Brdo-Brioni

29 настани во последните 30 дена, од 27 медиуми

Пирц Мусар од Охрид: „Нема силна Европа без проширување на Европската Унија“ — отвора на 4NEWS

Заврши самитот Брдо-Бриони во Охрид – лидерите побараа јасни правила за прием во ЕУ, без конкретен рок за членство — отвора на 4NEWS

Со барање Европската Унија да го оценува напредокот на секоја земја кандидат според спроведените реформи и однапред утврдените критериуми, денеска во Охрид...

Сиљановска-Давкова од Охрид: Хрватска и Словенија стојат зад нас, но не побарав да изберат страна во спорот со Бугарија — отвора на 4NEWS

Чупиќ: Со лидерите од регионот, кои присуствуваа на Процесот Брдо-Бриони, воспоставивме нов квалитет на комуникација — отвора на Либертас

Претседателката на Македонија е од академскиот свет. Имавме некои свои, лични теми, лични симпатии кон младите луѓе, кон нивното вклучување во политичките процеси како нешто што треба да биде лековито ако целиот овој регион сака да ги задржи и да опстане, и тие да останат овде заедно со нас, изјави попладнево во Охрид вршителот на ...

Сиљановска-Давкова за односите со Србија: Српско-македонските односи очекувам уште подобри да станат — отвора на 4NEWS

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува односите меѓу Македонија и Србија да се подобрат по парламентарните избори во Србија. Одговарајќи на новинарско прашање на...

Сиљановска-Давкова од Охрид предупреди дека без Западниот Балкан, ЕУ ќе остави геополитички вакуум — отвора на 4NEWS

Проширувањето на Европската Унија е „безбедносен императив“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по денешниот самит Брдо-Бриони во Охрид. Според неа, ако...

Сиљановска-Давкова и Широка-Пула од Охрид: Добрососедските односи се клучни за европската иднина на Балканот — отвора на 4NEWS

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на лидерскиот состанок во рамките на процесот Брдо-Бриони во Охрид, оствари средба со претседателката на Косово, Јустина...

Без навреди и со меѓусебно почитување – Пирц-Мусар ја пофали средбата во Охрид — отвора на Скопје1

Самитот на лидерите во рамките на процесот Брдо-Бриони, одржан во Охрид, беше најконструктивната средба досега, со култура на дијалог и меѓусебно почитување, оцени претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар.На прес-конференцијата по завршувањето на средбата, таа им се заблагодари на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за гостопримството и организацијата, како и на…

Милановиќ од Охрид: ЕУ минува низ тешко време, решенијата што се нудат се лоши — отвора на Нова Македонија

Европската Унија минува низ тежок период, нема одговори на предизвиците со кои се соочува, а дел од решенијата што се нудат се лоши. Ова го изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со претседателките на Македонија и Словенија, Гордана Силјановска-Давкова и Наташа Пирц-Мусар, по состанокот на Процесот Брдо-Бриони во Охрид. Милановиќ оцени дека Европската ...

Забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западен Балкан и регионалната соработка – клучни теми на Процесот Брдо-Бриони — отвора на MakPress

Интензивирањето на регионалната соработка, решавањето на отворените прашања, јакнењето на политичкиот дијалог и забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западен Балкан, се само некои од темите на денешниот работен состанок од Процесот Брдо-Бриони, што се одржува денеска во Охрид. На состанокот учествуваа претседателите на Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Косово – Гордана…

Сиљановска-Давкова: Словенија и Хрватска не нѐ оставија сами на патот кон ЕУ — отвора на Скопје1

Словенија и Хрватска не се задоволија само со споделување на сопственото искуство од членството во Европската Унија, туку понудија активно да им помогнат на земјите од регионот на нивниот европски пат, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по самитот на Процесот Брдо-Бриони во Охрид.Таа упати благодарност до претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа…

Чупиќ од Охрид: Очекувам формирање на новата Влада на Србија во разумен рок — отвора на Скопје1

Вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, од самитот на лидерите во рамките на процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Охрид, изјави дека очекува новата српска Влада да биде формирана во разумен рок, по што ќе бидат објавени нејзините планови и програма.Тој посочи дека во моментов не е овластен да ги открива деталите за надворешната политика на Србија, но нагласи дека таа ќе…

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид — отвора на Журнал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 ноември 2026 година (петок), ќе биде домаќинка на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и…

Милановиќ од Охрид предупреди дека ЕУ може да се претвори во „дисфункционална империја“ — отвора на 4NEWS

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека сака сите земји што учествуваа на денешниот самит Брдо-Бриони во Охрид да станат дел од Европската...

Мицкоски и Сиљановска-Давкова на неформална вечера со балканските претседатели во Охрид — отвора на Фокус

Хрватска и Србија се ракуваа во Охрид — отвора на Рацин

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ и претседателот на Собранието на Србија и в.д. претседател на државата Александар Чупиќ се ракуваа во Охрид после подолг период тензични изјави и процеси меѓу двете земји. Двајцата учествуваат на состанокот на Процесот Брдо-Бриони што се одржува во Охрид, Северна Македонија. Главната цел на оваа регионална иницијатива е забрзување на ...

Косовската претседателка во Охрид: „Косово и Албанија се едно срце, еден ум, една нација“ — отвора на Независен весник

За време на средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседателката на Косово, Јустина Широка-Пуља, истакна дека „Косово и Албанија се едно срце, еден ум и една нација, обединети од истиот дух од двете страни на границата“. За време на средбата на маргините на Процесот Брдо-Бриони, кој се одржува во Охрид, таа нагласи дека ...

Словенечката претседателка им покажа каде им е местото на лидерите кои пристигнаа на Самитот Брдо-Бриони — отвора на 4NEWS

Кој каде треба да застане за фотографирање? Токму тој момент го одбележа утринскиот пречек на лидерите на самитот Брдо-Бриони во Охрид. Камерата...

Предводникот на новите српски власти, Александар Чупиќ, утре треба да дојде во Охрид — отвора на Независен весник

Ако не се промени нешто претседателот на српското собрание и в.д. претседател на Србија, Александар Чупиќ, утре во Охрид треба да ја има промоцијата на новите власти. Тоа треба да се случи на собирот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони. Домаќин ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Чупиќ беше поканет од Антонио Кошта (претседателот на Европскиот ...

Македонија – регионална дипломатска раскрсница — отвора на Нова Македонија

Повод: Денес во Охрид продолжување на процесот Брдо-Бриони Можеби дипломатскиот формат Брдо-Бриони не е место каде што државите учеснички ќе бидат обврзани да преземат одредени конкретни постапки. Можеби Брдо-Бриони не е место ниту за отворање нови финансиски инструменти или лансирање конкретни проекти, но Брдо-Бриони сигурно дава простор на отворени комуникациски канали за разговор и размена ...

Денеска Самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар Чупиќ — отвора на Рацин

Петнаесеттиот самит на процесот Брдо-Бриони ќе се одржи денеска во Охрид, а главната тема, како што е најавено, ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со акцент на спроведување на потребните реформи, зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи. Лидерите ќе разговараат и за актуелните европски и регионални предизвици, поврзаноста, еколошките прашања и ...

Чупиќ во Охрид со важна дипломатска мисија. Прв регионален настап на новото српско раководство на самитот Брдо-Бриони — отвора на Национално

Охрид денеска е во центарот на регионалната дипломатија, каде што се одржува состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони. Регионалните лидери се собраа во хотелот „Инекс Олгица“, а средбата започна синоќа со неформална вечера на која присуствуваа високите претставници од Западен Балкан. Домаќин на состанокот е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со коорганизаторите, словенечката…

Посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга: Полицијата најавува застои и забрана за паркирање — отвора на Фактор

Поради одржувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, денеска и утре во Охрид и Струга ќе важат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од СВР Охрид. Полицијата најавува засилени контроли, привремени прекини на сообраќајот и забрана за запирање и паркирање на повеќе улици и патни правци по кои ќе се движат возилата со државните…

Мицкоски на неформална вечера со учесниците на Брдо-Бриони: Клучни се дијалогот, довербата и заедничката посветеност — отвора на 360 степени

Премиерот во објавата сподели и фотографии од средбата со учесниците на настанот. Меѓу нив е и претседателот...

Привремена забрана за паркирање на булеварот Туристичка во Охрид — отвора на Кајгана

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од…

Охрид ќе ги собере лидерите од Западен Балкан: европската интеграција и регионалната стабилност во фокусот на Брдо-Бриони — отвора на Рацин

Охрид на 27 ноември ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, регионална иницијатива насочена кон забрзување на европската интеграција на Западен Балкан и зајакнување на соработката и стабилноста во регионот. Средбата ќе се одржи во хотелот „Инекс Олгица“, во организација на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со…