Обединетото Кралство

28 настани во последните 30 дена, од 35 медиуми

Гаши на прва средба со новата амбасадорка на Велика Британија, Маја Сивањанам — отвора на Макфакс

Денеска во Собранието се одржа средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со новоименуваната британска амбасадорка Маја Сивањанам. „Гаши ја истакна повеќедецениската развојна динамика на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат преку конкретни форми на проектна и институционална соработка, а како посебна…

Британците драстично ги заоструваат условите за постојан престој за странци — отвора на Макфакс

Во понеделникот, британската влада претстави нов, значително построг модел за стекнување права на престој, според кој многу странски работници ќе мора да чекаат двојно подолго отколку што чекаат сега за да се стекнат со право на постојан престој. Премиерот Енди Бернам изјави дека Обединетото Кралство „ја изгубило контролата врз имиграцијата“ по Брегзит и изрази целосна ...

Британски трупи ќе учествуваат во голема воена вежба како подготовка за мирот во Украина — отвора на Курир

Стотици британски војници и борбени авиони на Кралските воздухопловни сили (РАФ) ќе учествуваат во голема мултинационална воена вежба во Полска за подготовка за потенцијален мир во Украина, соопшти Министерството за одбрана во Лондон. Обединетото Кралство и Франција заеднички ќе раководат со вежбата „Коалиција“ во која се вклучени 2.800 воени сили од 11 нации, со цел да се обезбеди подготвеност…

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Нетпрес

Британија и ЕУ договорија укинување на контролите за извоз на храна — отвора на Телма

Обединетото Кралство и Европската Унија постигнаа начелен договор за отстранување на царинските и административните пречки за извоз и увоз на прехранбени и земјоделски производи, кои беа воведени по Брегзит. Нацрт-договорот предвидува укинување на голем дел од здравствените сертификати, инспекциските такси и дополнителните проверки на стоката при трговијата меѓу двете страни... Британската влада…

Премалку дневна светлина се поврзува со поголем ризик од деменција — отвора на МКД.мк

Студијата беше спроведена од научници од Медицинскиот универзитет во Гуангжу и објавена во списанието „Општа психијатрија“. Учесниците се дел од „Биобанка на ВБ“, британска здравствена база на податоци, и никој од нив немал деменција на почетокот на студијата. Нивната просечна возраст изнесувала 62 години, а нешто повеќе од половината биле жени. Секој учесник седум дена ...

Турција заработи 51 милијарда долари од туризам. Земјата ја посетиле 49 милиони туристи — отвора на Плусинфо

Три најголеми пазари биле Русија, со 5,7 милиони гости, Германија, со 5,17 милиони и Обединетото Кралство, со 3,2 милиони, се наведува во соопштението.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам — отвора на Press24

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова потсети дека македонско-британското пријателство има длабоки историски корени, посочувајќи на заложбите на истакнати британски политичари за слободата и за правата на македонскиот…

Мајкрософт нуди доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени поради инвестиции во ВИ — отвора на Независен весник

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нуди програми за доброволно заминување со отпремнини за околу 60.000 вработени, што чини повеќе од четвртина од нејзината вкупна работна сила на глобално ниво. Технолошката компанија на овој начин настојува да ги намали трошоците и да обезбеди дел од средствата за своите огромни вложувања во вештачката интелигенција. Понудите се наменети за ...

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија — отвора на Независен весник

Пентагон ја одреди подморницата „Колорадо“ како прва американска напаѓачка подморница на нуклеарен погон што ќе се приклучи на ротационите сили стационирани во Западна Австралија. Ова е дел од трилатералниот одбранбен пакт АУКУС, во кој учествува и Обединетото Кралство. Подморницата од класата „Вирџинија“, долга 115 метри и вооружена со ракети и торпеда, ќе заплови кон својата ...

4 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: Бриф24 Инфо+1

Од 1 ноември, се воведува нов надомест за стоки купени надвор од ЕУ — отвора на Бриф

Купувањето стока преку интернет од Кина, САД, Обединетото Кралство и други земји надвор од Европската Унија наскоро ќе подлежи на ново правило. Од 1 ноември 2026 година, во ЕУ се воведува нов надомест за обработка на стоки од онлајн трговци, наменет за покривање на зголемените трошоци за царински надзор.Европската комисија утврди дека надоместокот ќе изнесува ...

Британскиот премиер сака да отвори дебата за враќање на слободното движење на работниците од ЕУ — отвора на Макфакс

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека сака да отвори дебата за можноста за враќање на правилата на Европската Унија за слободно движење на работниците, прашање што беше меѓу клучните теми на референдумот за Брегзит во 2016 година, по кој Обединетото Кралство одлучи да ја напушти Унијата. Во интервју за „Сандеј тајмс“, Бернам рече дека приливот ...

Британија на удар на силни бури: Над 16.000 домови без струја, се заканува ново невреме - граѓаните повикани да направат залихи — отвора на Вечер

Илјадници домови останаа без струја, а училиштата се затворија откако првата именувана бура оваа година ги погоди бреговите на Обединетото Кралство.

Британскиот премиер ги повика граѓаните да направат залихи од храна и вода — отвора на Макфакс

Британскиот премиер Енди Барнам ги советуваше граѓаните да направат залихи од конзервирана храна и флаширана вода за да бидат подготвени за вонредни ситуации. Во време кога силни бури го погодуваат Обединетото Кралство, а неодамна имаше и прекини на интернет-врските предизвикани од голем безбедносен пропуст, Барнам изјави дека се чини оти неочекуваните настани стануваат сè почести, ...

5 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: ОпсерверА1он+2

Принцот Хари се надева на помирување со таткото и другите членови на семејството — отвора на Нетпрес

Принцот Хари изјави дека се надева на помирување со кралот Чарлс и другите членови на неговото семејство, со кои имал затегнат однос кога се преселил во Соединетите држави пред шест години. Хари, сега 42-годишен, помладиот син на кралот, предизвика длабок раскол во британското кралско семејство кога тој и неговата сопруга Меган ги напуштија кралските должности ...

9 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: БрифКурир+4

Британската инфлација се забрза на 3,5 проценти, а цените на горивата се зголемија за речиси 30 проценти — отвора на Бизнис Инфо

Годишната инфлација во Обединетото Кралство се забрза на 3,5 проценти во септември, над очекувањата на економистите, првенствено поради силните зголемувања на цените на моторните горива. Економистите анкетирани од Ројтерс очекуваа стапка од 3,4 проценти, покажаа податоците од британската Канцеларија за национална статистика. Податоците од септември го потврдуваат континуираното забрзување на...

Хари сака помирување со Вилијам и Чарлс. Некои луѓе не сакаат ова да се реши — отвора на Национално

Принцот Хари откри зошто тој и неговата сопруга Меган Маркл одлучиле да се вратат во Велика Британија со своите две деца, Арчи и Лилибет. Како главни причини ги посочи образованието на децата и желбата тие да поминуваат повеќе време со семејството во неговата татковина. Во разговор за емисијата „One More Question“ на списанието „GQ“, Хари ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Принцезата Кејт избра капут со посебна симболика за средбата со султанот — отвора на Макфакс

Кралицата Камила и принцезата од Велс беа домаќини на султанот Хаитам бин Тарик од Оман на ручек во „Кларенс хаус“ во Лондон. Средбата се одржа во рамките на напорите за дополнително зајакнување на односите меѓу Обединетото Кралство и Оман, а за таа пригода, принцезата Кејт избра комбинација со која му оддаде почит на гостинот, пренесува ...

Велика Британија испраќа борбени авиони на Блискиот Исток — отвора на Макфакс

Обединетото Кралство ќе испрати борбени авиони „Тајфун“ во Саудиска Арабија за да ги заштити своите градови и критична инфраструктура од напади со ракети и беспилотни летала од страна на бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран. Британското Министерство за одбрана денес објави дека авионите на Кралските воздухопловни сили (RAF) ќе спроведуваат одбранбени мисии во рамките ...

Речиси милион млади Британци не работат ниту учат: Владата најавува промени — отвора на ТРН

Речиси еден милион млади луѓе во Велика Британија не се вклучени ниту во образованието, ниту на пазарот на трудот, ниту во стручна обука. Британскиот премиер Енди Бернам ја оцени состојбата како „економска катастрофа и морален неуспех“, предупредувајќи дека на цела генерација ѝ се одзема можноста да напредува. Во авторски текст за весникот „Тајмс“, Бернам порача ...

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот Исток: Се стравува од ескалација, можни се затворања на воздушниот простор и откажувања на летови — отвора на Инфомакс

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот издадоа идентични безбедносни предупредувања, повикувајќи ги своите државјани во Израел, Саудиска Арабија, Ирак, Либан, Јордан, Катар, Бахреин, Кувајт, Оман, Обединетите Арапски Емирати, Јемен и Иран да бидат особено внимателни. Предупредувањата укажуваат на можни откажувања на летови, затворање на воздушниот простор и прекини во...

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија — отвора на Бриф

Два танкера се погодени од проектили во Персискиот Залив во близина на брегот на Саудиска Арабија, соопшти Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Првиот танкер бил погоден вчера од проектил од непознат тип, на 68 наутички милји североисточно од саудискиот град Џубаил. Сите членови на екипажот се безбедни и се евакуирани, прецизираше ...

Бернам ја отфрли можноста за нов референдум за независност на Шкотска — отвора на Либертас

Британскиот премиер, Енди Бернам, ја отфрли можноста за одржување втор референдум за независноста на Шкотска за време на неговиот премиерски мандат и рече дека е време политичката дебата да се фокусира на животниот стандард на граѓаните и конкретните решенија за нивните проблеми. Телеграф пренесува дека ставот на Бернам за зачувувањето на Обединетото Кралство нема ...

„Убаво е повторно да сме тука“: Меган и Хари со прв заеднички јавен ангажман по враќањето во Британија — отвора на Reporter.mk

Меган Маркл и принцот Хари го имаа првиот заеднички јавен ангажман по враќањето во Обединетото Кралство. Двојката го посети Нотингем, градот во кој во 2017 ... ФОТО | „Убаво е повторно да сме тука“: Меган и Хари со прв заеднички јавен ангажман по враќањето во Британија

Украина добива нови ракети „Сторм шедоу“ за напади длабоко на руска територија, објави „Блумберг“ — отвора на ТРН

Велика Британија ќе ѝ испорача на Украина дополнителни крстосувачки ракети со долг дострел „Сторм шедоу“, кои можат да се користат за напади врз цели длабоко на руска територија, објави „Блумберг“. Според информациите на американската медиумска компанија, договорот за новата испорака го постигнале украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер на средбата во Лондон ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Британија му приреди кралски пречек на Зеленски — отвора на Макфакс

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Обединетото Кралство, каде што беше примен од кралот Чарлс и премиерот Енди Бурнам. Посетата на украинскиот претседател се одвива во услови на нови тензии во односите меѓу Киев и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Политико“. Зеленски на социјалната мрежа X потврди дека за време на посетата ...

Анкета: 1,7 милиони домаќинства во Велика Британија нема да вклучат греење оваа зима — отвора на MakPress

Околу 1,7 милиони домаќинства во Обединетото Кралство нема да го вклучат греењето оваа зима поради страв од високи сметки и обиди за заштеда на пари, покажа најновата анкета. Додека 5,7% од домаќинствата планираат да го остават греењето исклучено, 52% – односно повеќе од 15 милиони домови – велат дека се загрижени дека ќе им биде ... The post Анкета: 1,7 милиони домаќинства во Велика Британија нема...

Шефот на МИ5 тврди дека Иран планира напади врз британски воени објекти — отвора на MakPress

Шефот на британската служба за внатрешна безбедност, МИ5, денеска изјави дека Иран се обидува да изврши напади врз воени објекти во Обединетото Кралство и дека заговорот за напад врз воздухопловната база Ферфорд, која е под американска администрација, откриен во септември, не е изолиран случај. Директорот на МИ5, Кен Мекалум, изјави дека Техеран се обидува да ... The post Шефот на МИ5 тврди дека...