Румен Радев

29 настани во последните 30 дена, од 29 медиуми

Бугарија се повлекува од новата помош за Украина: Радев вели дека е време за дипломатија — отвора на Булевар

Бугарија нема да учествува во обезбедувањето дополнителни 70 милијарди евра помош за Украина, изјави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Неговата изјава доаѓа по претходната одлука на Софија да не обезбедува дополнителна воена помош од резервите на бугарската армија и да не се приклучи на таканаречената ...

Радев побара поблаг тон кон Русија, Бугарија единствена во ЕУ не ја потпиша декларацијата за европска безбедност — отвора на Рацин

Бугарија e единствената земја членка на Европската Унија што не ја потпиша декларацијата за клучните принципи на европската безбедност, усвоена на самитот на Европската политичка заедница во Даблин. Бугарскиот премиер Румен Радев побара поблаг јазик во деловите што се однесуваат на Русија, со образложение дека европските позиции треба да го поддржат тековниот мировен процес за ...

Радев повторно се пожали дека „проблемите на Бугарите во Македонија се продлабочуваат“ — отвора на Инфомакс

„Европа мора да учествува во преговорите за Украина, без неа не може да има нова безбедносна архитектура“, изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во Даблин, каде што учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Република Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, ...

Радев ја обвини Македонија. Што направи Софија за ОМО „Илинден“? — отвора на Рацин

Бугарскиот премиер Румен Радев вчера во Даблин ги обвини македонските власти дека односот кон граѓаните со бугарско самосознание не се подобрил и најави дека повторно ќе го отвори прашањето пред генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Пред истиот соговорник, неполни два месеца претходно, бугарската претседателка Илијана Јотова побара да заврши надзорот над спроведувањето ...

Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на Фон дер Лајен во Варна — отвора на Фактор

Во Бугарија, посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше проследена со протести во градот Варна, каде што демонстранти фрлаа јајца, овошје и зеленчук кон службените автомобили во кои се превезуваа таа и бугарскиот премиер Румен Радев. Инцидентот се случил во вторникот, на 10 ноември, пред Поморската академија „Никола Вапцаров“, каде што европската функционерка…

Опозицијата во Бугарија бара оставка од владата по трагедијата на автопатот „Тракија“ — отвора на Скопје1

Бугарската опозициска партија ГЕРБ побара оставка од премиерот Румен Радев и од министрите кои, според неа, носат одговорност за двете тешки сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“. Партијата најави дека ќе почне да собира потписи за гласање недоверба на Владата поради пропустите во организацијата на безбедноста во сообраќајот.Ставот на ГЕРБ го соопшти заменик-претседателот Даниел Митов на…

Верижна тешка несреќа на „Тракија“: Маглата предизвика сериозна сообраќајна несреќа во која учествуваа 50 автомобили — отвора на Проверено

Сериозна верижна несреќа се случила на Тракискиот автопат, дознава НОВА. Околу 50 автомобили се судриле на раскрсницата Зимница во правец на Бургас , објавија БНТ, бТВ и Нова Телевизија. Веројатна причина за инцидентот е густата магла. Според првичните информации, има запален автомобил и повредени. Нема извештаи за смртни случаи. Сообраќајот во областа е прекинат. Воведена ...

Радев застана на прорруската страна. Бугарија се спротивставува на Мерц за финансирање на Украина — отвора на Проверено

Финансирањето е наменето да го надополни веќе договорениот пакет заем од 90 милијарди евра за поддршка на Украина, иницијатива од која Словачка, Чешка и Унгарија обезбедија ослободувања. Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека високиот буџетски дефицит на неговата земја го оправдува нејзиното ослободување од идните обврски за заем кон Украина. Тој истакна дека Бугарија ќе ...

Ден на жалост во Бугарија по тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“ – загинаа 12 лица — отвора на Инфомакс

Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го прогласи за ден на жалост поради тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“, во која загинаа 12 лица, а десетици се повредени. „Црн ден за цела Бугарија“, изјави премиерот Румен Радев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите. Повредените се пренесени во болниците во Бургас, Сливен и Јамбол. Радев најави ...

Бугарија утре ќе биде во жалост по трагедијата на „Тракија“ Во судирите на 86 возила загинаа најмалку 11 лица, а околу 50 се повредени — отвора на Плусинфо

Еден загинат и повеќе повредени во верижни судири со над 50 возила во Бугарија — отвора на 4NEWS

86 возила учествувале во несреќите, Бугарија прогласува ден на жалост — отвора на Скопје Инфо

Бугарија утре, 11 ноември, ќе прогласи ден на национална жалост во спомен на загинатите во двете тешки верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“. Одлуката ја соопшти премиерот Румен Радев, кој заедно со дел од членовите на Владата го посети местото на несреќите.

Урсула фон дер Лајен пристигнува во Романија, утре во Варна на разговори со Румен Радев — отвора на Рацин

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес, 9 ноември, пристигнува во Романија, како дел од турнејата низ регионот на Црното Море. Нејзината програма вклучува средби со романскиот претседател Никусор Дан и премиерот Лука Никулеску. Следниот ден, таа ќе ја посети и Бугарија. Во 15:30 часот по локално и бугарско време, фон дер Лајен ...

Илијана Јотова по победата: Радев, без вас немаше да успееме — отвора на 4NEWS

Радев гласаше за европскиот пат на Бугарија и ја осуди кампањата со компромитирања — отвора на Рацин

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека гласал за претседателска институција што ќе го изразува гласот на граѓаните и ќе го брани европскиот пат на земјата. По гласањето во вториот круг од претседателските избори, тој упати остри критики за начинот на кој се водела кампањата. „Гласав претседателската институција да биде столб на државноста, на националниот идентитет ...

Двојните стандарди во бугарското толкување на историјата — отвора на Нова Македонија

Предлогот на бугарскиот премиер Радев за единствен учебник како повод Отпорот на бугарската академска јавност кон предлогот на бугарскиот премиер Румен Радев за единствен учебник ја отвори дилемата дали принципите на академската слобода и плурализмот важат еднакво и во односот на Бугарија кон македонската историја и идентитет Предлогот на бугарскиот премиер Румен Радев за воведување ...

Радев предизвика гнев во Романија. Го нарекоа „загубен путинист“ — отвора на Независен весник

Бугарскиот премиер Румен Радев предизвика силно негодување во Букурешт, откако ја обвини Романија дека поттикнува дополнителни напади врз трговски бродови во Црното Море, со тоа што ја посочува Русија како агресор. „Многумина мислат дека ако се посочи агресорот, нападите ќе престанат и дека тоа ќе ги заштити нашите територијални води од можни удари. Романското ...

Само 42.719 гласа меѓу Јотова и Ѓуров, се заострува битката за претседател на Бугарија — отвора на Рацин

Само 42.719 гласа ги делат Илијана Јотова и Андреј Ѓуров пред вториот круг од претседателските избори во Бугарија, закажан за 1 ноември. Ѓуров, кој во текот на кампањата успеа значително да ја намали предноста на противкандидатката, порача дека изборите не се однапред решени и го обвини премиерот Румен Радев за директно мешање во изборната трка. ...

Радев ја обвинува Романија за провоцирање на Русија — отвора на Независен весник

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека обвинувањата на Романија против Русија во врска со нападите со беспилотни летала врз бродови во Црното Море придонеле за ескалација на тензиите, притоа одбивајќи директно да ја посочи Москва како одговорна, пренесе романскиот медиум „Романија инсајдер“ (Romania Insider). Во напис со наслов „Бугарскиот премиер ја обвинува Романија за провоцирање ...

Новинарите му се изнасмеаа на Радев — отвора на Рацин

Обидот на бугарската Влада да им објасни на медиумите како треба да ги пренесуваат изјавите на премиерот Румен Радев предизвика потсмев и остри критики. Владината објава на Фејсбук собра над 3.700 реакции со смеа и повеќе од 2.000 коментари, додека Асоцијацијата на европските новинари во Бугарија предупреди дека власта нема право да им пропишува професионални ...

Бугарија се дели пред вториот круг: Обвинувања за таен сојуз на Радев со националистите — отвора на Рацин

Политичките поделби во Бугарија се продлабочуваат пред вториот круг од претседателските избори на 1 ноември. Претставници на проевропските партии обвинуваат за прикриен договор меѓу премиерот Румен Радев и лидерот на националистичката „Преродба“, Костадин Костадинов, додека од десницата пристигнуваат повици за обединување зад претседателскиот кандидат Андреј Ѓуров. Повод за обвинувањата е...

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг ќе се одлучува меѓу мирот и војната — отвора на Инфомакс

Изборите се многу тревожен сигнал за целото општество, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред новинарите, по отворањето на седмото издание на Софискиот економски форум, јави БГНЕС. Премиерот ги обвини коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ), Движењето за права и слободи (ДПС) и ГЕРБ дека придонеле за ниската излезност преку измените на Уставот и ...

Пораз на Јотова може да ја разниша владата на Радев — отвора на Рацин

Претседателските избори во Бугарија би можеле да предизвикаат и владина криза. По неочекувано тесната разлика меѓу Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во првиот круг, бугарските аналитичари предупредуваат дека евентуален пораз на Јотова на 1 ноември може сериозно да ја разниша владата на премиерот Румен Радев. Според податоците на бугарската Централна изборна комисија, при 99,94 проценти ...

ГЕРБ гледа колапс на поддршката за Радев — отвора на Независен весник

Георг Георгиев, пратеник од коалицијата ГЕРБ-СДС и поранешен заменик-министер за надворешни работи, ги опиша резултатите во Бугарија како значителен пад на поддршката за Румен Радев и „Прогресивна Бугарија“. „Каде е убедливото водство што анкетарите ѝ го припишуваа на ’Прогресивна Бугарија‘ и на Јотова? Големото прашање е: каде отидоа повеќе од 1,4 милиони гласови?“ – напиша ...

Радев: Слабата излезност на гласачите е поради „валканата“ кампања — отвора на Фокус

„Гласав за претседателска институција која е ефикасна и одговорна пред бугарските граѓани – институција во која националниот...

Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија ќе продолжат — отвора на Инфомакс

Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата на познати бизнисмени би можеле да продолжат и во иднина. Тој најави дека ќе се спротивстави на барањето на претседателката Илијана Јотова за оставка на директорот на Националната служба за обезбедување (НСО), по инцидентот со новинарката Соња Колтуклиева. Радев ова го изјави пред новинарите во неделата, откако гласаше ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

Во Бугарија се одржуваат претседателски избори, главната трка е меѓу Јотова и Ѓуров — отвора на 360 степени

Изборите се сметаат и за тест за политичкото влијание на Румен Радев, кој по повлекувањето од претседателската...

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки — отвора на ЦИВИЛ Медиа

На гласачкото ливче има 27 кандидатски двојки. Меѓу најистакнатите се актуелната претседателка Илијана Јотова, која настапува со Кирил Валчев, поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров со Георги Кандев и лидерот на националистичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов, со Петар Волгин. Јотова ја презеде претседателската функција во јануари, по повлекувањето на Румен Радев, чија...

Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова — отвора на Фокус