Обвинителката Хаџи Василева

6 настани во последните 30 дена, од 28 медиуми

Обвинителката Хаџи Василева: Вештачењето на одбраната не ја дискредитира ДНК-експертизата против Ристов — отвора на Нова Македонија

Денешното стручно мислење презентирано од одбраната на апелацискиот судија Ѓоко Ристов не содржи наоди со кои суштински се оспорува ДНК-експертизата на Обвинителството, оцени обвинителката Искра Хаџи Василева по завршувањето на денешното рочиште. Таа посочи дека анализата на вештото лице Атанас Козарев, предложено од одбраната, се однесува на начинот на кој биле прибирани и обезбедувани…

Хаџи-Василева утре седнува на раководното место во ОЈО ГОКК — отвора на Проверено

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција утре ќе се изврши примопредавање на раководната функција меѓу новоизбраната раководителка Искра Хаџи-Василева и нејзиниот претходник Ислам Абази. Хаџи- Василева на 12 ноември даде свечена изјава пред Советот на јавни обвинители, а како нова шефица на едно од најзначајните обвинителства најавува поефикасен кривичен…

Новата шефица на ОЈО ГОКК ќе даде свечена изјава пред Советот на јавни обвинители — отвора на Проверено

Новата шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева се очекува да даде свечена изјава пред Советот на јавни обвинители. Хаџи Василева е втората жена која по Вилма Рускоска ќе застане на чело на едно од најважните обвинителства во земјава. Таа беше избрана за нова шефица на ОЈО ...

Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност — отвора на Фактор

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева денеска по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов оцени дека правните мислења приложени од одбраната немаат доказна вредност и не можат да влијаат врз одлуката на судот. По презентираните материјални докази на одбраната, меѓу кои и правни мислења и толкувања од универзитетски професори, обвинителката рече дека судот е должен да ги цени фактите и…

Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал — отвора на Press24

Обвинителката Искра Хаџи Василева е победничка на денешните избори за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, неофицијално дознава Пресс24. Според информациите на Пресс24, од првично обработените гласачки ливчиња, Хаџи Василева освоила најголема поддршка од обвинителите кои денеска гласаа за избор на нов раководител на ова обвинителство. На денешните…

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција — отвора на Бизнис вести

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Преку дикретен избор со тајно гласање вкупно 187 јавни обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмината пријавени кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласачките места ќе бидат ...