ГАШИ

40 настани во последните 30 дена, од 28 медиуми

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука — отвора на 24 Инфо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на албанската заедница по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука. „Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од ...

Гаши за членството во ЕУ: Македонија направи големи компромиси за остварување на оваа стратешка цел — отвора на Пулс24

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со директорот за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Кристоф Исранг, кој беше придружуван од...

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања — отвора на Независен весник

Собранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на Деловникот во однос ...

Гаши на одбележувањето 20 години од Академијата за судии и јавни обвинители: Владеењето на правото не се определува само според законите, туку и според тоа што го доживува граѓанинот кога бара правда — отвора на MakPress

Владеењето на правото не се мери само преку Уставот и законите, туку и преку искуството на граѓаните во остварувањето на правдата – порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Во обраќањето Гаши истакна дека Академијата две децении вложува во знаењето, професионализмот и ... The post Гаши на…

Гаши: Уставот треба да биде темел на стабилноста, инструмент за развој и ризница во која се чуваат основните вредности на државата — отвора на 24 Вести

Триесет и пет години по донесувањето на Уставот, предизвикот што се исправува пред нас е да се грижиме и да го зачуваме постигнатото, но истовремено и да се стремиме кон негово унапредување и да обезбедиме уставните принципи да заживеат во секојдневната институционална практика. Бидејќи владеењето на правото не се мери само според бројот на донесени закони, туку уште повеќе според нивната…

На 35-годишнината од Уставот Гаши повика на храброст за идните предизвици и европската интеграција — отвора на Скопје1

Уставот на Македонија треба да се развива и да се приспособува на општествените промени и европската перспектива, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на научната конференција по повод 35-годишнината од независноста и донесувањето на првиот Устав на државата.Гаши потсети дека Македонија во 2001 година го дополнила Уставот за зајакнување на меѓуетничката кохезија и зачувување на мирот…

ГАШИ ПОПУШТИ Опозицијата повторно ќе ја испрашува Владата во Собранието — отвора на Национално

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти дека опозициските пратенички прашања ќе бидат повторно поставени во рамки на 130. пленарна седница. Како што информираше Гаши, за ова прашање постигната е согласност на координативната средба со координаторите на пратеничките групи. Засега не е прецизирано кога ќе се одржи 130. пленарна седница на која пратениците од опозицијата повторно ...

Нема повеќе губење време во Собранието: Гаши најави седници без паузи — отвора на Скопско Ехо

Претстојните седници за пратенички прашања во Собранието ќе се одвиваат без редовни паузи, со цел опозицијата да добие...

Крај за паузите на опозициските прашања – Гаши најави два часа ефективно испрашување на Владата — отвора на 4NEWS

Без непотребни паузи и со два часа ефективни прашања до министрите – вака во иднина ќе се одвиваат собраниските седници посветени на...

Два часа паузи ја спасија Владата од прашања, Гаши сега ветува дека нема да се повтори — отвора на Рацин

По хаотичната собраниска седница на 12 ноември, која заврши без ниту едно опозициско прашање до Владата, претседателот на Собранието Африм Гаши најави нов обид за 18 ноември. Овојпат паузите нема да го одземаат времето предвидено за пратеничките прашања, иако Гаши и понатаму смета дека неговото претходно толкување на Деловникот било правилно. Два часа паузи, ниту ...

Гаши најавува опозициски прашања без паузи — отвора на Press24

Гаши најави опозициски прашања без паузи. Оваа измена доаѓа по последната ваква седница, која пропадна откако првата едночасовна пауза ја побара координаторката на ДУИ, Рина Ајдари, бидејќи собраниската сала беше празна, со барање да се соберат министрите кои требаше да одговараат на прашањата а втората пратениците на ЗНАМ. Па така двата часа поминаа без ниту ...

Студентите сакаат ручек по пратенички цени, Гаши вели дека се добредојдени во Собранието — отвора на 4NEWS

Група од 30 до 40 студенти сакаат на 27 ноември да ручаат во собранискиот ресторан и сами да ја платат храната по...

Гаши: Опозициските прашања ќе бидат повторени — отвора на Фокус

Гаши: Нема проблем кој не може да се реши преку отворен дијалог и координација — отвора на Нова Македонија

Нема проблем кој не може да се реши и никој не сака да прави преседани, туку сакаме заедно да одиме кон решавање на евентуалните или објективни проблеми што настануваат со интерпретација на одредени членови на деловникот. Преку отворен дијалог на координација во понеделник сите заедно можеме да дојдеме до такво решение, истакна денеска претседателот на ...

„Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“ тема на Форумот на балканските уставни судови — отвора на MakPress

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, со воведно обраќање ја отвори четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови, која се одржува во Охрид од 12 до 14 ноември 2026 година, на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“. Обраќање имаше и претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, а видеообраќања ... The post…

СДСМ: Со ситни игранки власта не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавност на СДСМ: Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание. Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања. Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со ...

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања — отвора на Скопје1

СДСМ ја обвини власта дека со барање паузи и, како што наведува партијата, прекршување на собранискиот Деловник ја оневозможила седницата за опозициски пратенички прашања.Од партијата велат дека со барањето едночасовни паузи од страна на опозицијата и пратеникот од ЗНАМ, како и со одлуката на претседателот на Собранието, Африм Гаши, паузите да се пресметаат во предвидените два часа, практично…

Опозицијата бара продолжување на седницата за опозициски прашања, Гаши вели поминало двочасовното планирано време — отвора на Проверено

Во барања за паузи и процедурални забелешки ја одбележаа денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања од опозицијата Наместо министрите да одговараат на прашањата од опозицијата, и пратениците од власта и од опозицијата бараа по еден час пауза. Откако координаторката на пратеничката група на ДУИ Рина Ајдари побара од претседателот на Собранието да обезбеди присуство ...

Нервоза во Собранието, власта „не даде“ пратенички прашања — отвора на Независен весник

Три часа откако почна седницата за пратенички прашања, ниту еден пратеник од опозицијата не успеја да постави прашање поради политичките игри на пратениците од власта и министрите. Кога атмосферата по дадените две паузи дојде до граница на конфликт, со постојани довикувања, навредувања и покажување среден прст, спикерот Африм Гаши даде – уште една пауза. ...

Паузата е искористена за саботажа на Собранието — отвора на Антропол

Пратеникот во Собранието на Македонија, М-р Сашко Јанчев, реагираше на одлуката на собранискиот спикер Африм Гаши, паузата дадена во текот на пратеничките прашања, да се смета како дел од работата на пратеничкиот состав. „Паузата во Собранието не може да се брои како работа. Пауза не е работа. Толку е едноставно и не е за верување ...

Министрите и премиерот не се појавија во собраниската сала на пратенички прашања, власта го стави на гласање спорниот закон за тендери — отвора на Сакам да кажам

По повеќемесечни барања, реакции и молби од пратениците од опозицијата кон собранискиот спикер Африм Гаши да ги обезбеди премиерот и ...

Апасиев: Гаши ја саботираше седницата за опозициски пратенички прашања — отвора на Антропол

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го обвини собранискиот спикер Африм Гаши дека ја оневозможил седницата за опозициски пратенички прашања преку „креативно толкување“ на Деловникот. Во објава на Фејсбук, Апасиев тврди дека Гаши паузите ги пресметувал во двочасовното време предвидено за поставување прашања од опозицијата и за одговори од страна на власта, иако за време на ...

Вечерва во 360°: Интервју со Гаши – за извештајот од ЕК, заглавените закони, довербата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен — отвора на 360 степени

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува претседателот на Собранието, Африм Гаши, се емитува вечерва...

Ќе има ли промени во јавните набавки? Пратениците утре повторно ќе гласаат за законот — отвора на Press24

Дури 2.158 амандмани се поднесени на измените на Законот за јавни набавки, кој повторно се враќа пред пратениците откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за негово прогласување. Владејачкото мнозинство поднело еден амандман со кој се предлага бришење на спорниот член 13, во согласност со забелешките на претседателката. Најголемиот дел од преостанатите амандмани…

7 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните измени не смеат да се претворат во меѓуетнички проблем – смета Африм Гаши — отвора на 360 степени

Претседателот на Собранието, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, изјави дека Европската Унија сторила неправда...

По ветото на Сиљановска-Давкова, поднесени 2 158 амандмани за измените на Законот за јавни набавки — отвора на 360 степени

Законот е ставен на дневен ред на пленарната седница закажана за утре, а Собранието треба повторно да...

Гаши за 2 158 амандмани за законот за јавни набавки – партиите да побараат заеднички јазик, инаку ќе се расправа според Деловникот — отвора на 360 степени

За измените денеска немало координација на пратеничките групи. Иако законот е прва точка на утрешната седница, Гаши...

Африм Гаши очекува редовни парламентарни избори, иако смета дека на Влен повеќе би му одговарале избори сега — отвора на 360 степени

Гаши за „360 Степени“: ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните измени не смеат да се претворат во меѓуетнички проблем — отвора на Press24

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во интервју за емисијата „360 Степени“ на МРТ 1 отворено се осврна на актуелните политички предизвици, евроинтеграциите на земјата и прашањето за уставните измени, нагласувајќи дека стабилноста и меѓуетничките односи во државата мора да се зачуваат по секоја цена. Коментирајќи го односот на Брисел кон земјата, Гаши истакна дека европските ...

Има ли проблеми внатре во Влен – одговара Африм Гаши — отвора на 360 степени

Ако се споредуваме со другите политички партии, ние одиме кон хомогенизација, конвергираме – вели претседателот на Собранието,...

Независноста на правосудството не зависи само од финансирањето – одговара Гаши прашан зошто Собранието гласа буџет под законскиот минимум — отвора на 360 степени

Освен за критиките за недоволните буџети за судската власт и за јавното обвинителство, претседателот на Собранието беше...

Гаши за извештајот на ЕК: Критиките држат, но има и плусови за Собранието како никогаш досега — отвора на 360 степени

Коментирајќи ја забелешката од Брисел за честата употреба на скратена законодавна процедура, особено кога иницијативите доаѓаат од...

Подолгото останување на власт ги троши елитите, секоја демократска промена е позитивна – вели Гаши за случувањата во Србија и Албанија — отвора на 360 степени

Во принцип сум оптимист кога студентите, младите и сите заедно, поддржани од граѓаните во еден демократски процес,...

Утре евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на премиерот Мицкоски — отвора на Press24

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, утре (5 ноември) официјално ќе му го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Предавањето на документот е закажано за 14:00 часот во Владата. По врачувањето на извештајот, амбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски во 14:45 часот ќе одржат заедничка прес-конференција во ...

Гаши за извештајот на ЕК: Ги прифаќаме критичките оценки, потребно е забрзување — отвора на 4NEWS

Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на Македонија ја нотира посветеноста на реформите, но посочува на отсуство на обиди за усвојување...

Гаши од Рокас го прими Извештајот на ЕК за напредокот на земјата за 2026 година — отвора на Инфомакс

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, официјално го примил Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година. Во објавата на Фејсбук, Гаши оценува документот претставува објективен преглед на постигнатите резултати и предизвиците со кои се соочува државата. -Истакнав дека овој…

Настан во Собранието – „Новинарство во акција учиме за демократија“ — отвора на Бизнис вести

Во Собранието денеска ќе се одржи настанот „Новинарство во акција учиме за демократија“, наменет за ученици во основните училишта. Како што информираат од собранисиката прес-служба, на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши и амбасадорот или заменик-амбасадорот на Швајцарија. Во рамки на настанот ќе се одржи презентација за проектите од училиштата: МААРИФ Меѓународно ...

Гаши: Критиките од Брисел ги прифаќаме сериозно, европскиот пат останува приоритет — отвора на 4NEWS

Недостигот од политички договор за одредени прашања и зачестеното носење закони по скратена постапка остануваат меѓу забелешките за работата на македонското Собрание...