ТРАМП

40 настани во последните 30 дена, од 34 медиуми

Трамп вети пет илјади долари за секој Американец доколку републиканците победат на изборите — отвора на Курир

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети на Американците по пет илјади долари доколку Републиканската партија победи на конгресните избори закажани за 3 ноември, објави денеска американската телевизиска мрежа “Еј-Би-Си“. „Ова се најважните избори во историјата“, изјави Трамп пред своите поддржувачи собрани синоќа во Дејтона Бич, во сојузната држава Флорида. Претседателот на САД…

Зошто Трамп сака Орбан да биде генерален секретар на ОН? Се појави нова теорија — отвора на Скопје1

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да добие висока функција во Обединетите нации. Според една од теориите што се споменуваат во дипломатските кругови, целта можеби не е тој да стане генерален секретар на ОН, туку да добие друга позиција што би му обезбедила дипломатски имунитет и заштита од евентуално кривично…

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Брајан Адамс со песна го критикува Трамп поради преименување на езерото Онтарио — отвора на Независен весник

Канадскиот рок музичар Брајан Адамс објави нова песна насловена „Езеро Онтарио“, во која го критикува американскиот претседател Доналд Трамп поради неговиот потег за преименување на езерото во „Езеро Америка“. Според информациите на „Холивуд репортер“, песната објавена на Јутјуб и на другите социјални медиуми, е музички одговор за постапките на претседателот, без да биде именуван. Во ...

Преку Пакистан во рацете на Талибанците: Трамп се подготвува да депортира стотици Авганистанци — отвора на Пулс24

Американските власти подготвуваат лет за депортирање на Авганистанци од имиграциски притвор во Пакистан, а оттаму во Авганистан, кој е под контрола на Талибанците. Меѓу нив се и членови на семејствата ...

Рубио: Трамп ќе одлучи дали Зеленски ќе присуствува на самитот во Мајами — отвора на Скопје1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да добие покана за учество на самитот на Г20, кој во декември ќе се одржи во Мајами, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.Тој посочи дека поканата ќе зависи од проценката на американскиот претседател Доналд Трамп, односно дали присуството на Зеленски би можело да донесе „нешто позитивно“, пренесува Ројтерс.Рубио откри и дека за…

Трамп: Од венецуелската нафта заработивме десет пати повеќе отколку што потрошивме за војната со Иран — отвора на Инфомакс

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Соединетите Американски Држави оствариле приходи од венецуелската нафта кои се десет пати поголеми од вкупните трошоци за американските воени операции против Иран. Како што пренесува „AzerNEWS“, Трамп, говорејќи пред своите поддржувачи во Флорида, ја бранеше воената политика на својата администрација и порача дека приходите од американските…

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Пулс24

Орбан, Вучиќ, можеби наскоро и Трамп: Дали следува голем политички пресврт? — отвора на Скопје1

По речиси една деценија во која десничарските и популистичките движења бележеа изборни успеси низ светот, последните политички случувања покажуваат дека нивниот подем не мора да биде траен. Виктор Орбан по 16 години ја загуби власта во Унгарија, Александар Вучиќ се соочи со изборен пораз во Србија, а американскиот претседател Доналд Трамп влегува во меѓуизборите со намалена популарност и…

Ројтерс: Пентагон им порача на Европејците да ја ублажат реториката за Русија — отвора на МКД.мк

Меѓу земјите што добиле пораки да внимаваат на своите јавни изјави се Литванија, Летонија и Естонија, рекле изворите, кои зборувале под услов да останат анонимни. Не е јасно дали пораките, пренесени за време на билатерални средби, биле упатени и до други европски влади. Барањата на САД доаѓаат во време кога администрацијата на Доналд Трамп ги ...

Зеленски ѝ се заблагодари на Меланија Трамп во спасувањето на населението од окупираниот украински град Олешки — отвора на Локално

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека е спроведена хуманитарна операција за спасување и евакуација на населението...

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате! — отвора на А1он

Американската судијка Трина Томпсон му забрани на Министерството за правда да се заканува со кривично гонење на изборните службеници кои не постапуваат според барањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука доаѓа само неколку дена пред изборите на средината на мандатот во САД, кои ќе одлучат кој ќе...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Трамп сака нова средба со Ким Џонг Ун, Северна Кореја го игнорира — отвора на Рацин

Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста за нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, но најновите дипломатски разговори покажуваат дека Вашингтон не се откажува од барањето Пјонгјанг целосно да го напушти нуклеарното вооружување. Разликите меѓу двете страни остануваат големи, а засега нема потврда дека се подготвува нов лидерски самит. На средбата одржана ...

📽️ „Одвратен си, изгледаш ужасно“ Трамп повторно експлодираше и жестоко навреди новинар — отвора на Плусинфо

Американскиот претседател ги откажа предизборните собири во Канзас и Ајова, а на прашањето дали е уморен од патувањата одговори со лични навреди кон новинарот. Во меѓувреме, повторно се актуализираа прашањата за неговата здравствена состојба.

📽️ „Замолчи глупаку! Замолчи губитнику, избркајте го одовде“ Трамп го изгуби трпението во Флорида, реагираше обезбедувањето — отвора на Плусинфо

Тројца демонстранти го прекинале говорот на Трамп во арената „Ocean Center“ во Дејтона Бич. Претседателот им возвратил со навреди, а потоа ги прашал приврзаниците: „Има ли нешто подобро од митинг на Трамп?“

Милијардите на технолошките олигарси можат да бидат и политички товар — отвора на Нова Македонија

Исклучително богатите плутократи од сферата на вештачката интелигенција влеваат милијарди долари во изборите во САД. Илон Маск вложил околу 446 милиони долари во кампањите на републиканците пред среднорочните избори, откако потрошил речиси иста сума за изборната кампања на актуелниот американски претседател Доналд Трамп во последниот изборен циклус. Политички акциониот комитет „Водејќи ја…

Илон Маск богато вложува во републиканската офанзива за Конгресот — отвора на Нова Македонија

Донациите на Маск дополнително ја зголемуваат значителната финансиска предност што Републиканската партија веќе ја има пред демократите. Трамп, Републиканската партија и поврзаните политички акциски комитети собраа 2,1 милијарди долари до крајот на третиот квартал, надминувајќи ја сумата од 1,3 милијарда долари што ја собраа соодветните комитети на демократите Со новата инфузија на пари во…

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија — отвора на 24 Инфо

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „глупави луѓе“ повикуваат на санкции против Русија, додека, како што тврди, Москва не се плаши од рестриктивните мерки, па дури и им се смее. „Глупави луѓе сакаа да воведам санкции врз Русија“, рече Трамп на настан во Белата куќа. Тој оцени дека воведувањето нови санкции ќе ги комплицира преговорите ...

Момче со советска воена капа доби слатки од Трамп и Меланија на приемот за Ноќта на вештерките — отвора на Инфомакс

Момче облечено во маскирна униформа и со воена капа во советски стил беше меѓу децата што добија слатки од американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп на прославата за Ноќта на вештерките во Белата куќа. Настанот се одржа на 29 октомври, а фотографиите и снимките од средбата го привлекоа вниманието поради необичниот избор ...

Анкетите покажуваат дека за четири дена Трамп можеби губи сѐ — отвора на ТРН

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со можен политички пораз на претстојните избори за Конгресот кои се одржуваат на средина од неговиот мандат. Последните анкети покажуваат дека Демократската партија има високи шанси да го преземе Претставничкиот дом, но и да обезбеди мнозинство во Сенатот. Доколку републиканците ја загубат законодавната контрола, администрацијата во Вашингтон…

Трамп уверува дека војната со Иран наскоро ќе заврши. Галибаф порачува дека нема мир без условите на Техеран — отвора на Плусинфо

Ни треба гаранција дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје, рече американскиот претседател, Доналд Трамп.

Кој победува, а кој губи на среднорочните избори во Америка? — отвора на Бриф

Американците излегуваат на гласачките места на 3 ноември за да одлучат како ќе се одвива остатокот од претседателството на Доналд Трамп. Низ САД се одржуваат илјадници избори на различни нивоа на власт. Но, главниот настан за гласачите ќе биде изборот на членови за Претставничкиот дом и Сенатот, двата дома на Конгресот. Републиканците, партијата на претседателот, ...

WSJ: Украина ги запира нападите врз руските рафинерии поради Трамп — отвора на Макфакс

Украинската војска ги запре нападите врз руските рафинерии за нафта по притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на лица запознаени со овие операции. Според весникот, неофицијалниот прекин започнал на почетокот на минатата недела и се очекува да трае сè додека не завршат изборите во САД – а можеби и ...

Доналд и Меланија Трамп даваа слатки во Белата куќа- момче се појави во руска униформа (ВИДЕО) — отвора на Вечер

Претседателската двојка топло пречека едно момче облечено во руска воена униформа и едно девојче во руска народна носија. Воени обележја и традиционална носија Момчето носеше камуфлажна јакна со обележја на тенковска единица и капа со совет

Американските компании одбија да го купат рускиот дизел — отвора на Независен весник

Испораките на руско дизел гориво, кои требаше да пристигнат во Соединетите Држави како дел од договорот на Доналд Трамп со Владимир Путин, им се нудат на американските компании веќе неколку недели, но досега ниту една не се согласи да ги купи. Ова за весникот „Вашингтон сан“ – основан неодамна од новинари кои останаа без ...

Хаити повторно ги одложи претседателските избори, Ел Салвадор испраќа над 2.000 војници — отвора на ТРН

Ел Салвадор испраќа повеќе од 2.000 војници на Хаити за да помогнат во пронаоѓањето на исчезнати лица и во безбедносните операции против вооружените банди, соопшти Министерството за надворешни работи на Ел Салвадор. Истовремено, Хаити повторно ги одложи претседателските избори, кои сега се планирани за следната година. Во оваа најнаселена карипска држава избори не се одржани ...

Трамп размислува за ублажување на санкциите врз рускиот инвестициски фонд — отвора на Скопје1

САД и Русија разговараат за можно укинување на американските санкции за Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ), еден од најважните државни инвестициски фондови во Русија. Информацијата ја потврди Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин за надворешна политика.Ушаков изјави дека разговорите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп траат подолго време, а…

Поради изненадување на Трамп за Ноќта на вештерките, доцнеле повеќе од 200 летови во Вашингтон — отвора на Макфакс

Прелет на претседателскиот авион над Белата куќа, организиран како изненадување за децата на прославата на Ноќта на вештерките, предизвика доцнење на десетици летови и вознемиреност кај жителите на Вашингтон, пренесува Ројтерс. Авионот, кој ја носи ознаката „Ер форс уан“ кога во него патува американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа двапати прелетал ниско над Белата куќа и ...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Воениот буџет на САД под знак прашалник: Пентагон разгледува план од 1,1 билион долари, Трамп бара 1,5 билиони — отвора на Скопје1

Американскиот Пентагон подготвува план за одбранбен буџет од околу 1,1 билион долари, значително помал од рекордните 1,5 билиони долари што ги побара претседателот Доналд Трамп, објави „Политико“, повикувајќи се на четири извори запознаени со разговорите.Иако администрацијата јавно останува на барањето за целосниот износ, во Пентагон и во конгресните одбори задолжени за државните расходи веќе се…

Трамп се премисли: Повторно ги вклучи митинзите во Ајова и Канзас пред меѓуизборите во САД — отвора на Либертас

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги вклучи во својот распоред претходно откажаните предизборни митинзи во сојузните држави Ајова и Канзас, само неколку дена пред клучните меѓуизбори за Конгресот на САД закажани за 3 ноември, соопшти претставник на Белата куќа. – Митинзите повторно се во распоредот! Претседателот Трамп ги сака своите поддржувачи и, покрај речиси 20 ...

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина — отвора на А1он

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп за турско-американските билатерални односи, како и за регионалните и глобалните случувања, соопшти денеска кабинетот на Ердоган. За време на разговорот, Ердоган изјави дека ќе продолжи да работи на развојот на односите меѓу Турција и Соединетите Држави – кои...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Опсервер

Трамп не прифаќа дека Болсонаро е „легитимниот лидер на Бразил“ Тоа не го прифаќа ниту неговата Либерална партија — отвора на Плусинфо

Трамп вели дека одржува добри односи со актуелниот левичарски претседател на Бразил Луиз Инасио Лула да Силва. Либералната партија оцени дека нема докази за тврдењето дека е направена измама на претседателските избори.

Преглед на вестите од светот — отвора на Сител

Железничките услуги помеѓу главниот град на Шпанија, Мадрид, и јужниот регион Андалузија, беа во прекин во четвртокот, при што бројот на патници нагло се намали на главната станица во главниот град еден ден по смртоносниот судир на брзи возови. Независниот орган за истрага на сообраќајни несреќи на Шпанија, вчера соопшти дека бројот на жртви во судирот на возови достигнал 69. Голем број…

Пентагон бара балтичките земји да не ја провоцираат Москва. Треба ја ублажат својата реторика кон Русија — отвора на Плусинфо

Според функционерите на Министерството за војна на САД, острата реторика од европските лидери може да ги зголеми тензиите со Русија.

Трамп доби воен брифинг за нов напад врз Иран: Највисоките американски генерали во Белата куќа, се подготвува кратка и интензивна воена кампања — отвора на Инфомакс

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври, добил брифинг на највисоко воено ниво за можностите за нов напад врз Иран, додека Пентагон ги засилува подготовките за потенцијална воена операција на Блискиот Исток. Според „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal), командантот на американската Централна команда (CENTCOM), адмирал Бред Купер, пристигнал во Белата куќа на состанок со…

6 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Бриф

Заврши деминирањето на патиштата: Почнува хуманитарна мисија во разурнатиот Олешки — отвора на Лидер

Москва и Киев соопштија дека деминирањето на областа околу градот Олешки во јужна Украина, кој се наоѓа под руска контрола, е целосно завршено. Со ова се овозможува почеток на хуманитарната операција за доставување помош и евакуација на преостанатите цивили. Напорите за организирање поддршка за жителите траат веќе неколку недели, особено по договорениот прекин на огнот во чие посредување…

Трамп подготвува нова операција против Иран — отвора на ТРН

Според „Волстрит журнал“, американското воено раководство подготвува повеќе сценарија, вклучително и можност за продолжување на борбените операции по конгресните избори на 3 ноември. Иако воените подготовки се интензивираат, засега нема потврда дека Трамп донел конечна одлука за нов напад. Вашингтон истовремено води дипломатски разговори преку посредници, обидувајќи се да постигне договор со…

Норвешка му возвраќа на Трамп за навредата „земја-нужник“ со реклами за живописни тоалети — отвора на Независен весник

Туристичката агенција „Visit Norway“ одговори со остар хумор на навредливите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, претворајќи го неговиот јавен испад во реклама што ги истакнува живописните јавни тоалети во земјата. За време на говор во рамките на кампањата во Мичиген, Трамп упати погрдни зборови кон Норвешка, нарекувајќи ја „земја-нужник“. Тој додаде дека не сака ...

Администрацијата на Трамп нема намера да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е легитимен лидер на Бразил — отвора на Курир

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп засега нема намера да го поддржи тврдењето на Флавио Болсонаро дека е легитимен лидер на Бразил, изјави американски официјален претставник. Трамп во моментов нема намера да ги поддржи политичките амбиции на Болсонаро, иако неговата администрација му дозволи влез во САД, но можно е американскиот претседател да ја промени позицијата…

Американските бизнисмени бегаат од санкционираниот руски дизел на Трамп — отвора на Независен весник

Претставници на администрацијата на Доналд Трамп приватно ги охрабруваат американските компании да прифатат руски дизел што во моментов го преминува Атлантикот – велат бизнисменизапознаени со разговорите – и покрај предупредувањата дека таквиот потег може да ги изложи на сериозни правни ризици и да им го наруши угледот. Најмалку три брода што превезуваат руско гориво тргнаа ...

Трамп помогнал Флавио Болсонаро да стигне во САД по поразот од Лула — отвора на Рацин

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници му помогнале на Флавио Болсонаро да стигне во САД по поразот на претседателските избори во Бразил, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски функционери. Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, се соочува со кривични истраги во својата земја. На изборите од 25 октомври загуби од актуелниот претседател ...

„Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит — отвора на А1он

Репортер на американската телевизија „Фокс њуз“ доживеа непријатно изненадување за време на директно вклучување од предизборен митинг на Доналд Трамп во Јужна Каролина. Тој му пријде на маж за кого мислеше дека е поддржувач на Трамп и го праша зошто дошол на собирот. Неговиот одговор набрзо се прошири на социјалните...