Саудиска Арабија

40 настани во последните 30 дена, од 38 медиуми

Санчо одби трансфер во Хетафе, има понуда од Саудиска Арабија — отвора на Курир

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо има понуда од Саудиска Арабија. Претходно беше објавено дека шпанскиот клуб Хетафе е во преговори со Санчо кој моментално е слободен агент. Сепак, денес Англичанецот го информираше претседателот на Хетафе, Анхел Торес, дека нема да се приклучи на тимот, информира „Марка“. Санчо наводно сакал да заработи околу 3 милиони евра до крајот на…

Цените на нафтата намалени за околу еден процент поради дипломатските напори за решавање на конфликтот на Блискиот Исток — отвора на Независен весник

Цените на нафтата паднаа за околу еден процент во азиската трговија, бидејќи изгледите за решавање на војната меѓу САД, Израел и Иран ги намалија загриженостите за снабдувањето во услови на разговори во Техеран и покрај обновените напади на хутите врз Саудиска Арабија. Фјучерсите за сурова нафта Брент, европскиот репер, паднаа за еден долар, или 0,86 ...

10 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: КурирБриф+5

🛢️Цените на нафтата паѓаат втор ден по ред, додека доларот зајакнува — отвора на Бизнис Инфо

Цените на нафтата паднаа втор ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се лизна утрово за 0,83 проценти, на 114,85 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот падна за 0,88 проценти, на 100,85 долари. Доларот зајакна А на валутните пазари, вредноста на САД во однос на кошничката валути се зголеми. Индексот ...

Сколс со порака за Фернандеш: Оди си, напушти ја Европа — отвора на Макфакс

Пол Сколс верува дека на Бруно Фернандеш повеќе не може да му се верува како и му предлага да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Реакцијата на легенда на Јунајтед ја поттикнаа критиките на Фернандеш кон менаџерот Мајкл Карик. Сколс го опиша испадот на Фернандеш како непростлив. Бруно Фернандеш јавно ја критикуваше тактиката на Карик ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Ескалација на Блискиот Исток: Египет подготвен да ѝ помогне воено на Саудиска Арабија — отвора на Скопје1

Египетскиот парламент одобри воена поддршка за одбраната на Саудиска Арабија по ескалацијата на нападите на јеменските Хути, пренесуваат локалните медиуми. Речиси 500 пратеници побарале да учествуваат во расправата за ова прашање, објави „Ал Џезира“.Според членот 152 од египетскиот Устав, претседателот не може да објави војна или да распореди воени сили без консултации со Националниот совет за...

Хармонизација со ЕУ: oд 1 ноември, нови правила за влез во Црна Гора — отвора на Макфакс

Поради хармонизацијата на визната политика со Европската Унија, од 1 ноември, на граѓаните на Русија, Белорусија, Турција, Саудиска Арабија и Кина ќе им бидат потребни визи за влез во Црна Гора. Според

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Резаи: Безбедноста на Западна Азија треба да ја гарантираат регионалните сили, без надворешно мешање — отвора на Антропол

Мохсен Резаи, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, изјави дека Турција, Пакистан, Саудиска Арабија и Иран треба заеднички да работат на решавање на регионалните проблеми и гарантирање на безбедноста, без надворешно мешање. Осврнувајќи се на состанокот на четирите земји, Резаи оцени дека регионалната соработка требало да започне многу порано. Според него, посетите ...

Саудиската коалиција пресретна ракети и дронови на Хутите — отвора на Макфакс

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска соопшти дека пресретнала и уништила балистички ракети и беспилотни летала лансирани од Хутите кон два региони во Саудиска Арабија, во момент кога конфликтот меѓу Кралството и групата поврзана со Иран се интензивира. Хутите лансирале три балистички ракети кон Источната провинција на Саудиска Арабија и четири беспилотни летала кон јужниот ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

„Израел хајом“: Саудиска Арабија наводно нуди милијарда долари за примирје со Хутите преку Иран — отвора на Инфомакс

Саудиска Арабија наводно понудила една милијарда долари за договор со јеменските Хути за запирање на нападите врз кралството, со посредство на Иран, објави „Израел хајом“, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори од Заливот. Според извештајот, саудискиот министер за одбрана, принцот Халид бин Салман, пристигнал во Техеран за разговори за примирје. Еден извор тврди дека парите ...

Tехеран по регионалните разговори: Безбедноста на Западна Азија мора да ја обезбедуваат земјите од регионот — отвора на Инфомакс

Безбедноста на Западна Азија треба да произлегува од соработката меѓу државите во регионот, со спречување на странското мешање, порача иранскиот безбедносен челник по средбата со високи претставници на Пакистан, Турција и Саудиска Арабија. Во пренесената изјава, тој оценува дека отпорот на иранскиот народ и силата на вооружените сили создале нова, позитивна атмосфера, која се одразила ...

Саудиска Арабија ќе складира нафта во пештери во Сингапур — отвора на Нетпрес

Саудиска Арабија планира да изгради складиште за нафта во карпестите пештери на островот Џуронг во Сингапур од втората половина на следната година за да ја поддржи регионалната безбедност на снабдувањето, објавија во понеделникот министрите за енергија Абдулазиз бин Салман Ал-Сауд и Тан Си Ленг. Американско-израелската војна против Иран го наруши снабдувањето со енергенси во Азија ...

Египетскиот парламент го овласти Сиси да испрати сили за одбрана на Саудиска Арабија — отвора на Инфомакс

Египетскиот парламент го овласти претседателот Абдел Фатах ал-Сиси да преземе неопходни мерки за воена поддршка на Саудиска Арабија, во услови на засилени напади на јеменските Хути врз кралството. Одлуката е усвоена со двотретинско мнозинство и предвидува координација со Ријад за заштита на саудиската територија, суверенитетот и светите места од надворешна агресија. Гласањето се одржало зад ...

Синер се враќа на терените на крајот од годината — отвора на Нетпрес

Италијанската тениска ѕвезда и светски рекет број еден Јаник Синер ќе се врати на теренот меѓу 27 и 30 декември на профитабилниот егзибициски турнир во Саудиска Арабија, потврди самиот играч на Instagram. На настанот во Ријад, кој нуди награден фонд од 12 милиони евра, ќе учествуваат шест играчи со покана. Поради повреда на коленото и ...

Пактот од Мека: Претставници на Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денеска одат на средба за регионална координација во Иран — отвора на Денешен

Високи претставници на потписниците на Пактот од Мека, Саудиска Арабија, Турција и Пакистан, денеска ќе се сретнат во Техеран со ирански претставници за да разговараат за регионалната координација. Иранскиот безбедносен функционер Али Багери Кани изјави за државната телевизија дека саудискиот министер за одбрана, пакистански функционер и шефот на турското разузнавање ќе го посетат Техеран за...

Дипломатска мисија во Техеран: Саудиска Арабија, Турција и Пакистан бараат излез од регионалната криза — отвора на Инфомакс

Високи претставници на Саудиска Арабија, Турција и Пакистан одржуваат разговори со иранското раководство во Техеран, во обид да ги намалат тензиите и да спречат нова ескалација на Блискиот Исток. Според агенцијата „Анадолу“, на состанокот учествуваат саудискиот министер за одбрана Халид бин Салман, началникот на пакистанската армија Асим Мунир и директорот на турската разузнавачка служба Ибрахим ...

Ќе има нафта: Грчкиот противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ останува во Саудиска Арабија — отвора на Република

Грчкиот противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ останува во Саудиска Арабија, најави премиерот Мицотакис. Грција одговорила позитивно на барањето на Саудиска Арабија, грчкиот противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ да остане во земјата, за што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го информирал престолонаследникот Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд на нивната средба во Ријад....

Релито Дакар 2027 нема да се одржи во Саудиска Арабија поради ситуацијата на Блискиот Исток — отвора на Курир

Организаторите на релито Дакар го одложија настанот во 2027 година од Саудиска Арабија поради ситуацијата на Блискиот Исток. Новата локација за релито сè уште не е одредена. Сепак, организаторите планираат да се вратат во Саудиска Арабија во 2028 година. - Од 2020 година, Саудиска Арабија е домаќин на релито Дакар седум пати по ред, поканувајќи натпреварувачи од целиот свет на патеки што ја...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Денешен

Џаред Кушнер наводно имал милијарди на тајни сметки. Тој вели дека сето тоа е измислица — отвора на Независен весник

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера го нападна списанието „Венити фер“, критикувајќи го на социјалните мрежи откако објави извадок од книга што треба да излезе во печат. Во неа наводно се откриваат тајните финансиски договори на Кушнер со Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Обвиненијата против Кушнер вклучуваат тајни банкарски ...

САД ги ажурираа предупредувањата за Блискиот Исток поради зголемената закана од Хутите — отвора на Инфомакс

Американскиот Стејт департмент ги ажурираше патничките предупредувања за Блискиот Исток поради опасноста од засилени регионални напади на јеменските Хути, поддржани од Иран. Во предупредувањето за Саудиска Арабија, ажурирано на 23 октомври, Вашингтон ги повикува американските граѓани да го преиспитаат патувањето поради ризикот од напади со дронови и ракети врз американски интереси. Земјата е на...

ВФ: Хакиран мобилен телефон на зетот на Трамп, откриени тајни сметки со стотици милиони — отвора на А1он

Холандската воена разузнавачка служба (MIVD) со години тајно го следела мобилниот телефон на Џаред Кушнер – зетот на Доналд Трамп, кој истовремено бил и негов пратеник и преговарач. Тие откриле дека тој користел тајни сметки во странство за управување со стотици милиони долари добиени од арапски монарси, се наведува во...

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз Саудиска Арабија, меѓу целите и нафтоводот „Исток–Запад“ — отвора на Инфомакс

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција против нафтени објекти, аеродроми и воени локации во Саудиска Арабија, вклучително и против стратегискиот нафтовод „Исток–Запад“. Портпаролот Јахја Сарија меѓу целите ги навел аеродромот „Крал Халид“ во Ријад, објект на „Арамко“ во Јанбу, рафинеријата во Рабиг и нафтени пумпни станици. Саудиските власти засега не потврдиле дали наведените...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Пулс24

Саудиска Арабија: Пресретнати и уништени две балистички ракети испукани од групата поврзана со Иран кон Таиф и Јанбу — отвора на Денешен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските хути, денеска објави дека уништила две балистички ракети испукани од групата поврзана со Иран кон Таиф и Јанбу. Саудиската цивилна одбрана накратко издаде предупредувања до жителите за можна опасност во Таиф и Јанбу, како и во светиот град Мека и вториот по големина град во кралството, Џеда. Околу десет минути подоцна...

Цената на суровата нафта на највисоко ниво во последните пет недели – цената на нафтата „Брент“ е највисока од 2022 година — отвора на А1он

Според извештаите, цената на нафтата „Брент“ денеска се искачи на 116 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од јуни 2022 година, додека цената на суровата нафта надмина 102 долари за барел – највисоко ниво во последните пет недели. Цените оваа недела пораснаа за околу три отсто, што претставува трета...

Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите — отвора на А1он

Коалицијата на арапски земји, предводена од Саудиска Арабија, соопшти дека утрово над Ријад била пресретната балистичка ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути. 🚀Ansar Allah launched missile attacks against Riyadh, Najran, and Wadi al-Dawasir in Saudi Arabia. The moment air defenses were activated in Riyadh. https://t.co/20IvWD39H4 — Abraracursix abdala (@Abraracurs64713)...

Со живот платиле бакнеж во чело- Саудиска Арабија егзекутира маж и жена поради непристијност — отвора на Вечер

Случајот предизвика јавен бес во Бангладеш и ја стави владата на земјата во незгодна позиција, бидејќи дозна за егзекуциите дури откако тие се случиле. Според саудиското Министерство за внатрешни работи, мажот и жената биле погубени на 14 о

Осум земји во Истанбул разговараа за повторно отворање на Ормускиот Теснец — отвора на Скопје1

Министрите за надворешни работи на осум европски и блискоисточни земји се состанаа во Истанбул, каде што разговараа за повторно отворање на Ормускиот Теснец и за кризите на Блискиот Исток. На состанокот учествуваа претставници на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Саудиска Арабија, Египет, Пакистан и Турција.Разговорите биле посветени на израелско-палестинскиот судир, состојбата во...

Нафтата достигна 115 долари за барел, расте стравот од нов ценовен шок — отвора на Фактор

Цените на нафтата на светските пазари денеска достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци, поттикнати од растечките тензии на Блискиот Исток и стравувањата од нови прекини во снабдувањето со енергенси. Европската референтна нафта „брент“ во текот на тргувањето достигна 115,16 долари за барел, највисоко ниво од почетокот на мај. Поскапувањето следува по нападите на јеменските Хути врз цели...

Роналдо стигна до 982 гола во кариерата – блиску е до магичната граница од 1.000 погодоци — отвора на А1он

Кристијано Роналдо е за еден гол поблиску до најголемото голгетерско достигнување во фудбалската историја. 🚨🚨| WHAT A HEADER FROM CRISTIANO RONALDO!!!! 982 GOALS!!!!! 18 MORE GOALS TO 1000!!!!!! https://t.co/NcIBnBDJFq — Kalshi FC (@KalshiFC) October 23, 2026 Португалецот денеска го постигна својот петти гол сезонава во првенството на Саудиска Арабија, а...

Де Лаурентис одбил 3,5 милијарди евра за Наполи — отвора на Макфакс

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, нема намера да ја напушти функцијата и покрај интересот на инвеститорите и понудата од Саудиска Арабија, која, според него, достигнала дури 3,5 милијарди евра. Во гостувањето на локалното радио, првиот човек на Наполи зборуваше за можната продажба на клубот, разговорите со потенцијалните инвеститори и плановите за иднината. Неговата порака ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Нафтата Брент над 116 долари: Стравувањата за снабдувањето повторно ја поскапуваат нафтата — отвора на ТРН

Цената на нафтата брент денеска во текот на тргувањето достигна 116,32 долари за барел, со раст до 2,8 проценти. Новото поскапување доаѓа поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток може дополнително да го наруши снабдувањето со енергенси, објави „Фајненшл тајмс“. Пазарите ги следат нападите на јеменските хути врз Саудиска Арабија, еден од најголемите ...

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања — отвора на Сител

Цените на енергенсите растат, оптимизмот во еврозоната опаѓа, граѓаните стравуваат од нови поскапувања. Нафтата денеска се продаваше над 5-месечниот максимум, по нападот на јеменските Хути врз Саудиска Арабија. Барел Брент надмина 115 долари, додека американската над 101. Инвеститорите сè повеќе вложуваат во злато, чија цена, според експертите од Фајненшл тајмс, во следните 12 до 18 месеци би...

Македонските државјани ќе можат полесно да добијат туристичка виза за Саудиска Арабија — отвора на Скопје1

Македонските државјани ќе можат да патуваат во Саудиска Арабија со поедноставена визна постапка, откако земјата официјално ги вклучи на листата за добивање туристичка електронска виза или виза по пристигнување.Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека оваа можност ќе овозможи побрзо и полесно патување, со намалување на административните постапки.Според...

Турција е биде домаќин на регионална средба за конфликтите на Блискиот Исток и во Украина — отвора на Бриф

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска во Истанбул ќе биде домаќин на министерски средби за надворешни работи во форматите Р4 (Турција, Египет, Пакистан и Саудиска Арабија) и Р4+Е3 (Велика Британија, Германија и Франција), на кои ќе се разгледуваат регионалните безбедносни прашања, со фокус на Палестинците, состојбата во Ормуската Теснина, случувањата во Јемен и ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: 24 Инфо

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија — отвора на Бриф

Цените на нафтата денеска пораснаа поради новите напади на јеменските бунтовници Хути врз Саудиска Арабија, која ја поддржува јеменската влада во граѓанската војна, и поради стравот дека војните на Блискиот Исток би можеле да се прошират и да ги загрозат испораките на нафта. Цената на нафтата „Брент“, која се користи како глобален стандард за цената ...

14 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: СителФактор+8

Двоен удар за Европа: Пад на европските индекси и нов скок на цената на гасот над 90 евра — отвора на Бизнис Инфо

Цената на суровата нафта од типот Брент денес се искачи на повеќе од 114 долари за барел, додека европските берзански индекси паднаа по новите напади на јеменските Хути врз Саудиска Арабија и стравувањата од ширење на конфликтот на клучната енергетска инфраструктура и бродските патишта. Нафтата од типот Брент надмина 114 долари за барел Цената на ...

Нападнат аеродром во Саудиска Арабија: Едно лице загина, осум се повредени — отвора на ТРН

Едно лице загина, а осум други се повредени во напад врз меѓународниот аеродром „Крал Фахд“ во Дамам, во источниот дел на Саудиска Арабија, соопшти Генералниот орган за цивилно воздухопловство на Саудиска Арабија (GACA). Нападот се случил во средата навечер. Сите осум повредени биле пренесени во болници, а нивната состојба се движела од полесни повреди до ...

Ријад бара партнери за поголеми капацитети за складирање во странство — отвора на Нетпрес

Саудиска Арабија и државната нафтена компанија „Saudi Aramco“ имаат намера да ги зголемат стратешките резерви на нафта и бараат партнери во странство, изјави главниот извршен директор Амин Насер за телевизијата Al Arabiya Business во четврток, според извештајот на Reuters, нагласувајќи повторно дека се разгледуваат алтернативни правци за извозот. „Saudi Aramco“ бара партнерство за зголемување на ...

САД подготвуваат повлекување персонал од амбасадите во Заливот поради опасност од обновување на борбите — отвора на Инфомакс

Американскиот Стејт департмент подготвува наредба за заминување на дел од персоналот и членовите на нивните семејства од американските амбасади во регионот на Заливот, објави Ројтерс, повикувајќи се на тројца американски функционери. Според извештајот, подготовките се поврзани со можноста за обновување на непријателствата, особено со јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Двајца функционери...

6 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: Пулс24МКД.мк+2

Макрон во посета на Саудиска Арабија — отвора на Курир

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна синоќа во Ријад во ненајавена посета и тоа е првиот европски лидер што ја посетил Саудиска Арабија откако хутите ги интензивираа нападите врз таа држава овој месец. Макрон се сретна со престолонаследникот на Саудиска Арабија и де факто лидер Мохамед бин Салман, со кого разговараше за регионалните и меѓународните случувања, како и за координирање на...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Нетпрес

САД наредија повлекување на дел од персоналот од амбасадата во Саудиска Арабија поради нападите на Хутите — отвора на Инфомакс

Соединетите Американски Држави наредија Саудиска Арабија да ја напуштат американските владини службеници чие присуство не е неопходно за итните операции, како и членовите на нивните семејства. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, ја потврди одлуката, наведувајќи ги како причина засилените напади на јеменските Хути врз цивилни цели во кралството. Тој појасни дека потврдената наредба се ...