Банката

40 настани во последните 30 дена, од 46 медиуми

Алта банка Битола работела со загуба во првите девет месеци од годинава — отвора на еМагазин

Алта банка АД Битола во првите девет месеци од годинава остварила нето-загуба од 48,64 милиони денари, информираа од таму преку Македонската берза. Лани во истиот период имаше добивка од 49,15 милиони денари. -Во однос на планот, Банката оствари послаб резултат за 36,27%, односно за 12,95 милиони денари, велат од таму. Нето-приходите од камати во периодот ...

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење — отвора на Сител

Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија. АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и…

Граѓани чекаат за повлекување пари пред Алта банка во Битола — отвора на 4NEWS

Граѓани денеска чекаат ред за повлекување пари пред главната експозитура на Алта банка во Битола. Снимките кои утрово ги направи екипата на...

4 извештаи (сите извештаи)2 препишани

Известуваат и: ФакторPress24+1

Народна банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка — отвора на Фактор

Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ а.д. Белград. Со судска одлука, Агенцијата за осигурување на депозити ќе биде назначена за стечаен управник, се наведува во соопштението. Како што е наведено во соопштението, Извршниот одбор констатираше дека пред одземањето на дозволата биле спроведени надзорни активности со цел да се…

26 извештаи (сите извештаи)10 препишани

Известуваат и: ТРНФокус+17

Редици српски граѓани пред експозитурите на Алта Банка во обид да си ги извлечат парите — отвора на Фокус

Алта банка се огласи по одземањето на дозволата: Еве што најави за парите на клиентите — отвора на Бизнис вести

По одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа, Алта банка АД Белград се огласи со официјално соопштение во кое потврди дека е започната стечајна постапка. Банката им се заблагодари на клиентите, штедачите и деловните партнери за довербата и соработката во изминатите години. Во соопштението се наведува дека постапката се ...

НБРМ ПРЕД ОДЛУКА: Што ќе се случи со АЛТА Банка Македонија, откако беше одземена дозволата во Србија? — отвора на Лидер

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка во Србија отвора сериозни правни прашања за иднината на нејзината банка во Македонија. Македонскиот Закон за банките предвидува можност за одземање на согласноста на мнозинскиот акционер, губење на гласачките права и задолжителна продажба на акциите во рок кој по правило не може да биде подолг од 180 дена. Сепак, тоа не значи дека и македонската…

Србија ѝ ја одзеде дозволата на Алта банка, која лани ја презеде Стопанска банка Битола — отвора на Мета.мк

Српската Народна банка утврдила значително влошување на финансиската состојба на белградската банка. Таа во 2025 година стана мнозински акционер во Стопанска банка Битола, во чија претходна сопственичка структура учествуваше и бизнисменот Орце Камчев

Мицкоски за Алта Банка: Не знам дали е се во ред, но за да дојде во Македонија банка, има таков клиринг-процес во рамките на Народната банка што не може фенинг капитал да влезе — отвора на 4NEWS

Два дена пред Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на Алта банка АД Белград, премиерот Христијан Мицкоски...

2 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Либертас

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците — отвора на Курир

Во септември 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити минимално се зголеми и изнесува 4,68%. На годишна основа продолжи трендот на намалување, при што падот изнесува 0,17 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,19% и бележи иста динамика како и каматата на кредитите - мал месечен раст од 0,01 п.п. и мал годишен пад од 0,01 п.п. Просечната каматна стапка на…

Како работела Комерцијална банка во првите девет месеци — отвора на еМагазин

Комерцијална банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава оствари добивка во од 4.204,8 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза. Споредено со истиот период лани добивката е намалена за 1,1%. -Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 111,1%. Намалувањето главно е резултат на помалку реализирани останати приходи од дејноста (пред ...

Комерцијална банка награди 26 вработени за 15 години посветена работа — отвора на Пари

Комерцијална банка додели јубилејни признанија и парични награди на 26 вработени кои одбележуваат 15 години работа во Банката. Наградите традиционално се доделуваат по повод Денот на штедењето, како признание за долгогодишната посветеност и придонесот на вработените во развојот и успешното работење на Банката. Од Комерцијална банка истакнуваат дека зад секој од овие јубилеи стојат години ...

Што ја урна „Алта банка“ и зошто Македонија треба да биде внимателна? — отвора на Рацин

Банка која за само неколку години од релативно мал финансиски играч прерасна во институција што опслужува големи државни компании, купува банки во регионот и шири бизниси во повеќе сектори, преку ноќ остана без дозвола за работа. Народната банка на Србија на 31 октомври ѝ ја одзеде лиценцата на „Алта банка“ од Белград, оценувајќи дека нејзината ...

СДСМ го вперува прстот кон власта: Префрлени ли се 50 милиони евра од Србија во Македонија непосредно пред Алта Банка да ја загуби дозволата?! — отвора на Фокус

СДСМ отвори прашања за наводен трансфер на повеќе од 50 милиони евра од централата на Алта банка...

Комерцијална банка со финансиска едукација на најмладите го одбележа Денот на штедењето — отвора на Пари

Комерцијална банка во текот на октомври организираше едукативни активности за деца од градинките и училиштата низ земјава, со цел да ги запознае со основните принципи на штедењето, парите и одговорното управување со нив. Активностите беа организирани по повод Денот на штедењето, а во нив учествуваше и препознатливата Верверичка на Банката. Во текот на месецот, деца ...

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ — отвора на Скопје1

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и Андреј Жерновски, обвинувајќи ги дека шират невистини и се обидуваат да го одвлечат вниманието од одговорноста за нивното претходно работење.Во партиското соопштение, објавено како реакција на прес-конференцијата на Жерновски, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче го испратил Жерновски да изнесува, како што…

АЛТА банка во знакот на штедењето - активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити — отвора на Фактор

По повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, АЛТА банка АД Битола реализираше низа активности посветени на развивањето на свеста за важноста на штедењето, истовремено продолжувајќи го периодот на промотивните услови за депозитните производи наменети за граѓаните. Во одбележувањето на овој ден активно се вклучија вработените од експозитурите на Банката низ земјата, кои преку посети на…

6 извештаи (сите извештаи)4 препишани

Известуваат и: ПариА1он+2

Уште само 7 дена до Techstars Startup Weekend Skopje 2026: Последни билети за 54 часа иновации и претприемништво! — отвора на Бизнис вести

Од 6 до 8 ноември, Скопје повторно ќе биде центар на иновациите и претприемништвото! Остануваат уште само седум дена до Techstars Startup Weekend Skopje 2026, кој ќе се одржи во Централната експозитура на ПроКредит Банка, во организација на Startup Club Skopje, со поддршка на ProCredit Bank и Mastercard. Под темата AI Native Solutions, 14-тото издание ...

Кристин Лагард заминува од челната позиција во ЕЦБ на 7 февруари 2027 година — отвора на Инфомакс

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ќе ја напушти функцијата на 7 февруари 2027 година, неколку месеци пред истекот на нејзиниот мандат. Одлуката официјално беше потврдена од ЕЦБ, а нејзиниот наследник ќе го избира Европскиот совет согласно утврдената постапка на Европската Унија. Кристин Лагард ќе се повлече од функцијата претседателка на Европската централна банка ...

Почна исплатата на октомвриските пензии — отвора на Рацин

Денеска, 30 октомври, почна предвремената исплата на октомвриските пензии. Четири банки имаат најавен или утврден термин за исплата на последниот работен ден од месецот, па дел од пензионерите ќе можат да располагаат со своите средства уште пред почетокот на ноември. Комерцијална банка, ТТК банка и Централна кооперативна банка официјално потврдија дека октомвриските пензии ќе бидат ...

5 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Акционерите на „Монте деи Паски ди Сиена“ го отфрлија планот за создавање голема банка во Италија — отвора на Бизнис Инфо

Акционерите на италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ (MПС) го отфрлија планот на извршниот директор Луиџи Ловаљи за преземање на сите обични акции на „Банка БПМ“ и „Банка Генерали“, како и предлогот за спојување со „Медиобанка“, поткопувајќи го обидот на менаџментот да ја зачува независноста и да создаде нова голема банка во Италија. Планот ...

Фиксен принос од 4,75%: Корпоративните обврзници на ТТК Банка достапни за инвеститорите — отвора на Бизнис Инфо

На седницата одржана на 26.10.2026 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација. Карактеристиките на овој финансиски инструмент се следни: Вид на хартија од вредност: корпоративни, преносливи, субординирани, необезбедени…

Колку ќе „тежи“ буџетот на Русија за 2027 година? — отвора на Фактор

Руската Дума го усвои предлог-буџетот за периодот 2027-2029 година во прво читање. Руската државна Дума денеска го усвои во прво читање предлогот за федерален буџет за 2027 година и планирачкиот период од 2028 до 2029 година. Приходите на рускиот федерален буџет се планирани на 43,3 милијарди рубли, или околу 480,2 милијарди евра во 2027 година, пресметано според денешниот курс на Банката на…

Пониските камати ја намалија добивката: Стопанска банка заработи 38,1 милион евра — отвора на Пари

Повеќе околности, но првенствено пониските каматни стапки, влијаеле врз финансискиот резултат на Стопанска банка Скопје. Работењето во првите девет месеци од годинава е заокружено со нето-добивка од 38,1 милион евра, што е за 18,3 отсто помалку од заработените 46,6 милиони евра во истиот период лани. Но, од друга страна, Банката го зголемила кредитното портфолио, а ...

Големите европски банки ги надминаа очекувањата на аналитичарите во третиот квартал од 2026 година — отвора на Бизнис Инфо

Големите европски банки генерално испорачаа подобри резултати од очекуваните во третиот квартал од 2026 година, бидејќи Deutsche Bank, BNP Paribas, Standard Chartered и Santander ги надминаа прогнозите на пазарните аналитичари, додека швајцарскиот UBS објави резултати приближно во согласност со проекциите. Дојче банк, најголемиот германски заемодавач, го зголеми својот профит за два отсто на…

ММФ и Светска банка: ВИ е како „цунами што се движи бавно“ и им се заканува на работните места ширум светот — отвора на Телма

Првите луѓе на ММФ и Светска Банка се загрижени за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот, особено кога станува збор за младите луѓе. Директорката на Меѓународниот монетарен фонд го опиша доаѓањето на вештачката интелигенција како „бавно цунами“ чии последици постепено ќе се шират низ пазарот на трудот. Според...

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature: Ново ниво на премиум привилегии — отвора на Бизнис вести

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова димензија во премиум банкарството – бидејќи вистинскиот луксуз е токму во искуството, во времето за себе, удобноста ...

Златна трка меѓу државите: Кој има најголеми златни резерви, кој купува, а кој го сели своето злато од САД? — отвора на Пари

Во светските трезори се чуваат речиси 37 илјади тони монетарно злато. САД располагаат со најголемите резерви, Кина и Полска забрзано купуваат, а Германија, Франција и Холандија ја преиспитуваат географската распределба на своите златни резерви. Македонија располага со околу 6,89 тони, кои ги чува во Банката на Англија. Но, додека вредноста на македонското злато расте со ...

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка: Раст на добивката, кредитите и депозитите — отвора на еМагазин

НЛБ Банка АД Скопје успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година, соопштија од таму. Банката оствари добивка од 2.91 милијарда денари, односно 2.53 милијарди денари добивка по оданочување, при значителен раст на кредитното портфолио, зголемена депозитна база и зајакната капитална позиција. Резултатите...

Колку чини излегувањето за две лица во европските градови? — отвора на Фактор

Кошничка што вклучува вечера за двајца, пијалоци, кафе, кино, превоз и облека чини од 168 до повеќе од 400 евра, во зависност од градот. Сепак, кога цените се споредуваат со просечната заработка, листата на најскапи дестинации изгледа сосема поинаку. Извештајот „Мапирање на светските цени 2026“, објавен од Истражувачкиот институт на Дојче Банк, покажува колку чини двајца да излезат во Европа.…

Се помал интерес за станбени кредити во еврозоната: Високите камати ги одвраќаат купувачите, банките најавуваат построги услови — отвора на Фактор

Побарувачката за станбени кредити во еврозоната бележи најголем пад во последните три години, а главната причина се високите каматни стапки. Банките очекуваат интересот за купување станови и куќи на кредит дополнително да се намали до крајот на годината, додека условите за одобрување кредити ќе стануваат построги, покажува најновата анкета на Европската централна банка (ЕЦБ), објавена денеска....

4 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: БулеварУтро

Беше најдобра тенисерка во светот, сега едвај врзува крај со крај — отвора на Република

Некогаш најдобрата тенисерка на планетата, легендарната Аранча Санчез Викарио (54), животот ѝ се претвори во вистински пекол. Аранча заврши на суд поради обвинувања дека заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Џозеф Сантакана, избегнала плаќање долг кон Банката на Луксембург, за што ѝ се заканувале неколку години затвор. ѝ се заканувала и четиригодишна затворска казна, но на ...

НЛБ Банка заработи 41,1 милион евра – кредитите со раст од 18,7 насто — отвора на Пари

Со раст на главните банкарски активности, со зголемена депозитна база и значително поголем обем на кредитирање, ги заокружи НЛБ Банка првите девет месеци од годинава. Позитивните движења се пресликале и кај крајниот финансиски резултат. Деветмесечната добивка пред оданочување е во износ од 47,3 милиони евра, А добивката по оданочување е 41,1 милион евра. Нето-заработката е ...

Економистите очекуваат побавен раст на каматните стапки во Велика Британија и слабеење на инфлаторните притисоци — отвора на Бизнис Инфо

Економистите во Сити веруваат дека Банката на Англија веројатно нема да ја зголеми референтната каматна стапка за цел процентен поен од сегашните 3,75 на 4,75 проценти до крајот на јули 2027 година, како што моментално очекуваат финансиските пазари. Тие веруваат дека таков циклус на затегнување на монетарната политика е малку веројатен, бидејќи засега нема многу ...

Банките во Европа едвај им даваат кредити на компаниите — отвора на Рацин

Европските компании се соочуваат со нов проблем: токму кога им се потребни повеќе пари за да ги покријат зголемените трошоци, банките стануваат повнимателни со кредитирањето. Најновото истражување на Европската централна банка покажува дека пристапот до кредити се влошува, каматните трошоци растат, а компаниите очекуваат ново зголемување на продажните цени. Дали Европа влегува во нов круг ...

Бум во банкарскиот сектор: Банките во Средна и Источна Европа остварија добивка од 31,5 милијарди евра — отвора на Бизнис Инфо

Банките од Централна и Источна Европа минатата година остварија вкупно 31,5 милијарди евра профит, со поврат на капиталот помеѓу 15 и 16 проценти, додека банките од Еврозоната остварија приближно девет проценти. Според најновиот извештај на австриската банкарска групација Raiffeisen Bank International (RBI), годишната добивка на банкарскиот сектор во Централна и Југоисточна Европа би можела да ...

21 милион евра за недвижности во Грција: Каде Македонците купуваат станови? — отвора на Булевар

Купувањето недвижност во странство станува опција за дел од македонските граѓани кои бараат сопствен простор за одмор или можност за приход од издавање. Грција привлекува значителни вложувања, додека како алтернативи се разгледуваат албанското крајбрежје и поголемите градови во Србија. Според наведените податоци на Банката на Грција, македонските резиденти во 2025 година вложиле 21 милион евра ...

3 извештаи (сите извештаи)1 препишан

Известуваат и: Утро

Пазарите ги чекаат одлуките на ЕЦБ и ФЕД — отвора на Бизнис Инфо

Фокусот на финансиските пазари оваа недела ќе бидат одлуките на Федералните резерви на САД (ФЕД), Европската централна банка (ЕЦБ) и Банката на Јапонија. Според пазарните очекувања, сите три институции ќе ги задржат постојните каматни стапки, но нивните најави би можеле да укажуваат на дополнително зголемување на каматните стапки во декември. Спротивно на тоа, се очекува ...