Солун

37 настани во последните 30 дена, од 49 медиуми

Белата кула во Солун доби ново осветлување — отвора на Курир

Со цел да се истакнат волуменот, геометријата и архитектонските карактеристики и архитектонската вредност на споменикот, без притоа да се наруши историски изглед, Белата кула во Солун, најпрепознатливиот симбол на градот, доби ново осветлување, јави дописничката на МИА од Атина. Новото осветлување, синоќа беше презентирано од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, во присуство на претседателот на…

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобен Ефтимиј Нови — отвора на Денешен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 октомври. Денеска е Преподобен Ефтимиј Нови. Роден е во 824 година во Анкира. Откако отслужил војска, се оженил и имал една ќерка, Анастасија. Подоцна се замонашил и долго време се подвизувал во Олимпските манастири, а потоа на Света Гора. Потоа едно време живеел како столпник во близината на Солун. Столпниците се посебен вид…

21 милион евра за недвижности во Грција: Каде Македонците купуваат станови? — отвора на Булевар

Купувањето недвижност во странство станува опција за дел од македонските граѓани кои бараат сопствен простор за одмор или можност за приход од издавање. Грција привлекува значителни вложувања, додека како алтернативи се разгледуваат албанското крајбрежје и поголемите градови во Србија. Според наведените податоци на Банката на Грција, македонските резиденти во 2025 година вложиле 21 милион евра ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Голема заплена во Солун: Уништени над 22.000 фалсификувани играчки со ознаки на познати брендови — отвора на Скопје1

Полицијата уапсила 43-годишен маж во западниот дел на Солун поради складирање 22.834 фалсификувани играчки, објави грчката новинска агенција АМНА.Играчките имале ознаки од познати странски брендови за играчки, но биле имитации, соопшти полицијата по претресот на магацинот доцна во петокот.Играчките биле запленети и уништени, а мажот, кој бил опишан како лице кое привремено управувало со...

Во Солун запленети 22.834 фалсификувани играчки, казна од 100.000 евра за фирмата — отвора на Макфакс

Грчката полиција уапсила 43-годишен странски државјанин, привремено задолжен за работата на продавница во западниот дел на Солун, откако инспекторите во магацин откриле 22.834 играчки со фалсификувани заштитни знаци. Акцијата ја спровела Меѓусекторската единица за контрола на пазарот (ДИМЕА), во соработка со тимот КОЕ-МЕТЕЛ од Солун, пренесува „Катимерини“. Според соопштението на грчката...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Кој на друг платформа му гради... — отвора на Република

Баш симболично е што денес кога го одбележуваме Денот на македонската револуционерна борба, поточно денот кога во Солун била формирана Македонската револуционерна организација на еден напатен народ кому и ден денес некој однадвор сака да му кажува што и како, го одбираме него да ни е личност на неделата. Но, периодов навистина му се случуваат ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Pressing TV

Општина Илинден го одбележа 23. Октомври со положување цвеќе и шаховски турнир — отвора на Курир

Во пресрет на 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во н.м. Миладиновци се одржа свечено одбележување во чест на македонските револуционери и нивната борба за слобода и независност. Во знак на почит кон револуционерното минато, пред споменикот на Васил Стојанов-Аџаларски беше положено свежо цвеќе од делегација на Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар...

22 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: 4NEWSБулевар+6

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба — отвора на Алфа

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки по повод 23 Октомври – Денот...

Мерц: Западен Балкан не смее да биде полигон за туѓи влијанија — отвора на Курир

Самит на лидери од Берлинскиот процес се одржа во Свети Стефан, Црна Гора. На самитот, на кој главниот фокус беше ставен врз побрзата интеграција на Западен Балкан, одекна и силната порака од австрискиот канцелар Кристијан Штокер, кој отворено потенцираше дека билатералните спорови не смеат да се користат како кочница во процесот на проширување. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека...

„Свои на своето!“ – Ден на македонската револуционерна борба — отвора на МКД.мк

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – ...

Солун ќе биде наш и овој продолжен викенд — отвора на Скопје1

Продолжениот викенд ги насочи македонските граѓани кон Грција, а зголемениот број возила на граничниот премин Богородица утрово создаде задржувања од околу 40 минути за преминување на границата.Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез...

Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ, порача Мицкоски на одбележувањето на 23 Октомври — отвора на еМагазин

Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Но, имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за ...

Малубројните народи можат да успеат само со мудрост и со единство — отвора на Нетпрес

23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, го одбележува основањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година. На свечената академија под мотото „Свои на своето“, премиерот Христијан Мицкоски рече дека верува во европската иднина на Македонија, но дека таа треба да се гради со реформи, знаење и силни институции, со зачувано национално достоинство. ...

Проданоски: 23 Октомври е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост — отвора на Булевар

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој потсети на основањето на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година, посочувајќи го овој настан како почеток на организираниот пат кон...

9 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: УтроМКДенес+1

Шестмина што го разбудија народот. Од идеја до држава – 23 Октомври, симбол на слободата — отвора на Национално

Партијата Единствена Македонија им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија. Од партијата посочуваат дека овој датум има посебно место во колективната меморија на македонскиот народ. На 23 октомври 1893 година, пред 133 години, во Солун, шестмина македонски револуционери – Христо Татарчев, ...

Гужви на „Богородица“, Македонците тргнаа на продолжен викенд — отвора на Рацин

Зголемена фреквенција на возила и колони на граничниот премин „Богородица“ се забележани денеска, откако голем број граѓани го искористија продолжениот празничен викенд за патување во Грција. Солун повторно е меѓу главните дестинации за краток одмор и шопинг. Денешниот празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, се одбележува во петок и е неработен ден ...

Се започна во една куќа во Солун 133 години од историскиот завет за слободна Македонија — отвора на Национално

Македонија денеска го слави 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, празник што го симболизира стремежот на македонскиот народ за слобода, самостојност и сопствена државност. На овој ден во 1893 година, во Солун биле поставени темелите на Македонската револуционерна организација, која подоцна станала позната како Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО)....

Демократски сојуз по повод 23 Октомври: Денешната борба се води со идеи, образование, работа и активен придонес во општеството — отвора на Република

Демократскиот сојуз им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на сите граѓани, се вели во партиската честитка што МИА ја пренесува интегрално. На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина визионери – Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – ги поставија ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Алфа

Шестмина луѓе, една куќа во Солун и идеја што ја промени македонската историја: Како започна сè пред 133 години? — отвора на Скопје1

Пред 133 години, во една куќа во Солун, шестмина интелектуалци се собрале со идеја која во тоа време била опасна дури и да се изговори гласно – Македонија да добие политичка слобода и право сама да одлучува за својата иднина. Немале држава, војска или институции зад себе. Имале план за тајна организација, која подоцна ќе стане еден од најзначајните симболи на македонската револуционерна...

Денеска се празнува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба — отвора на Бизнис вести

На 23 октомври во Северна Македонија се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, државен празник посветен на историските стремежи на македонскиот народ за слобода, самостојност и сопствена држава. Датумот е поврзан со основањето на Македонската револуционерна организација во Солун, на 23 октомври 1893 година. Нејзиното создавање претставува значаен момент во организирањето на...

Илјадници ученици, студенти, наставници... по улиците во Грција — отвора на еМагазин

Подобри услови во училиштата и студентските домови, бесплатно образование и понискии кирии побараа вчера илјадници граѓани во Грција на протестите во Атина, Солун, Патра, Лариса, Волос, Јанина, Крит... Предводници на протестите кои се со исти барања како и на учесниците на протестите во Франција, Албанија, Португалија, Италија... беа учениците, студентите, нивните наставници, а подршка добија ...

Легендарен македонски филм за момците што сакаа да ѝ го свртат вниманието на Европа кон Македонија — отвора на Нова Македонија

ШЕЕСЕТ И ПЕТ ГОДИНИ ОД „СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТОРИ“ Во Кинотеката на Македонија беа одбележани 65 години од „Солунските атентатори“ (1961), историско-акциониот филм на режисерот Живорад Жика Митровиќ, реализиран во продукција на „Вардар филм“. Ова остварување зазема значајно место во историјата на македонската кинематографија. Дејството нè враќа во Солун во април 1903 година. Група македонски...

„Македонија како култ, должност и вечна идеја“ — отвора на Нова Македонија

По повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, заветот на Христо Татарчев: За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Курир

Илјадници на улиците во Грција: Студентите и наставниците бараат достапно образование и повисоки плати — отвора на Инфомакс

Илјадници ученици, студенти и наставници протестираа во Атина, Солун и други грчки градови, барајќи поголеми вложувања во јавното образование и мерки против растечките трошоци за живот. Според „Катимерини“, околу 10.000 лица мирно марширале низ центарот на Атина до парламентот. Демонстрантите побарале подобри услови во училиштата, повисоки наставнички плати и зголемено државно финансирање....

17 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: МКД.мкА1он+9

Преглед на вестите од светот — отвора на Сител

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели врз полицијата во синоќа за време на демонтрациите во кои се бара оставка на премиерот Еди Рама, а полицијата употреби водени топови за време на судирите. Демонстрантите запалија владини згради и банки, кршеа излози. Насилните протести започна минатиот вторник и достигнакулминација во саботата кога илјадници луѓе се собраа пред Министерството за...

Студенти од три земји го истражуваа културното и природното наследство на Преспа — отвора на Радио МОФ

Дванаесет студентски трудови од четири академски институции беа презентирани на тридневната студентска конференција во Претор, посветена на културното и природното наследство на Преспанскиот Регион. Настанот обедини студенти, млади истражувачи и академски претставници од Македонија, Грција и Албанија. Конференцијата „Културното и природното наследство во Преспанскиот Регион како средство за...

Во Атина се очекуваат протести на студенти и на ученици — отвора на Независен весник

Студенти и ученици ќе протестираат денеска и утре во Атина, јавија грчките медиуми. Попладнево студентски организации ќе постават шаторски камп на плоштадот Синтагма пред зградата на парламентот. Протестот е насочен против високите трошоци за живот и образование. Утре во 12 часот младинската организација на Грчката комунистичка партија (ККЕ) организира протестни демонстрации на ученици во...

13 извештаи (сите извештаи)8 препишани

Известуваат и: ФокусСител+6

Мицкоски: Нафтоводот од Солун до рафинерија е полн, имаме доволно гориво, со ОКТА преговaраме за дополнителен попуст, ќе нема нивелирање на цената на струјата — отвора на Телма

Нашата влада, за разлика од сите влади во Европа, најмалку зафаќа во делот на ДДВ и акцизите и затоа денеска граѓаните имаат најниски цени во Европа, кога станува збор за дизел горивото и безоловниот бензин, порача премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Чешиново-Облешево. „Веќе имаме држави во Европа...

65 години од филмот „Солунските атентатори“, утре проекција во Кинотека — отвора на Република

Во понеделник, 19 октомври, со почеток во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија одбележуваме 65 години од „Солунските атентатори“ (1961), историско-акциониот филм на режисерот Живорад Жика Митровиќ, реализиран во продукција на „Вардар филм“. Ова остварување зазема значајно место во историјата на македонската кинематографија. Дејството нè враќа во Солун во април 1903 година. Група македонски...

Нено со 14 поени за втора победа на Арис во грчкиот шампионат — отвора на SportSport

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и Арис ја забележаа втората последователна победа во грчката Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Маруси со 74:57, во натпревар од третото коло. Димитријевиќ беше дел од почетната петорка на тимот од Солун и имаше важна улога во клучните моменти од натпреварот. Тој средбата ја заврши со 14 поени, на ...

Полицијата интервенирала поради кавга меѓу сосетки во Солун- се шокирале кога влегле во станот — отвора на Вечер

Жената вчера попладне завршила со лисици на рацете, по инцидент што го имала со Алжирка (35), при што ѝ се заканувала, по што на лице место пристигнала полицијата, пренесува Прототема. Во истрагата што следела, полициските службеници од одд

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Република

Старица во Грција измамена за близу пет милиони евра — отвора на Нетпрес

Постара жена во Грција била жртва на грабеж вреден 4,76 милиони евра, јави новинската агенција АНА-МПА. Според информациите, инцидентот се случил во вторникот во Солун. Жртвата е 88-годишна жена која добила повик од непознат маж. Тој ја информирал дека следуваат поправки на електричната мрежа и дека постои ризик од струен удар. Поради тоа, Во врска ...

Нено во елемент, Арис со трета победа во Еврокупот — отвора на SportSport

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден квалитетен натпревар во дресот на Арис, кој стигна до нова победа во Еврокупот. Вечерва во Солун падна италијанска Тортoна, над која грчкиот состав славеше со 88:68. Димитријевиќ средбата ја заврши со 15 поени, четири скока и три асистенции за 23 минути на паркетот. Македонскиот кошаркар имаше значаен ...

Во стан чувала нас 200 кучиња, мачки и кози – Хаос во соседството — отвора на Press24

Педесет и четиригодишна жена е уапсена во Солун откако полицијата открила дека во својот дом чувала повеќе од 200 домашни животни и миленици, соопшти грчката полиција. Жената била уапсена вчера попладне по претходен инцидент и закани што ги упатила кон 35-годишна жена од Алжир, што било причина за итна интервенција на полициските службеници, пренесува „Прототема“. ...

Добри вести пристигнуваат од Грција! Се отвораат првите делници од новата обиколница кај Солун — отвора на Фактор

Долгото чекање во сообраќајниот метеж во Солун наскоро би можело делумно да се намали. По завршувањето на работите на одредени делници од големиот инфраструктурен проект „Flyover“, во наредните денови се очекува тие постепено да бидат пуштени во сообраќај, што е добра вест и за македонските возачи кои патуваат кон Халкидики и другите туристички дестинации во Грција. Според информациите објавени...

Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун не — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев на денешната собраниска седница, обвинувајќи го дека изнесува лаги и клевети од собраниската говорница и повикувајќи го истите тврдења да ги повтори јавно пред медиумите, за потоа да се соочат на суд.Мицкоски реагираше и на наводите поврзани со неговиот баџанак Јорданчо Јанев, нагласувајќи дека...