Gjoko Ristov

12 настани во последните 30 дена, од 21 медиуми

350.000 евра скриени во ѕид: Одбраната на Ѓоко Ристов тврди дека доказите биле неправилно обезбедени — отвора на 4NEWS

Спротивставени ставови на обвинителството и одбраната на судењето против разрешениот судија Ѓоко Ристов, обвинет за незаконско стекнување и прикривање имот. Во фокусот...

Обвинителката Хаџи Василева: Вештачењето на одбраната не ја дискредитира ДНК-експертизата против Ристов — отвора на Нова Македонија

Денешното стручно мислење презентирано од одбраната на апелацискиот судија Ѓоко Ристов не содржи наоди со кои суштински се оспорува ДНК-експертизата на Обвинителството, оцени обвинителката Искра Хаџи Василева по завршувањето на денешното рочиште. Таа посочи дека анализата на вештото лице Атанас Козарев, предложено од одбраната, се однесува на начинот на кој биле прибирани и обезбедувани…

Вештакот во случајот „Ристов“: Посочи можност за контаминација со туѓа ДНК, поради непочитување на процедурите — отвора на Нова Македонија

Со сведочење на вештото лице од областа на криминалистиката, Атанас Козарев, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за прикривање имот. Козарев во судницата посочи дека при претресот во домот на родителите на Ристов во Неготино, извршен на 18 јануари 2026 година, не биле ...

Вештакот на Ѓоко Ристов ја спори неговата ДНК најдена на откопаните 350.000 евра од ѕид, оставани биле на подот кој не бил форензички заштитен — отвора на Сакам да кажам

Вештакот на обвинетиот поранешен судија Ѓоко Ристов кому обвинителката за организиран криминал Искра Хаџи Василева му откри и му откопа ...

Обвинителите мора да бидат отпорни на притисоци и да одлучуваат според закон, истакна Хаџи Василева — отвора на Нова Македонија

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, вели дека притисоците се реалност со која се соочуваат обвинителите, но нагласува дека тие мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази. Одговарајќи на новинарски прашања по рочиштето за случајот против ...

Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност — отвора на Фактор

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева денеска по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов оцени дека правните мислења приложени од одбраната немаат доказна вредност и не можат да влијаат врз одлуката на судот. По презентираните материјални докази на одбраната, меѓу кои и правни мислења и толкувања од универзитетски професори, обвинителката рече дека судот е должен да ги цени фактите и…

„Тешки зборови употребила обвинителката за некој што ѝ бил учител и творец на законот по којшто работи“, вели Калајџиев за Хаџи Василева — отвора на Скопје1

По критиките што новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева, ги упати кон професорот Гордан Калајџиев, тој реагираше на нејзините зборови, оценувајќи дека станува збор за несоодветен однос кон човек кој ѝ бил учител.„Тешки зборови употребила обвинителката за некој што ѝ бил учител и творец на законот по којшто работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене“, наведува Калајџиев.

Одбраната на Ѓоко Ристов достави правно мислење од Калајџиев според кое судијата не треба да одговара за кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ — отвора на Скопје1

Во материјалните докази на одбраната во судскиот предмет против Ѓоко Ристов беше изведено вештачењето од минатото рочиште на вештото лице Емилио Фришчиќ.Меѓу материјалните докази одбраната изведе и мислење од професорот Гордан Калајџиев во кое се наведува дека Ристов како апелациски судија не треба да одговара за кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“.„Правно мислење на…

На 90 страни вештак објаснува за парите на Ристов, судијата не може да одговара за прикривање имот, вели одбраната — отвора на Скопје1

На 90 страни е финансиското вештачење со кое одбраната на судијата Ѓоко Ристов ќе докажува како биле заработени 350 илјади евра плус сите пари на сметките во неговото семејство.„Едниот е за ДНК-анализа, болен е и ќе достави медицинска документација. Како што слушнавте, финансиското вештачење сѐ уште не е завршено. Во контакт сме со вештакот. Вештачењето е на 90 страни. Кажано ми е дека се…

Вештаците за ДНК-трагите на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов — отвора на Скопје1

Двајцата вештаци кои требаше да ги објаснат ДНК-трагите пронајдени на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов, познат како случајот со парите пронајдени во ѕид.Првиот, Атанас Козарев, бил болен, за што одбраната уверува дека ќе донесе лекарско уверение, додека вториот, Антонио Ѓорѓиев, утрово преку СМС-порака го известил…

Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал — отвора на Press24

Обвинителката Искра Хаџи Василева е победничка на денешните избори за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, неофицијално дознава Пресс24. Според информациите на Пресс24, од првично обработените гласачки ливчиња, Хаџи Василева освоила најголема поддршка од обвинителите кои денеска гласаа за избор на нов раководител на ова обвинителство. На денешните…