Архива: 14 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата — отвора на Бизнис вести

Од утре, 15 ноември возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Согласно одребите…

Трагедија: На 45-годишна возраст почина некогашниот репрезентативец Агрон Мемеди — отвора на SportSport

Македонскиот фудбал денезска доби уште една трагична вест. Некогашниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди, член на стручниот штаб на тетовска Шкендија, почина денеска на 45 годишна возраст. На Мемеди му се слошило на денешниот тренинг на тимот, колабирал, но починал на пат кон тетовската болница. Мемеди беше дел од фудбалскиот колектив на Шкендија и со години ...

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро — отвора на Скопје1

Дванаесетгодишно девојче од Скопје било задржано против своја волја во патничко возило, во кое останало до следното утро, информира МВР.Случајот го пријавила нејзината 38-годишна мајка, која на 13 ноември во СВР Скопје пријавила дека ќерка ѝ претходниот ден се оддалечила од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.Според пријавеното, малолетничката и нејзина другарка се сретнале со неколку…

Ѓорѓиевски: Запалени контејнери на повеќе локации во Скопје, барам итна реакција од МВР — отвора на Фактор

Повеќе контејнери вечерва биле запалени на две локации во Скопје – во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“. За палењето информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој побара од полицијата да ги прегледа снимките од камерите на „Безбеден град“. „Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. Тој побара МВР да…

Почна дистрибуцијата на 400.000 вакцини против сипаници кај овците и козите — отвора на Скопје1

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со дистрибуција на 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите до ветеринарните друштва. Вакцините се од турско производство и се обезбедени како донација од Европската Унија, а нивното аплицирање на терен се очекува да почне од среда.Од АХВ информираат дека лабораториските испитувања на Факултетот за ветеринарна медицина го потврдиле…

Италија го казни Фејсбук со 805 милиони евра зашто користел фотографии од телефоните на корисниците без нивна согласност — отвора на Сакам да кажам

Трамп, Си и Путин ќе се сретнат — отвора на Проверено

Белата куќа потврди дека средбата меѓу Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин ќе се одржи следниот четврток во кинескиот град Шенжен, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). „Претседателот јасно стави до знаење дека, меѓу другото, ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Претседателот Трамп смета дека ...

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО — отвора на Бизнис вести

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските преговарачи на неодамнешните мировни разговори со Русија во Абу Даби покренале прашање за можно повлекување на украинските сили од Донбас во замена за членство на Украина во НАТО. Зеленски повтори дека Киев не е подготвен да се повлече од својата територија. Сепак, тој рече дека доколку Украина добие ...

Облаци, дожд и ветер – УХМР со прогноза за времето во Македонија — отвора на Национално

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд нѐ очекува во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе достигне до 18 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Во Скопје времето ќе биде ...

Мицкоски: Очекувам сите реформи од Реформската агенда да бидат завршени до декември — отвора на Нова Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември, пренесе МИА. На состанок во Владата посветен на спроведувањето на Реформската агенда, како што информираше Мицкоски, вчера биле презентирани деталите за статусот на законите ...

„Тимс“ и „Аутлук“ повторно работат: „Мајкрософт“ го отстрани дефектот по повеќе од 24 часа глобален прекин — отвора на Фактор

„Мајкрософт“ соопшти дека целосно ги обновил услугите на платформите „Тимс“, „Аутлук“, „Копилот“ и другите апликации, со што заврши глобалниот прекин што повеќе од 24 часа ја оневозможуваше интернет-комуникацијата на компании и владини институции. Компанијата на платформата „Икс“ објави дека ги завршила активностите за отстранување на причината за проблемот и повторно воспоставила услуги за сите…

„Марш на ангелите“ во Кочани — отвора на 24 Вести

Филипче: Македонија е на 41. место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките за трета економија — отвора на Press24

Македонија на дното, на 41 место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека ова е реалната состојба на македонската економија, а не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа и лагите за најбрз раст на ...

Ива Михаилова тврди дека од бугарската тајна служба ѝ се заканиле дека ќе остане без помош ако прво не настапи на конкретен поткаст — отвора на 360 степени

Пиштол пронајден кај ученик во средно училиште во Тетово! — отвора на Инфомакс

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка. Малолетникот бил задржан во полициска станица, за ...

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движењето ЗНАМ. Губењето на довербата во СДСМ е главна причина за прелетот — отвора на Плусинфо

42 годишна жена од Македонија загина во страшна сообраќајна несреќа – две лица мртви, петмина завршија во болница — отвора на Либертас

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и петмина повредени се случила денеска (14 ноември) во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер. Меѓу загинатите е и 42-годишната Малтина Ферати од Тетово, која го загубила животот во директен судир меѓу два автомобила. Според првичните информации од албанската полиција, несреќата се случила околу 10:15 ...

САД ги запреа полетувањата по дефект во системот за контрола на летање — отвора на 24 Инфо

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во петокот ги запре полетувањата од аеродромите низ САД по прекин во комуникациите во системот за контрола на летање. Речиси 7.000 летови биле одложени или откажани, според податоците на сервисот „ФлајтАвер“ што ги пренесе Ројтерс. ФАА ја воведе мерката од безбедносни причини во 15:54 часот по источноамериканско време, односно ...

Изминатото деноноќие уапсени девет возачи, шестмина од нив возеле без положен возачки испит — отвора на Скопје Инфо

„17′′ на Косара Митиќ номиниран за најдобро Европско откритие – при ФИПРЕСЦИ на европските филмски награди — отвора на Сакам да кажам

Маѓар со жестоки обвинувања против Орбан по заплената на 17,5 милиони евра — отвора на Скопје1

Унгарските власти заплениле околу 17,5 милиони евра скриена готовина, дел од кои биле пронајдени закопани во земја, во рамки на истрага против поранешен министер од владата на некогашниот премиер Виктор Орбан.Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот соопшти дека истражителите откриле големи количества пари скриени во шуми, земјоделски објекти, магацини и станбен објект, како и во…

Од понеделник потопло, температурата над просекот — отвора на Проверено

Студеното време што денеска ја зафати земјава ќе трае до утре, а веќе од понеделник се најавува променливо, но потопло време. Температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните ...

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен — отвора на Бизнис вести

Автопатот Кичево-Охрид се гради со одлична динамика. Делницата од кичевското село Извор до селото Врбјани во општина Дебарце се очекува во следните неколку недели да биде ставена во функција, порача од Охрид заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Така што остануваме на она што го ветивме, а тоа е согласно роковите ...

Мицкоски: Расте прометот во индустријата, зголемување од над 5,5 проценти во споредба со лани — отвора на Нова Македонија

Индустриското производство бележи позитивни резултати, што е особено значајно ако се земат предвид актуелните економски состојби во светот и Европската Унија, која е најголем трговски партнер на земјава. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека охрабрувачки е податокот за растот на прометот во индустријата од над 5,5 проценти во споредба со третиот квартал минатата година, што, како ...

Британија изгуби повеќе отколку што доби од Брегзит, кажа премиерот Барнам пред самитот со ЕУ — отвора на Сакам да кажам

Прв Форум за енергетска дипломатија во Скопје на 25 ноември — отвора на Рацин

Првиот Форум за енергетска дипломатија, насловен „Обновлива енергија и жени во енергетиката“, ќе се одржи на 25 ноември во Скопје. Форумот ќе се фокусира на регионалната соработка во енергетската безбедност, обновливите извори на енергија и зеленото финансирање, со посебен акцент на иницијативата за воспоставување регионална мрежа на жени во енергетската дипломатија, соопштија организаторите.…

Куба се подготвува за воен напад од САД — отвора на Проверено

Куба се подготвува за можен воен напад од страна на САД, изјави претседателот Мигел Дијаз-Канел, цитиран од ДПА. Тој ја даде својата изјава по зборовите на американскиот лидер Доналд Трамп, кои многумина ги сфатија како закана. „Решени сме да одбиеме секаков обид за странска воена агресија против нашата земја “, нагласи Дијаз-Канел. Сепак, тој нагласи ...

7 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: 4NEWSMakPress

Прашања

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно пуштен до крајот на мај, завршени градежните работи кај Пресека — отвора на Press24

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “Изведбата на автопатот оди со одлична динамика и морам да кажам дека сите се ангажирани и изведувачите и надзорот. ...

СВР Охрид предупредува на нов бран интернет измами и лажни пораки за „Безбеден град“ — отвора на Скопје1

СВР Охрид предупредува за зголемен број интернет и компјутерски измами, меѓу кои и лажни пораки за наводно сторени сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“.Според пријавите, граѓаните добиваат СМС-пораки и други електронски известувања од странски телефонски броеви, со линкови до лажно изработени веб-страници. Преку нив, измамниците ги наведуваат да вложуваат пари во…

Меџити во Бурса: Албанците во Турција, мост на соработка за ревитализација на Старата скопска чаршија — отвора на Бизнис вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, оствари средба со Шахин Биба, по потекло од Призрен, кој денес раководи со Бурса. Во фокусот на средбата беше ангажманот на истакнати Албанци во Турција и искористувањето на искуството на Бурса за реставрација и ревитализација на Старата скопска чаршија. За време на ...

УХМР: Најстудено утрово на Попова Шапка со шест степени, најтопло во Битола со 14 — отвора на Бизнис вести

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 6 степени , а најтопло утрово било во Битола со 14 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринските мерења, 7 степени биле измерени во Скопје на Зајчев Рид, Крива Паланка и Прилеп, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, ...

Унгарските власти запленија 19,5 милиони долари во истрага против министер од владата на Орбан — отвора на 360 степени

Мицкоски: Над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември — отвора на Нова Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски ги оцени како охрабрувачки најновите податоци на Државниот завод за статистика за состојбите во туристичкиот сектор, посочувајќи дека резултатите веќе ги надминуваат првично поставените цели на Владата. Како што истакна Мицкоски, владината амбиција на почетокот на годината била земјава да достигне еден милион туристи и три милиони ноќевања. Сепак, заклучно со…

Наместо да застане на „стоп“, додал гас и се обидел да прегази шумски полицаец - уапсен 53-годишник од тетовско — отвора на Скопје Инфо

Денес повторно протести во Франција; во Париз се очекуваат до 60.000 демонстранти — отвора на Проверено

За денес се најавени нови протести во педесетина градови низ Франција. Само во Париз, надлежните очекуваат на демонстрациите да учествуваат меѓу 30.000 и 60.000 луѓе.Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, изјави дека поради протестите – организирани како одговор на високите трошоци за живот – ќе бидат распоредени околу 70.000 полицајци и жандарми, што е ...

Кравите од Крива Паланка го обиколија светот — отвора на Рацин

Новинската агенција Асошиејтед Прес објави видео сторија од Крива Паланка, истакнувајќи дека крави кои шетаат слободно низ градот предизвикуваат хаос. Во сторијата се истакнува дека со години, жителите на Крива Паланка, опишан како земјоделски град со околу 19.000 жители во североисточна Северна Македонија, се борат со стадо говеда кое пораснало на повеќе од 1.000 животни, ...

Буџетот за 2027 година ќе има повеќе пари за плати, пензии и здравство: Димитриеска-Кочоска откри што е приоритет — отвора на Press24

Во подготовката на Буџетот за 2027 година се појде од определбата на Владата да нема промена во даночните стапки, што наметна внимателно планирање на приходите и расходите. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Колегиум„“ на ТВ Алфа. „Кога се подготвуваше Буџетот за 2027 година ја имавме предвид определбата на Владата, ...

Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди — отвора на Press24

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат на субвенциите за нови линии и инвестициите што ги правиме во аеродромите, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. ” Она што било проектирано за 2030 година, веќе го постигнуваме во 2026 година и ќе продолжи да расте во следниот период. Секако, една од ...

Адвокатски друштва и компании намерно рушат тендери за да заработуваат од државата, тврди Мицкоски кој ги бранеше измените на Законот за јавни набавки — отвора на Скопје1

Адвокатски друштва и компании свесно се договараат да пропаѓаат јавни набавки за потоа да заработуваат од постапките, тврди премиерот Христијан Мицкоски, кој на новинарско прашање ги бранеше измените на Законот за јавните набавки и зголемувањето на прагот за набавките во т.н. „четири очи“ кој се зголеми од 5.000 на 10.000 евра.На прашањето зошто Владата не ги прифатила забелешките на експертите и…

21-годишна битолчанка била давена и задушувана со голи раце од момчето - откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец — отвора на Скопје Инфо