Предлог-Буџет

40 настани во последните 30 дена, од 30 медиуми

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот — отвора на Проверено

Собраниската комисија за финансирање и буџет продолжува со разгледување на поднесените амандмани по Предлог-буџетот за 2027 година. Поднесени се над 300 амандмани, а дел од нив поднесени од опозицијата, беа одбиени. Меѓу нив имаше и такви со кои се бараше одвојување на средства за електронска алки за насилниците, за унапредување и модернизација на собранискиот канал, ...

Почна амандманската расправа по предлог-буџетот за 2027 година во матичната Комисија — отвора на Бизнис вести

Почна амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година на Собраниската комисија за финансирање и буџет. Пратениците разгледаа 15-тина од предложените 400 амандмани. Комисијата ќе продолжи со работа по паузата од 1 час, на барање на пратеничката Јованка Тренчевска. Ниту еден од разгледаните амандмани не беше прифатен. Опозициската СДСМ преку амандман предложи зголемување на минималната…

Мојсоска: ДПМНЕ три месеци го држи предлог-законот за семејно насилство во фиока и издвојува само трошки за заштита на жртвите – седум жени платија со живот поради институционалниот хаос — отвора на Антропол

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година побара дополнителни 1,5 милиони евра за воспоставување и функционирање на заеднички оперативни тимови на Министерството за внатрешни работи и центрите за социјална работа, со цел координирано постапување во случаите на семејно насилство. Амандманот беше одбиен од пратеничкото мнозинство на ДПМНЕ…

Левица поднесе амандман со кој се бараат 60 милиони денари за спас на Охридското Езеро — отвора на Антропол

Пратеничката група на Левица поднесе амандман на предлог-Буџетот за 2027 година со кој се предвидува дополнителни 60 милиони денари за урбанистичко уредување, справување со дивоградбите и заштита на Охридскиот регион, како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО. Со амандманот Левица предвидува: •финансирање на изработката и ревизијата на Генералните урбанистички планови за…

Исмаил: За Владата безбедноста значи милитаризација, а не заштита на граѓаните — отвора на Скопје1

На денешната прес-конференција, по повод почетокот на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, посочи дека буџетските приоритети на Владата откриваат поразителна политика во однос на безбедноста на граѓаните. Додека стотици милиони евра се издвојуваат за милитаризација и исполнување на обврските кон НАТО, се кратат средствата за социјална…

Продолжува разгледувањето на амандмани на Предлог-буџетот за 2027 — отвора на Проверено

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2027 година. Поднесени се вкупно 300 амандмани од кои дел се веќе разгледани. Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени оценки за економските проекции во Предлог-буџетот, за јавниот долг и за планираните капитални инвестиции. Вкупните приходи се проектирани на ниво ...

СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари — отвора на Press24

СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот за 2027 година бараат поголема минимална плата од 600 евра, повеќе пари за граѓаните и за младите. Студентскиот оброк да се зголеми за 2.500 денари месечно, а студентските стипендии од 6.050 на 8.000 денари. Предлозите ги претстави пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на ...

СДСМ има 161 амандман за буџетотот за 2027, главно за инфраструктурата — отвора на Независен весник

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата со 161 амандман за општините во рамки на Предлог-буџетот за 2027 година, предлагаат конкретни проекти за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните. Амандманите опфаќаат изградба на детски градинки, старечки домови, локални патишта, водоводна и канализациска мрежа, спортски објекти, катни гаражи и паркови. Координаторот на…

Левица бара 30 милиони денари за обнова на старото градско јадро на Битола — отвора на Антропол

Пратеничката група на Левица поднесе амандман на Предлог-буџетот за 2027 година со кој бара да се издвојат 30.000.000 денари за конзервација, реставрација и ревитализација на старото градско јадро на Битола, со посебен акцент на Старата битолска чаршија, Широк Сокак и автентичните градски фасади. Додека Битола го губи својот препознатлив архитектонски лик, локалната власт и Министерството ...

Жестока расправа за Буџетот за 2027 година – опозицијата поднесе околу 400 амандмани, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања — отвора на 4NEWS

Жестока дебата и меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата го одбележаа последниот ден од општата расправа за Предлог-буџетот за 2027 година во...

„Пензионерите можат да бидат спокојни“: Ристески најави продолжување на растот на пензиите — отвора на Press24

„Пред нас стои Предлог-буџетот за 2027 година, финансиски документ со јасна визија, чесна намера и силна развојна компонента. Во време кога глобалната економија сѐ уште се соочува со сериозни предизвици, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како домаќински, одговорно и храбро се управува со секој денар на граѓаните“, вели Петар Ристески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на ...

Битиќи: Владата планира задолжување од две милијарди евра — отвора на Press24

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на комисиската расправа за Предлог буџетот за 2027 година, нагласи дека претставувањето на планираното задолжување од 125 милијарди денари за следната година, како враќање на долгови наследени од претходната власт е уште еден обид на Владата да манипулира со фактите. Битиќи појасни дека и во самиот Предлог буџет јасно се ...

Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции — отвора на Press24

Емил Спасовски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, посочи дека финансиските параметри, планираните инвестиции, приоритетите што ги поставува, Буџетот за 2027 година, според него, треба да се гледа низ призмата на развојот, економската стабилност и фискалната одговорност. „Буџет кој…

Јаревски до опозицијата: Вашата дефиниција за социјална држава е или печатење пари или задолжувања на државата — отвора на Press24

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година е документ кој укажува на состојбите на стабилизација на економијата во државата, нејзиното закрепнување, како и домаќинскиот начин на водењето на државата. „Предлог-буџетот за 2027 година, не е само обичен финансиски план на ...

Нов ден, нова дебата за државната каса: Власта и опозицијата со спротивставени ставови — отвора на Press24

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2027 година, по тридневната дебата во која власта и опозицијата изнесоа спротивставени ставови за планираните приходи и расходи на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека предложениот буџет претставува продолжување на фискалната консолидација, зачувување на стабилноста на јавните финансии…

Велјановски кон СДС: Не можете да ја избришете меморијата од граѓаните за да заборават што се случуваше — отвора на Press24

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, ...

Мециновиќ: Мицкоски го присвои државниот буџет – Левица со 80 амандмани за враќање на јавните пари во служба на граѓаните — отвора на Антропол

„Тоа што треба да биде буџет на Република Македонија, веќе две години е ексклузивно буџет на Христијан Мицкоски, кој се однесува како суверен над сите нас“, истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по повод Предлог-буџетот за 2027 година, најавувајќи 80 амандмани со кои Левица предлага, како што велат тие, поинаква распределба на ...

Коњановски: За пензии во 2027 година се планирани 123,8 милијарди денари — отвора на Press24

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати Никола Коњановски пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Твоја Македонија“ и истакна дека Предлог-буџетот за 2027 година предвидува вкупни приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 3,5% од БДП и дека буџетската рамка е насочена ...

Арсова: Со Предлог Буџетот за 2027 се зголемуваат средствата за клиничките центри во Скопје и Штип — отвора на Скопје1

Зголемување на средствата за здравствена заштита, медицинска опрема и клиничките центри во Скопје и Штип е предвидено со Предлог-буџетот за 2027 година. Ова го истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, осврнувајќи се на планираните вложувања во здравствениот сектор.Арсова оцени дека предложениот буџет претставува продолжување на…

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Press24

Прашања

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа — отвора на Скопје1

Развојот на инфраструктурата, поддршката на општините и отворањето нови работни места се меѓу приоритетите што треба да ги обезбеди Предлог-буџетот за 2027 година. Ова го истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Ѓорѓиева, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет.Таа посочи дека за капитални расходи се предвидени 40,8 милијарди денари, нагласувајќи дека средствата треба да се…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Press24

Прашања

Иванов: Предлог-буџетот за 2027 година се темели на три принципи: економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните — отвора на Скопје1

Економскиот раст, финансиската стабилност и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните се трите основни принципи врз кои се темели Предлог-буџетот за 2027 година, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет.Во своето излагање тој се осврна на социјалната компонента на буџетот, посочувајќи дека за социјални трансфери се планирани…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Press24

Прашања

Кузманоска: Со Предлог-буџетот предвидени се 40,8 милијарди денари за капитални расходи за инфраструктурни инвестиции како коридорите 8 и 10д и автопатското поврзување на Прилеп и Битола — отвора на Скопје1

Предлог-буџетот за 2027 година предвидува 40,8 милијарди денари за капитални расходи, наменети за инфраструктурни инвестиции, меѓу кои изградбата на коридорите 8 и 10д и автопатското поврзување на Прилеп и Битола. Ова го истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, оценувајќи дека буџетот треба да обезбеди финансиска стабилност…

Панова: Правдата треба да се обезбеди навремено, затоа во Предлог-буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава — отвора на Скопје1

Средствата за судската власт во Предлог-буџетот за 2027 година се зголемуваат за 15,3 проценти во споредба со годинава, а за јавното обвинителство се предвидени 8,9 проценти повеќе. Овие податоци ги истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, посочувајќи дека поголемите средства треба да донесат навремена и неселективна правда.За…

СДСМ: Мицкоски и Кочоска ќе ги задолжат граѓаните за нови 2 милијарди евра — отвора на Press24

СДСМ ја обвини министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека ја манипулира јавноста со тврдењата за две милијарди евра долг што треба да се врати во 2027 година, посочувајќи дека податоците во Предлог-буџетот за следната година покажуваат поинаква слика. Од партијата велат дека самата министерка во Предлог-буџетот, на страниците 16 и 17, навела дека за отплата ...

Пензии, плати, долгови и ризици – Буџетот 2027 е најтежок досега, вели Димитриеска-Кочоска — отвора на Пари

Македонија во 2027 треба да врати долгови од 2 милијарди евра – парите ќе ги бара со нови задолжувања — отвора на ТРН

Македонија влегува во 2027 година со две големи финансиски обврски. Првата е да го финансира редовното работење на државата, од исплатата на плати и пензии до функционирањето на институциите и реализацијата на јавните инвестиции. Втората е да ги обезбеди парите за враќање на долговите што доспеваат во текот на годината. Според Предлог-буџетот за 2027 година, ...

Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активност на државата — отвора на Скопје1

Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година истакна дека очекувањата за 2027 година се, како што вели тој, да се продолжат позитивните економски движења во државата, а реалниот раст на БДП да изнесува 3,8%. Стојановски, истовремено, потсети и на ниските стапки на инфлација…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Press24

Прашања

Дрвошанов: Предлог-буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст — отвора на Скопје1

Одржувањето на макроекономската стабилност, забрзувањето на економскиот раст и одговорното управување со јавните финансии се главните цели на Предлог-буџетот за 2027 година, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.Тој посочи дека буџетот е подготвен во услови на неизвесно меѓународно економско опкружување, геополитички…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Press24

Прашања

Лукаревска: Секое трето дете живее под прагот на сиромаштија, новиот буџет крати од најранливите, а ги зголемува долговите и каматите — отвора на Журнал

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека Предлог-буџетот за 2027 година, наместо да понуди развој, подобар животен стандард и сигурност за граѓаните, ги продлабочува постојните економски и социјални проблеми. Таа посочи дека дефицитот изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, додека капиталните расходи се планирани ...

Продолжува комисиската расправа за предлог-буџетот за 2027 година — отвора на Бизнис вести

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе продолжи разгледувањето на предлог-буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправа за буџетот трае 10 дена, а почна во петокот. Од десетте дена, најмногу четири дена се за општ претрес и шест дена за амандмани. За предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од ...

Тушевска: Во Предлог буџетот за 2027 приоритет е и здравството за кое има раст од 5,2% во однос на претходниот буџет за оваа област — отвора на Скопје1

Здравството и образованието се меѓу областите на кои им се посветува внимание во Предлог-буџетот за 2027 година, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.За Министерството за здравство се предвидени 8,127 милијарди денари, што е зголемување од 5,2 отсто во однос на последниот буџетски план за 2026 година. Тушевска посочи…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Press24

Прашања

Јованчев: Наследивме огромни долгови, а во 2027 година мора да отплатиме и еврообврзница од 500 милиони евра — отвора на Press24

Зоранчо Јованчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, истакна дека приоритети за 2027 година се одговорното управување со јавните финансии, намалувањето на задолжувањата и поддршката на земјоделството, како и останатите сектори. „Во следната 2027 година доспеваат обврски за сервисирање и ...

Ковачевски: Само 9 отсто од буџетот за 2027 година се наменети за капитални инвестиции — отвора на Press24

Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцираше дека Предлог-буџетот за 2027 година не нуди ниту развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните, а Владата продолжува да ги зголемува тековните расходи, додека средствата за капитални инвестиции и развојните програми во клучните области се недоволни или се намалуваат. „Граѓаните не го оценуваат буџетот според бројот на милијарди денари ...

3 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: 24 Инфо

Прашања

Костадиновска Стојчевска: Со новиот буџет власта ги крати парите за култура и ги гази правата на културните работници — отвора на 24 Инфо

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, на Комисијата за буџет и финансирање, нагласи дека и во секторот култура дека наместо развој и инвестиции, власта на ВМРО продолжува со кратења, неисполнети ветувања и целосно запоставување на културниот сектор. Таа посочи дека Владата нема ниту стратегија за култура, ниту ...

Пенков: Резултатите се видливи и Македонија може да премине на следната фаза, а тоа е постигнување раст на БДП повисок од 4% и постепено да се зголемува — отвора на Скопје1

Постигнување економски раст повисок од 4 отсто и постепено подобрување на животниот стандард се меѓу главните цели на економската политика, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков, на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.Осврнувајќи се на Предлог-буџетот за 2027 година, Пенков ги посочи планираните приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди…

2 милијарди евра за пензии, 954 милиони за здравство, 930 милиони за плати на администрацијата - каков е предлог-Буџетот за 2027-ма? — отвора на Скопје Инфо

Предлог-буџетот за 2027 година, кој изнесува 7,2 милијарди евра, влезе во собраниска процедура. Во надлежната собраниска комисија започнува расправата, која се очекува да трае десетина дена, а власта и опозицијата веќе излегоа со спротивставени ставови за предложените финансиски проекции.

Почнува дебатата за Предлогот на буџетот за 2027 година — отвора на Бизнис вести

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето на Предлог на буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправата за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу четири дена за општ претрес и шест дена за амандмани. За Предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од овластени предлагачи. Во Предлог буџетот ...

Буџетот за 2027 тежи 7,2 милијарди евра, најголем дел за пензии, плати и здравство — отвора на Скопско Ехо

Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2027: Проектиран раст од 3,8% и 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции — отвора на Press24

Предлог-буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст, со јасен фокус на развојните инвестиции, редовното исполнување на обврските кон граѓаните и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го…

Битиќи: Буџетот за 2027 година е буџет на долгови, камати и економско назадување — отвора на 24 Инфо

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се расправаше за Предлог-буџетот за 2027 година, порача дека Владата бара доверба за управување со над 440 милијарди денари јавни средства, а притоа не покажува ниту транспарентност ниту институционална одговорност за скандалот со Алта банка. Посочувајќи ја паралелата со ...