Украински

30 настани во последните 30 дена, од 26 медиуми

Украина го уништи рускиот брод во Либија со пловни дронови лансирани од специјален брод во Средоземното Море — отвора на Независен весник

Украински специјални сили стационирани во западна Либија – област под контрола на меѓународно признатата влада – поминаа неколку месеци следејќи го движењето на руските пловила. Откако го изгуби целосниот пристап до својата поморска база во Сирија по соборувањето на Башар ал-Асад, Русија почна да бара ново пристаниште за испорака на оружје во Африка, воспоставувајќи ...

Нападот во Бенгази предизвика тревога во Атина за уште еден фронт во Источниот Медитеран — отвора на Рацин

Потонувањето на руски воен брод корвета од страна на украински беспилотни површински бродови предизвика тревога во Атина, зголемувајќи ги загриженостите дека војната во Украина би можела да отвори уште еден фронт во Источниот Медитеран, пишува денеска Катимерини. Украински козачки брод „Мамаи“ пронајден од рибари кај Лефкада во мај го истакна ризикот. Оттогаш, Грција држи ракетен ...

Украински пилот со авионски топ собори руски дрон на млазен погон – објавена снимка од кокпитот — отвора на Инфомакс

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот на францускиот борбен авион „Мираж 2000“, на која се гледа соборувањето на руски дрон на млазен погон. Пилотот ја уништил непријателската леталка со рафална стрелба од вградениот топ од 30 милиметри, без употреба на ракета. „Соборување млазен дрон со авионски топ на борбен авион ‘Мираж 2000’. Благодарност до ...

Украински беспилотни летала за прв пат ја нападнаа руската енклава Калининград — отвора на Рацин

Извештаите за активност на беспилотни летала и оган од воздушна одбрана во близина на базата на Балтичката флота на Русија во Балтијск, морско пристаниште во руската енклава Калининград, означуваат потенцијална нова ескалација, неколку часа по потврдениот напад врз товарен брод што се упатува кон Калининград во Финскиот Залив. Украинските канали за следење и локалните извештаи ...

Украински дронови со среден и долг дострел ќе се произведуваат во Велика Британија — отвора на 360 степени

Според украинското Министерство за одбрана, станува збор за модели што украинските сили веќе ги користеле во борба...

Русите нападнаа пазар во Украина: 11 лица се повредени, меѓу кои и едно момче — отвора на Фокус

Единаесет лица, меѓу кои и едно 11-годишно момче, се повредени денес во руски напад врз пазар во...

Украина изведе најголем напад со дронови врз Русија од почетокот на војната: Москва тврди дека соборила 1.336 летала — отвора на Скопје1

Украина изведе најмасовен напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило 1.336 украински дронови над 16 региони, со што е надминат претходниот рекорд од 1.254 летала регистриран на 29 октомври.Според руските власти, дел од дроновите биле соборени над Крим, полуостровот што…

5 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Украински гиганти ги затворија фабриките, производството на сончогледово масло запре — отвора на Фактор

Најголемите производители на сончогледово масло во Украина ги суспендираат или намалуваат операциите на фабриките по руските воздушни напади, а последиците би можеле да го погодат еден од најважните извозни сектори во земјата. Украинската индустрија за сончогледово масло се соочува со сериозни нарушувања откако водечките производители најавија речиси истовремени суспензии или намалувања на…

Голем пожар во Русија по напади со дронови: Гори нафтен објект — отвора на Кајгана

Голем пожар во Русија по напади со дронови: Гори нафтен објект Филип Здравески 16.11.2026 / 08:17 Свет Украински беспилотни летала, наводно, во текот на ноќта извршиле напад врз нафтени постројки во рускиот град Азов, во Ростовската област. По нападот избувнал голем пожар, а на снимките што кружат на социјалните мрежи се гледаат пламени јазици што го осветлуваат ноќното небо, објави The Kyiv…

Украинска армија: Нападна аеродром и база за лансирање дронови во Русија — отвора на 24 Инфо

Генералштабот на украинската армија денес преку Телеграм објави дека украинската армија извршила напад врз аеродромот Ахтубинск во руската Астраханска област, кој се наоѓа на околу 650 километри од линијата на фронтот, во текот на претходната ноќ. Според Киев, тој воен објект служи како еден од главните центри на Русија за тестирање на нова воена авијациска ...

Зеленски: Ограничувањата на SpaceX нѐ спречуваат да соборуваме руски дронови — отвора на 24 Инфо

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека ограничувањата на брзината на терминалите „Старшилд“ ги спречуваат украинските дронови-пресретнувачи да се борат против руските беспилотни летала на млазен погон „Шахед“. Затоа, Украина соработува со САД и „СпејсИкс“ за укинување на овие ограничувања, објави „Правда“ . Дроновите губат контакт со операторите Зеленски објави детали за проблемот со кој се…

Голем пожар во индустриската зона на Нижнекамск по напад со дронови, има повредени — отвора на Инфомакс

Голем пожар избувна во индустриската зона на Нижнекамск, во руската република Татарстан, по напад со беспилотни летала во ноќта меѓу 14 и 15 ноември. Според „Радио Слобода“, првичните анализи на снимките од очевидци го лоцираат пожарот во „Нижнекамскнефтехим“, еден од најголемите петрохемиски комплекси во Европа. Локалните власти потврдија штета во индустриската зона, но засега не ...

Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија — отвора на Скопје1

Украинските напади со беспилотни летала врз руските региони Татарстан и Ростовската област во текот на ноќта предизвикале пожари и оштетувања на петрохемиски капацитети, енергетска инфраструктура и важен сообраќаен мост. Во нападите загинал главниот инженер на една трафостаница во Таганрог, а четири лица биле повредени, соопшти регионалниот гувернер Јуриј Сљусар.Во Ростовската област биле…

Украински пратеник го обвини Зеленски дека ги поткопува мировните преговори со исмевање на Трамп: „Можеби не сакате мир?“ — отвора на Антропол

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко го обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека намерно ги поткопува мировните преговори со Русија, откако украинскиот лидер јавно се пошегувал на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп за време на обраќањето во данскиот парламент. Зеленски, обраќајќи им се на данските пратеници во средата, ја исмеа желбата на Трамп да го ...

Финска регистрирала напад врз руски воен брод во Балтичкото Море — отвора на Скопје1

Финската војска регистрирала напад врз руски воен брод во Финскиот Залив, но соопшти дека безбедносната состојба во регионот и натаму е стабилна и дека земјата не се соочува со непосредна воена закана.„Финските одбранбени сили регистрираа напад врз руски воен брод во областа на Финскиот Залив и го следеа развојот на ситуацијата“, изјавил портпарол на финската војска за „Ројтерс“.Естонските…

Нови напади, рафинеријата во Волгоград e во пламен — отвора на Проверено

УКРАИНСКИТЕ сили синоќа нападнаа голема рафинерија за нафта во рускиот град Волгоград и производствен погон во Ростов на Дон, објави „Киев Индепендент“. Овој напад со беспилотни летала се случи само еден ден по трилатералните мировни преговори во Абу Даби, а со тоа Украина ја продолжува својата кампања за уништување на инфраструктурата што ја снабдува руската ...

Украинците погодија моќен руски воен брод — отвора на 24 Инфо

Безбедносната служба на Украина (СБУ) завчеравечер спроведе операција во која беше погоден рускиот ракетен брод „Наро-Фоминск“, брод од класата „Бујан-М“ (проект 21631) со тежина од 850 тони, соопшти СБУ, а јави „Украинска правда“. Овој воен брод, кој припаѓа на руската Балтичка флота и беше лансиран во 2022 година, е опремен со универзален систем за вертикално ...

Прв исчекор кон мирот? Русија и Украина договорија голема размена на заробеници — отвора на 4NEWS

Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто — отвора на Скопје1

Украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии ја намалиле способноста на Русија за преработка на нафта за околу 30 отсто, тврдат два извора од нафтената индустрија.Нападите дополнително ѝ ја отежнуваат на Москва борбата со недостигот на гориво на домашниот пазар, во период кога Русија испорачува дизел на меѓународните пазари во рамките на договорот со американскиот претседател…

Украинците нападнаа база на елитната руска единица „Рубикон“, погледнете го видеото — отвора на Проверено

УКРАИНСКИТЕ сили објавија дека ја погодиле базата на елитната руска беспилотна единица „Рубикон“ длабоко во окупираната територија. Јужните одбранбени сили соопштија дека „оваа операција уште еднаш докажува дека нема безбедна позадина за руските окупатори“, пишува Киев Индепендент . Заедничка операција зад фронтовските линии Нападот врз базата во окупираниот Бердјанск, Запорошка област, беше…

Заврши првиот ден од преговорите во Абу Даби; Украински извор: Имаме прв значаен резултат — отвора на Кајгана

Заврши првиот ден од преговорите во Абу Даби; Украински извор: Имаме прв значаен резултат Филип Здравески 10.11.2026 / 19:34 Свет Првиот ден од преговорите меѓу Москва и Киев во Обединетите Арапски Емирати, насочени кон изнаоѓање трајно решение за војната во Украина, заврши по 4 и пол часа, според руските државни медиуми. Извор изјави за Українська правда дека е постигнат договор за „голема…

Песков се согласува со Трамп: Украина веќе е поинаква земја од географска гледна точка — отвора на Инфомакс

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека по завршувањето на војната Украина ќе има „малку поинаква форма“. Според Москва, земјата веќе е променета од географска гледна точка – очигледна алузија на териториите што ги зазедоа руските сили, забележува „Украинска правда“. Ставот на руската страна следува по интервјуто на ...

Украински напад врз една од најголемите руски рафинерии: Голем пожар во Кириши, загина жена — отвора на Инфомакс

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта во Кириши, во северозападниот дел на Русија, предизвикувајќи голем пожар во нејзиниот комплекс. Станува збор за втората најголема рафинерија во земјата. Во нападот загинала жена, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко. Регионот е важен центар за рускиот извоз на нафта и жито преку Балтичкото Море. Нападот е ...

Украинско разузнавање: Русија го користи новиот сателитски систем „Расвет“ за воени напади над Украина — отвора на Либертас

Русија веќе ја користи својата нова сателитска мрежа „Расвет“, претставена како домашна верзија на системот „Старлинк“ за воени комуникации над Украина, со цел да ја зголеми прецизноста на своите јуришни беспилотни летала и нивната отпорност на електронско попречување, изјавија денеска за Ројтерс извори од украинската воена разузнавачка служба, пренесува Бета. „Русија го користи сателитскиот…

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Украински антикорупциски служби: Високи функционери од безбедносниот сектор земале поткуп за да прикриваат нелегални бизниси — отвора на MakPress

Украинските антикорупциски служби соопштија дека високопоставени државни функционери од безбедносниот сектор и органите на прогонот систематски земале поткуп за да овозможат непречено работење на лажни кол-центри и други нелегални деловни активности. Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САП) соопштија дека во рамки на поголема…

Пожар во руска рафинерија во Јарослављ по украински напад со дронови — отвора на Рацин

Големата рафинерија за нафта „ЈАНОС“ во рускиот град Јарослављ се запали по ноќен напад со украински беспилотни летала, при што се повредени двајца вработени и е оштетена инфраструктурата на погонот. Украински беспилотни летала погодија една од најголемите руски рафинерии за нафта во Јарослављ, град лоциран на околу 250 километри североисточно од Москва, потврди регионалниот гувернер ...

Белата куќа најавува трилатерален состанок за мир во Украина — отвора на Рацин

Украински, руски и американски претставници ќе одржат трилатерален состанок во Абу Даби на 10 и 11 ноември за забрзување на мировните преговори за завршување на војната во Украина, јавува агенцијата Франс Прес. Информацијата ја објави во понеделник специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, кој е клучна фигура во дипломатските напори на Белата ...

Украински дронови погодија руска рафинерија, повредени двајца работници — отвора на Скопје1

Украински беспилотни летала ја погодија нафтената рафинерија во рускиот град Јарослављ, при што се повредени двајца вработени, соопшти гувернерот Михаил Евраев.По нападот избувнал пожар во постројката, а надлежните служби работат на негово гаснење. Снимките и фотографиите објавени по нападот покажуваат голем пожар во кругот на рафинеријата. Според каналот „Ексиленова+“ на Телеграм, цел на нападот…

Украински дронови го погодија рускиот рафинериски комплекс во Кстово: Избувна голем пожар во една од најголемите рафинерии — отвора на Инфомакс

Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта во рускиот град Кстово, во Нижегородската област, по напад со беспилотни летала во текот на ноќта на 1 ноември. Станува збор за еден од најголемите руски рафинериски комплекси, кој има проектиран капацитет за преработка на околу 17 милиони тони сурова нафта годишно. Според информациите на РБК-Украина, експлозии биле ...

Украински дронови нападнаа три руски рафинерии и еден хемиски комплекс — отвора на Инфомакс

Украински беспилотни летала денеска нападнале три нафтени рафинерии и еден хемиски комплекс во Русија, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. Според неговата првична оценка, во една постројка е причинета помала штета, додека противвоздушната одбрана во најголем дел го одбила нападот. Новак не ги именувал четирите објекти и не соопштил податоци за евентуални прекини во производството.…