Шји Џјинпинг

19 настани во последните 30 дена, од 26 медиуми

Трамп: Иранците се луди, разговаравме со Путин и Си како да немаат нуклеарно оружје — отвора на Независен весник

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот состанок со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин поминал во атмосфера на „одлична енергија“. Тој рече дека тројцата лидери разговарале за неширење на нуклеарното оружје. „Разговаравме за потребата да работиме заедно за да го спречиме ширењето на оваа нуклеарна закана низ целата наша планета. ...

Трамп најави продолжување на напорите за ограничување на нуклеарниот арсенал — отвора на Бизнис вести

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека постигнувањето договор за меѓусебно ограничување на нуклеарното оружје ќе биде тешко, но и дека ќе продолжи да работи на тоа прашање. „Ми се допаѓа таа идеја, но од аспект на самите преговори, тоа е многу тешко за мене како претседател“, изјави Трамп по разговорите со кинескиот претседател Шји Џјинпинг ...

Ванг Ји: Кина, Русија и САД ќе продолжат со координацијата по историската средба на лидерите — отвора на Нова Македонија

Кина, Русија и САД ќе продолжат да ја координираат меѓусебната комуникација на работно ниво по денешната историска средба меѓу кинескиот претседател Шји Џинпинг и неговите американски и руски колеги, Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, оценувајќи ги разговорите како „самит за мир“. Тројцата лидери „лично си ги објаснија ...

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Шенжен во фокусот на светот: Заврши состанокот на Трамп, Путин и Си — отвора на Скопско Ехо

Историската трилатерална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг во...

Трамп, Путин и Шји објавија заедничка „декларација кон мирот“ — отвора на Нова Македонија

Претседателите на САД, Русија и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Шји Џинпинг, се согласија за мировна декларација на трилатералната средба во Шенжен. Во документот, според Ројтерс, тројцата лидери потврдија дека нуклеарна војна никогаш не треба да се води. Лидерите се заложија и за реформи во Обединетите нации, поголемо снабдување со нафтени деривати и почитување ...

Трамп го напушти Шенжен по историската средба со Путин и Си — отвора на 4NEWS

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска го напушти Шенжен и се качи во авионот „Ер форс уан“, со кој се...

Кина испрати остро предупредување до Вашингтон: Не играјте си со прашањето за Тајван — отвора на Нова Македонија

Кинескиот претседател Си Џинпинг го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека нерешавањето на прашањето за Тајван на соодветен начин може да предизвика судир, па дури и конфликт меѓу САД и Кина. Предупредувањето било упатено за време на разговорите зад затворени врати во Пекинг, а го пренесе американската телевизиска мрежа „Си-би-ес њуз“. Острата порака на кинескиот ...

Прва трилатерална средба на Џинпинг, Трамп и Путин во Шенжен — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Претседателите на САД, Доналд Трамп, на Русија, Владимир Путин, и на Кина, Си Џинпинг, на 19 ноември треба да одржат прва трилатерална средба во кинескиот град Шенжен. Средбата ќе се одржи во рамките на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а нејзиното одржување веќе е потврдено од трите земји. Најавата за средбата доаѓа во период ...

„Шји и Трамп изградиле извонреден личен однос“: „Стануваме се поблиски“, истакна Трамп — отвора на Фактор

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг ја завршија билатералната средба во Кина по само 13 минути, објавија американските медиуми. Главни теми на разговорите биле економски и безбедносни прашања. Трамп изјави дека претходната вечер, за време на свечената вечера, седел покрај Шји Џјинпинг и дека разговарале два часа. „Синоќешниот настан беше неверојатен…

Трамп на 19 ноември планира одделна средба со Путин во Кина, покрај трилатералниот самит — отвора на Инфомакс

Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19 ноември во Кина одделно да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, покрај веќе најавениот трилатерален самит на лидерите на САД, Русија и Кина. Ова за новинската агенција АП го изјавил американски функционер, кој побарал да остане анонимен. Трамп пристигна во Кина на самитот на АПЕК, кој се ...

Путин изјави дека очекува „голема корист“ од претстојната трилатерална средба со Трамп и Шји Џјинпинг — отвора на 24 Вести

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека очекува „голема корист“ од утрешната трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг. Путин го изјави тоа на церемонијата на отворањето на форумот на АПЕК во кинескиот град Шенжен. „АПЕК нуди големи можности за конструктивна комуникација на сите нивоа, а особено меѓу лидерите на водечките економии“…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Песков: Усогласени главните теми за средбата меѓу Путин, Си и Трамп — отвора на Проверено

Главните теми за разговорите меѓу претседателите на Русија, Кина и САД – Владимир Путин, Си Џинпинг и Доналд Трамп – кои ќе се одржат оваа недела во Шенжен, се веќе усогласени, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнувајќи дека оваа средба е „без преседан во современиот свет“.Одговарајќи на новинарско прашање дали е утврдена агендата за ...

И Кремљ потврди дека ќе се одржи трилатералната средба Путин-Шји-Трамп во Шенжен — отвора на MakPress

Тристрана средба меѓу претседателите на Русија, Куна и САД, м Владимир Путин, Шји Џинпинг и Доналд Трамп ќе се одржи в четврток во Шенжен, потврди денеска портпароот на Кремљ. – Постигнат е договор на 19 ноември да се одржи тристрана средба помеѓу претседателите Путин, Шји и Трамп. Средбата ќе се одржи на маргините на Самитот ... The post И Кремљ потврди дека ќе се одржи трилатералната средба…

Трамп, Си и Путин ќе се сретнат — отвора на Проверено

Белата куќа потврди дека средбата меѓу Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин ќе се одржи следниот четврток во кинескиот град Шенжен, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). „Претседателот јасно стави до знаење дека, меѓу другото, ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Претседателот Трамп смета дека ...

Трамп најави можна средба со Шји и Путин во Кина за Иран, Украина и нуклеарното разоружување — отвора на Бизнис вести

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави можност за средба со кинескиот и рускиот претседател, Шји Џјинпинг и Владимир Путин, на Самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК) следната недела, на која би разговарале за војната во Иран и нуклеарното разоружување. Пред заминувањето од Флорида за Вашингтон, Трамп потврди дека ќе учествува на Самитот на АПЕК во јужниот ...

Кина не е заинтересирана за трилатерална средба со САД и Русија за Украина, вели Штајнмаер — отвора на MakPress

Кина не е заинтересирана за одржување трилатерална средба со Русија и САД на која би се разговарало за примирје во Украина, изјави германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за германска телевизија што ќе биде емитувано вечерва, пренесе ДПА. Штајнмаер посочи дека прашањето за средбата го покренал пред кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на посетата ... The post Кина не е…

„Гардијан“: Рекорден број функционери исклучени од Комунистичката партија на Кина — отвора на Независен весник

Комунистичката партија на Кина исклучила рекорден број функционери на крајот од важниот политички состанок, а размерите на чистките што ги спроведува претседателот Ши Џјинпинг ги илустрира досега незабележаниот број празни места во салата, пишува лондонски „Гардијан“. На петтиот пленум, годишниот состанок на највисоките партиски функционери, оваа недела биле исклучени 33 членови, што е најголем…

Зеленски стравува од нова поделба на сферите на влијание меѓу САД, Русија и Кина — отвора на Нова Македонија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост дека евентуалната средба меѓу лидерите на САД, Русија и Кина би можела да доведе до прераспределба на сферите на влијание меѓу големите сили, без соодветно да се земат предвид интересите на помалите држави, објавија француските медиуми. Според извештаите, се подготвува средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот…

2 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: MakPress

Прашања

Комунистичката партија на Кина започна пленум: Четири дена зад затворени врати за доживотен мандат за Си — отвора на ТРН

Комунистичката партија на Кина отвори четиридневен таен состанок на највисокото раководство во Пекинг, со цел да усвои строги мерки за внатрешна контрола и идеолошка послушност. Претседателот Си Џинпинг пред Централниот комитет претстави документ за борба против корупцијата и јакнење на партиската хиерархија. Ова затворено заседание, познато како Петти пленум, доаѓа во клучен момент кога Си ...