Архива: 19 окт. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот повторно ќе биде поскап од бензинот — отвора на Press24

Регулаторната комисија ги намали цените на бензините за 2,50 денари за литар, додека дизелот и екстра лесното масло поскапуваат за 2 денари. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 96 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 98 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ поскапува на 99 денари за литар, додека екстра лесното масло за …

МНР повика претставник од бугарската амбасада: Изјавите на бугарскиот амбасадор и министер се оценуваат како мешање во внатрешните работи — отвора на Press24

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи, информираат од ресорното министерство. На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со…

Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазари — отвора на Макфакс

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел, како што велат, сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од страна на препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори. „Минатата недела, во рамки …

Приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа: МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина — отвора на Макфакс

На 17/18.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, спроведе контроли во 66 угостителски објекти и казина, при што се утврдени низа неправилности. Полициските службеници легитимирале 38 лица, извршиле преглед на 61 лице и едно патничко моторно возило, а го утврдиле идентитетот на …

Маск: Следната година ќе подарам по една акција од „СпејсЕкс“ на секое дете во Америка — отвора на Булевар

Илон Маск најави дека во 2027 година ќе му подари на секое дете во Соединетите Американски Држави по една акција од својот удел во компанијата „СпејсЕкс“. Најавата ја објави на социјалната мрежа Икс, посочувајќи дека ова ќе биде прв од повеќе вакви потези. „Следната година ќе му дадам по една од моите акции во ‘СпејсЕкс’ …

Малолетник дивеел со мотор на едно тркало – Македонската полиција го фати, возел и без дозвола — отвора на Press24

Шеснаесетгодишник од штипско е повикан на разговор во полиција откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како вози мотоцикл на едно тркало и го загрозува сообраќајот. Од СВР Штип информираат дека малолетникот бил пронајден на 18 октомври, а со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. При проверките било …

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за „Пулс“ — отвора на Независен весник

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На последното рочиште во фокусот беше сведочењето на вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески. Неговите тврдења за исполнетоста на условите за пренамена на објектот предизвикаа реакции кај обвинителството и кај семејствата на жртвите. …

26 извештаи (сите извештаи)16 препишани

Известуваат и: БрифPress24+11

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат — отвора на Бизнис Инфо

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат денес откако американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите против Русија. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент продолжија да паѓаат утрово на азиските берзи, при што цената се намали за повеќе од 1,5 проценти на 107,92 долари за барел, а нафтата ВТИ се тргува по цена од 99, …

„Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај — отвора на А1он

Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска изјави дека не смета оти постои основ за негово изземање, откако Обвинителството отвори прашања за негови претходни ангажмани и соработката со други вешти лица. Во продолжението на вкрстеното испитување, Русески остана на ставот дека...

Двајца српски државјани возеле со 169 и 175 км/ч на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 км/ч — отвора на Скопје1

Двајца српски државјани биле лишени од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека на автопатот А1, на делницата од тунелите Демир Капија до Гевгелија, возеле со брзина повеќе од двојно над дозволената.На 18 октомври, во 19:05 часот, на излез од државата била лишена од слобода 36-годишната Н.З. од Србија. При проверка на автомобилот „мерцедес“ со…

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека продолжуваат преговорите со снабдувачот „Окта“ за обезбедување дополнителен попуст на дизелот, со цел да се намали неговата цена.Одговарајќи на прашањето дали мерката ќе продолжи и по 20 октомври, Мицкоски рече дека за ова прашање ќе се разговара на денешната владина седница.Тој изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат…

17 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: 4NEWSМакфакс+10

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати — отвора на Курир

Собранието денеска во рамки на 126. пленарна седница ја донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци заради можноста за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година. Во рамки на 126. седница, пратениците ги донесоа и Законот за државна ревизија и одлуката за испраќање…

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството — отвора на Макфакс

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот Самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република Кореја. Андоновски се обрати на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит и повика владите да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на…

Македонија со најниско ценовно ниво на храната меѓу 36 европски држави — отвора на Булевар

Храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 25,2% под просекот на Европската Унија. Најголема разлика има кај овошјето и јаткастите плодови, лебот и житарките, додека цените на маслата и мастите се најблиску до европскиот просек. Новинарска анализа | 19 октомври 2026 година Македонија има најнизок индекс на цени на храната и безалкохолните пијалаци меѓу 36 …

17 извештаи (сите извештаи)12 препишани

Известуваат и: УтроReporter.mk+10

Ковачки: На 1 ноември очекуваме убедлива победа во Брвеница — отвора на Макфакс

Вчерашниот изборен ден во Брвеница заврши со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат. Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Тој кажа дека опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоиле помалку гласови од …

Административците ќе добиваат отказ ако две години по ред бидат оценети со „1“ — отвора на 4NEWS

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува! — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека изминатиот период се работи на модернизација на Скопската зоолошка градина - место во кое растеле генерации, се создавале најубавите детски спомени и се раѓала љубовта кон животните и природата.

15 извештаи (сите извештаи)11 препишани

Известуваат и: ЛидерКурир+10

Потпишан План за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија — отвора на Макфакс

Министерот за здравство, Сашо Клековски, и министерката за здравство на Република Бугарија, Катја Ивкова, денеска, во Софија потпишаа План за соработка меѓу Министерствата за периодот 2026–2028 година. „Со Планот се потврдува определбата на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на здравството и медицинските науки, врз основа на еднаквост, реципроцитет и …

Мицкоски: Убедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг — отвора на Press24

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека партијата остварила убедлива победа во првиот круг од предвремените локални избори во Брвеница, со предност од околу 800 гласа пред кандидатот на ДУИ. „Имаме предност од отприлика 800 гласа во однос на кандидатот на Демократската унија за интеграција, а во однос на СДСМ победивме со разлика …

Кичевец ја силувал сопругата и ја нападнал малолетната ќерка — отвора на Скопје Инфо

Маж од Кичево е пријавен за обљуба врз сопругата, по што физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка, информира Министерството за внатрешни работи. „На 17.10.2026 во ОВР Кичево е пријавено дека Е.К. (37) од Кичево извршил обљуба врз неговата сопруга, а потоа физички ја нападнал малолетната ќерка“, соопштуваат од МВР.

Новиот мобилен оператор во Македонија ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск, најавува вицепремиерот Николоски — отвора на 360 степени

14 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: ФокусБриф+9

СДСМ со Филипче се бетонираше како петта партија во Скопје. Во Брвеница и во Куманово се на четврто место! — отвора на Плусинфо

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ бараат Венко Филипче да го напушти раководството на СДСМ по изборниот резултат во Брвеница. Тие тврдат дека партијата продолжува да губи поддршка, а го обвинуваат лидерот дека со својата политика му обезбедува нови победи на ВМРО-ДПМНЕ.

Тригодишно мече спасено во Велешко — отвора на 4NEWS

Путин сака со Трамп и Ши да договори крај на војната во Украина — отвора на Макфакс

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување самит следниот месец со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Ши Џинпинг, со цел да се преговара за ставање крај на четиригодишниот конфликт во Украина под услови поволни за Москва, објави „Волстрит журнал“. Повикувајќи се на поранешен руски разузнавачки функционер, весникот во неделата објави дека Путин го изнел …

Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи — отвора на Независен весник

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одби понудата на министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез да поднесе оставка по немирите за време на викендот, соопшти денеска Елисејската палата. Протестите избувнаа поради незадоволство на граѓаните од сè поголемите трошоци за живот, влошувањето на јавните услуги и состојбата во школството. Макрон изјави дека Нуњез треба да остане на …

Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете — отвора на Press24

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември започнува примената на донесените регулаторни промени со кои се воведуваат промени во платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки. Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од соодветните подзаконски акти на Народната …

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори — отвора на А1он

Според првичните официјални резултати на ДИК на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница излезноста изнесувала 46,58 проценти, односно гласале 7572 избирачи. Најмногу гласови – 2945 или вкупно 38,89 проценти од вкупниот број, освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радически. -Државната изборна комисија врз основа на податоците...

13 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: ДенешенАлфа+8

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети — отвора на Бриф

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека протестите ќе бидат забранети доколку е потребно, по насилните немири во Франција. „Со оглед на моменталната ситуација, префектите ќе донесат одлуки во координација со градоначалниците за да ги заштитат нашите градови, јавни згради и продавници и доколку е потребно, ќе одат дотаму што ќе забранат одредени собири и …

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица — отвора на Булевар

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја зајакнат поддршката за снабдувањето со критични суровини, од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање. Меѓу институциите што ја најавија оваа иницијатива е и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е присутна и во Македонија преку инвестицијата во проектот …

12 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: МКДенесУтро+5

Речиси милион млади Британци не работат ниту учат: Владата најавува промени — отвора на ТРН

Речиси еден милион млади луѓе во Велика Британија не се вклучени ниту во образованието, ниту на пазарот на трудот, ниту во стручна обука. Британскиот премиер Енди Бернам ја оцени состојбата како „економска катастрофа и морален неуспех“, предупредувајќи дека на цела генерација ѝ се одзема можноста да напредува. Во авторски текст за весникот „Тајмс“, Бернам порача …

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест — отвора на Независен весник

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели, Турција, се зголеми на шест, откако се пронајдени телата на уште две исчезнати лица. Потрагата по исчезнатите по поплавите што го зафатија Истанбул на 14 октомври продолжува. Како што денеска објави „ТРТ Хабер“, во акција на поморската полиција во заливот Златен Рог во Истанбул било пронајдено тело …

11 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: СителБриф+7

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026 — отвора на Бизнис вести

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година. Според објавените резултати, МВР има 75,90% исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на…

11 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: КурирPress24+5

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго — отвора на Булевар

Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“, присуствуваше на вечера на имотот Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лично се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Андреевски, кој потекнува од Велес, а повеќе од една деценија живее и работи во САД, беше …

11 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: МКДенесУтро+8

ФМУ одбележува 60 годишен јубилеј со концерт посветен на Катедата за популарни жанрови — отвора на Република

По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, организира концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови, кој се реализира во рамките на концертната серија под мотото: „Една сцена, шест децении музика“ на 19 октомври од 19,30 часот во барот „Филхармонија“ во Скопје. На концертната сцена ќе се обединат професори, алумни …

11 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: А1онМКД.мк+4

Воведен полициски час во делови од Париз по насилните протести — отвора на Макфакс

Француските власти воведоа полициски час за сите граѓани во одредени делови на Париз, на Плоштадот на Републиката и на улиците околу квартот Лез Ал, во првиот париски арондисман, кој ќе биде во сила од вечерва до шест часот наутро, јавува телевизијата БФМ. Мерката не се однесува само на малолетниците, туку на сите граѓани, а е …

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија — отвора на Press24

Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција, вели во интервју за ” 360 степени”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Не случајно се градат 6 автопати и 2 пруги на европските коридори кои минуваат …

11 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: ЛидерСител+6

Канада би можела да изгуби дел од својата територија: денес се одржува гласање за отцепување — отвора на Макфакс

Жителите на Алберта денес одлучуваат дали да започнат постапка за одржување обврзувачки референдум за отцепување од Канада. Премиерот Марк Карни предупредува дека победата на сепаратистичката страна би предизвикала опасна неизвесност, особено во услови кога е во тек трговска војна со Соединетите Држави, пренесува „Еуроњуз“. Анкетите покажуваат дека помалку од една четвртина од жителите на оваа …

Новите предлог - закони за рударство и геологија претставени пред стопанството — отвора на Фактор

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги претстави новите закони за рударство и геологија на јавна расправа во Стопанската комора, со фокус на усогласувањето со европските стандарди, дигитализацијата и одржливото управување со природните ресурси. Законските решенија се насочени кон поголема правна сигурност, поттикнување на инвестициите, поефикасни административни постапки…

Кузеска: ВМРО – ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите — отвора на Макфакс

ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, ги користи истите методи од Груевски, обвини Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. „На 17 октомври гласаа болните и изнемоштените во Брвеница. 85 од 88. Веднаш по гласањето, во сабота, на социјалните мрежи профилите на ВМРО-ОКГ ги поделија …

Франција најавува полициски час по масовните немири: Ограничувања се подготвуваат уште вечерва — отвора на ТРН

Франција се подготвува за воведување локални полициски часови по масовните протести и насилните немири што викендов зафатија повеќе градови. Премиерот Себастијан Лекорни побара од локалните власти уште вечерва да воведат ограничувања на движењето во најпогодените подрачја, со цел да се спречат нови судири, грабежи и уништување јавен и приватен имот. Одлуката следува по кризниот состанок …