Protestat

40 настани во последните 30 дена, од 37 медиуми

Француската полиција е најбрутална во Европската Унија? — отвора на МКД.мк

Протести и штрајкови се одржаа и во други европски земји, вклучувајќи ги Италија и Албанија. По минатонеделните немири во Франција и сериозните повреди што ги претрпеа некои демонстранти во судирите со безбедносните сили, повторно се поставува прашањето за полициските методи. Дали француската полиција е навистина најбрутална во Европската Унија? Снимки на бруталноста Снимки од наводно ...

Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата — отвора на А1он

Неколку десетици граѓани синоќа влегоа во просториите на телевизијата Информер во Белград и го прекинаа нејзиното емитување. Меѓу нив беше и Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, еден од 16-те загинати при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Таа и демонстрантите бараа јавно извинување од главниот уредник...

Илјадници луѓе протестираа против реформата на чешките медиуми — отвора на Либертас

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Прага барајќи слобода на медиумите и протестирајќи против планот на владата за реструктуирање на финансирањето на чешката јавна телевизија. Протестите во центарот на Прага беа организирани од граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“, а демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Запрете ја владината ароганција и деструкција“ и „Не сакаме ...

8 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: ФокусКурир+3

Илјадници на протест во Тел Авив барајќи истражна комисија за пропустите на 7-ми октомври — отвора на Нетпрес

Илјадници луѓе се собраа во саботата ноќта на „Плоштадот на заложниците“ во Тел Авив, барајќи формирање истражна комисија за пропустите направени за време на масакрот од 7 октомври 2023 година Настанот беше организиран од „Октомврискиот совет“ (October Council) – група составена од семејства и пријатели на жртвите и преживеаните киднапирани од палестинските милитанти на 7 ...

Демонстрантите ја запалија „Масата за дијалог“ на Рама пред кабинетот на премиерот — отвора на Фактор

Демонстрантите ги запалија столчињата што ги постави премиерот Еди Рама пред кабинетот, како дел од неговата покана за дијалог со студентите. Инцидентот се случи за време на протестот на опозицијата во Тирана. Протестот на опозицијата пред кабинетот на премиерот беше проследен со инцидент, бидејќи демонстрантите ги запалија столчињата што премиерот Еди Рама ги постави оваа сабота наутро како дел...

Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради обидите за приватизацијата на јавниот пензиски систем — отвора на Курир

Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Мадрид поради обидите за приватизација на јавниот пензиски систем, барајќи мерки за зачувување на куповната моќ на пензионерите и зајакнување на нивната социјална заштита. На протестот присуствуваа околу 50.000 луѓе, според проценките на организаторите, или 25.000 според владината делегација, пренесува шпанската државна телевизија РТВЕ. Протестот беше...

Протести во Париз: „Работиме се повеќе, а имаме се помалку за живот, затоа ќе гори се’“, тврди еден од демонстрантите — отвора на Либертас

– На вчера одржаните протести во Франција приведени се над илјада луѓе, а полицијата се соочи со „исклучително високо ниво на насилство“ од екстремистите облечени во црно, изјави вечерва францускиот министер за внатрешни работи Лоран Њунез. За разлика од другите градови протестите во Париз, што се одржуваа на повеќе локации воглавно беа мирни. Според податоци ...

13 повредени во Тирана е билансот од синоќешниот протест, за денес најавени нови немири — отвора на Рацин

Тринаесет лица побарале медицинска помош по вчерашниот протест во Тирана, каде протестот на 24 октомври прерасна во повеќечасовни пресметки со полицијата. Според последниот проверен здравствен биланс, повредени се осум демонстранти, тројца полицајци и двајца медиумски работници. За денес е најавен нов протест пред Министерството за образование. Податоците на Министерството за здравство се со...

6 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Европа излезе на улица: Протести од Париз до Мадрид — отвора на ТРН

Од Париз и Милано до Брно, германските аеродроми и Мадрид, повеќе европски градови вчера беа сцена на протести. Но зад сликите од улиците не стои едно заедничко движење. Причините се различни — од трошоците за живот и состојбата во образованието до пензиите, независноста на јавните медиуми и миграциската политика. Токму затоа протестите треба да се ...

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, регистрирани спорадични инциденти — отвора на Телма

Околу 110.000 луѓе протестираа денеска во Париз барајќи поголема куповна моќ, соопшти полицијата, додавајќи дека ситуацијата е мирна во главниот град на Франција. Протестот, кој почна околу 14 часот во јужниот дел на Париз, стигна до својата дестинација во источниот дел на градот во 17 часот, соопшти полицијата на социјалните...

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот — отвора на Курир

Неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да влезат во зградата на чешкиот Парламент за време на протестот против промените во финансирањето на јавните медиуми, додека владејачката коалиција со гласање обезбеди усвојување на предлогот преку првата фаза од парламентарната процедура. Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, со поддршка на партијата Слобода и директна демократија, честопати го...

Ескалација на протестите во Тирана: Се судрија полицијата и демонстрантите (ВО ЖИВО) — отвора на Курир

Приврзаниците на албанската Демократска партија фрлаа денеска камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а во текот на собирот пред тоа министерство, каде е најавен и протест на студентите, демонстрантите запалија контејнери. https://www.youtube.com/watch?v=LSRmIeN4cuA Полицијата одговори со употреба на воден топ за да ги растера собраните. Симпатизерите на албанската...

Илјадници луѓе протестираат во Турција поради притисокот врз новинарите и медиумите — отвора на Независен весник

Илјадници луѓе се собраа денеска во Истанбул и Анкара на протести против, како што велат, зголемениот притисок врз новинарите во Турција, вклучувајќи апсења, затворање на медиуми и назначување директори во медиумските куќи. „Доста е. Веќе не можеме да дишеме“, извикуваат демонстрантите, меѓу кои главно има новинари, претставници на организации за заштита на човековите права и ...

Протести низ Италија под засилени безбедносни мерки, изолиранo насилство — отвора на Нетпрес

Протести против војната и зголемувањето на трошоците за живот се одржаа во големите италијански градови во саботата, а некои инциденти вклучуваа насилство, една седмица откако избувнаа немири низ целата земја. Девет лица беа уапсени, а 371 беа накратко приведени за време на протестите во неколку италијански градови во саботата, соопшти полицијата. Меѓу уапсените и приведените ...

Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец — отвора на А1он

Судири меѓу демонстрантите и полицијата избувнаа денеска во центарот на Рим, откако учесниците на протестот се обидоа да продолжат кон зградите на државните институции, јави италијанската новинска агенција Анса. Инцидентот се случи во близина на плоштадот Ларго ди Санта Сузана, кога демонстрантите почнаа да фрлаат шишиња кон припадниците на безбедносните...

Протести во Мадрид за повисоки пензии и зачувување на јавниот пензиски систем — отвора на 360 степени

Учесниците на протестот порачаа дека пензиите мора да бидат гарантирани и дека нивниот износ треба да се...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ФокусЖурнал

Протестот во Прага ескалираше: Демонстрант фрлаше парчиња плочки кон парламентот и беше уапсен — отвора на Журнал

Полицијата во Прага уапси еден од демонстрантите кој се обиде да влезе во Долниот дом на парламентот во ноќта помеѓу петокот и саботата за да ги спречи пратениците да усвојат измени на законот за медиуми, објави агенцијата CTK, повикувајќи се на портпаролката на градската полиција Ева Кропачова. – Еден од демонстрантите кој се обиде да ...

Во Франција рекордни 1.000 уапсени. Протестите излегоа од контрола — отвора на Плусинфо

Според полицијата, во француската престолнина протестирале околу 110.000 луѓе, додека синдикатот CGT тврди дека бројката достигнала 250.000.

Протести во Чешка, Германија и Италија поради медиумите, депортациите и високите трошоци за живот — отвора на Скопје1

Протести поради финансирањето на јавните медиуми, депортациите и зголемените трошоци за живот денеска се одржаа во повеќе европски земји. Во Чешка, илјадници граѓани се спротивставија на промените во финансирањето на јавниот сервис, во Германија се протестираше против депортациите во Авганистан, додека во Италија антивоените собири во некои градови прераснаа во тензии и судири со полицијата.Во...

Протести низ Европа – судири со полицијата во Франција, солзавец во Брисел, апсења во Италија — отвора на ТРН

Незадоволството од високите трошоци за живот и падот на куповната моќ, како и од политичката и социјалната ситуација, повторно ги донесе демонстрантите на улиците на Франција, Белгија, Италија, Шпанија, Албанија и Турција. Судири меѓу полицијата и демонстрантите во неколку градови во Франција Протестите низ Франција доведоа до судири и инциденти во неколку градови попладнево. Во ...

Протести во Париз: Повеќе од сто апсења низ цела Франција — отвора на Фактор

Протестите започнаа во Париз денес во 14 часот, по должината на рутата од Порт д'Итали до Порт де Венсен, а францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, објави дека до 13 часот, низ цела Франција се регистрирани 135 апсења. „Додека зборувам, повеќето од овие апсења се резултат на проверки на протокот на стоки и запленување на материјали наменети за употреба како оружје“, рече тој...

Протести против крајната десница во Франција, во Орлеан се собраа до 26.000 луѓе — отвора на Макфакс

Илјадници луѓе денеска протестираат во Франција против крајнодесничарската партија Национален собир (РН), која одржува конгрес во Орлеан, додека во Париз демонстрациите се најавени за попладнево, од 14 до 19 часот. Според француските медиуми, во Орлеан до пладне се собрале 11.000 демонстранти, според податоците на префектурата, додека организаторите тврдат дека бројот достигнал 26.000. 🔴 ORLÉANS...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Финансирање директно од буџетот, без гаранција за независност: Протести во Прага поради укинувањето на претплатите за јавниот сервис — отвора на 4NEWS

Чешкиот парламент рано утрово, во 4:36 часот, го пропушти во следната законодавна фаза контроверзниот предлог-закон со кој се предвидува укинување на претплатата...

Еве како полицијата во Италија се подготвува за утрешните големи протести — отвора на Рацин

Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор со дронови и дополнителни патроли за утре, сабота, 24 октомври, кога се најавени протести во повеќе градови. Најобемни подготовки се спроведуваат во Рим и Милано, по насилствата и оштетувањето продавници за време на претходниот викенд. Протести се очекуваат и во Торино, Болоња, Џенова и Фиренца. Меѓу поводите за ...

Во Полска протести за пристап до легален абортус — отвора на MakPress

Голем број луѓе во повеќе градови во Полска протестираа поради законот за абортус, барајќи негова либерализација. Протестот во Варшава беше пред зградата на парламентот. Демонстрантите носеа транспаренти со слогани како „Легален абортус“, „Одиме со сите сили“ и „Можеме да ја собориме секоја влада“. Протести се одржаа и во Краков, Познањ, Лоѓ и многу други градови. ... The post Во Полска протести за...

Француски суд ја укина забраната за студентските протести во Париз: 217 лица осудени на затвор по немирите — отвора на ТРН

Францускиот управен суд итно ја суспендираше полициската наредба со која беа забранети студентските демонстрации во Париз. Протестот беше организиран од коалиција на студенти, а по судската одлука демонстрациите започнаа пред универзитетската болница „Питје-Салпетриер“, во 13-тиот арондисман на француската престолнина. По постапката спроведена по итна процедура, судијата соопшти дека полициската...

Виена: 50.000 протестираат за финансирање на австриските универзитети — отвора на Нетпрес

Околу 50.000 студенти, вработени на универзитетите, наставници и научници се собраа во Виена во четврток на голем протест против недоволното финансирање на австриските јавни универзитети, според организаторите, Австрискиот студентски сојуз ÖH. Протестот, наречен „Alarmstufe Rot – #UnisRetten!“, започна пред Техничкиот универзитет на Карлсплац, каде што првично се собраа околу 20.000 луѓе, а како...

6 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ЛибертасMakPress

Протести во 27 полски градови: Владата на Туск доби црвен картон поради законот за абортус — отвора на Пулс24

Протести под слоганот „Црвена карта за абортус“ се одржаа во Варшава и во најмалку 26 други полски градови во четвртокот вечерта, а демонстрантите бараа владата на премиерот Доналд Туск да ...

Протестите во Албанија продолжуваат пред премиерската канцеларија — отвора на Независен весник

Протестот во Тирана попладнево продолжува пред канцеларијата на премиерот Еди Рама. Демонстратите, студенти, нивни професори и граѓани најнапред утрово се обидоа да дојдат до Парламентот, но полицијата имаше поставено силни блокади поддржани со воден топ во позадина што го оневозможи тоа, јави известувачот на МИА од Тирана. Во еден момент блокадата беше тргната, но сепак ...

Насилството во Албанија од улица се префрли во Парламентот — отвора на Република

Тензиите во Албанија од улицата се префрлија во Парламентот. Вчера изби тепачка помеѓу пратениците од опозицијата и власта. Летаа тупаници и на крајот мораше да реагира обезбедувањето. Погледнете Amid violent protests in #Albania, opposition and ruling majority MPs physically clashed in Parliament this Thursday. #Protest https://t.co/uIHtHYi6K1 — Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) October 22, 2026

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Илјадници на улиците во Грција: Студентите и наставниците бараат достапно образование и повисоки плати — отвора на Инфомакс

Илјадници ученици, студенти и наставници протестираа во Атина, Солун и други грчки градови, барајќи поголеми вложувања во јавното образование и мерки против растечките трошоци за живот. Според „Катимерини“, околу 10.000 лица мирно марширале низ центарот на Атина до парламентот. Демонстрантите побарале подобри услови во училиштата, повисоки наставнички плати и зголемено државно финансирање....

17 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: МКД.мкА1он+9

Продавниците во Северна Италија остануваат без храна. Протестите на камионџиите поради високите цени на горивата го отсекоа југот од земјата — отвора на Плусинфо

Превозниците во Калабрија и други делови од јужна Италија изјавија дека ќе продолжат со протестите барем до новиот состанок во министерството закажан за 27 октомври во Рим.

Протести на студенти, ученици и професори почнаа во Грција — отвора на Нетпрес

Најавените големи демонстрации на студенти, ученици, наставници и родители започнаа пред централната зграда на Универзитетот во Атина со барања за мерки против високите трошоци за живот и образование и во поддршка на јавното и бесплатно образование, јавува државната телевизија ЕРТ. Иако протестот беше најавен за 12:00 часот, демонстрантите почнаа да се собираат на местото уште ...

Протести и во Грција: Ученици, студенти и просветни работници бараат подобри услови — отвора на Инфомакс

Грчки студенти денеска поставија шатори во близина на парламентот во Атина, протестирајќи против високите трошоци за домување, објави дневниот весник „Катимерини“. Студентите ги поставија шаторите за да ја поминат ноќта таму, во пресрет на маршот на средношколците што е закажан за утре. Ова е втора ваква акција во рок од неколку дена. Студентите протестираат против ...

Нови судири во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец ги брка демонстрантите — отвора на Рацин

Осмиот ден од протестите во Албанија завршува со нови тензии во центарот на Тирана. Демонстрантите запалија контејнери, а полицијата интервенира со водени топови и солзавец. Во меѓувреме, албанскиот претседател Бајрам Бегај одржа средби со западни дипломати и поранешни претседатели, додека професорите најавуваат продолжување на поддршката за студентското движење. Протестите против владата на Еди...

9 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: КурирБриф+4

Демонстрации во Софија – се бара поголема безбедност — отвора на Телма

Вечерва во центарот на Софија се собраа демонстранти под слоганот: „Вашиот ‚мир‘ е капитулација! Вашата ‚дипломатија‘ е изолација!“ Демонстрацијата беше организирана преку социјалните мрежи, а учесниците се фокусираа на прашања поврзани со безбедноста на Бугарија, политиките на актуелната влада и односите на земјата со нејзините европски и евроатлантски партнери. „Уште...

Протести во Португалија, бараат поголема достапност до станови — отвора на Телма

Неколку илјади луѓе се приклучија на протестите за достапни станови во повеќе градови низ Португалија. Во центарот на Лисабон, илјадници луѓе се собраа на плоштадот Росио. Португалската полиција спроведе операција при која со сила беа отстранети сите шатори и луѓе. По инцидентот, демонстрантите повикаа на ново собирање подоцна истиот ден,...

Протестите низ Европа се шират како вирус — отвора на еМагазин

Во три земји од соседството на Македонија се протестира. Во Албанија истите станаа насилни, а се протестира за подобро образование и поради високите трошоци за живот. Во Бугарија се протестира поради блискоста на власта со Русија, а во Грција од вчера се протестира поради високите трошоци за живот и лошите услови во образованието. Таму и ...

Протести ја тресат Европа, што толку ги разгневи младите? — отвора на Рацин

Бран протести во Франција, Италија, Албанија и други европски земји го отвори прашањето што ги турка младите на улица. Скапото живеење, несигурните работни перспективи и чувството дека политичарите не ги слушаат нивните барања се меѓу причините што ги издвојуваат германските медиумски анализи објавени вчера. Поводите се разликуваат од држава до држава. Но германскиот истражувач на ...

Демонстрации во Тирана: Професорите ги поддржаа студентите, Рама ги обвини опозицијата и странски фактори за „хибридна војна“ — отвора на Бриф

Универзитетски професори се приклучија на протестите што продолжуваат во Албанија и потпишаа петиција со која се бара оставка од премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, објави албанскиот информативен портал „Шќиптарја“. Според порталот, петицијата ја потпишале речиси 1.300 професори од вкупно 10.000 членови на академскиот кадар во Албанија (според податоците на Министерството за образование...