Икс

40 настани во последните 30 дена, од 40 медиуми

Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“: Министерката за образование на БиХ ќе ги намали своите активности — отвора на Курир

Невообичаената видеообјава на министерката за образование и наука на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, на „ТикТок“ - во којашто наведува дека, поради астролошки верувања поврзани со „ретрограден Меркур“, ќе намали со своите активности до средината на ноември, предизвика стотици коментари - од иронични и саркастични до критички, па некои дури и прашуваа, дали станува збор за…

3 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: ЛибертасБриф

Иранскиот преговарач Калибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на војната — отвора на ТРН

Претседателот на иранскиот парламент и главен претставник на Иран во преговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф, денеска оцени дека Американците со гласањето на меѓуизборите, на кои демократите ги победија републиканците, рекле „не“ на војната. „Без разлика дали тоа го направиле водени од совеста или од трошоците за живот, Американците рекоа ‘не’ на војната ...

11 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: КурирИнфомакс+4

Обама: Американците испратија јасна порака — отвора на ТРН

Поранешниот американски претседател Барак Обама се огласи по изборниот пораз на републиканците, оценувајќи дека Американците јасно покажале каква политика сакаат. Тој истакна дека граѓаните очекуваат политичари што ќе ги обединуваат, наместо да ги раздвојуваат, и лидери кои ќе понудат конкретни решенија за нивните проблеми. „Вечерва американскиот народ испрати јасна порака. Сака политика што ги…

Иранската амбасада во Индија го исмеа дебаклот на Трамп: објави видео генерирано со вештачка интелигенција — отвора на Макфакс

Иранската амбасада во Индија го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп по тешкиот пораз на Републиканската партија на изборите во САД. На својот официјален профил на платформата Икс, амбасадата објави видео генерирано со вештачка интелигенција, на кое се гледа како телохранителите на Трамп го носат американскиот претседател и го фрлаат во контејнер за отпад, на кој ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Опсервер

Капче со напис Вето – Трамп „закачи“ фотографија на Икс по прелиминарните резултати на меѓуизборите во САД — отвора на Телма

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на црвено капче со напис Вето, откако прелиминарните резултати на меѓуизборите во САД покажаа дека демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот. Капчето потсетува на она по кое е познат Трамп од изборите пред две години, со напис MAGA (Make America Great Again). Трамп за време на изборната ...

Првата реакција на Маск по изборите: Изгледа дека моите вселенски ласери за местење избори овој пат не проработеа — отвора на Макфакс

По победите на демократите на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, се огласи милијардерот Илон Маск – најбогатиот човек во светот и еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати. „Дата центри во вселената изгледаат прилично привлечно во моментов“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс. Data centers in space looking pretty appealing right now — ...

5 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: ОпсерверТелма+1

„Скај њуз Арабија“: Општини на северот на Израел отвораат засолништа, болници ги пренаменуваат паркинзите — отвора на Инфомакс

Неколку општини во северен Израел одлучиле да ги отворат засолништата во рамки на подготовките за евентуален конфликт со Иран и Хезболах, јави дописник на „Скај њуз Арабија“. Во кратката објава не се наведува кои општини ја донеле одлуката, ниту дали засолништата веќе се отворени за граѓаните. „Скај њуз Арабија“ на „Икс“ Истиот медиум јави дека ...

Славески се извини на новинарите: „Не мислев на македонските медиуми кога реков дека ја урнале Алта банка“ — отвора на Нова Македонија

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се извини на новинарите доколку неговата изјава дека медиумите ја урнале „Алта банка“ била сфатена како критика кон македонските медиуми. Во објава на социјалната мрежа Х, тој појасни дека зборувал за случувањата во Србија и за информациите што се објавувале во тамошните медиуми. По реакциите во јавноста на неговото ...

Славески се извинува и појаснува: Не ги обвинив македонските медиуми за „Алта банка“, паниката ја создаде СДСМ — отвора на Локално

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), која интегрално...

Средношколци и пратеници во Собранието ќе дебатираат за дезинформациите, социјалните мрежи и влијанието на вештачката интелигенција — отвора на Бизнис вести

Средношколци и пратеници денеска во Собранието ќе дебатираат за начинот на кој младите се информираат, влијанието на социјалните мрежи и инфлуенсерите врз нивното мислење, како и за препознавањето на дезинформациите и содржините создадени со вештачка интелигенција. Дебатата под наслов „Што гледаш, кому веруваш? – Младите, информациите и дезинформациските кампањи“ што го организира Институтот за…

6 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: Скопје1Сител+1

Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд: Постои можност за решение и без промена на Уставот — отвора на Либертас

Полскиот премиер Доналд Туск го обвини својот политички ривал, претседателот Карол Навроцки, за продолжувањето на хаосот во Уставниот суд, наведувајќи на платформата Икс дека постои можно решение и без промена на Уставот. Туск напиша дека „претседателот ги признава судиите кои се законски избрани, бидејќи тоа е предвидено со Уставот“. Тоа, според него, би требало да ...

5 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: КурирНетпрес+2

Меланија Трамп ја оцени хуманитарната мисија во Аљошки како успешна — отвора на Нетпрес

Првата дама на САД, Меланија Трамп, на платформата за социјални медиуми X, ја нарече хуманитарната мисија во Аљошки успешна и изрази благодарност до Русија и Украина за нивната соработка во договорот за прекин на огнот. „Витална помош е доставена во регионот и приближно 800 луѓе се евакуирани. Во име на Америка, изразувам благодарност до Русија ...

Силјановска со честитка до Јотова и Валчев: Очекувам вистинско партнерство меѓу Македонија и Бугарија — отвора на Лидер

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова денеска им ја честиташе победата на старо-новата претседателка Илијана Јотова и идниот потпретседател Кирил Валчев на претседателските избори во Бугарија. Во објава на социјалната мрежа X, поранешен претседателката Силјановска Давкова напиша: „Во името на македонските граѓани и во мое лично име, срдечно им честитам на претседателката…

Макрон разговарал со Илија Срдановиќ: „Му ја честитав убедливата победа на изборите“ — отвора на МКД.мк

Макрон во објава на социјалната мрежа Икс наведе дека му ја честитал убедливата изборна победа на Срдановиќ, истакнувајќи ја и историски високата излезност на граѓаните на Србија. „Разговарав со Илија Срдановиќ, носителот на Студентска листа во Србија. Му ја честитав убедливата победа на парламентарните избори, кои ги одбележа историска излезност“, напиша Макрон. Je me suis ...

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја можеме да ги надминеме предизвиците — отвора на 4NEWS

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им ја честита изборната победа на Илијана Јотова и на Кирил Валчев, изразувајќи очекување за соработка заснована врз меѓусебно...

Такер Карлсон: Трамп ќе искористи нуклеарно оружје во Иран — отвора на Инфомакс

Под притисок на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, администрацијата на Трамп би можела во рок од неколку дена да изврши нуклеарен напад врз Иран, пишува Такер Карлсон. – Целта би била планината Пикакс во централниот дел на Иран, каде што, според израелското разузнавање, иранската влада повторно ја започнала својата програма за збогатување ураниум. Ниту едно конвенционално ...

Славески до клиентите на „Алта банка“: Кредитите редовно да се отплаќаат — отвора на Либертас

Граѓаните и компаниите кои имаат кредити во „Алта банка“ АД Битола треба да продолжат навремено да ги исполнуваат своите финансиски обврски, и покрај воведената привремена администрација. Ова го порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, нагласувајќи дека мерките се насочени кон заштита на имотот на банката и интересите на штедачите. Воведувањето администрација не значи прекин ...

7 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: MakPressИнфомакс+1

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сѐ е во ред — отвора на Макфакс

„Црна Гора, по Србија, тукушто ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, ѕамо кај нас Мицкоски и Славески ги убедуваат граѓаните дека сѐ е во ред“, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Икс. Во објавата, Филипче порача дека ништо не е во ред како што сакаат да претстават ...

6 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: ОпсерверПулс24+2

Ле Пен го осуди насилното преземање на Уставниот суд во Полска — отвора на Нетпрес

Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен, кандидатка на претседателските избори во следната година, изрази длабока загриженост поради политичката криза во Полска и ја осуди „интервенцијата на безбедносните сили“ во протестите пред Уставниот суд во Варшава, објави AFP. „Владеењето на правото не може да се врати со создавање впечаток дека правилата врз кои се ...

Мицкоски по поразот во Брвеница: Сами против сите, ние со програма, тие со национална карта и тројанци — отвора на 4NEWS

24 извештаи (сите извештаи)11 со ист текст

Известуваат и: ФокусРепублика+15

Полскиот министер до Лепен: „Не се мешајте во нашите работи“ — отвора на МКД.мк

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир, Марин Лепен, ја коментираше кризата и изјави дека ситуацијата предизвикува длабока загриженост. „Спорното суспендирање на претседателот на Судот и интервенцијата на безбедносните сили околу оваа институција изгледаат како насилно преземање на уставно тело“, напиша Лепен на платформата Икс. Таа додаде дека рамнодушноста на Европската…

Филипче ја нападна одлуката на Славески за Алта банка: „Криминална одлука на криминална власт“ — отвора на Скопје1

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше одлуката на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за воведување привремена администрација во Алта банка, оценувајќи дека со неа се ставаат во нерамноправна положба граѓаните и фирмите.Во објава на социјалната мрежа Х, Филипче реагираше на ограничувањето според кое граѓаните можат да повлекуваат најмногу 10.000 денари неделно, додека…

Одговор на Х на гуверенерот Славески на постот на Филипче за Решението за воведување на Алта банка АД Битола во администрација — отвора на Курир

Во однос на објавената информација со изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со одлуката на гувернерот, гувернерот д-р Трајко Славески има објавено директен одговор на изнесените наводи на својот профил на X. Почитуван докторе, разумен човек уште веднаш „хируршки“ би го отстранил/избришал овој срамен пост. За да не се срамите кога утре Службен весник и еден дневен весник ќе го…

6 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: 4NEWSЛибертас+2

Голан предупредува дека Нетанјаху би можел за политички опстанок да започне нова војна со Иран — отвора на Курир

Израелскиот опозициски политичар Јаир Голан денеска упати сериозно предупредување против започнување нова војна со Иран, доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху продолжи да ја води земјата по изборите одржани минатата недела, јави ДПА. Лидерот на партијата од левиот центар „Демократи“ на Икс напиша дека Нетанјаху повеќе ја нема довербата на јавноста за да раководи со воен судир од ваков вид. Тој…

Полицаец се запали по напад со молотов коктел, снимка од протестите во Франција — отвора на Пулс24

14 извештаи (сите извештаи)8 со ист текст

Известуваат и: Скопје1Фокус+6

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот — отвора на А1он

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околината, како и повеќе од 80.000 во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Тој на платформата „Икс“ наведе дека синоќа руски беспилотни летала погодиле термоелектрана во Киев и четири...

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Џабир Дерала Во сабота, на 31 октомври 2026 година, точно во 2:34 часот по полноќ, Народната банка на Србија на својот официјален профил на Икс соопшти дека ѝ ја одзема дозволата за работа на Алта банка АД Белград. Додека Србија сѐ уште се соочува со последиците од режимот на Александар Вучиќ и неговата Српска напредна ...

Од Северна Кореја е извршен грабежот на берзата за криптовалути Binance. Хакерите префрлиле 6,3 милијарди долари за 20 минути — отвора на Плусинфо

„Бајнанс“ на Икс соопшти дека досега покриле околу 90 отсто од средствата украдени во нападот. Останатите 10 отсто се состојат од токени што се помалку ликвидни, што значи дека може да потрае подолго за да се откупат, соопшти компанијата.

Двајца полски амбасадори поднесоа оставки поради кризата во Уставниот суд — отвора на Либертас

Полските амбасадори во Кина и Романија поднесоа оставки како реакција на спорот во Варшава околу полскиот Уставен суд, што нагло ескалираше од синоќа и во текот на ноќта, јави ДПА. „Со оглед на обидот за незаконско преземање на Уставниот суд, повеќе не гледам можност да продолжам да ја извршувам функцијата амбасадор на Република Полска во ...

Аракчи ѝ се закани на Европа: Нов напад врз Иран ќе ве чини многу повеќе од 100 милијарди евра — отвора на Скопје1

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, предупреди дека евентуален нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, поради растот на цените на енергенсите.Аракчи го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц поради неговата претходна поддршка за американско-израелските напади врз Иран и порача дека евентуален нов напад би имал сериозни…

Браво! Илјадници луѓе маршираат по улиците на Тел Авив за мир и за заедничка арапско-израелска Влада — отвора на Инфомакс

Десетици илјади граѓани маршираат во Тел Авив барајќи формирање заедничка еврејско-арапска влада, објави Алон-Ли Грин, еден од лидерите на движењето „Стоиме заедно“. Организаторите бараат изборниот резултат на партиите што се против Бенјамин Нетанјаху да се преточи во договор за нова власт. Во објава на платформата Икс, Грин порача дека 67-те мандати освоени од овие партии ...

Грок предвидува крај за Нетфликс, Мета и Кока-Кола во следните две децении — отвора на ТРН

Четботот Грок, развиен од компанијата „xAI“ на Илон Маск, предвидува дека десет светски корпоративни гиганти, меѓу кои Нетфликс, Мета, Кока-Кола и Мекдоналдс, нема да постојат до 2050 година. Одговарајќи на корисничко прашање на мрежата Икс со барање без милост да отпише половина од понудените дваесет светски компании, алгоритмот наведе дека технолошкиот напредок, синтетичката биологија и ...

Редици српски граѓани пред експозитурите на Алта Банка во обид да си ги извлечат парите — отвора на Фокус

8 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: Скопје1Либертас+1

Собир на поранешни лидери: Виктор Орбан го посети Милорад Додик — отвора на Пулс24

Виктор Орбан и неговата сопруга вечерва го посетија Милорад Додик и неговото семејство, објави претседателот на СНСД на социјалната мрежа X. „Јас и моето семејство сме почестени вечерва од посетата ...

Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба — отвора на Press24

Полскиот претседател Карол Навроцки во петокот го скрати своето официјално патување во Сенегал и итно се враќа во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд и беше објавена суспензијата на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски. Поводот за враќањето го потврди самиот претседател преку социјалните мрежи. „Во вакво време, претседателот мора да биде во ...

13 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: ОпсерверА1он+4

Галибаф: Американскиот пристап на морков и стап нема влијание врз Иран — отвора на MakPress

Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф изјави дека условите на Исламската Република за евентуални разговори со САД и завршување на војната се јасно и повеќе пати изнесени. – Условите на Иран се јасно и повеќекратно претставени на посредниците, објави Галибаф на Икс. Според него американскиот пристап на морков и стап не функционира против Техеран. ... The post Галибаф…

Замина капетанот Пикард: Патрик Стјуарт почина во 86. година од животот — отвора на ТРН

Британскиот театарски и филмски актер Сер Патрик Стјуарт почина во својот дом во Лос Анџелес, опкружен со семејството, по соочувањето со Алцхајмерова болест и деменција со Левиеви тела, соопшти неговото семејство. Познат пред светската јавност како капетанот Жан-Лук Пикар од серијалот „Ѕвездени патеки“ и професор Чарлс Ксавиер од филмовите „Икс-мен“, Стјуарт остави длабок печат и ...

Туск: „Или ќе ги исфрлите од парламентот, или тие ќе нѐ изведат од ЕУ“ — Полска во политички и институционален судир — отвора на Инфомакс

Полскиот премиер Доналд Туск ги повика избирачите да ја поразат десничарската опозиција на парламентарните избори во 2027 година, предупредувајќи дека нејзиното враќање на власт може да го отвори патот за напуштање на Европската Унија. „Или догодина ќе ги исфрлите од парламентот, или тие ќе нѐ изведат од Европската Унија“, напиша Туск на платформата Икс на ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Главните пловни рути низ Ормускиот Теснец се исчистени од мини, соопшти Централната команда на американската војска — отвора на Нова Македонија

Главните меѓународно признати пловни рути во Ормускиот Теснец се исчистени од ирански морски мини и бродовите слободно минуваат низ овој воден пат, изјави командантот на Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ), адмиралот Бред Купер. Во видеоснимка објавена на профилот на ЦЕНТКОМ на социјалната мрежа Икс, Купер рече дека претходно оваа недела летал над Ормускиот Теснец ...

Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија? — отвора на Булевар

Јанез Јанша ја поврза словенечката согласност за понатамошен напредок на Србија кон Европската Унија со предавање архивска документација од поранешните југословенски институции што се однесува на Словенија, според објавата на „Икс“ пренесена во медиумскиот текст. Тој навел дека Љубљана би ја поздравила одлуката на новата српска влада да ги забрза пристапните преговори, но истовремено побарал ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Утро