Христијан Мицкоски

40 настани во последните 30 дена, од 33 медиуми

Мицкоски најави зголемување на студентскиот оброк — отвора на Скопје1

Студентскиот оброк ќе биде зголемен, но Владата подготвува и поширок модел на поддршка за студентите, најави премиерот Христијан Мицкоски.Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека решението на кое се работи нема да се однесува само на студентскиот оброк, туку ќе опфати поширок опсег производи и услуги.Мицкоски најави дека станува збор за иновативен модел, за кој тврди дека досега не е…

Мицкоски тврди дека Македонија има најниска инфлација во регионот и покрај најавените поскапувања на лебот, јајцата и месото — отвора на Скопје1

На прашањето дали Владата ќе преземе мерки за спречување нов ценовен шок по најавите за поскапување на лебот, јајцата и месото, премиерот Христијан Мицкоски се повика на податоците за инфлацијата, оценувајќи дека Македонија има една од најниските стапки во Европа.Мицкоски рече дека, според податоците на Евростат, инфлацијата во земјава се движи меѓу 2,5 и три проценти, додека во другите држави од…

Инфраструктурните проекти напредуваат, 2027 и 2029 клучни години за новите патишта — отвора на Бизнис вести

Следните две до три години се очекува да бидат значаен период за инфраструктурното поврзување на државата, со завршување на важни автопатски делници и подготовка на нови експресни и регионални патишта. Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски поставува конкретни рокови за дел од најголемите инфраструктурни проекти, паралелно со инвестиции во општините и локалната патна мрежа. Автопатот…

Мицкоски: Најголемата победа на општеството е секое дете да добие можност да победи во животот — отвора на Журнал

Постојат институции чија вредност не се мери само со годините на нивното постоење, туку со човечките судбини што ги промениле, со надежта што ја вратиле и со иднината што помогнале да се создаде. Една таква институција е Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на 80 години постоење на Домот. ...

Александар Јовковски на чело на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во Битола — отвора на Тера

Александар Јовковски е новиот претседател на Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Одлуката за неговото назначување ја соопшти самиот Јовковски, кој преку јавна објава упати благодарност до претседателот на Институтот, Александар Пандов, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за укажаната доверба. Во својата објава, Јовковски наведува дека новата функција ја прифаќа…

Мицкоски: Насилството мора да има институционален одговор — отвора на Проверено

Премиерот Христијан Мицкоски им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените пред Владата дека во него може да гледаат соработник и заедно да се борат против тоа зло. На конференцијата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што попладнето се одржа во Скопје, Мицкоски рече дека случаите на семејно насилство мора да имаат ...

Становите за млади брачни двојки ќе бидат за 20% поевтини. Фирмите ќе бидат задолжени да одвојат 10% од зградите за станови за млади — отвора на Плусинфо

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сѐ уште владее со Македонија — отвора на Скопје1

СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ги презема политичките методи и кампањските модели на српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека и најновата иницијатива „Очи в очи“ со граѓаните е копија на неговиот политички пристап.Од партијата реагираат и на најавената мерка според која брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комунални давачки, оценувајќи дека…

Мицкоски најави нов закон: 20% попуст за купување на стан — отвора на Press24

Овие три проекти и мерки коишто денеска ќе ги објавам цениме дека ќе ги решат најважните прашања кај младите, а тоа се егзистенцијата и домувањето, нашата борба е со проекти и дела, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на денешната 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа ...

Мицкоски: Почнуваме кампања Очи в очи, јас и членовите на ИК ќе одиме од место во место да ги слушнеме граѓаните — отвора на Пари

СДСМ: Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сѐ е во ред? — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавнот на СДСМ: Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сѐ е во ред? Трајко Славески изјави дека сѐ е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа. Во Србија Народната банка изјави дека сѐ е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата. Банката отиде во стечај. ...

Мицкоски ја поддржа кампањата против насилството врз жените, повика на дијалог со младите — отвора на Нова Македонија

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им порача на младите кои протестираат против насилството врз жените дека во него можат да гледаат соговорник и соработник во борбата против овој општествен проблем. Тој ја поддржа кампањата против насилството врз жените, но порача дека политиката и партиските интереси треба да останат надвор од оваа тема. Осврнувајќи ...

Премиерот Мицкоски ќе се обрати на одбележувањето на 80 години од формирањето на Домот за деца без родители — отвора на Журнал

Ве известуваме дека утре, 23.11.2026 година (понеделник), во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 80 години од формирањето на Домот за деца без родители, кое ќе се одржи во Македонската филхармонија.

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб? — отвора на Скопје1

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб.Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека…

Нови правила за градежниците. Нема дозвола за зграда без станови 20% поевтини за младите — отвора на Национално

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на конференцијата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, најави три нови мерки насочени кон подобрување на животниот стандард на младите, со посебен акцент на решавањето на станбеното прашање и поддршката на студентите. Станува збор за три проекти кои, според најавите на Мицкоски, наскоро ќе бидат регулирани со законски решенија и ...

Албанија никогаш нема да го прекине патот на Северна Македонија кон ЕУ, рече Рама — отвора на Фокус

Мицкоски: Младите се добредојдени во дебатата за законски измени — отвора на 365

Христијан Мицкоски зборуваше за насилството врз жените и најави мерки за домување и егзистенција на младите брачни двојки.

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Пулс24

Прашања

Мицкоски и Рама на Ќафасан, Александар Николоски го немаше — отвора на Рацин

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски не присуствуваше на промоцијата на едношалтерскиот систем „One stop shop“ на Ќафасан на 22 ноември. На граничниот премин, премиерите Христијан Мицкоски и Еди Рама го претставија заедничкиот пункт како начин да се скрати чекањето на границата и да се олесни превозот на стоки меѓу двете земји. Мицкоски го ...

(ВО ЖИВО) 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“ — отвора на 24часа

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја одржи 35-та годишна конференција под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на конференцијата ќе се обратат претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески.

20% повеќе услуги за студентите и за младите. Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги — отвора на Плусинфо

Мицкоски – Рама: Продолжуваме да градиме односи засновани на доверба и меѓусебно почитување — отвора на Инфомакс

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, на која разговараа за унапредување на билатералната соработка и продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Фокусот на средбата, како што напиша во објава на „Фејсбук“ премиерот Мицкоски, бил ставен на зајакнување на добрососедските односи и заедничките интереси. – Разговаравме…

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Мицкоски: Жителите на Пустец се лојални граѓани на Албанија — отвора на Независен весник

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од граничниот премин Ќафасан порача дека македонското население во Пустец и околината се лојални граѓани на Република Албанија, кои истовремено ги негуваат своите национални корени и врски со својата татковина. Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ дека на настан во Пустец не била интонирана ...

Тошковски за „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната — отвора на Скопје1

На граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната…

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втората половина на 2027 — отвора на Независен весник

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан. Одговарајќи на новинарско прашање за ...

„One Stop Shop“ на ГП Ќафасан — отвора на Проверено

На граничниот премин Ќафасан од денес ќе се применува интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ (едношалтерска гранична контрола). Со „One Stop Shop“ патниците, возилата и стоката поминат низ заедничка гранична контрола на едно место, наместо да застануваат двапати — на излезната и на влезната страна од границата. Системот е наменет за намалување на гужвите на ...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука — отвора на 24 Инфо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на албанската заедница по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука. „Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од ...

Мицкоски најави активирање на ТЕЦ „Неготино“ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово — отвора на 360 степени

Целта ни е да спречиме драстичен раст на цените на енергенсите, вели Мицкоски — отвора на Нова Македонија

Европа ја очекува исклучително тешка зима поради високите цени на струјата и горивата и затоа главната цел на Владата е оваа зима да го заштити стандардот на граѓаните и да спречи драстичен раст на цените на енергенсите, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Делчево. Одговарајќи на новинарско прашање што подразбира под ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Мицкоски за Алта банка: Јавната аукција е на 30 ноември, се надевам дека процесот ќе заврши успешно — отвора на Нова Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со Алта банка рече дека иако се соочиле со проблем којшто бил увезен, благодарение на мерките на Народна банка и процесите што следеле, ќе се одржи јавна аукција на 30-ти овој месец. Тој, одговарајќи на новинарски прашања, изрази уверување дека целиот процес ќе заврши успешно, а во однос на коментарите ...

Експресниот пат Кочани – Делчево со клучка за Македонска Каменица ќе почне во 2027 година — отвора на Скопско Ехо

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема — отвора на Нова Македонија

Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема од пред една година, резултатот е добар имајќи ја предвид економската состојбата во регионот и во светот, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Делчево. – Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика објави податоци за септември за просечната нето-плата. Реалната нето-плата ...

На Мицкоски му требаа повеќе од две години за да се „шокира“ од насилството врз жените — отвора на Рацин

За две недели, три граѓански протести против насилството врз жените. На 8 ноември се маршираше во Скопје, на 20 ноември беше блокиран булеварот пред Владата, а на 21 ноември се протестираше во Охрид. Ден по третиот протест, Христијан Мицкоски од партиската говорница на конференцијата на УМС рече дека е „навистина шокиран“ и им понуди соработка ...

Мицкоски: Опозицијата ја дезинформира и манипулира јавноста со случајот Алта банка, Филипче и СДС ќе ги разочарам, а граѓаните ќе бидат задоволни, банката ќе се спаси — отвора на Пари

Мицкоски: Автопатот од Тетово до Охрид ќе биде завршен до 2029 година, кај Требеништа ќе се бара ново решение поради УНЕСКО — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека изградбата на автопатското поврзување од Тетово до Охрид напредува според предвидената динамика, а целокупната делница очекува да биде завршена до 2029 година.Мицкоски информираше дека покрај делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Буковичани, започната е и изградбата на делницата Буковичани–Кичево, која треба да ги поврзе овие автопатски правци со автопатот…

Рама одби да се меша во случајот „Монструм“ и му порача на новинар: Македонија е суверена држава, проблемот е во твојата глава — отвора на Скопје1

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Македонија е независна и суверена држава во чии внатрешни работи Албанија нема да се меша, одговарајќи на прашање од новинар на албански јазик, зошто не ги отвора прашањата „спорните“ судски случаи, меѓу кои и „Монструм“, а истовремено јавно зборува за пријателството со македонските политичари.„Како прво Македонија е независна и суверена држава, а Албанците…

Мицкоски: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен до крајот на јуни 2027 година — отвора на 4NEWS

Автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен во употреба до крајот на вториот квартал од 2027 година, најави премиерот Христијан Мицкоски на...

Рама тргна да кажува за Бугарите во македонскиот Устав, Мицкоски одма му порача: Тоа е внатрешно прашање — отвора на Скопје1

Премиерот на Албанија, Еди Рама, порача дека никогаш не би ѝ кажувал на македонската Влада или на граѓаните што треба да направат во однос на уставните измени и евроинтегративниот процес, но оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е услов кој Македонија треба да го исполни за да продолжи кон членство во Европската Унија.Одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговите претходни изјави…

Мицкоски најави убави вести за граѓаните. Се подготвуваат промени за брзите кредити — отвора на Национално

Премиерот Христијан Мицкоски очекува граничниот премин Клепало наскоро да биде отворен, но нагласува дека за реализација на проектот е потребна добра волја и подготвеност од двете соседни држави. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Делчево, Мицкоски порача дека добрососедските односи мора да функционираат во двата правца и дека Македонија не може сама да го ...

Струјата на берзите достигнува и 500 евра, Мицкоски најави план со ТЕЦ Неготино, ќе се носи и јаглен од Косово — отвора на Скопје1

Владата и АД ЕСМ се подготвуваат за вклучување на ТЕЦ Неготино во производството на електрична енергија, а во наредниот период треба да започне и транспортот на јаглен од Косово. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, образложувајќи го планот за справување со енергетските предизвици во зимските месеци.Според премиерот, со раководството на ЕСМ е изработен финансиски модел што ги опфаќа ТЕЦ…

На Македонија ѝ требаат пет милијарди евра за две години, Мицкоски ја обвини претходната власт: „Ги задолжиле неродените генерации“ — отвора на Скопје1

Околу пет милијарди евра ќе треба да обезбеди Македонија во 2027 и 2028 година за сервисирање и рефинансирање на финансиските обврски и за покривање на буџетскиот дефицит, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Делчево.Одговарајќи на критиките на опозицијата за предложениот буџет за 2027 година, особено за капиталните инвестиции, Мицкоски ја обвини претходната власт дека оставила…