Се урна хеликоптер во Индија, шест лица загинаа — отвора на ТРН
Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во индиската федерална држава Утаракханд, на Хималаите, објави индиската новинска агенција АНИ, пренесува Ројтерс. Хеликоптерот летал од Бадринат, познато хиндуистичко светилиште сместено во планините, кон градот Дехрадун, соопшти индиската служба за цивилно воздухопловство. Сите шест лица во хеликоптерот, пет патници и пилотот, загинаа во несреќата.…