Град Скопје ги ослободи од комуналии брачните парови до 40 години. Ѓорѓиевски ги повика општините да се откажат од нивниот дел за комуналии

Фото: Плусинфо
Известуваат 17 медиумиПрв објави Плусинфо · · последен

Во овој настан:Ѓорѓиевски

Преглед

Извадоци од оригиналните извештаи, без препишување. Секоја реченица води до изворот.

Доколку сите скопски општини се приклучат на повикот за ослободување од својот дел од комуналиите, младите брачни парови ќе бидат 100% ослободени од плаќање комуналии.

Клучни точки

  • Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски порача дека младите заслужуваат свој дом и промовираше значаен проект - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години! [Курир]
  • Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави посебна мерка за полесен почеток и поддршка на младите семејства во Скопје. [Макфакс]
Прочитај на Плусинфо

Најважно сега

Споредба на известувањето

Како различни медиуми го насловуваат истиот настан.

Кој што рече

Изјави што медиумите им ги припишуваат на именувани говорници, со зборовите на медиумот.

  • ЃорѓиевскиДоколку сите скопски општини се приклучат, поддршката ќе достигне до 100% - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години[Скопје Инфо]

Бројки во насловите

Насловите на различни медиуми носат различни бројки. Не одлучуваме која е точна — провери ги извештаите.

  • 40 — Плусинфо, Скопје Инфо, Курир, Фокус, Макфакс
  • 60 — Скопје1, Журнал, Вечер
  • 100 — Скопје Инфо

Сите извештаи (18)

  1. Плусинфопрв

    ГРАД СКОПЈЕ ГИ ОСЛОБОДИ ОД КОМУНАЛИИ БРАЧНИТЕ ПАРОВИ ДО 40 ГОДИНИ Ѓорѓиевски ги повика општините да се откажат од нивниот дел за комуналии

    Доколку сите скопски општини се приклучат на повикот за ослободување од својот дел од комуналиите, младите брачни парови ќе бидат 100% ослободени од плаќање комуналии.

  2. Скопје Инфо

    Ѓорѓиевски: Доколку сите скопски општини се приклучат, поддршката ќе достигне до 100% - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години.

  3. Курир

    Младите заслужуваат свој дом: Град Скопје ќе ги ослободи од комуналии брачните парови до 40 години!

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски порача дека младите заслужуваат свој дом и промовираше значаен проект - ослободување од комуналии за млади брачни парови до 40 години! -Сопствениот дом е темел врз кој се гради едно семејство. Место каде што почнуваат заедничките планови, каде што растат децата и каде што иднината добива своја адреса. Затоа, младите што сакаат да го изградат својот…

    Истиот текст го објавија и (1):
  4. Скопје1

    Младите брачни парови ќе бидат ослободени од 60 отсто од комуналиите за изградба на дом, најави Ѓорѓиевски

    Младите брачни парови до 40 години и самохраните родители кои сакаат да изградат сопствен дом ќе бидат ослободени од 60 отсто од комуналиите што му припаѓаат на Град Скопје, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Мерката ќе важи за изградба на објекти во рамките на Генералниот урбанистички план, а се однесува на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што е во надлежност на…

  5. Press24

    Ѓорѓиевски најави ослободување од комуналии за млади брачни парови и самохрани родители во Скопје

    Град Скопје воведува нова мерка со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители кои сакаат да изградат сопствен дом ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на градот, односно 60% од вкупните комуналии за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план, објави градоначалникот Орце ...

Времињата се според податоците од издавачот; „откриено“ значи дека издавачот не навел време на објава, па го прикажуваме времето кога го забележавме извештајот.