EuroNews

26 настани во последните 30 дена, од 21 медиуми

Северна Кореја го прогласи швајцарскиот дипломат за персона нон грата — отвора на Кајгана

Северна Кореја го прогласи швајцарскиот дипломат за персона нон грата Александра Спасеска 25.11.2026 / 08:45 Свет Северна Кореја ѝ нареди на Швајцарија да ја затвори неодамна отворената дипломатска канцеларија во Пјонгјанг и ѝ даде рок од 48 часа да ја напушти земјата. Овој потег доаѓа како одговор на швајцарските санкции воведени врз детски камп поврзан со Русија, објавува Euronews.…

Кинески хакери се осомничени за сајбер-нападот врз Европската комисија — отвора на Проверено

Европската комисија се сомнева дека зад сајбер-нападот, кој веќе еден месец влијае врз нејзините системи, стои хакерска група поддржана од Кина. Ова денеска го објави „Еуроњуз“ (Euronews), повикувајќи се на два извори запознаени со ситуацијата.Првото потврдено протекување на лични податоци се однесува на корисниците на онлајн-платформата „ЕУ Академија“ (EU Academy), додека осомничените сторители…

Шпанските градови се на врвот на листата за живот на иселениците — отвора на Независен весник

Пет европски градови се најдоа меѓу првите 10 за иселеници на новата листа на глобалната платформа Internationals, вклучувајќи три градови во Шпанија. Градот Рас ал-Хаима во Обединетите Арапски Емирати се најде на врвот на листата, објави денес Euronews. Рангирањето се базира на анкета на 7.786 иселеници од целиот свет, кои го оценија своето искуство со ...

Шпанските центри за податоци ќе мора да добиваат 80 проценти од електричната енергија од обновливи извори — отвора на Иновативност

Шпанската влада денес усвои нови правила за центрите за податоци, според кои тие ќе мора да добиваат најмалку 80 проценти од електричната енергија од обновливи извори, со обврска да ги почитуваат стандардите за енергетска ефикасност и рационална потрошувачка на вода, објави Euronews. Целта на новите мерки е проширувањето на оваа инфраструктура да се усогласи со ...

Унгарија го повлекува ветото: Украина и Молдавија добиваат зелено светло за продолжување на преговорите со ЕУ — отвора на ТРН

Унгарската блокада на европскиот пат на Украина и Молдавија се приближува кон крајот. Будимпешта денеска ги повлекува приговорите за отворање на последните два преговарачки кластера, потврдиле дипломатски извори. Со тоа на двете земји им се отвора можноста да ги започнат преговорите за сите области од членството во Европската Унија, објави „Еуроњуз“. Одлуката била најавена од ...

Со воз до Дедо Мраз – Најубавите зимски патувања низ Европа — отвора на ТРН

Патувањето со воз повторно станува привлечен начин за откривање на Европа, особено во зимските месеци кога снежните пејзажи, украсените градови и божиќните пазари создаваат сосема поинаква атмосфера. Во преглед објавен на 19 ноември, Euronews Travel издвојува неколку железнички патувања кои оваа зима нудат повеќе од обичен превоз. Од Финска и Швајцарија до Италија, Австрија и ...

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините — отвора на Кајгана

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините Филип Здравески 17.11.2026 / 14:11 Регион Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска зона. Во тек е операција за пребарување и спасување на 19 членови на екипажот, сите филипински државјани, пренесува Euronews. Бродот GAS HUSKY потонал…

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат во Парламентот — отвора на Инфомакс

За време на денешниот протест во Тирана, двајца демонстранти се обидоа да ги скршат вратите на зградата на албанскиот Парламент – која се наоѓа спроти седиштето на Владата – користејќи метална шипка. Полицијата интервенираше и приведе неколку учесници. Според „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania), демонстрантите удирале по вратите на зградата со метална шипка, а наводно биле ...

Предвидувањето од студија за крајот на светот на 13 ноември 2026 година не се остварува — отвора на MakPress

Euronews/BFM/RFI/БТА Денеска е петок 13-ти – датум што ги плаши суеверните луѓе. Оваа година, во пресрет на денот, голем број француски медиуми, како што се BFM TV, RFI, Scientifique et Vie и француската програма на Euronews, исто така потсетија дека крајот на светот е предвиден за 13 ноември 2026 година, но нагласија дека предвидувањето нема ... The post Предвидувањето од студија за крајот на…

Земјите би можеле да спасат 9 милиони животи годишно доколку ги исполнат целите за квалитетот на воздухот што моментално не ги достигнуваат — отвора на MakPress

Euronews Почистиот воздух би можел да спаси 9,4 милиони животи годишно доколку земјите ги достигнат стандардите за квалитет на воздухот препорачани од Светската здравствена организација (СЗО), покажува ново истражување од Универзитетот во Кембриџ. Покрај здравствените придобивки, намалувањето на загадувањето би донело и значителни економски заштеди.Намалувањето на загадувањето на воздухот до…

Три од четворица анкетирани Европејци планираат патување до март 2027 година — отвора на ТРН

Дури 76 отсто од испитаниците во новото истражување на Европската комисија за патувања (ETC) планираат барем едно патување со ноќевање меѓу октомври 2026 и март 2027 година. Тоа е за три процентни поени повеќе од претходната година, покажуваат резултатите објавени на 9 ноември, кои ги пренесе Euronews на 11 ноември. Анкетата опфатила 6.000 лица од ...

Цената на гасот во Македонија под просекот на ЕУ, покажуваат податоците на Евростат — отвора на 24 Инфо

Цената на природниот гас за домаќинствата во Северна Македонија во првата половина од 2026 година била пониска од просечната цена во Европската Унија, покажуваат податоците на Евростат која ја пренесува Euronews. Во Македонија цената изнесувала 10,8 евра за 100 киловат-часови, додека просекот во ЕУ бил 11 евра. Во рамки на Европската Унија, најниска цена е ...

Избрани најдобрите хотели и ресорти во Европа за 2027 година: од манастир од 14 век до луксузен комплекс со шест базени — отвора на Проверено

Хотел сместен во поранешен манастир од 14 век во Португалија, палата спроти катедралата во Гранада и луксузни ресорти со сопствени плажи и големи спа-центри се меѓу европските туристички објекти што се најдоа меѓу наградените во годишните награди за извонредност за 2027 година на престижниот туристички водич „Конд Наст Јохансенс“, објави Euronews. Водичот, кој постои повеќе ...

Откажан самитот во Белград, загрозена безбедноста — отвора на Кајгана

Откажан самитот во Белград, загрозена безбедноста Александра Спасеска 10.11.2026 / 10:08 Регион Самитот Euronews Adria, кој требаше да се одржи на 13 ноември во Белград, е дефинитивно откажан, потврдија организаторите. Одлуката е донесена откако голем број претходно потврдени учесници се повлекоа, меѓу кои и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и поранешниот грчки министер…

Црна Гора го отфрла „членството од втор ред“ во ЕУ, целта е пристапување до 2028 година — отвора на Рацин

Министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, на Самитот за проширување на „Еуроњуз“ (Euronews) во Брисел изјави дека преговарачките поглавја би можеле да бидат затворени оваа година, а пристапувањето да следи во 2028 година. Таа го отфрли концептот за членство од втор ред и вети решавање на споровите со Хрватска. Министерката за европски ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Климатската криза удира по здравјето: Како шест чекори можат да спасат милиони луѓе? — отвора на ТРН

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика светските влади да воведат шест интервентни мерки против климатските последици, кои можат да спречат околу 1,6 милиони смртни случаи годишно. Според новиот извештај, дури 3,6 милијарди луѓе денес живеат во подрачја со висок здравствен ризик од екстремни климатски услови. Примената на овие решенија би спречила една од секои 40 ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Рацин

Прашања

Силјановска-Давкова, Кошта и Рама на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел — отвора на Бизнис вести

Во Брисел се одржува Самитот за проширување на Европската Унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе учествуваат високи европски и регионални политички претставници. Меѓу најавените говорници се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, како и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Хрватска, Андреј Пленковиќ, и на…

Хакери извлекле лични податоци од Молдавија: Владата се сомнева во странска држава — отвора на ТРН

Молдавските власти се соочуваат со сериозни сајбернапади врз владини бази на податоци, а премиерот Василе Тофан изјави за Euronews дека постои сомневање оти зад нападите стои странски државен актер. Тој не именуваше конкретна земја и не претстави јавен доказ за идентитетот на напаѓачите. Според премиерот, напаѓачите успеале да извлечат податоци од службени регистри, вклучително и ...

Што значи поразот на Трамп за Европа? — отвора на Независен весник

Вашингтон – Доналд Трамп претрпе тежок политички пораз откако републиканците ја загубија контролата врз двата дома на Конгресот на избори што гласачите ги претворија во проценка на неговото претседателствување. Високите цени беа одлучувачки за гласачите, а околу две третини од испитаниците во излезните анкети рекоа дека царините на Трамп ѝ наштетиле на економијата, пишува Euronews. ...

Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен — отвора на Скопје1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова побара суштински дијалог и еднаков третман за Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи дека политичката волја за надминување на долгогодишниот застој треба да доаѓа од двете страни.На Самитот за проширувањето на ЕУ во Брисел, во организација на „Јуроњуз“, таа потсети на мислењето на Бадинтеровата комисија од 1992 година…

Шпанија воведува платено боледување за менопауза — отвора на ТРН

Шпанија од 1 декември 2026 година воведува ново право за жените на пазарот на трудот. Со посебното боледување за менопауза, вработените жени кои имаат здравствени состојби што ги спречуваат да ги извршуваат работните обврски ќе можат да добијат финансиски надоместок. Реформата, која Владата ја одобри на 20 октомври, претставува проширување на заштитата на женското здравје ...

Сиљановска: Проблемот не е во ЕУ, туку во недостигот на политичка волја кај некои соседи — отвора на Скопје1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за Euronews порача дека проблемите со кои се соочува Македонија на патот кон Европската Унија не се поврзани со европските институции, туку пред сѐ со недостигот на политичка волја кај одредени соседни држави.„Сѐ уште чекаме. Нашите проблеми главно се поврзани со недостигот на политичка волја. Но, не со политичката волја на Европската Унија и…

Проширување со две брзини: Албанија и Црна Гора брзаат напред, Македонија во ќорсокак — отвора на Рацин

Најавените нови патокази на Европската комисија за забрзан прием на фаворитите Црна Гора и Албанија отвораат длабок јаз на Западниот Балкан. Додека Подгорица и Тирана добиваат институционален приоритет, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово остануваат заглавени во долгогодишна стагнација, со реален ризик да го изгубат дури и пристапот до клучните регионални европски фондови, пишува „Euronews“.…

Додека Црна Гора проверува, кај нас сѐ е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ — отвора на Скопје1

СДСМ излезе со нови обвинувања против премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека е дел од политичка, финансиска и медиумска мрежа поврзана со српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Опозициската партија ја поврзува оваа наводна мрежа со Алта банка, телекомуникациските компании и повеќе медиуми во Македонија.„Додека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу…

Euronews: Објаснување на ситуацијата во Поска, што навистина се случува? — отвора на ТРН

По стапувањето на должност во 2023 година, коалицијата на Доналд Туск започна да ги поништува правосудните реформи воведени од ПиС (PiS). Спорот влезе во нова фаза во 2026 година, кога претседателот Карол Навроцки одби да ги прифати заклетвите на неколку судии избрани од парламентот. Институционалната криза ја достигна точката на вриење во петокот надвор од ...

Радев ја обвинува Романија за провоцирање на Русија — отвора на Независен весник

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека обвинувањата на Романија против Русија во врска со нападите со беспилотни летала врз бродови во Црното Море придонеле за ескалација на тензиите, притоа одбивајќи директно да ја посочи Москва како одговорна, пренесе романскиот медиум „Романија инсајдер“ (Romania Insider). Во напис со наслов „Бугарскиот премиер ја обвинува Романија за провоцирање ...