Извори

24 Вести

24.mk (се отвора нов таб)телевизијамакедонскијавен RSS канал261 извештаи / 7 дена

Посети го сајтот

Настани со извештаи од 24 Вести

Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат — отвора на Press24

Повеќе од половината домаќинства во Македонија немаат деца, а нивниот удел во вкупниот број во 2025 година достигнал 66,1 процент. Од друга страна, 33,9 проценти од домаќинствата имале издржувани деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата. Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без ...

Муцунски утре на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина — отвора на Скопје1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во Атина, каде што ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување…

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите (видео) — отвора на Независен весник

Денеска е формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, со што се прави значаен чекор кон зајакнување на институционалните механизми за заштита на новинарите и медиумските работници во државата. Во своето обраќање по повод формирањето на ова тело, министерот за внатрешни работи истакна дека иницијативата е резултат на определбата на Владата за системско ...

За Извештајот на ЕК ќе расправаат две собраниски тела — отвора на Проверено

За Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година денеска ќе расправаат Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Во Собранието, расправите за годишните извештаи на ЕК традиционално се одвиваат на заеднички седници на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. Најновиот Извештај на Европската комисија за…

Променливо и ветровито време, дожд и снег на повисоките места — отвора на Скопје1

Промена на времето се очекува во текот на ноќта, кога врнежите од дожд од западните делови ќе се прошират низ целата земја. Со продорот на постудена воздушна маса, на повисоките места дождот ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег.Ќе дува засилен, повремено и силен ветер, кој на моменти ќе надминува 70 километри на час. Претпладне ќе биде од западен, а попладне од северен…

Зверев си закажа финале со Алкараз — отвора на SportSport

Сега е официјално – во борбата за титулата на АТП финалето во Торино, за оваа сезона, во недела во 18:00 часот, ќе се сретнат моментално прворангираниот тенисер и објективно најдобриот играч на планетата во последно време, барем кога сите ќе бидат здрави и во врвна форма. Откако Карлос Алкараз направи еден вид пресврт во дуелот ...

Јавна расправа за Предлог-законот за органите на државната управа — отвора на Проверено

Јавна расправа за работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се одржи во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90. седница, на 23 ноември 2026 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот, во Сала „Борис ...

Во Скопје ќе има организиран дочек на Новата година со домашни изведувачи и македонска музика — отвора на 360 степени

Градоначалникот најави и дека Скопје навреме ќе биде украсено за новогодишните празници, а не во последните денови...

Брисел во понеделник останува без повеќето летови — отвора на Рацин

Повеќето полетувања и слетувања на бриселскиот аеродром „Завентем“ ќе бидат откажани утре, 23 ноември, поради националната синдикална акција во Белгија. Во протестот ќе учествува и дел од персоналот на контролата на летање „Скајс“, а нарушувања се најавени и во јавниот превоз. Аеродромските власти ги повикаа патниците да ги следат известувањата од авиокомпаниите, кои директно ќе ...

„Фајненшел тајмс“: Вучиќ вршел директен притисок да се изгради хотелот на Трамп на местото на Генералштабот — отвора на Независен весник

Британскиот весник „Фајненшел тајмс“ (ФТ) објави дека поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, „лично вршел притисок врз функционерите да ги отстранат пречките за изградба на хотелот на Трамп во центарот на Белград“. „Фајненшел тајмс“ го пишува ова врз основа на, како што е наведено, документи и сведоштва до кои весникот имал пристап, и дека ...

Македонските владици на средба со рускиот патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква — отвора на Булевар

Рускиот патријарх Кирил се сретна со делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Москва и порача дека средбата е посебна, бидејќи македонските архиереи првпат доаѓаат како претставници на автокефална помесна црква. Средбата се одржала на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир, каде што македонската делегација престојувала по…

Петнаесет лица повредени во пожар во болница во Берлин, пациент осомничен за подметнување — отвора на Независен весник

Петнаесет лица се повредени во пожар што синоќа избувнал во болница во населбата Лихтенберг, во источниот дел на Берлин. Според портпаролот на полицијата, пожарот избувнал во соба на првиот кат од болничкиот објект, а постојат индиции дека го предизвикал пациент кој ја запалил постелата во својата соба. Пожарникарите го изгаснале пламенот, но чадот се проширил ...

Ким Џонг-ун: Северна Кореја е подготвена за поблиска соработка со земјите што го почитуваат нејзиниот суверенитет — отвора на 24 Вести

Северна Кореја е подготвена да ги зајакне пријателството и соработката со сите земји што го почитуваат нејзиниот суверенитет, изјави севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Говорејќи по приемот на акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на повеќе земји, Ким оцени дека безбедносното опкружување во Источна Азија бара од Северна Кореја да ги зајакне сопствените одбранбени капацитети и да го…

НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на Русија — отвора на Независен весник

Претставници на 32-те земји членки на НАТО денеска во Брисел ќе разговараат за неодамнешното нарушување на полскиот воздушен простор од страна на Русија. За таа цел не е свикан посебен состанок, изјави портпарол на Алијансата, што значи дека прашањето ќе биде разгледано во рамки на редовните консултации. Разговорите се одржуваат во време кога во Берлин ...

Иран ги интензивирал нападите со дронови и ракети, вели Трамп — отвора на Независен весник

Иран во изминатата недела лансирал повеќе дронови и ракети отколку во кој било друг период во текот на повеќе од една година, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп. „Не грижете се, сите се соборени и не направија никаква штета“, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл. Нападите врз танкери во Ормуската Теснина исто така се ...

Не работи „Мој ДДВ“ — отвора на Скопје1

Апликацијата „МојДДВ“ во моментов е привремено недостапна поради технички проблеми, информираат надлежните служби.Како што посочуваат во известувањето, надлежните служби интензивно работат на отстранување на проблемите и повторно воспоставување на услугата во најкраток можен рок.Од надлежните упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението додека трае отстранувањето на техничките…

Камерите на „Сејф сити“ се користат во истрагата за убиството кај Смилковското Езеро — отвора на Скопје1

Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај Смилковци е насочена и кон снимките од камерите на системот „Сејф сити“ поставени на повеќе клучки долж скопската обиколница. Се проверува дали на снимките може да се забележат сомнителни возила поврзани со убиството, потврдија од истрагата за Телма.Според првичните информации, автомобилот „мерцедес“ на жртвата се упатил кон клучката каде што се…