Архива: 16 окт. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари — отвора на Република

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност. Ние тоа го правиме во услови на најголема енергетска криза во светот која …

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески — отвора на Независен весник

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година 14 учесници го трчаат 19-тиот …

30 извештаи (сите извештаи)19 препишани

Известуваат и: БрифМКД.мк+16

Нова кривична за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов — отвора на еМагазин

Поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов (36), заработи нова кривична пријава. Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струмица поднело кривична за Костадинов, С.Р. (38) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при…

24 извештаи (сите извештаи)17 препишани

Известуваат и: 24 ИнфоКурир+17

Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“ — отвора на Press24

Во Министерството за здравство денес се објавија протоколите за дисперзирана терапија за мултиплекс склероза, заедно со директорите на Универзитетската клиника за неврологија, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и Клиничката болница Штип. „На Клиниката за неврологија се водат околу две илјади пациенти со мултиплекс склероза, од …

20 извештаи (сите извештаи)14 препишани

Известуваат и: 24 ИнфоКурир+13

Охридското Езеро добива нова генерација пастрмка – Серафимовски ќе учествува во акцијата — отвора на Press24

24 извештаи (сите извештаи)14 препишани

Известуваат и: АлфаКурир+11

СОНК избира нов претседател: Стојко Рамов единствен кандидат, Јаким Неделков заминува по 16 години — отвора на 4NEWS

Малолетник нападнат во училишен двор во Скопје, друг малолетник го снимил нападот и го објавил на интернет — отвора на 4NEWS

Кривична пријава за в.д. директорот на УХМР и седум вработени: Овозможиле штета од над 500.000 евра — отвора на Press24

Вчера Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице и тоа: И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа …

По децении чекања и ветувања, булеварот „Борис Трајковски“ пред завршување — отвора на Скопје Инфо

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, по само пет месеци работа. Според неговата објава, проектот се реализира пред предвидениот рок, а со завршувањето на реконструкцијата повеќе од 100.000 граѓани треба да добијат подобри услови за одвивање на сообраќајот.

Еден милион туристи и три милиони ноќевања евидентирани заклучно со август — отвора на Курир

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го последнте податоци на Државниот завод за статистика за растот на туризмот.…

Одбележан 17 Октомври – Денот на Командата за операции во кумановската касарна „Боро Менков“ — отвора на Алфа

Портпаролката на Белата куќа призна дека не го положила правосудниот испит — отвора на Вечер

Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија, призна дека не го положила правосудниот испит, а прашањата за нејзините правни квалификации се натрупуваат. Во невообичаено критичко интервју, водителот на „Фокс њуз“, Шон Ханити, вчера ја праша Закарија дали го положила правосудниот испит. Таа одговори дека не го положила, а по дополнителните прашања призна дека не се обидела повторно да го…

Пленковиќ: Две држави ѝ одземаа на Македонија 21 година од приближувањето до ЕУ — отвора на Мета.мк

Премиерот пред состанокот на Европскиот совет во Брисел зборувајќи за хрватско-црногорските односи ги потенцираше кочниците со кои се соочува Македонија во евроинтеграцискиот процес

Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна — отвора на Курир

Од јануари до август годинава се спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори во чии рамки се уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз. Забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и…

Мицкоски: Двата гасоводни интерконектори драматично ќе го зголемат геостратешкото значење на Македонија — отвора на Курир

Со изградбата на двата гасоводни интерконектори, со северниот и јужниот сосед, драматично ќе се зголеми геостратешкото значење на Македонија, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека едниот очекува да биде пуштен во употреба до крајот на првата половина идната година, додека другиот до крајот на 2028 година. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на ново основно…

Мисајловски: Нов колективен договор, повисоки плати, нова опрема и модернизација на Армијата — отвора на Бизнис вести

Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари, нов колективен договор и решение со кое ќе се реши статусот на професионалните војници по навршувањето на 45 години, нова опрема, модернизација, исплатени обврски – најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, обраќајќи се на свеченоста на Командата за операции во кумановската касарна …

Казните се мали, веќе се работи на законот за прекршоци, вели Миланов од АХВ — отвора на Република

Македонските граѓани јадат безбедна храна, тврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. Како што изјави денеска, пред настанот по повод Светскиот ден на храната, казните за несовесните оператори се ниски и со законските измени кои веќе се изготвуваат, е предвидено да бидат двојно зголемени. Според Миланов, АХВ вчера заплени два тона …

Пукање во основно училиште во Орегон: Повредени се повеќе лица, напаѓачот е убиен — отвора на ТРН

Повеќе лица се повредени, а најмалку две се хоспитализирани по пукањето што се случило во основното училиште „Силвер Рејл“ во градот Бенд, во американската сојузна држава Орегон. Напаѓачот бил убиен во престрелка со полицијата, која пристигнала на местото на настанот, пренесе Асошиејтед прес (АП). Училиштето било ставено под безбедносна блокада, а полициската управа во Бенд …

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст — отвора на Бизнис Инфо

Фискалната дисциплина, ефикасното управување со јавните расходи и забрзувањето на структурните реформи се клучни за зачувување на економската стабилност и обезбедување одржлив раст во услови на зголемена глобална неизвесност. Глобалната економија и натаму покажува отпорност, но повторените економски шокови ги намалуваат расположливите фискални и енергетски резерви, додека инфлациските притисоци…

Во Словенија откриена најголема нелегална фабрика за цигари — отвора на Независен весник

Во индустриската зона Тримлини во близина на Лендава, откриена е најголемата нелегална фабрика за цигари во Словенија. Фабриката се наоѓала во хала недалеку од граничниот премин Петишовци, а истрагата е започната откако службениците на финансиската управа запреле камион на патот помеѓу Лендава и Петишовци, објави „Словенске новице“. Според првите проценки, вредноста на запленетата стока е …

Рама за протестите во Албанија обвини – странски сили — отвора на Курир

По насилните антивладини протести во Албанија, премиерот Еди Рама денеска ги повика граѓаните на мир и обвини странски сили за инцидентите. Протестите немаат „апсолутно никаква врска“ со тешките услови за живот во Албанија или легитимна желба за подобрување на тие услови, рече Рама. Тој додаде дека „раце од странство“ поттикнуваат немири со цел да се спречи влезот на Албанија во ЕУ. -Сето тоа е…

Трамп остро го нападна Зеленски: Не, не сум негов голем љубител, ја уништија таа земја — отвора на Макфакс

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради нападите врз руските рафинерии за нафта. Трамп тврди дека овие напади ги зголемуваат цените на енергенсите на светскиот пазар. Тој го опиша Зеленски како „лош човек“. „Мислам дека тоа е срамно. Има многу други цели“, изјави Трамп во интервју за Newsmax, притоа …

12 извештаи (сите извештаи)5 препишани

Известуваат и: ОпсерверТРН+5

Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години — отвора на Press24

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5, најави реконструкција, надградба и електрификација на железничката пруга од Велес до Битола преку програмата ИПА 3 на Европската Унија. Како што информираше Николоски, делницата веќе е вклучена во ИПА 3, а програмата се очекува да биде усвоена до …

12 извештаи (сите извештаи)7 препишани

Известуваат и: МКД.мкКурир+6

Денес „Тоше, те сакаме сите“ – музички настан од отворен карактер на кој се поканети сите граѓани! — отвора на Макфакс

Денес, 16 октомври 2026 година со почеток во 16:00 часот, на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче ќе се одржи настанот „Тоше, те сакаме сите“, посветен на музиката, хуманоста и споменот на Тоше Проески. ООУ „Лазо Ангеловски“, наставниците и родителите ги повикуваат граѓаните заедно да ја одбележат 19-годишнината од неговото заминување. Настанот е од отворен …

Фрчкоски: Мицкоски турка нови партиски кадри за Судскиот совет за целосна контрола врз правосудството — отвора на Press24

СДСМ преку прес-конференција на членот на Извршниот одбор, Јон Фрчкоски, упати обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката партија за обид за целосна партизација на правосудниот систем преку предлозите за нови членови на Судскиот совет. „Мицкоски го турка неговиот план да избира нови судии од тефтерчето. Тоа го прави веќе две години, сака целосна контрола …

Мотоциклист прегазил жена на крстосница во Скопје — отвора на Press24

Вчера околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Кирил и Методиј“ со ул. „Народен Фронт“ во Скопје, 36-годишниот С.С. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Л.В.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 62-годишната Л.В., додека со телесни повреди мотоциклистот, констатирани …

Клековски очекува в среда да почне вакцинацијата против сезонски грип — отвора на Независен весник

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека очекува в среда (21 октомври) да почне вакцинацијата против сезонски грип и ќе му биде задоволство да биде вакциниран како пациент од ризична група. Тој посочи дека Комисијата за имунизација денеска одржала состанок и ги одредила приоритетите. Во основа со 1.000 вакцинации дневно, појасни, ќе стасаме до …

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата — отвора на Макфакс

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава. Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, …

Технички дефект го наруши авиосообраќајот во Италија — отвора на Курир

Во Италија поради технички дефект на системот за контрола на летот доцнат и се откажуваат летовите. Италијанската управа за авиосообраќај (ЕНАВ) соопшти дека дефектот не е злонамерно предизвикан. ЕНАВ посочи и дека вовела привремени ограничувања на капацитетите на авиосообраќај откако синоќа регистрирани се аномалии на мрежата за пренесување на податоци, која ги поддржува услугите на контролата…

Пуштено е во употреба реновираното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто — отвора на Макфакс

По 50 години откако е изградено, денеска беше пуштено во употреба реновираното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населба Ченто. На отворањешто присуствуваше и премиерот, Христијан Мицкоски. „Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина. И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со …

Нова жртва од западнонилската треска во Македонија, бројот на починати се искачи на 12 — отвора на Макфакс

Уште едно лице почина од западнонилска треска, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 12, според информациите објавени на сајтот што ја следи состојбата со вирусот во земјава, healthalert. Од почетокот на 2026 година во земјава се регистрирани вкупно 72 случаи на западнонилска треска. Од нив 58 се оздравени, а двајца се …

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку? — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавност на СДСМ: Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони. Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат. Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години. Половина од долгот од …

Мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци пронајде дрога и уапси 20-годишник — отвора на Макфакс

Вчера во 23:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го лишија од слобода 20-годишниот С.Ј. од Кавадарци, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена …

Мицкоски: Михаилова и нејзиниот татко ќе се соочат со правдата, случајот ќе го отвориме и пред партнерите во НАТО — отвора на Курир

Македонија има свои алатки и механизми за дејствување на меѓународната сцена, а целта е Ива Михаилова и нејзиниот татко, кој е првостепено осуден, да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го случајот со Ива Михаилова и ставот на бугарските власти дека нема да ја екстрадираат. - Со одговорот на бугарските власти, најпрвин паднаa во вода…

МВР поднесе кривична против Костадинов: Се сомничи дека овозможил легализација на дивоградба во Куклиш — отвора на Скопје Инфо

Поранешниот градоначалник на Струмица, раководителка на општинскиот Сектор за урбанизам и управител на фирма од Битола се соочуваат со кривични пријави поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа, информираат од МВР.

Трамп: Зеленски не е вистинската личност, со која би можеле да постигнеме договор — отвора на Бизнис вести

Претседателот на САД, Доналд Трамп обновените украински напади врз руската енергетска инфраструктура ги оцени како „срамни“. Тој за телевизијата „Њузмакс“ (Newsmax) истакна дека тоа е срамота и оти „има многу други можни цели“. – Мислам дека е потешко да се преговара со Зеленски отколку со Путин. Сè што прави тој е да ги зголемува светските …

8 извештаи (сите извештаи)6 препишани

Известуваат и: БрифКурир+4

Тинејџер застрела три деца и наставник во основно училиште во американската држава Орегон — отвора на Телма

Шеснаесетгодишник застрела три деца и наставник во основно училиште во американската сојузна држава Орегон, по што бил убиен од случаен минувач, соопшти полицијата. Според полицијата, осомничениот – чиј идентитет не е откриен – во четвртокот попладне насилно влегол во основното училиште „Силвер рејл“во градот Бенд, пукајќи во заклучените врати. Шефот...

Уште една Анхоч локација поблиску до купувачите – нов салон во Џевахир Мол — отвора на Макфакс

Нова локација, поголем простор и уште повеќе технологија за посетителите на новиот Анхоч во Џевахир Мол Анхоч ја проширува својата малопродажна мрежа со нов продажен салон во Џевахир Мол во Скопје, кој официјално ги отвори вратите за посетителите на 15 октомври 2026 година. Новиот салон е лоциран на приземјето на Џевахир Мол и носи поголем …

Мицкоски за проектите на Владата: 2 студентски дома за младите, 6 автопатишта се градат, 2 гасоводи — отвора на Курир

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, се осврна на клучните проекти коишто се реализираат од страна на Владата. Тој ја истакна изградбата на шест автопатишта, два студентски дома, два гасовода и редица други инвестиции во инфраструктурата, образованието и енергетиката. „Има многу проекти: шест автопатишта се градат, два гасовода, има историско зголемување…

ЕУ му се спротивстави на Трамп: Нема олеснување на санкциите за Русија — отвора на Рацин

Европската Унија нема да ги укине ниту да ги олесни санкциите против Русија сè додека Москва целосно не ја прекине воената агресија врз Украина, порачаа денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за време на вториот ден од Самитот на ЕУ во Брисел. Овие официјални изјави …