Ristov

32 настани во последните 30 дена, од 32 медиуми

Можно поскапување на струјата од Нова година за 2 до 3 проценти — отвора на Скопје1

Домаќинствата во Македонија од 1 јануари би можеле да плаќаат струја поскапа за два до три проценти. Ова го најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, во гостување на телевизија „Сител“.Иако од Владата во изминатите денови беа упатени најави дека нема да има поскапување, Ристов оцени дека сепак се очекува мало зголемување. Тој посочи дека се разгледува и модел…

Ристов: Струјата од Нова година најверојатно ќе поскапи за 2 до 3 отсто — отвора на 360 степени

350.000 евра скриени во ѕид: Одбраната на Ѓоко Ристов тврди дека доказите биле неправилно обезбедени — отвора на 4NEWS

Спротивставени ставови на обвинителството и одбраната на судењето против разрешениот судија Ѓоко Ристов, обвинет за незаконско стекнување и прикривање имот. Во фокусот...

Вештак на одбраната на судијата Ристов тврди оти е можно фолиите со парите да се контаминирани, Хаџи Василева ги оспори наводите — отвора на 360 степени

„Првпат гледам со доказен материјал да се постапува на начин на кој алуминиумските фолии се отвораат и...

Обвинителката Хаџи Василева: Вештачењето на одбраната не ја дискредитира ДНК-експертизата против Ристов — отвора на Нова Македонија

Денешното стручно мислење презентирано од одбраната на апелацискиот судија Ѓоко Ристов не содржи наоди со кои суштински се оспорува ДНК-експертизата на Обвинителството, оцени обвинителката Искра Хаџи Василева по завршувањето на денешното рочиште. Таа посочи дека анализата на вештото лице Атанас Козарев, предложено од одбраната, се однесува на начинот на кој биле прибирани и обезбедувани…

Вештакот во случајот „Ристов“: Посочи можност за контаминација со туѓа ДНК, поради непочитување на процедурите — отвора на Нова Македонија

Со сведочење на вештото лице од областа на криминалистиката, Атанас Козарев, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за прикривање имот. Козарев во судницата посочи дека при претресот во домот на родителите на Ристов во Неготино, извршен на 18 јануари 2026 година, не биле ...

Вештакот на Ѓоко Ристов ја спори неговата ДНК најдена на откопаните 350.000 евра од ѕид, оставани биле на подот кој не бил форензички заштитен — отвора на Сакам да кажам

Вештакот на обвинетиот поранешен судија Ѓоко Ристов кому обвинителката за организиран криминал Искра Хаџи Василева му откри и му откопа ...

Советникот на одбраната на Ристов изнесе забелешки за ракувањето со доказите при пронаоѓањето на 350.000 евра — отвора на 4NEWS

Технички советник ангажиран од одбраната на разрешениот апелациски судија Ѓорго Ристов денеска во Основниот кривичен суд Скопје изнесе забелешки за начинот на...

Во манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Кнежино промовирана книгата „Кичевско архиерејско намесништво (1941-2026)“ — отвора на Охрид1

Во присуство на голем број верници, свештенослужители и почитувачи на црковната историја, во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Кнежино беше одржана промоцијата на книгата „Кичевско архиерејско намесништво (1914–2026)“, чиј автор е отец Ристе Наумоски. Настанот се одржа на 15 ноември, а започна со Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство…

Неделен преглед на теренски активности на ЈП „Водовод“ — отвора на Охрид1

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 9ти до 15и Ноември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „АСНОМ“ – „Ристо Чадо“ – „Будва“ бр.52 – „Андреја Јованоски“ – „Туристичка“ ...

Превалец повторно поразен, Вардар Неготино со пресврт до победа — отвора на Батали

Екипата на Превалец продолжува со слабите резултати во првенството, откако на домашен терен загуби од Вардар Неготино со 1:3. За велешкиот третолигаш ова е петти првенствен пораз, а во последните шест кола има освоено само два бода. Превалец добро го започна натпреварот и преку Ристе Станковски го отвори резултатот за водство на домаќините. Сепак, во ...

Заборавете на здодевните лекции – тројца Македонци создадоа Duolingo за финансии! — отвора на Иновативност

Ненад Ристов, Бојан Алексов и Христо Михајлов, се долгогодишни другари, а од неодамна и професионални соработници, кои ја креираа ЕдуПари, апликација која има цел на едноставен и брз начин да ја зголеми финансиската писменост на граѓаните. Тие велат дека главна мотивација им се големиот број на жртви на финансиски измами кои ги има во државата, ...

Јанкуловски избран за нов претседател на Лекарска комора — отвора на Фокус

Три македонски филмови во новата селекција „Југосфера“ на 32. Фестивал на авторски филм во Белград — отвора на Проверено

„Никола, Никола“ на Леон Ристов, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума и „Сестра, брат, шахта“ на Милчо Манчевски се дел од новата селекција „Југосфера“ на 32. Фестивалот на авторски филм (FAF), којшто ќе се одржи од 20 до 27 ноември 2026 година во Белград. Новата програмска целина „Југосфера“, посветена на регионалната кинематографија, носи ...

Како да се води дијалогот со Софија — отвора на Нова Македонија

Предлогот за средба на министрите за надворешни работи е најверојатно резултат на нашето барање Брисел да биде дел од можни преговори со Софија? Тоа е апсолутно погрешна политика, бидејќи ние со Бугарија никогаш нема да се договориме околу клучните работи ако не ја присилиме на тоа. Првата средба веќе потврди дека тоа е губење време, ...

Почина легендата на ФК Победа, Ристо Глигороски — отвора на SportSport

Тажни вести од Прилеп. На 76. годишна возраст, почина легендарниот фудбалер на Победа, а потоа и на Вардар, Ристо Глигороски. Тој е еден од оние фудбалери кои што има оставено огромен траг во дресот на прилепскиот фудбалски гигант, а кој што потоа настапуваше и за скопски Вардар кон крајот на седумдесетите години од минатиот век. ...

Обвинителите мора да бидат отпорни на притисоци и да одлучуваат според закон, истакна Хаџи Василева — отвора на Нова Македонија

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, вели дека притисоците се реалност со која се соочуваат обвинителите, но нагласува дека тие мора да останат отпорни и да одлучуваат исклучиво врз основа на закон, факти и докази. Одговарајќи на новинарски прашања по рочиштето за случајот против ...

Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност — отвора на Фактор

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева денеска по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов оцени дека правните мислења приложени од одбраната немаат доказна вредност и не можат да влијаат врз одлуката на судот. По презентираните материјални докази на одбраната, меѓу кои и правни мислења и толкувања од универзитетски професори, обвинителката рече дека судот е должен да ги цени фактите и…

„Тешки зборови употребила обвинителката за некој што ѝ бил учител и творец на законот по којшто работи“, вели Калајџиев за Хаџи Василева — отвора на Скопје1

По критиките што новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева, ги упати кон професорот Гордан Калајџиев, тој реагираше на нејзините зборови, оценувајќи дека станува збор за несоодветен однос кон човек кој ѝ бил учител.„Тешки зборови употребила обвинителката за некој што ѝ бил учител и творец на законот по којшто работи, што зборува повеќе за неа отколку за мене“, наведува Калајџиев.

Одбраната на Ѓоко Ристов достави правно мислење од Калајџиев според кое судијата не треба да одговара за кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ — отвора на Скопје1

Во материјалните докази на одбраната во судскиот предмет против Ѓоко Ристов беше изведено вештачењето од минатото рочиште на вештото лице Емилио Фришчиќ.Меѓу материјалните докази одбраната изведе и мислење од професорот Гордан Калајџиев во кое се наведува дека Ристов како апелациски судија не треба да одговара за кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“.„Правно мислење на…

На 90 страни вештак објаснува за парите на Ристов, судијата не може да одговара за прикривање имот, вели одбраната — отвора на Скопје1

На 90 страни е финансиското вештачење со кое одбраната на судијата Ѓоко Ристов ќе докажува како биле заработени 350 илјади евра плус сите пари на сметките во неговото семејство.„Едниот е за ДНК-анализа, болен е и ќе достави медицинска документација. Како што слушнавте, финансиското вештачење сѐ уште не е завршено. Во контакт сме со вештакот. Вештачењето е на 90 страни. Кажано ми е дека се…

Вештаците за ДНК-трагите на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов — отвора на Скопје1

Двајцата вештаци кои требаше да ги објаснат ДНК-трагите пронајдени на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов, познат како случајот со парите пронајдени во ѕид.Првиот, Атанас Козарев, бил болен, за што одбраната уверува дека ќе донесе лекарско уверение, додека вториот, Антонио Ѓорѓиев, утрово преку СМС-порака го известил…

Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал — отвора на Press24

Обвинителката Искра Хаџи Василева е победничка на денешните избори за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, неофицијално дознава Пресс24. Според информациите на Пресс24, од првично обработените гласачки ливчиња, Хаџи Василева освоила најголема поддршка од обвинителите кои денеска гласаа за избор на нов раководител на ова обвинителство. На денешните…

Зошто Македонија никогаш нема да влезе во Унијата ако не го откаже вториот протокол? — отвора на Нова Македонија

Ако малку подлабоко се анализираат политиките на Брисел, во сите овие 35 години, јасно ќе се види дека Унијата нема намера да ја прими Македонија! Преговарачката рамка е главен доказ дека тоа е точно. Со неа, Македонија нема никогаш ни да се приближи до Брисел, камоли да стане членка. А рамката, воопшто не е случајна. ...

Игор Џамбазов, Ристо Самарџиев, Бојана Скендеровски и Зоран Илиев ќе бидат гости на јубилејниот концерт на Коки Јанков — отвора на Вистина.мк

Ристо Самарџиев, Бојана Скендеровски, Зоран Илиев и Игор Џамбазов ќе бидат гости на јубилејниот концерт на виолинистот Никола Јанков-Коки, „30 години Виолина и гитара“, кој ќе се одржи на 14 ноември во Филхармонијата во Скопје. Концертот е по повод 30 години од победата на Дуле и Коки на Макфест со песната „Виолина и гитара“. „Неверојатно е дека поминаа 30 години од тој Макфест, кога Дуле и јас…

Најголемите театарски ѕвезди од регионот гостуваат на фестивалот РУТА во Драмскиот театар — отвора на Нова Македонија

Драмскиот театар – Скопје до 31 октомври ќе биде домаќин на петтото издание на меѓународниот театарскиот фестивал РУТА. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар – Скопје во текот на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе се изведуваат претстави и копродукции ...

Прв солистички концерт на Филип Гечовски во спомен на трагично загинатите Петар, Адам, Марко и Ристе — отвора на Независен весник

Младиот гитарист Филип Гечовски вечер од 19 часот во Македонската филхармонија ќе го одржи својот прв солистички концерт. Тој е студент на трета година на Факултетот за музичка уметност во Ниш и со посветеност и усовршување го гради својот уметнички пат и придонесува за афирмација на класичната гитара. Првиот солистички концерт Гечовски им го посветува ...

Најголемите театарски имиња од регионот на фестивалот РУТА во Драмски театар — отвора на Бизнис вести

Шест претстави од водечки театри од регионот, четири монодрами и три театарски работилници се дел од програмата на петтото издание на меѓународниот театарски фестивал РУТА, кој од денеска до 31 октомври ќе се одржува во Драмски театар Скопје. Во текот на фестивалската недела, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе гостуваат театарски ансамбли и продукции од сите ...

(КОЛУМНА) Еден лидер наспроти цело движење и битката за политичката иднина на Србија — отвора на Радио МОФ

Пишува: Ристо Савески Политичките и општествените случувања во Србија неретко имаат одек и надвор од нејзините граници. Затоа, актуелните парламентарни избори претставуваат интересен случај за анализа не само на политичките односи во Србија, туку и на пошироките општествени процеси на Балканот. Студентското движење, натсанува како резултат на падот на настершницата на железничката станица во Нови...