Gjorgjievski

40 настани во последните 30 дена, од 41 медиуми

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ повторно оживува, пуштена е во пробна работа — отвора на Скопје1

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје е пуштена во пробна работа, а во тек се проверките и нагодувањата пред нејзиното целосно функционирање. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека просторот повторно ќе им биде на располагање на граѓаните и дека нема да се дозволи низ него да поминуваат автомобили и тешки товарни возила.Ѓорѓиевски информираше дека плоштадот…

Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор — отвора на Курир

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во отчетот за првата година од мандатот порача дека градот се движи кон финансиска консолидација, забрзана реализација на капитални инвестиции и подобрување на условите за живот на скопјани. Во фокусот на досегашната работа, како што истакна, се инфраструктурата, јавниот превоз, екологијата, јавната хигиена, образованието, спортот, културата и...

9 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: МакфаксPress24+6

Ѓорѓиевски со едногодишен отчет: Намалени обврските на шест јавни претпријатија за 2,6 милијарди денари, следуваат нови инвестиции во Скопје — отвора на Пари

Град Скопје ги намалил своите обврски за повеќе од една милијарда денари, а шесте јавни претпријатија за дополнителни 2,6 милијарди денари. Наследен долг од речиси 300 милиони евра, финансиска консолидација, 100 нови автобуси, изградба на мостови, проширување булевари и нови паркови – ова се главните резултати и најави што градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги претстави во ...

Јон Ѓорѓиевски од ОСУ „Св. Климент Охридски“ ја освои првата награда на 55. Државен фестивал за непрофесионален филм — отвора на Охрид Прес

Јон Ѓорѓиевски, ученик во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, ја освои првата награда на 55. Државен фестивал за непрофесионален филм (55-ДФНФ 2026). Станува збор за награда за Експериментален филм на јубилејниот 55. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Република Македонија (55-ДФНФ 2026). Неговиот награден труд „Во спектарот ...

Прв солистички концерт на Филип Гечовски во спомен на трагично загинатите Петар, Адам, Марко и Ристе — отвора на Независен весник

Младиот гитарист Филип Гечовски вечер од 19 часот во Македонската филхармонија ќе го одржи својот прв солистички концерт. Тој е студент на трета година на Факултетот за музичка уметност во Ниш и со посветеност и усовршување го гради својот уметнички пат и придонесува за афирмација на класичната гитара. Првиот солистички концерт Гечовски им го посветува ...

Ѓорѓиевски најави продолжување на големата еко-акција во Скопје: Ќе се чисти на повеќе од 50 локации — отвора на Скопје1

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави продолжување на големата еколошка акција за чистење на главниот град, во која повторно ќе се вклучат илјадници волонтери, општините, ученици и граѓани од сите генерации.Според најавата на Ѓорѓиевски, акцијата ќе се одржи во среда, со почеток во 10 часот, а чистењето ќе се организира на повеќе од 50 локации низ скопските општини. Ќе се чистат…

Ѓорѓиевски најави мостови во Сарај и во ново Лисиче, качанички пат ќе стане булевар. Отчет на скопскиот градоначалник по една година од мандатот — отвора на Плусинфо

Се работи на потребната документација за изградба на двата кружни тека што ќе бидат во функција на подземната сообраќајница зад Старата железничка станица и до крајот на мојот мандат како градоначалник, Скопје ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница, рече скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави нови инвестиции во Скопје, раздолжени Музејот на градот и КИЦ, обезбедени средства за Планетариумот и „Милениум“ — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на прес-конференција по повод една година од мандатот ги претстави реализираните активности и најавените инвестиции во сообраќајот, екологијата, јавниот простор и културата.

Книгата „Италијанската литература и култура“ добитник на престижната меѓународна награда „Флајано“ — отвора на Фактор

Книгата „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска, која е во издание на „Арс Ламина“, е добитник на престижната меѓународна награда „Флајано“. Наградата, која е во категоријата италијанистика „Лука Атаназио“, им беше врачена на авторките на свеченоста одржана на 23 октомври, во рамките на...

„Менуваме“: Пристапноста е право, а не привилегија – непристапните тротоари ја ограничуваат самостојноста на лицата со попреченост — отвора на А1он

Градот не се мери само според новите фасади, свечените настани и фотографиите за јавноста. Се мери и според тоа дали едно слепо лице може безбедно да помине по тротоарот, дали лице што користи инвалидска количка може самостојно да стигне до својата цел и дали секој граѓанин може да живее со...

Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки — отвора на Press24

Градот Скопје се соочува со сериозни проблеми во делот на урбаната пристапност, а лицата со попреченост секојдневно се соочуваат со непремостливи пречки во движењето, реагираат од коалицијата „Менуваме“. Во реакцијата се истакнува иронијата дека додека градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ужива во својот сендвич, за многу граѓани најобичната прошетка низ главниот град претставува...

Ѓорѓиевски по повод 23 Октомври: Да ја чуваме татковината, да го негуваме македонскиот јазик, да ги браниме достоинството и слободата — отвора на Алфа

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод 23 Октомври – Денот на...

Ѓорѓиевски во честитката за празникот: ВМРО е непокор, Македонија е аманет - постојат идеали што времето не може да ги избрише! — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска упати честитка по повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба. Ѓорѓиевски рече дека ова е ден кога со гордост се поклонуваме пред храброста на оние што својот живот го посветиле на Македонија.

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: КурирДенешен

Започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“ — отвора на Макфакс

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека започнала целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. „Кога заедно со Дарко Костовски ја баравме довербата од граѓаните, дадовме јасно ветување, дека во текот на мојот мандат, овие две значајни улици во Бутел ќе бидат целосно реконструирани. Денес, за неполна година од преземањето на одговорноста, долгогодишното...

Ѓорѓиевски на појадок со стопанствениците од „Борис Трајковски“: Договорот за експропријација го отвори патот за довршување на булеварот — отвора на Макфакс

На иницијатива на Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“. – Заедно покажавме дека со искрен разговор, меѓусебна почит и волја, се наоѓа решение. Претходно постигнавме договор за експропријација и овозможивме да се доврши булеварот кој цели 30 години беше синоним за застој, неизвесност и ...

Ѓорѓиевски: Обновено спомен-обележјето на децата бегалци од Егејска Македонија — отвора на МИА

13 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: Курир24 Инфо+6

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња — отвора на Курир

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека до крајот на годинава се очекува да започне процесот на проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња, можеби на нова локација, бидејќи постојниот објект на ЈП „Лајка“ не може да се доградува поради урбанистички ограничувања. Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓорѓиевски рече дека во наредните денови јавноста ќе биде запознаена со...

Се обновува споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во „Жена борец“ — отвора на Булевар

Во паркот „Жена борец“ во Скопје се обновува споменикот посветен на децата прогонети од своите родни места во Егејскиот дел на Македонија. Споменикот го чува сеќавањето на нивното прогонство и на разделбата од родните домови. Неговото обновување придонесува за зачувување на споменот за нивните судбини и за пренесување на ова историско сеќавање на идните генерации. ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Реставрирано спомен-обележјето за децата бегалци од Егејска Македонија. Беше мета на вандализам — отвора на Плусинфо

Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Нова идеја за платите во Македонија – Плаќање по одработен час предлагаат стопанствениците — отвора на Булевар

Сојузот на стопански комори на Македонија предлага да се отвори дебата за плаќање на работниците по одработен час, наместо да се намалува бројот на неработни празнични денови. Од Сојузот сметаат дека приоритет треба да бидат продуктивноста и подобрата организација на работата. Претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски, оценува дека работниците во Македонија се вредни и посветени ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради денес – со можности, поддршка и доверба — отвора на Курир

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Келменд Заза, како и градоначалници и претставници на локалните власти од земјата и регионот, учествуваа на регионалниот форум во Скопје...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: Press24Нетпрес+1

Ѓорѓиевски: Младите мора да учествуваат во одлуките на општините — отвора на Рацин

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, побара поголемо учество на младите во носењето одлуки на локално ниво, преку активни младински совети, достапни младински центри и директна комуникација со институциите. Тој порача дека општините треба да создадат услови младите да влијаат врз политиките што ги засегаат. На регионалниот форум за локално лидерство за млади, мир и безбедност, ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Журнал

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје — отвора на Алфа

Ѓорѓиевски од регионалниот форум во Скопје: Младите мора да бидат дел од одлуките што ја обликуваат нивната иднина — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на регионален форум посветен на локалното лидерство за младите, мирот и безбедноста, на кој беа истакнати важноста на младинското учество и улогата на локалните власти во создавањето побезбедни и поинклузивни заедници.

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот — отвора на Сител

Повеќе од 200 камери се планира да бидат поставени на критични точки низ Скопје, на места каде што се создаваат диви депонии и во паркови кои се цел на вандализам, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. За нивното поставување, како што рече, се чека финално одобрување од Агенцијата за заштита на личните податоци. - Сега го чекаме финалното одобрување од Агенцијата за...

Левица: Ѓорѓиевски најавува дигитална платформа за пријавување диви депонии, што претходно беше одбиена од ДПМНЕ — отвора на Антропол

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје реагира дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес најавува мерки за справување со дивите депонии, иако во декември минатата година советничкото мнозинство предводено од ДПМНЕ го одбило предлогот на Левица за воведување дигитална платформа за нивно пријавување. Од Левица – Град Скопје потсетуваат дека при носењето на Буџетот ...

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток — отвора на Press24

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток, кои по повеќегодишен застој за само неколку месеци со забрзана работна динамика се наоѓаат во завршна фаза и треба да завршат до крајот на годината. – Клучката кај „Момин Поток“ ја затекнавме во повеќегодишна стагнација без никакви градежни ...

18 извештаи (сите извештаи)13 препишани

Известуваат и: А1онСкопје1+12

Привршува изградбата на клучката кај Момин Поток. Скопјани предолго ја чекаат — отвора на Плусинфо

Целосно е завршен големиот мост што ги поврзува булеварот Никола Карев со булеварот 8 Септември и улицата Скупи. Едната страна од левиот дел кон граничниот премин е целосно асфалтирана, а завршени се и подземните инсталации - објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

200 камери ќе ги ловат вандалите и загадувачите низ Скопје. Ѓорѓиевски чека дозвола за да ги постави — отвора на Плусинфо

Камерите ќе бидат поставени на критични локации, каде што постојано се создаваат диви депонии или се оштетува јавната опрема. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави и нови паркови во Бутел, Карпош и Аеродром, а за Вардариште се планира деконтаминација и претворање на просторот во зеленило.

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ во фокус наредната година, целта е создавање современ рециклажен центар — отвора на Курир

Реорганизација на депонијата „Дрисла“ и создавање рециклажен центар ќе бидат еден од главните фокуси на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во наредната година. Скопскиот градоначалник нагласи дека за реализација на проектот разговарал и со претседателот на Владата, а како опција се разгледува јавно-приватно партнерство. -Јас веќе сум при крајот на првата година од мојот мандат. Она...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ЛидерАлфа

Промовирана платформата „ЕкоСкопје“: Граѓаните полесно ќе може да пријавуваат еколошки проблеми — отвора на Макфакс

Денеска беше промовирана платформата „ЕкоСкопје“, ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓеивски. „Младинска идеја станува дело, во служба на нашиот град. Како функционира „ЕкоСкопје“? Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер...

Нова Еко Скопје платформа за пријавување полни контејнери, депонии – Ѓорѓиевски уверува дека веднаш ќе се постапува — отвора на Независен весник

Полните контејнери, создадена дива депонија, полн контејнер со кабаст отпад, непријатна миризба, отсега може да пријавувате преку новата платформа на Град Скопје, изработена во соработка со триесетина млади луѓе во рамки на ЛИФТ. Различно за оваа платформа од досега постоечките е што градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски тврди дека пријавите од граѓаните ќе стигнуваат ...

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово — отвора на Скопје1

СДСМ преку соопштение обвинува дека Скопје се соочува со сериозни проблеми во јавниот превоз, одржувањето на градот и управувањето со отпадот, додека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, според партијата, повеќе внимание посветува на рекламирање отколку на решавање на проблемите на граѓаните.Од партијата прават споредба со времето на Никола Груевски, кога биле набавени автобуси од Кина, и тврдат дека...

Промоција на ЕкоСкопје–паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми — отвора на Бизнис вести

Промоција на ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади, која овозможува едноставно пријавување еколошки проблеми и придонесува кон почист и пофункционален град ќе се одржи денеска во организација на Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје. На промоцијата ќе се обратат градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставникот на ...

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува! — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека изминатиот период се работи на модернизација на Скопската зоолошка градина - место во кое растеле генерации, се создавале најубавите детски спомени и се раѓала љубовта кон животните и природата.

16 извештаи (сите извештаи)12 препишани

Известуваат и: ЛидерКурир+11

Ѓорѓиевски прими над 50 граѓани во својот кабинет „Мојата врата останува отворена за секого“ — отвора на Плусинфо

Градоначалникот на Скопје денеска разговараше со повеќе од 50 граѓани за нивните секојдневни проблеми и потреби. Тој најави дека приемните денови ќе продолжат, вклучително и за време на викендите.

Ѓорѓиевски со честитка за Радичевски: ВМРО-ДПМНЕ е убедливо на врвот, со народот и за народот — отвора на Press24

ВМРО – Убедливо први! Ова на социјалната мрежа Фејсбук го напиша скопскиот татко, Орце Ѓорѓиевски. -„Му честитам на мојот иден колега Стојанчо Радичевски за убедливото водство! Оваа доверба е огромна чест, но и обврска да се возврати со уште поголема посветеност и со дела што ќе го подобрат животот на секој жител. Честитки до жителите ...

Меџити: Старата скопска чаршија останува наш приоритет, зачувувањето на традицијата и нејзиниот развој бараат заедничка посветеност — отвора на 24 Инфо

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставниците на Еснафот на Старата скопска чаршија, присуствуваше на фестивалот „Ритамот на чаршијата”, културна манифестација која ги промовира културното наследство, традициите и занаетите карактеристични за Старата скопска чаршија. Фестивалот претставуваше платформа за промовирање на...