Тимчо

40 настани во последните 30 дена, од 28 медиуми

Герапетритис со пофалби за Муцунски и напредокот на Македонија кон ЕУ — отвора на Press24

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на Северна Македонија во повеќе области, посебно издвојувајќи ја дигиталната трансформација, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија и реформите во јавната администрација. „Северна Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области, особено во дигиталната…

Муцунски утре на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина — отвора на Скопје1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во Атина, каде што ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување…

Муцунски се сретна со новата шефица на унгарската дипломатија: Поддршка од Будимпешта за европскиот пат на Македонија — отвора на 24часа

Тимчо Муцунски се сретна со Анита Орбан во Атина. Разговарале за билатералните односи, проширувањето на ЕУ и регионалната безбедност.

Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните — отвора на Независен весник

Премиерот Христијан Мицкоски откако два дена исчезна од етерот, денес се јави од Берлин, каде што учествува на конференција на земјите што ја помагаат Украина. -Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување ...

Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска по оштетувањето на нивните амбасади во Киев — отвора на Инфомакс

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази целосна солидарност со Холандија и Шведска откако, како што наведе во објава на платформата Икс, нивните амбасади во Киев биле оштетени во руски ракетни напади. „Дипломатските мисии и нивниот персонал мора да бидат заштитени во секое време. Меѓународното право мора да се почитува“, порача Муцунски. ...

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во побезбедна Европа — отвора на Press24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на конференцијата „Security in the Western Balkans“, што се одржа во Скопје, во организација на Aspen Institute Germany во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во своето обраќање, Муцунски истакна дека во услови на актуелните геополитички промени, безбедноста на Западен Балкан е…

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Муцунски најави изненадување за визите со САД за шест месеци, поминаа десет — отвора на Рацин

Во јануари, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека јавноста може да биде позитивно изненадена од американската визна политика кон Македонија, можеби во следните шест месеци. Оттогаш поминаа десет. За туристички и деловни посети во САД со македонски пасош сѐ уште е потребна виза, а во јавно објавените соопштенија нема потврда за посебен визен ...

Мицкоски во работна посета на Брисел — отвора на Бизнис вести

Од денес, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на Форумот за проширување на ЕУ, во организација на Европската комисија, на кој ќе учествуваат еврокомесарката Марта Кос, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ...

Македонија отвара амбасада во Вилнус во пресрет на претседавањето на Литванија со Советот на ЕУ — отвора на Независен весник

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во работна посета на Литванија. Како што соопшти МНРиНТ, централен настан во рамките на посетата ќе биде свеченото отворање на новата Амбасада во Вилнус, што претставува значаен чекор кон натамошно зајакнување на дипломатското присуство на државата и продлабочување на билатералните односи и соработката ...

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за што имаме поддршка од ЕУ и земјите членки — отвора на Фокус

Муцунски и Касис: Европската интеграција ја зајакнува позицијата на Македонија во новата геополитичка реалност — отвора на Нова Македонија

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските и трговските врски, поддршка за стабилноста на Западен Балкан и европската интеграција, како и значењето на ОБСЕ во актуелниот безбедносен контекст, се заедничките приоритети што ги истакнаа денеска на прес-конференцијата во Скопје, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот на Сојузниот…

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ — отвора на Бизнис вести

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на извештајот на Европската комисија за 2026 година. На панелот насловен „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ ќе учествуваат министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата Европската унија во Скопје, Бен Нупнау. ...

Повеќе инвестиции и посилни економски врски – Муцунски го пречека швајцарскиот колега — отвора на Press24

Министерот за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, денеска оствари средба со македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Во фокусот на разговорите биле билатералните односи, економската соработка, трговијата и инвестициите, како и можностите за посилно поврзување на деловните заедници на двете земји. Муцунски изразил благодарност за континуираната…

Шефот на швајцарската дипломатија утре во Скопје на средба со Муцунски — отвора на Press24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре (6 ноември 2026 година) ќе биде домаќин на министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис. Како што соопштија од Министерството, во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, со посебен ...

СДСМ: „Што читал Муцунски? – Извештајот на ЕК покажува нула напредок во борбата против корупцијата” — отвора на Press24

СДСМ реагира на изјавите на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, обвинувајќи дека тој ги претставува критиките на Брисел како позитивни насоки, иако оценките во клучните области се негативни. Од партијата посочуваат дека во извештајот е нотирано отсуство на напредок во борбата против корупцијата, ...

Муцунски: ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат — отвора на Press24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во Вестите на Сител ТВ се осврна на последниот Извештај на Европската комисија, реформските процеси и предизвиците на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Муцунски оцени дека Извештајот претставува објективен и реален преглед на состојбите во државата во однос на европската интеграција…

Муцунски без рок за деблокада, критиките од Брисел ги нарече „насоки“ — отвора на Рацин

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител не посочи рок за деблокирање на европскиот пат на Македонија, а критиките од Европската комисија ги опиша како „насоки“. Тој порача дека европската интеграција нема алтернатива, но дека Владата нема да прифати решение по секоја цена. Коментирајќи го извештајот на Комисијата, ...

Средба во МНР: Разговарано за односите со САД и европската агенда на Македонија — отвора на Скопско Ехо

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на...

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на економската соработка и Стратешкиот дијалог — отвора на Инфомакс

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс, на која во фокусот биле билатералните односи и натамошното продлабочување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Муцунски во објава на социјалните мрежи, на средбата била разгледана динамиката на реализација на…

Највисоки оцени од ЕУ за надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Европската комисија потврди дека Македонија е доверлив партнер — отвора на Press24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информира дека надворешната политика на Северна Македонија повторно добила позитивни оценки во Извештајот на Европската комисија за 2026 година, особено во делот на усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија. Според оценките на Европската комисија, земјата покажува добро ниво на подготвеност и…

Мицкоски во Рајна – Вестфалија во потрага по економски проекти — отвора на Независен весник

Северна Рајна-Вестфалија е еден од нашите значајни политички и економски партнери во Германија. Бројни компании од покраината веќе инвестираат во нашата држава, а целта е добрите односи да ги претвораме во нови економски можности и конкретни проекти. Ова го истакнува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во објава на Фејсбук, по средбата ...

3 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Битка за лидерство во ВМРО-ДПМНЕ, дури и во Германија — отвора на Независен весник

Пораките што преку Фејсбук стигнуваат од Диселдорф, од германската покраина Северна Рајна Вестфалија, може да изгледаат збунувачки, но во основа се комични. Премиерот Христијан Мицкоски таму е во неколкудневна посета. Со него во делегацијата се уште тројца министри: Александар Николоски (за транспорт), Тимчо Муцунски (за надворешни работи) и Сања Божиновска (за енергетика), плус луѓе ...

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната трансформација и технолошки развој се стратешки приоритети на Владата — отвора на Инфомакс

Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со…

Мицкоски: Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината — отвора на Нова Македонија

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Третата конференција на задграничните комитети на партијата, одржана во Солинген, Германија, пренесе МИА. На конференцијата присуствувале и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, информираат од партијата. Во…

Муцунски на средби со евроамбасадорот Рокас и амбасадорите Ортиз и Дрекслер: Во фокусот евроинтеграцијата, Планот за раст, регионалната стабилност и безбедност — отвора на MakPress

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево имал средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, и амбасадорот на Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, како и одвоена средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. Муцунски на Фејсбук соопшти дека на средбите се разговарало за европската интеграција и поддршката на нашите партнери ...…

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите — отвора на Журнал

Европската интеграција, реформските процеси и продлабочувањето на билатералната соработка беа во фокусот на средбата во Скопје на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ. На средбата, која се одржа во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските ...

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива — отвора на Press24

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратешка…

Муцунски: Утре се финализира договорот за нова авионска линија меѓу Македонија и Црна Гора — отвора на Скопје Инфо

Договорот за воведување нова авионска линија меѓу нашата држава и Црна Гора треба да биде финализиран утре, беше соопштено по денешната средба во Скопје меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и црногорскиот вицепремиер задолжен за европски и надворешни работи Филип Ивановиќ.

СДСМ до Муцунски: „За Ива Михаилова остри пораки, за Груевски тишина” — отвора на Press24

СДСМ го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски да ги примени истите критериуми и кон Унгарија, откако тој реагираше на случајот со Ива Михаилова и порача дека е непристојно земја членка на ЕУ да биде прибежиште за лица кои бегаат од правдата. Од опозициската партија прашуваат зошто Муцунски не испраќа подеднакво јасна порака до ...

Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика — отвора на Press24

Кредибилен, предвидлив и напредок заснован исклучиво на реални заслуги и исполнети критериуми е јасното очекување на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по заедничкиот разговор со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава, испрати…

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Бланар: Ние сме против двојните стандарди во пристапувањето кон ЕУ — отвора на Независен весник

Министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, денеска ја реафирмираше силната поддршка на Словачка за нашиот европски пат, нагласувајќи дека Европската Унија мора да продолжи со процесот на проширување и да испрати јасен сигнал до земјите од Западен Балкан дека членството претставува реална перспектива. Според него, Словачка е против какви било ...

Муцунски гласал против Куба бидејќи не сакал да поддржи „брутален комунистички режим“ — отвора на Независен весник

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ја бранеше денес својата позиција околу резолуцијата што ја изгласа Генералното Собрание на ОН и со која се бара прекин на повеќедецениското економско ембарго на САД врз Куба, кое ја изгладнува нацијата, а не донесе никаква промена, напротив работи против тоа. Македонија инаку беше меѓу 13 земји што ...

Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата — отвора на Независен весник

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на бегалците од македонското правосудство и конкретно тоа на Ива Михајлова, нагласувајќи дека и државите членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото. „Како земја кандидат за членство во ЕУ, очекуваме и ...

Ле Риголер: Правдата мора да се задоволи во случајот „Ива Михајлова“ — отвора на Инфомакс

Речиси еден месец откако Ива Михајлова побегна во Софија, Македонија и Бугарија сѐ уште разговараат за нејзиното обезбедување пред лицето на правдата. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, нагласи дека, покрај билатералниот дијалог со официјална Софија, Македонија разговара и со европските партнери. Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер, во интервју…

Левица: Македонија да ја поддржи годишната резолуција на ОН за Куба – Муцунски да престане да ја изолира државата — отвора на Антропол

Го повикуваме Министерството за надворешни работи во пресрет на гласањето во Генералното собрание на ОН за резолуцијата со која се повикува на укинување на американското ембарго врз Куба, а кое е закажано за 28 октомври 2026 година, да гласа „за„ нејзино усвојување. Апелот го упатуваме бидејќи во октомври минатата година, МНР предводено од Тимчо Муцунски ...

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје — отвора на MakPress

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој утре ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, предвидена е тет-а-тет средба на министрите Муцунски и Бланар, по што ќе ... The post Шефот на…

Муцунски изрази сочувство по трагичниот судир на возови кај Толедо — отвора на 4NEWS

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази сочувство по трагичниот судир на возови во близина на Толедо, Шпанија. Во објава на социјалните...

Муцунски со честитка за Студентската листа во Србија: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните! — отвора на Скопје Инфо

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски им честиташе на граѓаните на соседна Србија за успешните парламентарни избори, а на Студентската листа им посака успех за постигнатиот резултат. Во објавата на „Х“, Муцунски наведе дека Македонија останува посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи со Србија.

Порака на македонски од кандидатката за генерален секретар на ОН. Лана Нусеибе му се заблагодари на Муцунски за поддршката! — отвора на Национално

Лана Нусеибе, кандидатката на Обединетите Арапски Емирати за генерален секретар на ОН, јавно се заблагодари за поддршката од македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Во пораката објавена на македонски јазик, Нусеибе ја истакна важноста на дипломатијата како средство за надминување на поделбите и градење меѓусебна доверба. „Зборовите на министерот за надворешни работи Тимчо...