Најважно во 10 ч, 15 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 10 часот.

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата — отвора на Бизнис вести

Од утре, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Согласно одребите…

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори — отвора на Скопје1

Во недела, на 15 ноември, од 8 часот наутро, ќе започнат активности за поставување нови светлосни сигнали на крстосницата меѓу улиците „Скупи“ и „Љубљанска“ во Скопје.Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека ќе се демонтираат постојните семафорски портални и обични столбови, како и семафорската опрема, согласно со одобрениот сообраќаен проект за измена на режимот на сообраќај.За време на…

Ѓорѓиевски: Запалени контејнери на повеќе локации во Скопје, барам итна реакција од МВР — отвора на Фактор

Повеќе контејнери вечерва биле запалени на две локации во Скопје – во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“. За палењето информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој побара од полицијата да ги прегледа снимките од камерите на „Безбеден град“. „Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. Тој побара МВР да…

Приказна5 настани · 14 извештаи

САД ги запреа полетувањата по дефект во системот за контрола на летање — отвора на 24 Инфо

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во петокот ги запре полетувањата од аеродромите низ САД по прекин во комуникациите во системот за контрола на летање. Речиси 7.000 летови биле одложени или откажани, според податоците на сервисот „ФлајтАвер“ што ги пренесе Ројтерс. ФАА ја воведе мерката од безбедносни причини во 15:54 часот по источноамериканско време, односно ...

Али Ахмети1 настан · 8 извештаи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура — отвора на Макфакс

Во позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви. Случајот Алта Банка ...

Трагедија: На 45-годишна возраст почина некогашниот репрезентативец Агрон Мемеди — отвора на SportSport

Македонскиот фудбал денезска доби уште една трагична вест. Некогашниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди, член на стручниот штаб на тетовска Шкендија, почина денеска на 45 годишна возраст. На Мемеди му се слошило на денешниот тренинг на тимот, колабирал, но починал на пат кон тетовската болница. Мемеди беше дел од фудбалскиот колектив на Шкендија и со години ...

УХМР: Најстудено утрово на Попова Шапка со шест степени, најтопло во Битола со 14 — отвора на Бизнис вести

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 6 степени , а најтопло утрово било во Битола со 14 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринските мерења, 7 степени биле измерени во Скопје на Зајчев Рид, Крива Паланка и Прилеп, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, ...

Италија го казни Фејсбук со 805 милиони евра зашто користел фотографии од телефоните на корисниците без нивна согласност — отвора на Сакам да кажам

Израел ги предупреди САД за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп — отвора на Фокус

Иран го нападна Бахреин — отвора на Инфомакс

Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања за можна закана и ги повикаа граѓаните да се упатат кон најблиското безбедно место. Во исто време, во првичните извештаи се наведува дека во областа на нафтеното пристаниште Ситра се слушнале три експлозии. Според еден локален извор, можно е најмалку еден проектил да погодил во пристанишната зона. Првичните ...

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел – ова е лоша вест за опозицијата — отвора на Република

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично охрабрувачки најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика во однос на туризамот. Како што изјави премиерот, амбицијата на Владата на почеток на година била земјава да има милион туристи и три милиони ноќевања, но заклучно со септември бележи повеќе од 1.100.000 туристи и скоро три милиони ...

Приказна3 настани · 9 извештаи

„Марш на ангелите“ во Кочани — отвора на 24 Вести

Јокиќ и Мареј влегоа во историјата на НБА: Денвер победи, со рекорд каков што досега никој не остварил (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Денвер на четирите гостувања во низа забележа три победи, а единствениот пораз го претрпе од Хјустон. Последниот триумф го оствари на гостувањето кај Њу Орлеанс, совладувајќи ги Пеликанс со 116:108, во натпревар во кој Никола Јокиќ и Џамал Мареј испишаа историја во НБА-лигата. Српскиот центар и канадскиот бек станаа првиот тандем во историјата на НБА ...

Ива Михаилова25 настани · 97 извештаи

Ива Михаилова тврди дека од бугарската тајна служба ѝ се заканиле дека ќе остане без помош ако прво не настапи на конкретен поткаст — отвора на 360 степени

„17′′ на Косара Митиќ номиниран за најдобро Европско откритие – при ФИПРЕСЦИ на европските филмски награди — отвора на Сакам да кажам

Судир на два авиони во Мајами: едниот слетувал, другиот се подготвувал за полетување — отвора на Макфакс

Карго-авион на американската компанија ЈПС и патнички авион на панамската авиокомпанија „Копа ерлајнс“ се судриле синоќа на меѓународниот аеродром во Мајами. Во инцидентот две лица се здобиле со полесни повреди, соопшти противпожарната служба на градот. Станува збор за авион „Боинг 767“ на ЈПС и „Боинг 737“ на „Копа ерлајнс“, пренесува Си-Би-Ес. UPS cargo plane collides ...

Приказна4 настани · 10 извештаи

Историски успех на „СпејсИкс“: За првпат успешно снимен „Старшип“ во воздух — отвора на ТРН

Вселенското летало „Старшип“ на „СпејсИкс“ во саботата се врати на Земјата, а огромни механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно. Ова е првпат ваков маневар за фаќање на леталото да биде успешно изведен, откако претходниот обид не успеа, пишува „Франс 24“. Успех засенет од неуспех ...

АХВ18 настани · 68 извештаи

Кравите од Крива Паланка се најдоа во Асошиејтед прес — отвора на Мета.мк

Асошиејтед прес пишува дека според жителите, кравите што слободно се движат претставуваат ризик за водоснабдувањето на градот и за возачите на патот што води кон Бугарија

Дамјан5 настани · 19 извештаи

Утре се празнуваат Св. Козма и Дамјан, браќата исцелители на кои Бог им даде моќ да лечат и чудотворат, а за тоа не побараа никаква награда — отвора на Охрид Прес

Православните верници утре го одбележуваат денот на Св. Козма и Дамјан, браќата исцелители на кои Бог им даде моќ да лечат и чудотворат, а за тоа не побараа никаква награда. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи-летен) и на 1 ноември ...

Денеска стартува 55.издание на “Златен Гонг“ — отвора на SportSport

Денеска започнува 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“. Една од најголемите спортски манифестации во Македонија со исклучителна голема и богата традиција. Истата ќе се одржи во спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Како што е познато на турнирот ќе настапат 89 боксери од 20 земји, а денешната програма започнува во 14 часот ...

Денеска е Св. Маченици: Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив беа христијани од Персија — отвора на Денешен

Денеска е 2 ноември според стар стил и се слават Св. маценици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите. Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша…

Макрон: Ограничувањето на помошта за Украина значи наметнување неправеден мир и рецепт за нова војна — отвора на Макфакс

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека земјите кои сакаат да ја ограничат помошта за Украина всушност се обидуваат да ѝ наметнат „неправеден мир“, што може да доведе до нова војна. Макрон ја упати пораката преку социјалните мрежи, во време кога САД посредуваат во преговорите меѓу Украина и Русија за ставање крај на војната, која започна ...

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата — отвора на Охрид Прес

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од ...

7 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: Лидер

Прашања

Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување — отвора на Макфакс

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сѐ потешката станбена криза во земјата. Протестите, организирани од платформата „Casa Para Viver“ (Дом за живеење) под слоганот „Нема да ни го украдат правото на дом“, се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и ...

Во Словенија молк пред утрешните локални избори — отвора на Бизнис вести

Во Словенија е во сила изборен молк пред утрешните локални избори, што ќе се одржат во сите 212 општини во земјата. Најголемо внимание привлекуваат изборите за градоначалник на Љубљана, каде што по 20 години владеење на Зоран Јанковиќ за првпат се очекува втор круг. Негов противкандидат во вториот круг би требало да биде претседателот на ...

42 годишна жена од Македонија загина во страшна сообраќајна несреќа – две лица мртви, петмина завршија во болница — отвора на Либертас

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и петмина повредени се случила денеска (14 ноември) во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер. Меѓу загинатите е и 42-годишната Малтина Ферати од Тетово, која го загубила животот во директен судир меѓу два автомобила. Според првичните информации од албанската полиција, несреќата се случила околу 10:15 ...

Приказна3 настани · 5 извештаи

Од семакедонскиот собир, повик за поголема грижа за Македонците во соседните земји — отвора на Телма

Македонците во Мала Преспа Албанија водат битка за зачување на македонскиот идентитет. Едмонд Темелко вели дека бугарски здруженија преку хуманитарни активности и лекари кои праваат бесплатни прегледи на населението сакаат да ја извртуваат вистината и токму овие акции ги прикажуваат дека се прават кај бугарско население. „Сега последно гледаме дека си играт и го злоупотребуват ...

Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници — отвора на Либертас

Народните правобранители на Русија и на Украина, Дмитро Лубинец и Јана Лантратова, разговарале за подготовки и начинот на спроведување на најавената голема размена на воени заробеници меѓу двете земји. Според објавата на Лубинец на платформата Телеграм, Лантратова потврдила дека во размената ќе бидат опфатени најмалку илјада лица. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно неделава…

Македонскиот фолклор на сцената на „St. Vincent de Paul Theatre“ во Малта — отвора на Проверено

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ ќе одржи концерт во „St. Vincent de Paul Theatre“ во Лука, Малта. Уметниците, хорот и оркестарот на „Танец“ ќе претстават репрезентативна програма од антологиски кореографии, изворни ора и народни песни. Концертот ќе опфати дел од најпрепознатливите бисери на македонското фолклорно творештво, истакнувајќи ги богатството на ритмите, ...

Донесен Законот за јавни набавки – остануваат повисоките прагови за набавки без тендер и плаќањето за пристап до податоци — отвора на 360 степени