Работна

40 настани во последните 30 дена, од 33 медиуми

Работна посета на Кожани и Лерин, Република Грција на претставници на општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ — отвора на Охрид1

Претставници на Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид, во периодот од 23 до 24 ноември 2026 година, беа во работна посета на Кожани и Лерин, Република Грција, на покана на ЕНВИРОПЛАН С.А. Посетата се реализираше во рамките на проектот „Регионално управување со цврст отпад – Корпоративен развој и институционална поддршка“, финансиран од ЕБОР ...

Фаворитите без грешка во 6. коло во одбојкарскиот шампионат — отвора на SportSport

Гостинските екипи доминираа во натпреварите од шестото коло во групата А од Првата машка одбојкарска лига. Штип УГД, ГОК Борец и Струмица 47&72 забележаа максимални победи од 3:0 во дуелите со Универзитетот во Тетово, Сушево и Работнички 71&22. Во групата Б, Лирија исто така славеше убедливо на гостувањето кај Весна Пробиштип, со 3:0 во сетови. ...

Дисциплински постапки против Тиквеш, Пелистер и Тетекс поради користење на пиротехнички средства на нивните натпревари — отвора на МакФудбал

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за поведување дисциплински постапки и изрекување казни за фудбалери и официјални лица од натпреварувањата во рамки на ФФМ. Поведување на постапка против ФК Пелистер АД поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Пелистер- ФК Тетекс во рамки на 12 коло Втора МФЛ. Поведување на постапка ...

Три меча суспензија за Јакупи, Работнички еден месец без тренер на клупата — отвора на SportSport

Најновата седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија донесе неколку одлуки кои што се однесуваат како за прволигашката така и за второлигашката фудбалска конкуренција. Играчот на Арсими, Лорик Каба Јакупи доби директен црвен картон на последниот дуел одигран во ПМФЛ шампионатот, и поради тоа ќе мора да паузира три натпревари. Од друга страна ...

Мирен и масовен протест во Атина во рамките на штрајкот на вработените во државниот сектор во Грција — отвора на MakPress

Дајте пари за плати, здравство и образование, а не за војни“; „Штрајкуваме за достоинство во животот и на работните места“; „Да се стави крај на осиромашувањето“; „Вратете ги 13-та и 14-та плата“; „Работни места и зголемувања на платите, а не војни“; „’Не’ за распаѓањето на јавното образование“, беа дел од слоганите на двата одделни протести ... The post Мирен и масовен протест во Атина во…

Синдикатите во Грција на масовен штрајк, бараат повисоки плати и враќање на 13-та и 14-та плата — отвора на ТРН

Синдикатите од јавниот и приватниот сектор во Грција денес излегуваат на 24 часовен генерален штрајк со итно барање за зголемување на платите и враќање на укинатите бонуси. Штрајкот е предводен од Конфедерацијата на вработени во јавниот скетор (АДЕДИ) и Работничкиот центар на Атина (ЕКА). Протестот ќе предизвика сериозни нарушувања во јавниот превоз, поморските линии и ...

Работнички подготвува нова „бомба“ за враќање на шампионскиот пехар! — отвора на SportSport

Екипата на Работнички по долго време го врати стариот сјај. „Црвено-белите“ играат како препородени, а конечно и најавите за подобри времиња добиваат смисла. За тоа најдобро говорат осумте победи во исто толку одиграни натпревари на стартот од новата сезона во Супер-лигата. Сосема очекувано, по ваквиот резултат, амбициите на Работнички повторно се шампионски. Тимот од „Градски ...

За стан од 50 квадрати државата ќе и подари 35.000 евра на градежната мафија. Работничка партија со жестока порака до премиерот — отвора на Национално

Работничка партија реагира на најновата џамбаска мерка на премиерот Христијан Мицковски. Зошто попуст од најмалку 20% на станови што ке ги купат луге под 35 години и кој ке ги плати тие најмалку 20%. Зарем премиеру со тоа се ставаш на услуга на продавачите на станови и таканаречената градежна мафија. А што ако станот чини ...

Божиновска: Потребни се еднакви можности за жените во кариерниот развој и лидерството — отвора на Фактор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и амбасадорка на регионалната мрежа Women on Boards Adria (WOBA), Сања Божиновска, денеска учествуваше на настанот „Жените во корпоративното лидерство: Од сознанија до акција“, организиран од WOBA во соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ), посветен на унапредувањето на учеството на жените во корпоративното управување и на…

Јавна расправа за Предлог-законот за органите на државната управа — отвора на Проверено

Јавна расправа за работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се одржи во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90. седница, на 23 ноември 2026 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот, во Сала „Борис ...

Ефремовски: Македонија треба да продолжи со победничката серија — отвора на Спортманија

Македонската машка кошаркарска репрезентација ги почна подготовките за дуелот со Кипар од претквалификациите за Европското првенство 2029. Тимот на селекторот Хосеп Марија Берокал тренира во салата „Лазар Лечиќ“ која му е одлично позната на бекот Виктор Ефремовски кој е и капитен на Работнички, па секојдневно тоа е негов домашен терен. Македонија победи убедливо на гости ...

Одбојкарите на Борец доминантни во Скопје, победа и за дамите во Куманово — отвора на Батали

Одбојкарите на Борец на гостувањето во Скопје кај екипата на Работнички одново ја покажаа својата доминантност, забележувајќи убедлива победа од 0:3 во сетови, во рамки на 5. коло од првенството. Велешани до триумфот дојдоа со сигурна игра и во трите сета, во кои славеа со 20:25, 22:25 и 23:25. Борец има еден заостанат натпревар, оној ...

Без триење и скапи средства: најдобриот начин за чистење маснотија од кујнските елементи — отвора на ТРН

Кујнските елементи се една од оние површини што често ги „забораваме“. Работните површини ги бришеме редовно, садовите ги миеме по секој оброк, но вратите на елементите над шпоретот и околу аспираторот често остануваат надвор од секојдневното чистење. Токму на нив со текот на времето се собираат маснотија, прашина и ситни честички од готвењето, а резултатот ...

Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа — отвора на Битола њуз

Јанта Волеј – Пелистер Волеј 2:3 (21:25; 25:19; 25:17; 23:25; 07:15) Одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола се враќаат со голема победа над неколкукратниот шампион... The post Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа first appeared on Bitola News.

ГОК Борец убедлив, Сушево му зеде сет на шампионот — отвора на SportSport

ГОК Борец забележа убедлива победа од 3:0 против Работнички 71&22 во петтото коло од одбојкарскиот шампионат во групата А. Велешани ги добија трите сета со 25:20, 25:22 и 25:23, потврдувајќи ја добрата форма. Лидерот Штип УГД, пак, славеше со 3:1 на гостувањето кај Сушево, но домаќините успеаја да освојат еден сет. Штипјани поведоа со 2:0 ...

Работнички продолжува да игра без грешка, МЗТ ја прекина серијата на порази — отвора на Дерби

Кошаркарките на Работнички продолжуваат да играат без грешка во Суперлигата, а најнова жртва им е составот на ТФТ кој беше надигран во салата „Лазар Лечиќ“ со 104:84. „Центарци“ играат со голема самодоверба и тоа го покажаа против ТФТ, тим кој низ годиниве беше доста незгоден за нив. Меѓутоа денеска Работнички доминираше, ги доби сите четири ...

МЗТ Скопје убедлив против Штип за крај на серијата порази — отвора на Спорт+

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа КК Штип со 96:74 во последниот натпревар од осмото коло во македонската кошаркарска Суперлига. Со овој дуел во СЦ „Јане Сандански“ е комплетирано осмото суперлигашко коло, а домаќинот се врати на победничкиот колосек. За „сино-белите“ ова е шеста победа сезонава, со која остануваат на второто место на табелата веднаш зад непоразениот Работнички.…

Работна средба на Мицкоски со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на работен состанок во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров, каде што со членовите разговарал за актуелните политички и општествени состојби, предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и можностите за реализација на нови иницијативи и проекти.Како што објави Мицкоски, на средбата биле разменети мислења и предлози со цел утврдување на…

Работнички со 100-ка го совлада и ТФТ и остана перфектен во Супер лигата — отвора на Спорт+

Кошаркарите на Работнички ја продолжуваат победничката серија во македонската Супер лига. Во натпревар од 8.коло вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ Работнички ја впиша и осмата победа. Тимот од Градски парк славеше во дуелот со ТФТ со 103-84. Работнички го направи во втората четвртина, која му припадна со 26-17 за комотни 47-34 на полувремето. Во продолжението се играше брза и ефикасна кошарка, а…

„Црвено-белата“ доминација продолжува: Работнички преку ТФТ до „осум од осум“ (ФОТО) — отвора на SportSport

Работнички го продолжи победничкиот поход во Супер-лигата. „Црвено-белите“ го запишаа осмиот триумф во низа, откако на домашен терен со убедли 103-84 го совладаа ТФТ во дербито на колото. Со новите бодови, Работнички се зацврсти на врвот на табелата и остана единствен тим без пораз од стартот на сезоната. На другата страна за ТФТ ова четврти ...

Победи на водечката тројка во Втората македонска фудбалска лига — отвора на Дерби

Охрид, Пелистер и Работнички се трите екипи кои се издвоија на врвот на табелата во Втората македонска лига, три клуба кои ќе водат жестока битка за влез во елитната фудбалска конкуренција. Токму оваа тројка денеска забележа нови победи и тоа пред своите гледачи. Лидерот Охрид беше подобар од Беласица со 2-1, „зелено-белите“ од Битола беа ...

Охриѓани не го даваат врвот во Втората лига — отвора на Спортманија

Водечките екипи во Втората лига остварија победи, а особено важен е триумфот на ГФК Охрид Лихнидос кој со 2-1 ја совлада Беласица во дербито и остана прв на табелата со три бодови повеќе од Пелистер. Битолчани дома го победија Тетекс со 3-1, а третото место го држи Работнички кој има и еден меч помалку. Работнички ...

Втора лига: Охрид, Пелистер и Работнички продолжуваат со победи — отвора на МакФудбал

Борбата за врвот во Втората македонска фудбалска лига продолжува со несмалено темпо. Трите главни кандидати за највисок пласман, ГФК Охрид, Пелистер и Работнички, забележаа победи во 12. коло и ја задржаа неизвесноста во трката за лидерската позиција. Пелистер беше сигурен на домашен терен против Тетекс, совладувајќи го со 3-1. Битолчани уште во првото полувреме ја ...

Спасев: Фокусот и вербата во сопствената работа ќе ни донесат позитивен резултат — отвора на SportSport

Денеска во Супер-лигата ќе има интересни пресметки. Покрај натпреварот во салата „Лазар Лечиќ“ помеѓу Работнички и ТФТ, во центарот на вниманието е дуелот во Битола каде Пелистер го дочекува Куманово (19:30 часот). Станува збор за две екипи со различен скор, домашниот тим е претпоследен има две победи и пет порази, додека гостите се четврти на ...

Охрид, Пелистер и Работнички со „домашна задача“ во Втората лига — отвора на МакФудбал

По пауза од две недели, натпреварите во Втората македонска лига продолжуваат овој викенд со средбите од 12. коло. Денеска ќе се одиграат шест натпревари, сите со почеток во 13 часот, додека колото ќе биде затворено утре со дуелот меѓу Камјани и Еуромилк. Посебно внимание привлекува настапот на водечките екипи. Охрид, кој се наоѓа на врвот ...

Работнички го пречекува ТФТ, МЗТ Скопје против разиграниот Штип — отвора на Спорт+

Четири натпревари ќе се играат денеска од 8.коло во машката кошаркарска Супер лига. Скопските сали денеска ќе бидат центар на вниманието со две возбудливи пресметки. Непоразениот Работнички е на дерби-испит против ТФТ, додека МЗТ Скопје Аеродром го пречекува разиграниот Штип. Составот од „Градски парк“ е единствен тим без пораз сезонава и суверено го држи врвот на табелата со 14 бода. Кошаркарите…

„Солена“ парична казна за Ефремовски за удирање на Тадиќ на дербито во „Јане Сандански“ — отвора на SportSport

Најдобриот кошаркар на Работнички, Виктор Ефремовски, доби голема парична казна за удирање на противнички кошаркар на дербито со МЗТ Скопје. Имено, како што беше пријавено во записникот по натпреврот, при меѓусебното поздравување на кошаркарите, играчот на Работнички, Ефремовски, физички го нападнал кошаркарот на МЗТ Скопје, Тадиќ. По разгледувањето на случајот, Кошаркарската федерација донесе…

Работнички оди на „осум од осум“ на дерби пресметката со ТФТ — отвора на SportSport

Пет натпревари се на програмата во осмото коло на МТЕЛ Суперлигата. Натпреварите од осмото коло на МТЕЛ Суперлигата носат неколку интересни пресметки, а во центарот на вниманието е дуелот меѓу Работнички и ТФТ. Екипата од „Градски парк“ е единствената со максимален ефект во досегашниот дел од шампионатот, со седум победи од исто толку натпревари, и ...

Финансии за 4NEWS.mk: Измените за депозитите ги подготвивме во првата половина од годинава, нема посебен механизам за конкретна банка — отвора на 4NEWS

Работна група од три институции уште во првата половина на 2026 година го подготвила текстот на измените на Законот за Фондот за...

Заштита на Главната пошта, 48 часа без автомобили и настани надвор од центарот: што точно ветува програмата за Скопје 2028 — отвора на ТРН

Работната културна програма за Скопје 2028 предвидува циклус на активности од мај 2027 до декември 2029 година низ сите десет скопски општини. Документот изработен врз основа на апликациската книга поставува рамка за заштита на Шалтер-салата на Главната пошта и основање уметнички кварт во напуштена фабрика. Сите предложени проектни концепти имаат индикативен карактер и зависат од ...

И покрај ривалството, иста порака: „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ против кликбејт новинарите и лажните вести — отвора на 24часа

Иако се големи спортски ривали, навивачките групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ се обединија во критиките кон дел од македонските медиуми. По паролата на навивачите на Работнички од 8 ноември, со натпис „Кроите судбини за кликови и ситни пари, група морони, наречени новинари“, синоќа и „Фемили Аеродром“ испратија своја порака на вечното кошаркарско дерби. ...

Работнички на седмо небо, навивачите почнуваат да веруваат во титула — отвора на Спортманија

Кошаркарскиот клуб Работнички има фантастичен старт на сезоната во Суперлигата, лидер е со седум победи во седум кола, и фановите почнуваат да се надеваат дека можеби ова е сезоната во која клубот може да ја врати шампионската титула во своите витрини. Работнички е рекордер со 15 титули, но во последните 16 години има само една, ...

ЕВН вработува во Скопје, огласот е отворен до 23 ноември — отвора на Скопје1

Електродистрибуција објави оглас за вработување електромонтери во Скопје. Работните позиции се однесуваат на активности за одржување и функционирање на дистрибутивната мрежа, вклучително и отчитување и замена на броила, контрола на приклучоци и мерни места, исклучување и повторно вклучување корисници, како и помош при отстранување дефекти.Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно…

Конечно се врати стариот сјај во „Јане Сандански“: Спектакуларно дерби со две навивачки групи и без инциденти — отвора на 24часа

Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички донесе спектакл пред повеќе од 4.500 гледачи, со две навивачки групи и без инциденти. Работнички славеше со 74:60.

Заканувачка порака оставена на автомобил на кошаркар во скопски Аеродром, претходно добил и порака на социјалните мрежи — отвора на Скопје1

Заканувачка порака оставена на автомобилот и претходна закана преку социјалните мрежи пријавил 30-годишен скопјанец, кој настапува за кошаркарски клуб. Случајот го истражува полицијата.Од МВР информираат дека на 15 ноември, во 21:15 часот, К. Н. (30) пријавил во СВР Скопје дека на своето патничко возило, паркирано во подземна гаража на зграда во општина Аеродром, пронашол ливче со заканувачка…

Вечно дерби: Перфектниот Работнички го предизвикува МЗТ Скопје — отвора на Спорт+

Најголемите ривали во македонската кошарка, вечерва испишуваат нова страница во меѓусебните дуели. Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“. Големите ривали ќе се соочат во 172-от меѓусебен натпревар. Овојпат во директен судир од самиот врв на табелата во кошаркарската Супер лига. Совршен старт на Работнички, МЗТ со шанса за врвот Клубот од Градски…

Нова трагедија го шокираше македонскиот фудбал: Почина Владимир Секуловски — отвора на SportSport

Шок и неверување. Предмалку пристигна траорна вест дека починал поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, и член на екипите на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат, Работнички, Владимир Секуловски. Секуловски е генерација 1980 година, а во кариерата имаше големи успеси со повеќе македонски прволигаши, освојуваше титули, и Куп трофеји. По трагедијата која што го погоди Тетово со смртта на ...

Совршениот Работнички продолжува да гази, падна и МЗТ Скопје — отвора на Скопско Ехо

Работнички ја продолжи совршената серија во новата сезона откако го освои големото македонско кошаркарско дерби против МЗТ Скопје...

Работнички го сруши шампионот во „Јане Сандански“ и остана перфектен во Суперлигата — отвора на Дерби

Кошаркарките на Работнички издвојуваа победа над МЗТ Скопје од 74:60 во дерби натпреварот од 7. коло во Суперлигата. Ова беше прва сезонска битка на вечните ривали, соочување во кое поуспешни беа центарци кои ја искористија добрата форма, самодовербата, но и фактот што шампионот не може да смета на сите свои играчи во моментов и тоа ...

Работнички продолжи да доминира – го победи МЗТ Скопје во првата градска пресметка (ФОТО) — отвора на SportSport

Првата градска пресметка помеѓу МЗТ Скопје и Работнички оваа сезона ја доби најтрофејниот кошаркарски колектив кој славеше со 60-74 во последниот натпревар од седмото коло во Супер-лигата. На овој начин Работнички остана без пораз и го запиша седмиот триумф во низа, додека пак тимот од Аеродром има сега два порази и пет победи. Ефремовски со ...