Театарот

29 настани во последните 30 дена, од 22 медиуми

Битолскиот театар ќе соработува со фестивалот Бабел ФАСТ од Романија — отвора на MakPress

Националната установа Народниот театар Битола и Бабел ФАСТ, фестивал од Романија, потпишаа меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи. Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, кој во Битола…

„Локомотива“ со две перформативни дела на 51. МОТ — отвора на ТРН

Долгогодишната соработка меѓу Младинскиот културен центар (МКЦ), МОТ – Меѓународниот театарски фестивал и организацијата „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“ продолжува и во рамки на 51. издание на МОТ. Ова партнерство, кое низ годините овозможува континуирано претставување и развој на современите уметнички практики, е пример за важноста на поврзувањето на јавните ...

„Свињи“ со Илина Чоревска и Викторија Степаноска Јанкуловска во главните улоги на 51.МОТ — отвора на Проверено

Вечерва, во рамки на 51-то издание на Фестивалот Млад Отворен Театар, во салата „Фросина“ на Младинскиот културен центар-Скопје, две млади актерки Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска, во 20 часот, ќе ја одиграат претставата „Свињи“, работена според текстот на Томислав Зајец, а во режија на Тамара Стојаноска. Преку специфичниот драмски јазик, во кој се преплетуваат ...

Театар, музика и две регионални претстави: Богата фестивалска вечер на МОТ — отвора на Скопје1

Во рамки на 51. издание на Млад отворен театар (МОТ), денеска, 21 ноември, публиката ја очекува уште една фестивалска вечер исполнета со современи театарски и музички содржини.На програмата се две претстави од регионалната театарска сцена, како и концертот на косовско – швајцарската изведувачка на традиционални песни ARBËRESHË, за кој влезот е бесплатен.Фестивалската вечер започнува во 20 часот…

Театар за тебе со нова детска претстава „Дедомразовската капа!“ — отвора на ТРН

Во пресрет на најмагичниот период од годината, Театар за тебе подготвува нова новогодишна авантура за најмладата публика – приказна исполнета со хумор, празнична магија, неочекувани пресврти и важни пораки за другарството. Во домот на Дедо Мраз подготовките се при крај. Баба Мразица и Елфко се подготвени за највеселата ноќ во годината, а подароците наскоро треба ...

Од древните гласови на Балканот до интимниот свет на современиот звук во Клубот на МКЦ — отвора на Проверено

Во клубот на МКЦ, вечерва од 22 часот, во рамки на вон програмските активности на 51.Млад Отворен Театар, ќе се одржи концертот на ARBËRESHË, косовско-швајцарска копродукција. Од древните гласови на Балканот до интимниот свет на современиот звук, ги оживува традиционалните песни на Косово, Албанија и Македонија, претворајќи ги во музички приказни што носат длабочина, нежност ...

„Манифест“ и „Три жени“ вечерва на 51.МОТ — отвора на Проверено

Вечерва (20.11.2026 петок) на репертоарот на 51.Млад отворен театар, во 20ч поместена е претставата „Манифест“ на Словенско младинско гледалишче | Театар Глеј (СЛО), во режија на Татјана Першух. Улогите ги толкуваат Жељко Хрс, Вито Веис, Ленарт Мачек, Чрт Пачник/Михаел Реберник – тромбони. Текстот и драматургија ги направи Боштјан Нарат, сценографијата е на: Дамир Левентиќ, костимографија ...

„Кокошка“ вечерва на 51. МОТ во Театар Комедија — отвора на Нова Македонија

Претставата „Кокошка“, во режија на Теодора Силјаноска, вечерва од 20 часот ќе биде изведена во Театар Комедија, во рамките на 51. издание на Млад отворен театар – МОТ. Претставата е заснована врз текстот на рускиот драматург Николај Кољада и ги отвора прашањата за копнежот по слобода, љубовта и остварувањето на соништата во свет што станува ...

Мариго Антов за загревање на МОТ — отвора на Проверено

Вечерва по втората претстава на репертоарот на 51.Млад Отворен Театар, младата ди-џејка Мариго Антов, ќе настапи со свој сет. – Ја знаеме како „млада на Република Македонија“, од наше радио „Канал 103“. Слободата и е најбитна, оттука и музиката која ја пушта е во различни жанрови, затоа и секогаш варираат, велат организаторите. Мариго Антов вечерва ...

51.МОТ во МКЦ — отвора на Проверено

Во рамки на 51-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Млад Отворен Фестивал 2026“, што традиционално се реализира во Младинскиот културен центар-Скопје, од 18 – 24 ноември ќе бидат одиграни 12 претстави од земјава и странство. Првата фестивалска вечер на 18.11 (среда), ќе ја одбележат две тетарски претстави: „Кратки Приказни“ на Театарот Антон Подбевшек од Словенија ...

Театарот од Куманово со претставата „Чичко Кумплунг“ гостува во Драмски — отвора на MakPress

Со утрешното гостување на претставата „Чичко Кумплунг“ на Театарот од Куманово, се заокружува серијата гостувања на националните театри во Драмскиот театар Скопје, во чест на одбележувањето 80 години од неговото постоење. -Под мотото „Еден е Драмски!“ годинава беа организирани гостувања на професионалните театри од националните установи во Македонија. Манифестацијата беше замислена како културна…

Утре на 51.МОТ „Последниот час по клавир“ — отвора на Проверено

Утре вечер, во рамки на програмата на 51. Младиот Отворен Театар, во клубот на Младинскиот културен центар-Скопје, во 22 часот ќе биде одржана уште една претстава „Последниот час по клавир“ од Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, со Селма Алиспахиќ и Џана Џаниќ во двете рољи. Претставата е копродукциски проект на Театар 071 од ...

„Те чекам“ ја покажува цената на токсичната машкост — отвора на ТРН

За мажите што не плачат. За жените што чекаат. И за тишината што убива. Од овие три реченици тргнува „Те чекам“, интерактивна дуодрама на скопскиот „Театар за тебе“, која на 29 октомври беше изведена во Занаетчискиот дом во Куманово. Во средиштето на претставата е исповедта на човек кој предоцна сфаќа колку го чинело тоа што ...

Народниот театар во Битола денеска одбележува 82 години од основањето — отвора на Бизнис вести

Народниот театар во Битола, најстарата театарска институција во Македонија, денеска одбележува 82 години од своето основање, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на негување и развој на театарската уметност. Театарот е основан на 14 ноември 1944 година, кога за првпат била изведена претставата „Ѓоре Магарески“. Со оваа изведба започнала приказната на една од најзначајните културни институции…

„Вљубениот Шекспир“ во Театарот Јордан Х.К.-Џинот во Велес — отвора на Проверено

На 17.11.2026 г. (вторник), со почеток 20 часот, во Театарот Јордан Х.К-Џинот во Велес, ќе се одржи премиера на претставта „Вљубениот Шекспир“ од Марк Норман/ Том Стопард, а во режија на Бојана Василковска, што за неа е и воедно дипломска претстава. Преводот на текстот го направија Сашо Димоски и Катерина Момева, сценографијата е на Филип ...

Премиера на „Црно злато“ на сцената на МНТ — отвора на Проверено

Во Македонскиот народен театар, во тек се подготовките за новата претстава „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба на претставата е закажана за 26ти ноември, додека премиерата ќе биде одржана на 27 ноември 2026 година во 20 часот на големата сцена на Театарот. Во претставата „Црно злато“, ...

„Тивки актери, гласни приказни“ од Љубица Велкова во Музеј на Македонија — отвора на Проверено

Вчера вечерта, во Музејот на Република Северна Македонија, беше отворена изложба на театарски кукли, насловена како „Тивки актери, гласни приказни“ од авторката Љубица Велкова. Оваа изложба претставува едно ретко ретроспективно патување низ историјата на македонското кукларство, почнувајќи уште пред 80 години со визијата на Светлана Малахова, па се до современите дизајни на Театарот за деца ...

Македонскиот кандидат за Оскар „17“ вечерва ја има скопската премиера — отвора на Скопје Инфо

Филмот „17“, македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм, вечерва ќе ја има својата скопска премиера во рамките на 26. издание на Скопскиот филмски фестивал. Проекцијата е закажана за 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ).

Театар „Златен Елец“ со три претстави во Скопје и низ Македонија — отвора на ТРН

Програмата започнува во петок, на 6 ноември во 20 часот, со изведбата на „Теорема, леме“ од Пјер Паоло Пазолини, во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ. Претставата е дел од биеналето за сценски дизајн под мотото „Животот е таму каде што се здружуваме“ и претставува дводневна театарска акција. Ова е прва изведба на претставата по ...

Идиот(и) на отворањето на 26 издание на Скопје Филм Фестивал — отвора на MakPress

Во среда, на 4 ноември, во Н.У. Македонски Народен Театар (МНТ), официјално ќе започне 26. издание на Скопје Филм Фестивал, со премиерна проекција на најновиот игран филм „ИДИОТ(и)“, во режија на познатото режисерско дуо Малгоржата Шумовска (Małgorzata Szumowska) и Михал Енглерт (Michał Englert). Свечената вечер ќе започне со дефилето на црвениот тепих во 19:30 часот, ... The post Идиот(и) на…

Изведба на „Црнила“ за денот на Прилеп — отвора на Нова Македонија

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со изведбата на претставата „Црнила“ во режија на Дејан Пројковски денеска од 20 часот, на сцената 105 во ЦК „Марко Цепенков“ се вклучува во одбележувањето на Трети ноември – Денот на ослободувањето на градот. Со прикажувањето на претставата, наедно ќе се одбележат и шесте награди што беа освоени на двата ...

Во Скопје заврши јубилејната асемблеја на „Еуродрам“ со гости од 28 земји — отвора на Рацин

Со разговор за тоа кој денес чита и објавува драми, повеќејазични читања и театарска претстава, на 31 октомври во Скопје заврши Генералната асемблеја на „Еуродрам“. Европската мрежа за драма и превод ја одбележа својата 25-годишнина со учество на 60 меѓународни гости од 28 земји. Од 27 до 31 октомври, драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Европски театарски дијалог во Скопје: свечено отворена Генералната асемблејата на „Еуродрам“ — отвора на Радио МОФ

Во знакот на 25-годишниот јубилеј на мрежата, промовиран каталог на македонски драми и врачена плакета на основачот Доминик Долмие Свеченото отворање на Генералната асемблеја на „Еуродрам“, која од 27 октомври до 1 ноември се одржува во Скопје, го потврди извонредното значење на целиот настан за нашата држава и за театарската уметност, воопшто. Церемонијата се одржа на 28 октомври ...

„Еуродрам“ со 60 гости од 28 земји за 25-годишниот јубилеј — отвора на Нова Македонија

Скопје е домаќин на генералното собрание на „Еуродрам“ „Еуродрам“ и „Театар Комедија“ организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави Скопје ќе биде домаќин на генералното собрание на „Еуродрам“ – европската мрежа за драма и превод, со седиште во Париз, која годинава се одржува во знакот на 25-годишнината од основањето ...

Еуродрам ја отвори Генералната асемблеја во Скопје и промовираше каталог на 30 македонски драми — отвора на ТРН

Генералната асемблеја на европската мрежа за превод на драмски текстови „Еуродрам“ започна во Скопје со промоција на капитално издание посветено на современата македонска драматургија. Во рамки на настанот, што трае до 1 ноември на сцената на Театар Комедија и во Европска куќа, претставен е каталогот од Иван Додовски што опфаќа 30 драми од 18 домашни ...

Книгата „Зад мене белина“ од Мартин Кушеј се занимава со „живеењето во мигот“ — отвора на MakPress

Промоцијата на македонскиот превод на книгата „Зад мене белина“ од Мартин Кушеј, која се одржа синоќа во барот „Бистро“ на Театар Комедија, беше првиот настан во рамките на програмата на Генералната асемблеја на „Еуродрам“, која до 1 ноември се одржува во Скопје. Авторот на книгата Мартин Кушеј е еден од најзначајните современи австриски театарски и ... The post Книгата „Зад мене белина“ од…

Три признанија за претставата „Змеј“ во режија на Нела Витошевиќ — отвора на Нова Македонија

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена ...

Од моралните дилеми на уметниците до животот на жените во патријархатот: „Улис“ гостува на „Рута“ — отвора на ТРН

Две претстави што отвораат различни, но подеднакво актуелни општествени прашања се на програмата на вториот ден од регионалниот театарски фестивал „Рута“ во Драмски театар. Театар „Улис“ од Бриони гостува со драмата „На чија страна“, во режија на Ленка Удовички, и монодрамата „Земја на волците“, која се занимава со положбата на жената во патријархалната средина. „На ...

Полна сала и овации за „Избраниот“: Компанијата Mozzart продолжува да ја поддржува културата — отвора на Скопје1

Вечер исполнета со смеа, одлична енергија и позитивна атмосфера ја одбележа изведбата на претставата „Избраниот“ во Театар Комедија. Салата беше исполнета до последно место, а публиката со воодушевување ја следеше секоја сцена, наградувајќи ги актерите со гласни аплаузи и насмевки.Компанијата Mozzart, која обезбеди бесплатни билети за љубителите на театарот, уште еднаш покажа дека искрено верува...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Фокус

Прашања