Најважно во 23 ч, 26 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 23 часот.

Александар Чупиќ37 настани · 130 извештаи

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид — отвора на Журнал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 ноември 2026 година (петок), ќе биде домаќинка на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и…

Над 26.000 граѓани ќе добијат назад пари од финансиските друштва, познато е и во кој рок — отвора на Фактор

Повеќе од 140 милиони денари, односно околу 2,3 милиони евра, треба да им бидат вратени на над 26.000 граѓани во Македонија, откако Државниот пазарен инспекторат утврдил незаконска наплата на трошоци за опомени и известувања за доцнење со отплатата на брзите кредити. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција во Владата, на која беа презентирани резултатите од тримесечните инспекциски…

Приказна6 настани · 21 извештаи

Охриѓанец си го запалил станот – имало евакуација, 8 лица завршија во болница — отвора на 4NEWS

На 26.11.2026 година, полициски службеници од полициската станица Охрид, од слобода го лишија Ц.Н.(55) од Охрид кој се сомничи дека предизвикал пожар...

Приказна5 настани · 20 извештаи

Тошковски: Потенцијалните жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК — отвора на Либертас

Потенцијалните жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК, а полициските службеници до средината на 2027 година ќе бидат опремени со т.н. боди камери преку кои директно ќе испраќаат видео сигнали до командните центри. Ова, како што рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се двата нови проекта ...

Обвинителството бара притвор за сопственикот на „Информер“ — отвора на Фокус

Приказна24 настани · 41 извештаи

Срамен пораз на македонските кошаркари од Кипар (ФОТО) — отвора на SportSport

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена на домашен терен од Кипар со 75-85 во натпревар од втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година. Ова е голем удар бидејќи гостите беа голем аутсајдер, но нашите кошаркари влегоа опуштено на оваа средба. Со овој резултат, Македонија е далеку од остварување на поставената цел. Димитријевиќ постигн 30 поени, ...

МПЦ-ОА најостро го осуди насилството и повика на едукација на свештенството за негово препознавање и спречување — отвора на Нова Македонија

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) најостро ги осудува сите облици на насилство, особено семејното насилство, насилството врз жените, врсничкото насилство и насилството во дигиталниот простор, оценувајќи дека тие се неспојливи со христијанските и евангелските вредности и со почитувањето на човековото достоинство. На редовната…

Западен Балкан41 настани · 130 извештаи

Искористете ја сегашната можност за пристапување, кажа Коста на самитот ЕУ-Западен Балкан, најавена помош од 338 милиони евра за Македонија, Црна Гора и Албанија — отвора на Сакам да кажам

Почина работникот повреден во Мермерен комбинат Прилеп. Повредите биле фатални — отвора на Плусинфо

Обилни врнежи во следните три дена. На планините нова снежна покривка — отвора на Плусинфо

Приказна5 настани · 18 извештаи

Андоновски: Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“ — отвора на Бизнис вести

Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на конференцијата „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, во организација на Стопанската комора. Андоновски посочи дека со последната…

Приведен осомничен за убиството кај Смилковско езеро — отвора на Скопје Инфо

Едно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Најголем дел студенти сакаат 4.500 денари месечно за субвенциониран оброк — отвора на Проверено

Најголем дел од студентите или 97 проценти поддржуваат зголемување на износот на субвенционираниот оброк на 4.500 денари месечно, а дел или 79,5 проценти го претпочитаат постојниот ситем со платежни картички, покажуваат резултатите од изјаснувањето на студентите што ги објавува Националното студентско тело. Претставници на ова тело денес ќе одржат прес-конференција на која ќе ги претстават ...

Кристијан Корабоски34 настани · 175 извештаи

Утре започнува судењето за нападот врз Сара Ѓорѓиеска — отвора на Журнал

Со главна расправа, утре од 11:00 часот во Основен суд Охрид почнуба судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид. Предметот ќе го води судијата Александра Поп Стефанија, а од судот соопштија дека за овој како и за сите останати предмети ќе обезбеди транспарентост во законски рамки. Настанот што ...

Приказна4 настани · 8 извештаи

По прозивките, Гаши вели дека чека мислење од Владата за законските измени против фемициди — отвора на Рацин

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека до неговиот кабинет и до собраниските служби сѐ уште не пристигнало формално барање за закажување итна седница посветена на насилството врз жените и семејното насилство. Во однос на законските измени што се во собраниска процедура, тој посочи дека законодавниот дом чека мислење од Владата за да продолжи со ...

Приказна3 настани · 9 извештаи

Дурмиши: Недела останува неработен ден, ниту едно работничко право не е укинато, Владата работи на нивно унапредување — отвора на Либертас

Неделата останува неработен ден за сите граѓани. Владата е против тоа недела да не биде неработен ден и тоа сме го кажале неколку пати, изјави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Одговарајќи на пратеничко прашање од Борче Цветков од СДСМ, Дурмиши нагласи дека Владата е против укинување на статусот на недела како неработен ...

Судијката од гостиварскиот суд Теодора Евтимовска Бојковска предлог за нов уставен судија — отвора на 24 Вести

Приказна20 настани · 72 извештаи

Вучиќ најавува штрајк со глад: „Нема да примам терапија, ниту лекарска помош – кога ќе почнам, нема враќање назад“ — отвора на Фактор

Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, најави можен штрајк со глад како начин на борба против новата влада и дека, доколку донесе таква одлука, ќе биде целосно одлучен во намерата. „Нема да земам терапија, нема да земам ништо, прашање е кога ќе штрајкувам со глад. Откако ќе почнам, нема враќање назад. Бидејќи ќе им забранам на лекарите да ми даваат каква било помош. Ќе…

Путин бара масовна примена на вештачката интелигенција во Русија — отвора на Скопје1

Рускиот претседател Владимир Путин повика на масовна примена на вештачката интелигенција во економијата и секојдневниот живот, најавувајќи ажурирање на националната стратегија за развој на оваа технологија до 2036 година.Говорејќи на конференцијата „Патување во светот на вештачката интелигенција“ во Москва, Путин оцени дека поседувањето најсовремени модели веќе не е доволно за технолошка…

Полицијата се судри со навивачите: Мечот Бешикташ – Хапоел во прекин (ВИДЕО) — отвора на SportSport

Инциденти и прекин на натпреварот меѓу Бешикташ и израелскиот Хапоел Бер Шева во петтото коло од Лигата на Европа, кој се игра вечерва во грузискиот град Батуми. Според извештаите на турските медиуми, грузиската полиција интервенирала против навивачите на Бешикташ откако тие развеале палестински знамиња на трибините. Медиумите објавија снимки на кои се гледа како полициски ...

Приказна2 настани · 8 извештаи

Владата има решение за поширок пакет за поддршка на студентскиот стандард не само за студентскиот оброк — отвора на Брегалнички

Јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032 — отвора на Независен весник

Во Музејот на македонската борба утре (26 ноември), со почеток во 10 часот, ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032. На јавната расправа ќе се обратат министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Зомер, по што Нацрт-националната стратегија ќе ја презентира ...

Алта банка498 настани · 1796 извештаи

Вечерва во 360°: Угинати крави близу водоводот – може ли кривопаланечката криза да ескалира во здравствена — отвора на 360 степени

Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (26 ноември 2026 г.) од 20:50 часот...

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател на Турција на изборите во 2028 година — отвора на Скопје1

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел повторно да се кандидира на претседателските избори во 2028 година, откако владејачката коалиција постигнала согласност за негова нова кандидатура. Ова го потврди турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз.Тој најави дека изборите ќе се одржат во 2028 година, но не ја исклучи можноста датумот да биде поместен еден или два месеца порано од планираниот…

Руски генерал уапсен за примање поткуп „во особено голем износ“ Грехов бил надлежен за вооружување и опремување на воздухопловните сили — отвора на Плусинфо

Пленковиќ го заостри тонот кон Црна Гора „Нема арбитража, зборувам експлицитно, мислам на Превлака!“ — отвора на Плусинфо

Приказна13 настани · 34 извештаи

Филипче до Мицкоски: Порачајте им на вашите пријатели од Србија да не ми се закануваат — отвора на Press24

„Христијан, порачајте им на вашите пријатели од Србија со кои правите дилови за мазут да не ми се закануваат, затоа што не им се плашам. Јас сум на страна на Македонија, вие сте на страна на криминалот“, му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во ...

Приказна3 настани · 4 извештаи

Струмичани плаќаат за 21,6 проценти поскап леб од велешани — отвора на ТРН

Местото на живеење во Македонија влијае и врз тоа колку граѓаните плаќаат за најосновниот прехранбен производ – лебот. Истражувањето на Институтот за економски политики и истражувања „Фајненс тинк“ покажува значителни разлики во цените на лебот од пченично брашно тип 500 низ македонските градови. Најевтин леб јадат велешани, кои за еден килограм плаќаат во просек 70,65 ...

Трамп: Побарав од Путин да ја прекине воената агресија во дел од Европа — отвора на Либертас

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека на неодамнешната средба со рускиот претседател Владимир Путин побарал прекин на руската воена агресија во дел од Европа. – За време на мојот разговор во Кина со рускиот претседател Владимир Путин посветив многу време разговарајќи за тоа како би сакал претседателот Путин да ја прекине секоја воена агресија ...

Приказна5 настани · 7 извештаи

Кимих застана во одбрана на Мусијала и жестоко ги критикува челниците на Баерн — отвора на МакФудбал

Еден од капитените на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, упати остри критики кон раководството на клубот поради начинот на кој јавно се коментираат здравствената состојба и проблемите на Џамал Мусијала. Искусниот германски репрезентативец не го криеше незадоволството по поразот од Лил (2-1) во Лигата на шампионите, јасно ставајќи до знаење дека ваквите прашања мора да се ...