Festivali

40 настани во последните 30 дена, од 29 медиуми

Манчевски со дури два филма истовремено по светски фестивали – „Сестра, брат и шахта“ во Белград, а „добри луѓе“ во Торино — отвора на Бизнис вести

Синоќа белградската публика на популарниот „Фестивал на авторски филм“ со овации ја поздрави европската премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“. Бројни љубители на делото на Манчевски останаа пред влезот затоа што салата беше распродадена, гледачи седеа и на подот, а во публиката беа и македонскиот амбасадор во Србија, проф д-р ...

Петтиот Фестивал на грчки филм во Скопје ќе биде посветен на режисерките — отвора на Скопје Инфо

Петтото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје ќе се одржи од 25 до 27 ноември во Кинотеката, под мотото „Женски поглед – филм по нејзина мерка“. Годинашната програма е посветена на женското филмско авторство и на режисерките од различни генерации, чија работа остави белег во грчката кинематографија.

„Локомотива“ со две перформативни дела на 51. МОТ — отвора на ТРН

Долгогодишната соработка меѓу Младинскиот културен центар (МКЦ), МОТ – Меѓународниот театарски фестивал и организацијата „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“ продолжува и во рамки на 51. издание на МОТ. Ова партнерство, кое низ годините овозможува континуирано претставување и развој на современите уметнички практики, е пример за важноста на поврзувањето на јавните ...

„Свињи“ со Илина Чоревска и Викторија Степаноска Јанкуловска во главните улоги на 51.МОТ — отвора на Проверено

Вечерва, во рамки на 51-то издание на Фестивалот Млад Отворен Театар, во салата „Фросина“ на Младинскиот културен центар-Скопје, две млади актерки Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска, во 20 часот, ќе ја одиграат претставата „Свињи“, работена според текстот на Томислав Зајец, а во режија на Тамара Стојаноска. Преку специфичниот драмски јазик, во кој се преплетуваат ...

Фестивалот на грчки филм во Скопје годинава во знакот на женското режисерско творештво — отвора на Независен весник

Под мотото „Женски поглед: филм по нејзина мерка“, од 25 до 27 ноември во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје, кое годинава во целост е посветено на женското филмско авторство. Програмата опфаќа три долгометражни и два краткометражни филма на грчки режисерки од различни генерации, а ...

„Сладоста на горчливите нешта“ ја имаше својата светска премиера на PÖFF во Талин — отвора на Независен весник

Дебитантскиот долгометражен игран филм „Сладоста на горчливите нешта“, по сценарио и во режија на Андреј Волкашин, ја имаше својата светска премиера на 17 ноември во Apollo Kino Plaza во Талин, во рамките на натпреварувачката програма First Feature Competition на 30. Tallinn Black Nights Film Festival (PÖFF). На премиерата присуствуваа режисерот Андреј Волкашин, продуцентката Елена Станишева ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Тера

Прашања

Светска премиера на „Сладоста на горчливите нешта“, дебито на Андреј Волкашин, на фестивалот во Талин од а-категорија — отвора на Сакам да кажам

Светската премиера на филмот „Сладоста на горчливите нешта“, дебитански игран филм на режисерот Андреј Волкашин е денеска во 18:30 часот ...

51.МОТ во МКЦ — отвора на Проверено

Во рамки на 51-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Млад Отворен Фестивал 2026“, што традиционално се реализира во Младинскиот културен центар-Скопје, од 18 – 24 ноември ќе бидат одиграни 12 претстави од земјава и странство. Првата фестивалска вечер на 18.11 (среда), ќе ја одбележат две тетарски претстави: „Кратки Приказни“ на Театарот Антон Подбевшек од Словенија ...

„Овојпат таа кажува“: 51. МОТ од 18 до 24 ноември во Скопје — отвора на 365

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција — отвора на Бизнис вести

Кавадарци изминативе денови живееше во знакот на виното, музиката и дружењето. Во текот на трите фестивалски дена, 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на винарницата „Тиквеш“ повторно ги обедини љубителите на виното, деловните партнери, пријателите и соработниците на компанијата, претставниците на институциите и дипломатскиот кор, како и бројните гости од земјата и странство. ...

82 години тетарска историја, а сега и новина што ќе ја поврзе Битола во светот. Народниот театар најави Live streaming — отвора на Национално

Народниот театар Битола одбележа 82 години постоење, континуирана уметничка дејност и посветеност на театарската уметност со премиерата на „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, со која беше отворено и 12. издание на Битола Шекспир Фестивал. Вечерта помина во знакот на уметноста, свеченоста и почитта кон богатата театарска традиција, но и во духот ...

4. „Моисиу“ годинава во Албанскиот театар-Скопје — отвора на Проверено

Од 16 до 22 ноември 2026 година, во Албанскиот театар – Скопје се одржува четвртото издание на Фестивалот на албанскиот театар „МОИСИУ“, значаен културен настан кој ги обединува албанските театарски сцени од регионот. Фестивалот се организира според принципот на ротација, а оваа година домаќин е Албанскиот театар – Скопје. Годинешното издание на „МОИСИУ“ носи богата ...

„Чија си“ – биографија што го чува музичкото наследство на Славе Димитров за идните генерации — отвора на Фактор

Точно 55 години по премиерната изведба на антологиската песна „Чија си“ од Славе Димитров на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 71“, вчеравечер (12 ноември) во „Литература.мк“ во „Дајмнод мол“ беше промовирана книгата „Чија си“. Авторизираната биографија на еден од најзначајните македонски композитори, пејачи, аранжери и музички продуценти, Славе Димитров, напишана од авторот Максим Ристески…

„Сладоста на горчливите нешта“ со светска премиера на 30. издание на Фестивалот во Талин — отвора на ТРН

Следната недела, дебитантскиот македонски долгометражен игран филм „Сладоста на горчливите нешта” (The Sweetness of Bitter Things), во режија на Андреј Волкашин и продукција на Елена Станишева – Веда Филм, ќе ја има својата светска премиера на Tallinn Black Nights Film Festival (PÖFF), во рамките на официјалната натпреварувачка програма First Feature Competition. Премиерата е закажана за ...

„Кориолан“ го отвора 12 Шекспир фестивал, битолскиот театар слави 82 години — отвора на Тера

На 14 ноември, кога Народниот театар Битола одбележува 82 години од своето постоење, започнува и 12. издание на Битола Шекспир фестивалот. Во деветте фестивалски денови, до 22 ноември, публиката ќе има можност да проследи шест претстави од Македонија и од странство. Фестивалот ќе го отвори „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. ...

„Неми Филмови“ со Гран при за анимација во Алжир и нови признанија во Индонезија и Унгарија — отвора на ТРН

Македонскиот краткометражен анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски ја освои наградата Гран при за анимација на Меѓународниот фестивал на краток филм во Тимимун, Алжир. Ова е најновото во низата меѓународни признанија за филмот, кој неодамна беше награден и на фестивали во Индонезија и Унгарија. На Timimoun International Short Film Festival, одржан од 5 ...

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: 365MakPress

Прашања

„Скејтбордот....“ на Дина Дума го обиколува светот: Девет фестивали на три континенти за два месеца — отвора на Независен весник

Од Исланд до Бразил, преку Италија, Израел, Шпанија, Германија, Србија, Хрватска и Турција, македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, продолжува да ја освојува меѓународната филмска сцена со девет фестивалски селекции во октомври и ноември. По светската премиера на Tribeca Film Festival во Њујорк, филмот го продолжи своето патување на ...

3 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: ТРНMakPress

Прашања

Шест фестивалски вечери, уметници од повеќе земји и две изложби: Фестивал на музика од светот во Битола — отвора на еМагазин

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот — отвора на Нова ТВ

Од новата фестивалска визија и меѓународните филмски имиња, до наградените авторски остварувања – возобновениот Скопје Филм Фестивал го заокружи своето издание со јасна амбиција за посилно регионално и меѓународно присуство. Ана Василевска Филмскиот фестивал е многу повеќе од збир на проекции во неколку фестивалски вечери. Тој е простор во кој се среќаваат различни кинематографии, авторски ...

Двојно признание за Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ — отвора на Скопје1

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, освоија две фестивалски награди на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026 за своите улоги во претставата „Страв и надеж“.Кочовска ја доби наградата за најдобра женска епизодна улога, додека Михајловски беше награден за најдобра машка епизодна улога. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ…

„Другиот споменик“ во МКЦ: Живи не-споменици наспроти херојските фигури во јавниот простор — отвора на ТРН

Младинскиот културен центар во среда, на 11 ноември 2026 година, од 18:00 часот ќе биде домаќин на презентацијата на процесот од истражувачката резиденција „Другиот споменик“. Настанот е дел од есенската едиција на Перформанс Платформа Фестивал (ППФ) во организација на „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Влезот за сите посетители е слободен, ...

Амира Медуњанин и Драган Мијалковски на 18. Фестивал на музика од светот во Битола — отвора на Скопје Инфо

Шест фестивалски вечери, настапи на музичари од повеќе земји и две изложби ќе го одбележат 18. издание на Фестивалот на музика од светот, кој ќе се одржи од 25 до 30 ноември во Битола.

Три македонски филмови во новата селекција „Југосфера“ на 32. Фестивал на авторски филм во Белград — отвора на Проверено

„Никола, Никола“ на Леон Ристов, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума и „Сестра, брат, шахта“ на Милчо Манчевски се дел од новата селекција „Југосфера“ на 32. Фестивалот на авторски филм (FAF), којшто ќе се одржи од 20 до 27 ноември 2026 година во Белград. Новата програмска целина „Југосфера“, посветена на регионалната кинематографија, носи ...

Заврши 26. Скопје филм фестивал! — отвора на Фактор

Под динамично ново раководство, Фестивалски совет и тим од домашни и меѓународни професионалци, возобновениот Скопје Филм Фестивал ги додели своите награди. Спојувајќи ја својата воспоставена регионална традиција со свежа креативна енергија, СФФ ја потврди својата позиција како клучна културна платформа за независен филм и меѓународна размена. Фестивалот има стратешка улога во обликувањето на…

„Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа најдобар филм на 26. Скопје Филм Фестивал — отвора на 365

„Нема рај ако те убие жена“ на Халкавт Мустафа ја освои наградата за најдобар филм на 26. Скопје Филм Фестивал.

Самир Љума, кинематограферот на „Медена земја”, на светска премиера во Талин со филмот „Моето заробено срце” — отвора на Проверено

„Моето заробено срце” (MY ENSLAVED HEART), босанска драма што ја напиша и режираше Џан Харба, ќе има светска премиера на 11 ноември во Apollo Kino Plaza, сала 9, во Талин. По проекцијата следува разговор на публиката со режисерот Џан Харба, продуцентот Зоран Ковачевиќ и директорот на фотографија Самир Љума. Филмот се прикажува во натпреварувачката програма ...

Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ — отвора на еМагазин

Драган Мијалковски ќе настапи со Битолскиот дувачки оркестар во рамките на 18. издание на Фестивалот на музика од светот — отвора на Вистина.мк

Драган Мијалковски ќе настапи со Битолскиот дувачки оркестар на 29 ноември од 20 часот во Центарот за култура во Битола, во рамките на 18. издание на Фестивалот на музика од светот. Концертот е најавен под насловот „Биг бенд едишн“, а Мијалковски ќе ги испее своите најголеми хитови. Кариерата на Мијалковски започна во 1969 година на аудицијата „Бараме млади таленти“. Најголема популарност стекна…

СФФ2026: Интензивни авторски приказни, европски остварувања и мастерклас со Драган Бјелогрлиќ — отвора на Проверено

Вториот ден на 26. Скопје Филм Фестивал носи содржајна и разновидна програма што ги спојува култната филмска традиција, современите европски краткометражни филмови и големите регионални кинематографски имиња. Денот започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со вториот фестивалски мастерклас со познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој пред домашната публика и младите филмски…

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки — отвора на ТРН

Програмата започнува во 13:00 часот со специјална проекција на 5 „EFA Shorts“ краткометражни филмови. Во 17:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се прикаже француската драма „Отфрлен“ (Forsaken) во режија на Винсент Гаренк, инспирирана од вистинскиот трагичен настан со наставникот Самјуел Пати и опасностите од онлајн линч-кампањите. Потоа, во 19:00 часот следи унгарскиот психолошки трилер „Чувство ...

МНТ вечерва го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ — отвора на Скопје Инфо

Македонскиот народен театар вечерва ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој се одржува од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“. МНТ ќе настапи со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со чија изведба ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања.

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Стрип и емпатија: Евгенија Трајковска на кампот „Dare to Care“ во Србија — отвора на ТРН

Македонската илустраторка Евгенија Трајковска ќе ја претставува домашната стрип сцена на регионалниот камп за општествено ангажирана уметност, кој се одржува од 4 до 8 ноември во Нови Сад. Нејзиното учество на овогодишното издание на „Фестивалот на помирувањето“ отвора нова врата за македонската визуелна уметност во регионални рамки, спојувајќи ги креативноста и активизмот под мотото „Усуди ...

Наградуваниот филм „17“ на Косара Митиќ со македонска премиера во Скопје — отвора на 4NEWS

Долгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ, на 5 ноември ќе ја има својата македонска премиера во Македонскиот народен театар,...

Македонскиот кандидат за Оскар „17“ вечерва ја има скопската премиера — отвора на Скопје Инфо

Филмот „17“, македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм, вечерва ќе ја има својата скопска премиера во рамките на 26. издание на Скопскиот филмски фестивал. Проекцијата е закажана за 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ).

Вечерва се отвора 26. Скопје филм фестивал: Филмската елита пристигнува на црвениот тепих пред МНТ — отвора на Фактор

Вечерва, во Македонскиот народен театар (МНТ), официјално ќе биде отворено 26. издание на Скопје Филм Фестивал, кое годинава носи модернизиран концепт, збогатена програма и силно меѓународно присуство. Програмата започнува во 19:30 часот со дефилето на црвениот тепих, каде што ќе пристигнат голем број филмски автори, актери, гости од странство и истакнати културно-уметнички дејци. Почетокот на…

Скопје блесна во филмски гламур: Драган Бјелогрлиќ, Тамара Тодевска, Ана Стојановска и Катарина Ивановска на црвениот тепих на 26. издание на Скопје Филм Фестивал — отвора на Фактор

Црвен тепих, рефлектори, филмски ѕвезди и познати лица од македонската јавна сцена - Скопје вчера вечер блесна во знакот на седмата уметност. Платото пред Македонскиот народен театар се претвори во вистинска филмска сцена, на која дефилираа звучни имиња од домашната и регионалната кинематографија, но и јавни личности од музиката, модата и естрадата, означувајќи го почетокот на 26. издание на…

Охриѓанец ги собра парите на покер турнирот во Малта – дома ќе однесе цело богатство — отвора на Press24

Охриѓанецот Александар Косаркоски го освои главниот турнир на престижниот Malta Poker Festival, одржан во казиното Портомасо на Малта, освојувајќи награда од 138.000 евра и шампионскиот трофеј. Косаркоски триумфираше во силна меѓународна конкуренција, на турнир со награден фонд од над еден милион евра. Во завршницата, кога останале петмина натпреварувачи, бил постигнат договор за поделба на…

Идиот(и) на отворањето на 26 издание на Скопје Филм Фестивал — отвора на MakPress

Во среда, на 4 ноември, во Н.У. Македонски Народен Театар (МНТ), официјално ќе започне 26. издание на Скопје Филм Фестивал, со премиерна проекција на најновиот игран филм „ИДИОТ(и)“, во режија на познатото режисерско дуо Малгоржата Шумовска (Małgorzata Szumowska) и Михал Енглерт (Michał Englert). Свечената вечер ќе започне со дефилето на црвениот тепих во 19:30 часот, ... The post Идиот(и) на…

Втората фестивалска вечер на „Макфест“ со дванаесет нови рефрени и шест од првата вечер — отвора на Вистина.мк

На втората фестивалска вечер(31.октомври) на „Макфест“ ќе се слушнат вкупно 18 композиции, од кои шест се од синоќа, кои ги избра публиката и жири комисијата. Уметничкиот директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, Роберт Саздов денеска изјави дека синоќа имаше уште една успешна фестивалска вечер. -Шест композиции влегуваат од првата вечер во втората и плус имаме 12, кои што претходно…

Утре почнува фестивалот на чај: „Ароматичната моќ на билките“ со повеќе од 30 учесници — отвора на Бизнис вести

Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“. Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и ...