Darko Kostovski

19 настани во последните 30 дена, од 21 медиуми

По 42 години, основното училиште „Ацо Шопов“ во Радишани доби надградба — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, пратеничката Каролина Насковска и директорката Билјана Симоноска Антовска, ја пуштија во употреба новоизградената надградбата на ООУ „Ацо Шопов”.

Костовски: Над еден милион евра се инвестираат во Скопје Север, се реконструираат улици и паркинзи — отвора на Журнал

Реконструкција на главните сообраќајници, уредување на паркинзите и изградба на пристапни патеки до станбените згради се дел од инфраструктурните активности што се реализираат во населбата Скопје Север. За инвестицијата, чија вредност надминува еден милион евра, информираше градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. Тој преку објава на социјалните мрежи соопшти дека станува збор за прва…

ДУИ: На влезот на мегапаркот во општина Бутел сега има натпис и на албански јазик – граѓани го исправија она што институциите го игнорираа — отвора на 360 степени

Интегративците ги прозваа градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, наведувајќи...

Засилени инспекциски контроли во Бутел: Се „чешла“ градежна документација и се воведува ред во сообраќајот — отвора на Скопје Инфо

Наместо згради, парк од 50.000 квадратни метри во Бутел: Градоначалникот со порака за идните генерации — отвора на Скопје Инфо

На простор каде што претходно биле планирани станбени згради, денес има парк со површина од 50.000 квадратни метри, објави градоначалникот на општина Бутел на социјалните мрежи. Во својата објава, градоначалникот ја истакна одлуката просторот да биде наменет за парк, наместо за станбена изградба, нагласувајќи го неговото значење за идните генерации.

„Борбата со бандите не е меѓуетничка борба, криминалот не познава нации“, вели градоначалникот на Бутел Костовски — отвора на Скопје1

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, порача дека нема да отстапи од борбата против криминалот и урбаната мафија, обвинувајќи одредени политички партии дека се под влијание на криминални структури кои се обидуваат неговите активности да ги претстават како меѓуетничка пресметка.Костовски тврди дека неговата борба е насочена против сите што го нарушуваат јавниот интерес и зелените…

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

„Лупањето и тропањето се минато“ – Костовски со реакција по случувањата на седницата — отвора на Скопје1

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, реагираше на случувањата на седницата на Советот, на која, како што наведува, не присуствувал, оценувајќи дека неговото отсуство било искористено за политички провокации и недолично однесување.Костовски порача дека лупањето, тропањето и викањето нема да го засенат развојот на општината ниту проектите што се реализираат.„Ниту едно тропање, ниту…

Костовски до советниците од ДУИ и Влен во Бутел: Не се кријте зад лажен национализам — отвора на Press24

Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет и некои добиле “храброст “, целосно се изгубиле, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. Лупање, тропање, кримоси и бандити се минато во општина Бутел. Развој, зеленило и безбедна општина Бутел се нашите приоритети!, вели Костовски во своето видео обраќање.

Во Бутел од денеска почнуваат со работа комунални редари, граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилности на посебен телефонски број — отвора на Нова Македонија

На територијата на Општина Бутел од денеска почнуваат со работа комунални редари, чија задача ќе биде да го контролираат почитувањето на комуналниот ред, јавната чистота и заштитата на јавните површини и општинскиот имот. Како што информираше градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, преку објава на Фејсбук, комуналните редари ќе бидат униформирани, ќе располагаат со службено возило ...

Во Бутел отворен музеј посветен на архиепископот Гаврил — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека денеска во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Радишани присуствувал на свеченото отворање на музејот посветен на блаженоупокоениот Архиепископ Охридски и Македонски, Гаврил.

Општина Бутел реагира за градежни активности на државно земјиште во Бутел 2 — отвора на Скопје1

Почетните градежни активности на државно земјиште во населбата Бутел 2 предизвикаа реакции кај жителите, по што Општина Бутел упати јавно предупредување до лицата што ги изведуваат работите.Градоначалникот Дарко Костовски соопшти дека досега пристигнале пријави од повеќе од десетина загрижени граѓани. Од Општината побараа веднаш да се запрат активностите сѐ додека не се утврди дали градбата е…

Костовски: Од депонија до огромен парк, Љуботен добива целосно нов лик! — отвора на Журнал

Влезот на селото Љуботен ќе се претвори во зелена и рекреативна површина за жителите. Дивата депонија, која со години ја нарушуваше сликата на ова место, наскоро ќе стане минато, бидејќи на нејзино место Општина Бутел ќе изгради голем парк. Ова го соопшти градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој преку објава на социјалните мрежи информираше ...

Костовски најави нова поликлиника во Бутел — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави изградба на нова поликлиника во општината. Најавата ја објави на својот Фејсбук-профил, без да соопшти дополнителни детали за почетокот на изградбата, локацијата или роковите за реализација.

Костовски му одговори на Села: „Во Бутел нема место за бандити“ — отвора на Скопје1

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, реагираше на објавата на Зијадин Села, во која тој напишал дека Бутел бил следен, упатувајќи му порака дека општината нема да биде освоена со закани и уцени.„Да, следен уште потежок нокаут од кој што свират ушите шест месеци! Бутел не е плен, ниту има место за бандити што хараат и секој зелен агол го гледаат како нова зграда“, напиша Костовски.Тој порача…

Села бара Обвинителството и МВР да реагираат по објавата на градоначалникот на Бутел — отвора на Скопје1

Албанската лига, преку претседателот Зијадин Села, реагираше на објавата на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, оценувајќи дека во неа биле упатени индиректни закани кон Села и била употребена неприфатлива реторика.Од партијата наведуваат дека ваквиот начин на комуникација е недозволив во демократско општество и порачуваат дека нема да отстапат од своите ставови за унапредување на…

) Некој си присвоил јавни паркинг-места во Скопје Север, Општина Бутел ги отстрани блокаторите — отвора на Скопје1

Нелегално поставени метални блокатори на јавни паркинг-места во населбата Скопје Север денеска беа отстранети од екипите на Општина Бутел, откако граѓани пријавиле дека дел од јавниот простор е узурпиран.Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека со интервенцијата се ослободени паркинг-местата кои биле незаконски зафатени со метални пречки.„Скопје Север – крај на узурпацијата на…

Гаши од Бутел: Канцелариите за контакт со граѓаните го доближуваат Собранието до јавноста — отвора на MakPress

Зајакнувањето на институционалната соработка и унапредувањето на комуникацијата меѓу Собранието и граѓаните беа во фокусот на денешната посета на собранискиот претседател Африм Гаши на Општина Бутел и Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните. Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши во Бутел остварил работна средба со градоначалникот Дарко Костовски, на која биле разгледани…

Бутелска оаза - Скопје доби нов мега парк на површина од 50.000 квадрати! — отвора на Скопје Инфо

Гаши ја посети Општина Бутел и Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните — отвора на Журнал

Во рамките на континуираната пракса на посети на општините и посветеноста на функционализација на канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна посета на Општина Бутел, каде што се сретна со градоначалникот на Општината, Дарко Костовски. За време на средбата беа разгледани можностите за продлабочување на институционалната…