давкова: Потребен е еднаков третман на сите земји кандидатки за членство во ЕУ — отвора на Скопје1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими амбасадорот Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година.На средбата двајцата соговорници оцениле дека се постигнати конкретни резултати, поздравувајќи го препознавањето на Македонија како една од најуспешните земји во спроведувањето…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните измени сега немаше да бидат услов — отвора на Press24

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија да добие уште подобар извештај од Европската комисија, бидејќи, како што вели, дел од реформите што ги спроведува Владата не се опфатени со годинашното оценување. Во однос на уставните измени, порача дека владината позиција останува непроменета. Според Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас потврдил дека земјата постигнала…

Левица: Игнорантниот Мицковски прашува :Каде има корупција? Рокас му одговара: Во вашата власт премиере — отвора на Либертас

🤕На денешната заедничка прес-конференција, Христијан Мицкоски се обиде уште еднаш да ја продаде својата верзија на реалноста, фалејќи се дека „имаме подобар извештај од минатата година“ и дека Македонија бележи „најдобри резултати за реформи и раст“. Но, неговата самофалба доби непријатен демант од европскиот амбасадор Михалис Рокас, кој уште на почетокот од своето обраќање јасно ...

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат објавени инвестиции во три фабрики — отвора на Инфомакс

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември ќе бидат објавени три фабрики што ќе се градат. Најавата ја даде на заедничката прес-конференција со Михалис Рокас, зборувајќи за разговорите за инвестиции. „И затоа три фабрики ќе ги објавиме во декември кои ќе се градат“, рече Мицкоски. Тој ги спомена разговорите во Германија и оцени дека стабилноста ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

Рокас: Македонија бележи напредок во дигитализацијата, образованието и владеењето на правото — отвора на Скопје1

Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото, изјави амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, одговарајќи на новинарско прашање за извештајот за напредокот на земјата за 2026 година.Рокас посочи дека се донесени значајни закони и дека една година подоцна веќе се…

Мицкоски: Со Алта Банка можни се две сценарија — отвора на Press24

Две можни сценарија за Алта банка – да се најде нов сопственик кој ќе ја консолидира банката или таа да замине во стечај. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека и во најлошото сценарио сите штедачи и доверители ќе бидат целосно обесштетени, а за евентуалните проблеми со продажбата ја обвини опозициската СДСМ. Според Мицкоски, обезбедувањето нов купувач ...

Мицкоски бара фер плеј, борбата против корупцијата стои во место — отвора на Рацин

Премиерот Христијан Мицкоски денес, 5 ноември во Владата го претстави новиот извештај на Европската комисија како потврда за реформски напредок и побара фер европски процес. На истата прес-конференција, евроамбасадорот Михалис Рокас потсети дека во борбата против корупцијата нема напредок и дека се потребни конкретни резултати, особено во случаите на високо ниво. Мицкоски ги истакна подобрените…

Мицкоски: Користењето на порталот за е-услуги е двојно зголемено — отвора на Press24

Користењето на Националниот портал за електронски услуги е двојно зголемено во споредба со претходната година, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата со Михалис Рокас. Според податоците што ги наведе, порталот до крајот на август опфаќал 338 услуги, вклучувајќи ги и делумно достапните. Мицкоски посочи дека дигитализацијата ги опфаќа и внатрешните постапки во државните…

Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот за уставните измени е ист — отвора на Инфомакс

Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас по повод Извештајот на ЕК за Македонија, нагласи дека Европската унија останува стратешка определба за државата. ЕУ ќе донесе значајни придобивки, професионален развој, работа, отворен пазар, безбедност, нагласи Мицкоски, но истакна дека ставот за уставните измени е ист, односно процесот на проширување…

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот — отвора на Журнал

Европската комисија го објави годишниот извештај за напредокот во процесот на европските интеграции. Најнапред, сакам да ѝ се заблагодарам на Европската комисија за посветеноста и за континуираната поддршка на нашите реформски напори. Му благодарам и на амбасадорот Рокас за конструктивната соработка и отворениот дијалог што го имаме во сите прашања поврзани со европската иднина. Имаме ...

Оваа година има поголем напредок од минатата, но потребна е порешителна борба против корупцијата – вели евроамбасадорот — отвора на 360 степени

И натаму останува усвојувањето на уставните измени, рече Михалис Рокас, додавајќи дека земјава треба да направи чекори...

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку реформската агенда — отвора на Инфомакс

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони евра во рамките на реформската агенда, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференцијата со Михалис Рокас. Рокас го истакна Планот за раст како можност граѓаните да почувствуваат придобивки од европската интеграција пред членството. „До јуни оваа година Европската комисија ослободила 142,1 милиони евра во рамките на реформската…

Мицкоски го повика Обвинителството да се занимава со СДСМ за саботажа во врска со Алта банка, за потоа да каже дека може да дојде до затворање на бизниси поради српската Алта банка — отвора на Сакам да кажам

На денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас по повод најновиот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија, на новинарски ...

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија – сега е време да ги искористиме можностите — отвора на Инфомакс

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите на Северна Македонија на патот кон европските интеграции, а поддршката за нејзината европска иднина останува непроменета. Ова го порача евроамбасадорот Михалис Рокас, осврнувајќи се на годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Рокас истакна дека Европската Унија ги препознава постигнувањата на државата, нејзиниот…

Утре евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на премиерот Мицкоски — отвора на Press24

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, утре (5 ноември) официјално ќе му го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Предавањето на документот е закажано за 14:00 часот во Владата. По врачувањето на извештајот, амбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски во 14:45 часот ќе одржат заедничка прес-конференција во ...

Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, граѓаните да бидат спокојни – Редно е ОЈО да провери дали опозицијата прави „саботажа“! — отвора на Инфомакс

Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас. – „Нашата опозиција ќе продолжи да создава паника, хистерија, немир, случај „Алта банка“ има во Србија, кај нас тоа не постои и нема ситуација како со Еуростандард банка која сегашната опозиција, нивната министерка ја ...

Македонија останува меѓу најподготвените земји кандидатки за членство во ЕУ, тврди Рокас — отвора на Скопје1

Македонија покажува дека е сигурен партнер на Европската Унија, кој ги споделува нејзините стратешки приоритети, оцени амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас на прес-конференција.Тој ја истакна усогласеноста на македонската надворешна политика со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено во период на сериозни меѓународни предизвици.Рокас посочи дека земјата постигнала значително…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на ЕК за напредокот на земјата за 2026 година — отвора на Инфомакс

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, официјално го примил Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година. Во објавата на Фејсбук, Гаши оценува документот претставува објективен преглед на постигнатите резултати и предизвиците со кои се соочува државата. -Истакнав дека овој…

Муцунски на средби со евроамбасадорот Рокас и амбасадорите Ортиз и Дрекслер: Во фокусот евроинтеграцијата, Планот за раст, регионалната стабилност и безбедност — отвора на MakPress

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево имал средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, и амбасадорот на Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, како и одвоена средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. Муцунски на Фејсбук соопшти дека на средбите се разговарало за европската интеграција и поддршката на нашите партнери ...…

Мицкоски, Андоновски и Рокас на промоцијата на мобилната апликација „м.Услуги“ — отвора на Бизнис вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, ќе се обратат на промоцијата на мобилната апликација „м.Услуги“. Со промоцијата се најавува претставување на нова дигитална алатка за граѓаните, во рамките на процесите за дигитализација на јавните услуги. Апликацијата „м.Услуги“ е…