BANKA

40 настани во последните 30 дена, од 47 медиуми

⚠️Македонска берза ја стави АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ — отвора на Бизнис Инфо

Македонска берза АД Скопје донесе одлука за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“, со цел дополнително информирање и предупредување на инвеститорската јавност за новите случувања во компанијата. „Ве известуваме дека Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“ што се ...

Шпаркасе Банка и Министерството за образование и наука започнуваат национална кампања за превенција од семејно насилство врз децата и адолесцентите — отвора на Бизнис вести

Заштитата на децата од насилство е заедничка општествена одговорност – институциите, образованието, семејствата и бизнис-секторот имаат важна улога во создавањето безбедна средина за нивно растење и развој. Шпаркасе Банка АД Скопје и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија започнуваат заедничка национална информативно-едукативна кампања за превенција од семејно…

СДСМ поднесува интерпелација и кривична за Гувернерот Славевски — отвора на Рацин

Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради случувањата со Алта банка АД Битола. Од партијата најавуваат и барање за истрага и утврдување евентуална кривична одговорност. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре, 2 ноември, ќе ги соопшти следните чекори на прес-конференција во Собранието. Обраќањето е закажано за ...

23 извештаи (сите извештаи)9 препишани

Известуваат и: Журнал4NEWS+8

АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра ликвиден капитал и 90.000 штедачи – Продажба е едно од можните решенија — отвора на Инфомакс

Продажба на Алта Банка А.Д Битола на нов инвеститор е едно од можните решенија, сметаат експертите, откако во регионот и во Македонија се отвори дебата за опстанокот на банката поради проблемите кои ги има истата во соседна Србија. НБРМ вчера донесе одлука за привремено преземање на Алта Банка, додека, како што вели Гувернерот Славевски, да ...

АЛТА банка Битола од денес со ограничени плаќања: Што треба да знаат клиентите — отвора на 4NEWS

Газдата на „Алта банка“ уапсен во Србија, за битолската „Алта“ ќе има надзорна расправа во Собрание — отвора на Телма

На социјалните мрежи тврдеше дека банката ја гради по мерка на човекот, но поради силни сомнежи за финансиски злоупотреби, сопственикот на „Алта Банка“, Давор Мацура ноќеска е уапсен во Белград, откако полицијата над 30 часа вршела претреси во неговите канцеларии. Мацура е овластено лице, односно член на Надзорниот одбор во Алта Банка Битола, наведено е ...

Што сè поседува Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“? — отвора на Рацин

Од менувачници до банка со актива од 1,84 милијарди евра, повеќе од 300 супермаркети, хотели, градежни проекти и финансиски компании во регионот. Вака изгледа деловната експанзија на српскиот бизнисмен Давор Мацура, чија „Алта банка“ остана без дозвола за работа по одлуката на Народната банка на Србија од 31 октомври. Но, додека банката се соочува со ...

АЛТА банка Битола ликвидна и капитализирана – стратегијата на Народната банка клучна за заштита на штедачите — отвора на Пари

И покрај неизвесноста што се создаде околу АЛТА банка АД Битола, финансиските показатели откриваат значително поинаква слика од впечатокот што се создава во јавноста. Банката располага со значителни ликвидни средства и солидна капитална основа, што претставува важен предуслов за успешно надминување на актуелната состојба. Според јавно достапните финансиски податоци заклучно со 30 септември 2026…

Принудна управа во Алта банка Битола: Вчера извлечени два милиона евра, неделен лимит за граѓаните до десет илјади денари — отвора на 360 степени

Филипче за Алта банка: Немало поголема криза од осамостојувањето на Македонија, дали се слевале пари од Русија? — отвора на Локално

По случајот со затворањето на Алта Банка во Србија, која е сопственик на Алта банка Битола,...

Славески до клиентите на „Алта банка“: Кредитите редовно да се отплаќаат — отвора на Либертас

Граѓаните и компаниите кои имаат кредити во „Алта банка“ АД Битола треба да продолжат навремено да ги исполнуваат своите финансиски обврски, и покрај воведената привремена администрација. Ова го порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, нагласувајќи дека мерките се насочени кон заштита на имотот на банката и интересите на штедачите. Воведувањето администрација не значи прекин ...

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред — отвора на Макфакс

„Црна Гора, по Србија, тукушто ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, sамо кај нас Мицкоски и Славески ги убедуваат граѓаните дека сè е во ред“, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Икс. Во објавата, Филипче порача дека ништо не е во ред како што сакаат да претстават ...

Претрес во Алта банка во Белград, сопственост на бизнисмен близок до СНС — отвора на МКД.мк

Во тек е претрес во Алта банка во Белград, сопственост на Давор Мацура, бизнисмен кој наводно бил близок до Српската напредна партија (СНС), а над која вчера беше отворена стечајна постапка, дознава порталот Нова.рс. Претресот, како што синоќа околу 23 часот објави Нова.рс, започнал вчера и трае веќе 30 часа. Извршниот одбор на Народната банка ...

Народна банка им ги блокира парите на фирмите во АЛТА банка — отвора на Нетпрес

Правните лица нема да може да вршат плаќања на други правни и физички лица надвор од банката. Ќе можат да вршат неограничени внатрешни плаќања кон други правни и физички лица само во рамките на Банката, објави Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески. „Привремено ја заштитуваме „АЛТА банка“ АД Битола, нејзиниот имот и сите ...

Револт и загриженост-битолчани бараат одговори и пристап до своите заштеди во АЛТА Банка — отвора на Телма

Револт и загриженост. Вакви се реакциите на битолчани по случувањата во Алта банка. Уште рано утрово, пред 7 часот, голем број граѓани дојдоа пред главната филијала во центарот на градот. Дел се обидуваа да подигнат пари од банкоматите, а други сакаа од шалтерите да ги повлечат своите денарски и девизни заштеди. Некои немаат платежни картички, ...

Граѓани чекаат за повлекување пари пред Алта банка во Битола — отвора на 4NEWS

12 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: ФакторPress24+3

Во Алта банка не работи ни банкомат ни шалтер, банката наталожила загуба од речиси 800.000 евра — отвора на Журнал

Заклучени врати на експозитурите на Алта банка Битола забележавме низ градот. Зад нив, вработените ја организираат работата за нареднава неизвесна недела за нив, но и за стотици граѓани и компании кои имаат банкарски сметки во Алта Банка Битола. До ова дојде откако викендов Народната Банка го преземе управувањето со банката и ограничи користење на парите ...

Алта банка се огласи по одземањето на лиценцата: Се преземаат мерки за заштита на штедачите и доверителите во Србија — отвора на ТРН

Алта банка Србија се огласи по отворањето на стечајната постапка, наведувајќи дека надлежните институции и стечајните органи ги преземаат неопходните чекори за заштита на интересите на штедачите и другите доверители. „Сите надлежни институции и стечајни органи преземаат неопходни чекори со цел заштита на интересите на депонентите и доверителите, како и спроведување на понатамошните законски…

Алта Банка исчезна и од дресовите на КК Црвена Ѕвезда — отвора на 24 Инфо

Рекламата на Алта Банка е отстранета од дресовите на кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда. Тоа се случи на натпреварот против Широки Бријег во шестото коло од АБА лигата, а тоа беше само еден ден откако интервенцијата на Извршниот одбор на Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на оваа приватна банка. Логото немаше на задниот дел ...

Акциите на Алта банка Битола одат на продажба, веќе има заинтересирани купувачи — отвора на Рацин

Веќе има заинтересирани купувачи за акциите на Алта банка АД Битола, изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Најави дека доминантниот сопственик, Алта банка од Србија, ќе добие краток рок да го понуди својот удел на продажба. Според најавата на Славески, српската банка утре, 2 ноември, ќе биде известена од привремената администрација дека има рок ...

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Република

Филипче ја нападна одлуката на Славески за Алта банка: „Криминална одлука на криминална власт“ — отвора на Скопје1

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше одлуката на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, за воведување привремена администрација во Алта банка, оценувајќи дека со неа се ставаат во нерамноправна положба граѓаните и фирмите.Во објава на социјалната мрежа Х, Филипче реагираше на ограничувањето според кое граѓаните можат да повлекуваат најмногу 10.000 денари неделно, додека…

Филипче и Славевски во јавен „дуел“ за „Алта Банка“ — отвора на Телма

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше одлуката на Народната банка за ограничување на располагањето со средствата на граѓаните кои имаат сметки во АЛТА банка. Тој реагираше на неделниот лимит од 10.000 денари за физичките лица, посочувајќи дека за правните лица не се предвидени исти ограничувања. Филипче обвини дека со ваквата одлука парите на граѓаните ...

Славески: Народна банка одлучи, се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола — отвора на Фактор

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола. Вели дека ова е од времен карактер. Додаде дека воведувањето на администрацијата привремено преминува во надлежност на лица на Народната банка. Рече дека во наредните денови ќе има одредени…

Сигурен избор за штедење, со краток рок и висока камата: ПроКредит Банка со орочен депозит на 6 месеци со камата до 3,60% — отвора на Фактор

Само шест месеци ве делат од вашата заштеда! ПроКредит Банка, како стабилна и сигурна банка со повеќе од 20 години традиција на нашиот пазар, нуди промотивна можност за штедење на краток рок, со атрактивна и фиксна каматна стапка до 3,60% за депозити во денари. Со новиот Промо депозит на ПроКредит Банка можете да ги орочите средствата на 6 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,60% за денари или…

Ќе ја купи ли некој Алта банка Битола? — отвора на еМагазин

До пред неколку денови се шпекулираше дека српската Алта банка АД Белград сака да купи уште една банка во Македонија, а сега после вонредните парламентарни избори во Србија, на кои победи Студентска листа, работите драстично се сменија и Банката, која според српските медиуми важи за блиска до Српската напредна странка, остана без дозвола за работа. ...

Одговор на Х на гуверенерот Славески на постот на Филипче за Решението за воведување на Алта банка АД Битола во администрација — отвора на Курир

Во однос на објавената информација со изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со одлуката на гувернерот, гувернерот д-р Трајко Славески има објавено директен одговор на изнесените наводи на својот профил на X. Почитуван докторе, разумен човек уште веднаш „хируршки“ би го отстранил/избришал овој срамен пост. За да не се срамите кога утре Службен весник и еден дневен весник ќе го…

6 извештаи (сите извештаи)3 препишани

Известуваат и: 4NEWSЛибертас+2

Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци — отвора на Скопје1

Околу два милиони евра биле повлечени во готовина и преку други трансфери од Алта банка АД Битола до крајот на вчерашниот ден, откри гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, објаснувајќи ги причините за воведувањето привремена администрација и ограничувањето на одливот на средства од сметките на граѓаните.Според Славески, информацијата за повлечените средства ја добиле од Управниот одбор…

14 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: 4NEWSУтро+7

Сигурен избор за штедење, со краток рок и вистинска камата: ПроКредит Банка со орочен депозит на 6 месеци со камата до 3,60% — отвора на Фокус

Само шест месеци ве делат од вашата заштеда! ПроКредит Банка, како стабилна и сигурна банка со повеќе...

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа? — отвора на 24 Инфо

Само еден ден откако Народната банка ја уверуваше јавноста дека банкарскиот систем е стабилен и отпорен, во АЛТА банка АД Битола е воведена администрација, а клиентите се соочуваат со ограничувања во користењето на своите средства. Банката извести дека од понеделник, 2 ноември, експозитурите привремено нема да работат со клиенти, додека за физичките лица е утврден ...

Вучиќ за Алта Банка: „Зошто се брзаше?“ — отвора на Рацин

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, го доведе во прашање моментот на постапувањето во случајот со Алта банка, прашувајќи зошто не се почекало уште седум или осум дена. Во гостувањето во „Хит твит“ на телевизија Пинк, рече дека случајот е сложен и дека не ги разбира целосно околностите. „Многу е комплицирано и многу ми е ...

Само 10.000 денари неделно ќе може да повлечете од „Алта банка“ — отвора на 4NEWS

7 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: ЖурналPress24

Експозитурите на Алта банка АД Битола од 2 ноември нема да работат со клиенти. Банката ќе информира за следни чекори — отвора на Плусинфо

Нагласуваме дека преземените мерки имаат превентивен карактер и се насочени кон заштита на средствата и интересите на клиентите. За сите дополнителни информации и промени навремено ќе ве известуваме преку нашите официјални канали - велат од Банката.

Народната банка воведе администрација во Алта банка, граѓаните неделно ќе можат да извадат само по 10 илјади денари — отвора на Локално

По стечајната постапка за српската Алта Банка и одземената дозвола за работа, гувернерот на Народната банка,...

Ексклузивни фотографии: Се демонтира логото на Алта Банка во Белград — отвора на Рацин

Се симнува логото на Алта банка од централната зграда во Белград Логото на Алта банка се демонтира од централната зграда во Белград, според фотографиите доставени до редакцијата на Рацин.мк. Отстранувањето на ознаката следува по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на банката. Српската централна банка ја донесе одлуката ...

Народна банка закажа вонредна прес конференција поврзана со работата на Алта Банка во Македонија и банкарскиот сектор — отвора на 4NEWS

КОД: Интервју со истражувачкиот новинар Вук Цвијиќ за сомнежите за одлевање пари од српската Алта Банка кон Македонија — отвора на Телма

Во КОД вечерва дали тајните досиеја од УДБА ќе бидат предадени на бившите ЈУ републики по смената на власта во Србија . Интервју со српскиот истражувачки новинар Вук Цвијиќ кој го објаснува настанувањето на Алта Банка во времето на Владата на Вучиќ и сомнежите за одлевање пари и кон Македонија.

Србија ја затвори Алта банка. Редици во Битола, банката итно се огласи — отвора на Национално

Одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на АЛТА банка од Белград предизвика загриженост и во Македонија, каде што српската банка неодамна ја презеде поранешната Стопанска банка Битола. Според доставените информации, десетици граѓани претпладнево чекале пред АЛТА банка во Битола, со намера да ги подигнат своите пари, загрижени од ...

НБРМ: Стечајот на српската АЛТА не се прелева автоматски врз македонската банка — отвора на Телма

118 милиони евра е вкупната сума на депозити на македонските граѓани во АЛТА Банка Битола. Овие средства не се поврзани со српската АЛТА банка и во никој случај не може да бидат дел од стечајна маса. Откако вчера битолчани побрзаа да ги подигнат средствата од експозитурите, денес повторно има редици пред банкоматите кои функционираат и ...

Колку пари чуваат граѓаните и компаниите во ТТК Банка — отвора на еМагазин

ТТК Банка го објави финансискиот извештај за работењето во првите девет месеци од годинава, а во него соопшти и податок за депозите. -Депозитите на други комитенти изнесуваат 11.125 милиони денари и бележат пораст во однос на 30.9.2025 година од 8,2%, што се должи на зголемувањето на депозитите по видување и на орочените депозити од секторот ...

Како работела ТТК Банка во првите девет месеци од годинава — отвора на еМагазин

ТТК Банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила добивка од 61,7 милиони денари, како резултат на реализирани оперативни приходи од 428,0 милиони денари и оперативни трошоци од 366,3 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза. -Во текот на анализираниот период, издвоени се исправки на вредност на финансиски и на нефинансиски средства во ...