СРБИЈА

40 настани во последните 30 дена, од 42 медиуми

Ѓорѓиевски најави 6.000 нови дрвја во Скопје до крајот на сезоната, започна садењето на првите 3.500 — отвора на Скопје1

Во Скопје започна акција за засадување 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната е планирано нивниот вкупен број да достигне 6.000, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Според најавата, акцијата ќе ги опфати сите скопски општини, со засадување нови дрвја во постојните и новите паркови, зелените површини долж булеварите и другите јавни простори низ градот.„Секое ново дрво е…

21 извештаи (сите извештаи)11 со ист текст

Известуваат и: МКД.мкАлфа+10

Франција денеска се подготвува за масовни протести — отвора на Телма

Франција денеска се соочува со масовен национален штрајк и демонстрации, на кои се очекува да учествуваат над 700.000 луѓе. Протестите, организирани од синдикатите, се насочени против растот на животните трошоци и намалувањето на куповната моќ на граѓаните. На демонстрациите се очекува да им се приклучат и припадници на движењето „Жолти елеци“, како и средношколци и ...

7 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: ОпсерверВечер+1

Макстил ја гради иднината на индустријата со вложување во технологија и нови кадри — отвора на Пари

Индустриското лидерство се гради преку способноста да се одржи квалитетот, да се одговори на промените и да се создадат услови за долгорочен развој. Во металургијата, тоа подразбира континуирано вложување во технологијата и во луѓето што ја движат. Макстил ја потврдува својата лидерска улога во македонската индустрија токму преку поврзувањето на производственото искуство, модернизацијата и…

Во Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстранти — отвора на Бриф

Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ...

Снимките од аеродромот во Белград под истрага по враќањето на авионот за Москва: Патник поминал низ контролата и покрај активираниот аларм — отвора на Скопје1

Летот на „Ер Србија“ од Белград кон Москва, кој во вторникот вечерта морал да се врати на аеродромот, е предмет на истрага на Третото основно јавно обвинителство во Белград. Причина за случајот е безбедносен пропуст при проверката на патниците, откако едно лице поминало низ контролниот пункт во придружба на припадник на БИА, иако се активирал алармот.Според информациите од обвинителството…

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: ФокусЛибертас

Десетмина приведени во Србија: Осомничени дека со сила и закани изнудувале информации од демонстранти — отвора на Инфомакс

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција против сопствени припадници поради сомнежи дека малтретирале и мачеле приведени демонстранти за време на антикорупциските протести во Белград. Според официјалното соопштение на МВР на Србија, приведени се осум активни и еден поранешен полицаец, на кои им е одредено задржување до 48 часа. Осомничените биле припадници на Единицата за ...

Макаби тел Авив ја менува средината, ќе игра во Лимасол — отвора на Курир

По три години минати во Белград, Макаби Тел Авив повторно ја менува локацијата на која ги игра домашните натпревари во Евролигата. Израелскиот клуб ја напушта салата „Пионир“, а до крајот на сезоната ќе биде домаќин во салата „Спирос Кипријану“ во Лимасол, на Кипар. Новата промена ќе стапи на сила од 11. коло, кога тимот на ...

Одреден притвор за директорот на РХМЗ на Србија — отвора на Бриф

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), Југослав Н. (71), осомничен дека заедно со Олга Н. (71) и Ѓорѓе Н. (45) од ноември 2019 година до ноември 2024 година во Белград, Чачак, Ужице, Бајина Башта и Црна Гора извршиле пренос и конверзија на имот од ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Либертас

Вучевиќ ја обвини Студентската листа дека го одложува изборот на нова влада во Србија — отвора на Фактор

Претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, на 4 ноември ја обвини победничката Студентска листа дека го одложува преземањето на власта во Србија. Кандидатот за пратеник од листата Радомир Саичиќ претходно изјави дека разговорите за составот на владата траат и дека кандидатите се подготвени за првата седница на Собранието. Неа треба да ја свика претседателката на претходниот…

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО — отвора на А1он

Игор Жмириќ, командант на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), е приведен на распит во Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија. Според белградските медиуми, во истата операција се уапсени најмалку петмина поранешни и сегашни припадници на Единицата за заштита на одредени личности и објекти (ЈЗО). Како...

Струјата во Македонија поскапа отколку во Црна Гора и БиХ, покажуваат податоците на Евростат — отвора на Скопје1

Домаќинствата во Македонија плаќаат 11,6 евроценти за 100 киловат-часови електрична енергија, со што земјава е меѓу државите со највисоки цени на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Евростат за првата половина од 2026 година.Според статистиката, најскапа струја во регионот имаат Србија и Албанија, каде што цената изнесува по 11,9 евроценти за 100 киловат-часови. Македонија е веднаш…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Либертас

Нови правила и инвестиции во паметни броила за побрза енергетска транзиција — отвора на еМагазин

Новата техничка и економска анализа за трошоците и придобивките за пазарот од воведување на нови паметни броила е веќе изготвена од страна на експертите од Електродистрибуција и предадена на разгледување во Регулаторната комисија за енергетика. Оваа анализа е законска обврска на компанијата, а истата е доставена до Регулаторната комисија за енергетика, како и до Секретаријатот ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: 4NEWS

Сопственикот на Алта банка негира вина: „Немам никаква врска со трезорот“ — отвора на ТРН

Сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, кој беше уапсен под сомнение дека ја оштетил банката за дури 45 милијарди динари, бил сослушан во Обвинителството за организиран криминал во Србија, дознава „Еуроњуз Србија“. Сослушувањето започнало во 23 часот, а Мацура во својата одбрана негирал дека го сторил делото што му се става на товар. Неговиот адвокат ...

Пазарите реагираа на изборниот пораз на Трамп: Доларот ослабе, златото поскапе, инвеститорите стравуваат од нови правила за ВИ — отвора на ТРН

Резултатите од изборите за Конгресот во САД, на кои демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом, се одразија и врз светските финансиски пазари. Инвеститорите првично се повлекуваа од поризичните вложувања, доларот и американските акции беа под притисок, додека златото и државните обврзници добија на вредност. Сепак, во текот на денот расположението на ...

Кој ќе ја презеде Алта банка 21 ден за утврдување на состојбата, клиентите под ограничувања — отвора на Национално

Случајот со АЛТА банка АД Битола, која од 1 ноември 2026 година е под привремена администрација на Народната банка, отвори прашања за сигурноста на депозитите и стабилноста на македонскиот банкарски систем. Мерката следуваше откако на 30 октомври Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка Белград, со која битолската банка ...

Чартер туризмот на ДУИ: Полни авиони за празна Брвеница — отвора на Pressing TV

Победивме во Брвеница, победивме во Србија, во Унгарија, победивме во Бугарија, и во Бразил победивме, Израел е наш. Дубаи го...

Криптовалутите влегуваат во Кривичниот законик, нови правила кај нас и за одземање имот од роднини — отвора на Фактор

Криптовалутите и другите виртуелни средства експлицитно ќе бидат опфатени со дефиницијата за имот во Кривичниот законик, а се предлагаат и нови правила за конфискација на имот префрлен на членови на семејството и други лица. Ова е предвидено со измените на Кривичниот законик, кои група пратеници од владејачкото мнозинство ги доставиле до Собранието, со предлог да бидат донесени по скратена…

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Утро

Стрип и емпатија: Евгенија Трајковска на кампот „Dare to Care“ во Србија — отвора на ТРН

Македонската илустраторка Евгенија Трајковска ќе ја претставува домашната стрип сцена на регионалниот камп за општествено ангажирана уметност, кој се одржува од 4 до 8 ноември во Нови Сад. Нејзиното учество на овогодишното издание на „Фестивалот на помирувањето“ отвора нова врата за македонската визуелна уметност во регионални рамки, спојувајќи ги креативноста и активизмот под мотото „Усуди ...

„Радар“: БИА ги прислушувала критичарите на Вучиќ – под надзор биле студенти, опозиционери, синдикалци и обвинител — отвора на А1он

Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија спроведувала таен надзор над студенти, универзитетски професори, опозициски политичари, синдикални претставници и активисти, користејќи ја безбедносната служба за следење на критичарите на власта на Александар Вучиќ. Ова го открива истражувањето на српскиот „Радар“, кој имал увид во повеќе решенија на Вишиот суд во Белград со...

Се апсат команданти и полицајци за малтретирање студенти во Србија — отвора на Булевар

Командантот на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ), Игор Жмириќ, и неговиот помошник Горан Филиповиќ се приведени поради сомнежи за малтретирање студенти, објави Н1, повикувајќи се на информации на весникот „Данас“. Според медиумските извештаи, сомнежите се однесуваат на постапувањето кон студентката Николина Синѓелиќ и нејзини колеги во гаражата на зградата на српската влада, во…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Утро

ЕК презентираше упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена — отвора на Макфакс

Европската комисија презентираше нови упатства со кои ги повикува граѓаните на ЕУ подобро да се подготват за вонредни состојби и катастрофи. Ова вклучува подготовка на храна, вода и основни потреби доволни за преживување во првите три дена додека не пристигне организирана помош од јавните служби. Упатствата ги презентираше комесарката на ЕУ за подготвеност и управување ...

Неизвесна е судбината на РК Партизан по промената на власта во Србија — отвора на Макфакс

Темни облаци се надвија над ракометниот клуб Партизан, по промената на власта во Србија. Ракометниот клуб Партизан беше државен проект неколку години и клубот никогаш не го криел ова. Претседателот Миљан Жугиќ го нагласи ова во неколку наврати. По две последовни титули во српското првенство, четирите трофеи од минатата сезона и домашната доминација, оваа сезона ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер

СРБИЈА: Студентска листа предлага четиридневна работна недела без намалување на платата — отвора на Лидер

Студентската листа во Србија предлага можност за четиридневна работна недела со 32 работни часа без намалување на платата, договор на неопределено време по 12 месеци работа, како и повисоки додатоци за ноќна, прекувремена и работа во недела. Во програмата „Работа и социјални прашања“ се наведува дека актуелното трудово законодавство не ги штити доволно работниците, особено оние кои работат надвор…

Вучиќ под притисок. Помилувањата на 49 лица може да завршат во Стразбур — отвора на Национално

Одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ да помилува 49 лица предизвика сериозни реакции во Србија, а сега се отвора и прашањето за можната кривична одговорност за начинот на кој биле донесени помилувањата. Министерството за правда го објави списокот на сите 49 помилувани лица на 27 септември, денот кога Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција. Меѓу ...

Вулин се јави од Москва: Не избегав никаде — отвора на Рацин

Поранешниот српски министер Александар Вулин се јави од Москва и ги демантираше шпекулациите дека избегал од Србија, по необичното патување во кое неговиот авион претходно се вратил во Белград. „Не избегав никаде“, порача Вулин во видеообраќање од руската престолнина, објавено на неговиот Инстаграм. Неговата реакција следува по информациите за враќањето на авионот со кој патувал ...

Француските синдикати повикуваат на нови протести и генерален штрајк — отвора на Нова Македонија

Француските синдикати денеска повикаа на нови протести со барања за повисоки плати и против намалувањето на социјалните расходи, додека нивното членство се мобилизира за организирање генерален штрајк. Властите очекуваат на протестите да учествуваат неколку стотици илјади граѓани. Засилено полициско присуство е предвидено со цел да се спречи повторување на насилството што ги одбележа претходните…

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Бриф

Иван Кукиќ и Sound Therapy „растурија“ во Белград – неговото време допрва доаѓа — отвора на Независен весник

Иван Кукиќ ( бас гитара во Влатко Стефановски трио, кој дипломира во Белград музичка продукција и дизајн на звук и свири гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти) и неговиот бенд Sound Therapy одржаа двочасовен концерт „The Vicious Circle“ во салата МТС во Белград, на кој оригинална музика, македонска традиција и силен рок звук поврзаа ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Вистина.мк

Уапсен директор на српскиот Хидрометеоролошки завод: Еве за што е осомничен — отвора на Независен весник

По апсењето на шефот на криминалистичката полиција, следува апсење на уште една истакната личност во Србија. Уапсен е директорот на српскиот Хидрометеоролошки завод. Директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија Југослав Николиќ (71) е уапсен како дел од истрагата за сомневање за перење пари и прикривање на нивното нелегално потекло. Заедно со него се ...

Колку плаќаме струја во споредба со регионот: Македонија меѓу Србија и Црна Гора — отвора на ТРН

Цените на електричната енергија за домаќинствата во Европа, изразени во националните валути, најмногу пораснале во Романија, додека Данска забележала најголем пад во првата половина од 2026 година во споредба со истиот период лани. Во земјите од Западен Балкан, цените изразени во евра останале речиси непроменети, покажуваат најновите податоци на Евростат. Редовниот полугодишен извештај на…

Маск изгуби над 60 милијарди долари заради поразот на републиканците — отвора на Независен весник

Илон Маск изгуби повеќе од 60 милијарди долари богатство по поразите на републиканците на среднорочните избори во САД, и покрај тоа што потроши околу 446 милиони долари за да ѝ помогне на партијата да ја задржи контролата врз Конгресот. Голем дел од неговите политички трошоци беа насочени кон Тексас, каде што републиканците претрпеа голем пораз. ...

Новиот број на „Стремеж“ донесува поезија и препеви, проза, неколку критики и студии, а и размислувања за ликовната уметност — отвора на Република

Деновиве од печат излезе новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, втор број за 2026 година (година 72, број 2/2026). Во него може да се најдат поезија и препеви, проза, неколку критики и студии, а и размислувања за ликовната уметност. Во рубриката „Поезија“ објавени се десет песни на Милчо Мисоски, како и ...

Како директорот Давор Мацура ги крадел парите од сопствената Алта банка? — отвора на Независен весник

Од приближно 390 милиони евра што, според сомневањата на обвинителството, сопственикот и директор Давор Мацура нелегално ги зел од Алта банка во Србија, само мал дел бил физички изваден од трезорот, додека остатокот никогаш не стигнал таму, пишува во Наредбата за водење на истрагата на обвинителството, до која имал пристап истражувачкиот медиум „Крик“ имал ...

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Либертас

Уставните измени остануваат пречка за Македонија: Што пишува во новиот извештај на Европската комисија? — отвора на Фактор

Македонија покажува напредок во усогласувањето со европското законодавство и во спроведувањето на реформите од Планот за раст, но уставните измени и понатаму се главната пречка за отворање на првиот преговарачки кластер со Европската Унија. Европската комисија во најновиот извештај за земјава предупредува и на недоволни резултати во борбата против корупцијата, одолжување на судските постапки и…

Уапсени девет полицајци во Србија. Осомничени се за прекумерна сила врз приведени лица — отвора на Плусинфо

Министерството наведува дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград.

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди — отвора на Скопје1

Европската унија во јануари ќе ги разгледува можните дополнителни мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди и ограничувањето на основните права во земјата. Ова го најави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, посочувајќи дека грузиската влада се оддалечува од европскиот пат.Калас, при претставувањето на годишните извештаи на…

Пицула: Без реформи и обнова на довербата нема напредок за Србија кон ЕУ — отвора на Бриф

Србија не може да оствари вистински напредок на европскиот пат без конкретни реформи и обновување на довербата во односите со земјите членки на Европската Унија (ЕУ), изјави известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Србија, Тонино Пицула. Пицула на социјалната мрежа Икс објави дека на вчера одржаната седница на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ...

150 дена протести, Рама и понатаму молчи. Студентите ја менуваат стратегијата и најавуваат нови собири — отвора на Плусинфо

По повеќе од 150 дена демонстрации, студентското движење најави два национални протеста неделно, секоја среда и сабота во 14 часот, со главно барање – оставка од премиерот Еди Рама.

Вучиќ ги плаши Србите со Македонија за време на Заев, но го премолчува најважното — отвора на Рацин

Александар Вучиќ, поранешниот претседател на Србија, сега од позиција на опозиција, се обидува на секој начин и по секоја цена да ја дискредитира победата на Студентска листа и повлекува паралели и споредби кои воопшто немаат основа. Вучиќ во своите обраќања преку Инстаграм и ТикТок, го коментираше интервјуто на Андреас фон Бекерат, шефот на делегацијата на ...

Вулин се јави од Москва: Не побегнав, во Русија сум за продолжување на гасниот аранжман — отвора на Локално

Александар Вулин, претседателот на Надзорниот одбор на Србијагас и лидер на Движењето на социјалистите, се огласи...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер

Цената на нафтата падна на 94 долари за барел. Изјавата на Трамп дека не планира нови воени удари на Иран ги смири инвеститорите — отвора на Плусинфо

Инвеститорите сега ја проценуваат можноста за намалување на геополитичкиот ризик и нормализација на залихите со енергија од Блискиот Исток, што би можело дополнително да го намали притисокот врз глобалниот пазар на нафта.