Архива: 13 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Од понеделник се отвора експозитура на Алта банка во Прилеп — отвора на Скопје1

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од понеделник, 16 ноември, ќе можат да ги користат банкарските услуги и во експозитурата во Прилеп. Народната банка информира дека таму клиентите кои имаат платежна сметка, но немаат платежна картичка, ќе можат да подигнат до 20.000 денари во период од две недели.Продолжуваат со работа и филијалите на банката во Струмица и Тетово, како и експозитурата во…

Почнува дебатата за Предлогот на буџетот за 2027 година — отвора на Бизнис вести

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето на Предлог на буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправата за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу четири дена за општ претрес и шест дена за амандмани. За Предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од овластени предлагачи. Во Предлог буџетот ...

Тамара Котевска го освои „британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо — отвора на Бизнис вести

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови. Ова највисоко британско признание за…

На денешен ден Скопје било ослободено од фашистичката окупација во текот на Втората светска војна — отвора на Бизнис вести

На 13 ноември 1944 година, Скопје било ослободено од фашистичката окупација во текот на Втората светска војна. По повеќедневни борби, единиците на Народноослободителната војска на Македонија влегле во градот и го ослободиле од германските окупаторски сили. Ослободувањето на Скопје претставува еден од најзначајните историски настани во македонската историја и важен момент во завршницата на…

Шумската полиција заплени 734 кубни метри дрва. Поднесени се 147 кривични и прекршочни пријави против дрвокрадците — отвора на Плусинфо

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори — отвора на Скопје1

Во недела, на 15 ноември, од 8 часот наутро, ќе започнат активности за поставување нови светлосни сигнали на крстосницата меѓу улиците „Скупи“ и „Љубљанска“ во Скопје.Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека ќе се демонтираат постојните семафорски портални и обични столбови, како и семафорската опрема, согласно со одобрениот сообраќаен проект за измена на режимот на сообраќај.За време на…

Приземјени сите летови во САД поради проблеми во контрола на летање — отвора на Рацин

Федералната администрација за воздухопловство ги приземји сите летови низ САД поради проблеми со комуникацијата во регионалните центри за контрола на воздушниот сообраќај. Во известувањето на ФАА се вели дека забраната за летање е наметната „поради вонредни околности и од безбедносни причини“. Министерот за транспорт Шон Дафи рече дека постои проблем со комуникацијата што влијае на ...

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги испратила во Брисел предлог-измените на Кривичниот законик и Законот за кривичната постапка, нагласувајќи дека тие ќе се применуваат само за идните случаи, а не ретроактивно.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско…

Падна стакло од излогот на матично во Битола и повреди две девојчиња — отвора на Сакам да кажам

Полицаец со усна наредба ќе може да отстрани насилник од домот на 48 часа, предвидуваат новите законски измени — отвора на еМагазин

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе има теренски активности. Мицкоски разговарал со раководството на Влен за принципите на коалицијата — отвора на Плусинфо

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода — отвора на Независен весник

Скопје ја памети цената на својата слобода и нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски информира дека утрово ја одржал традиционалната средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од ...

Пет малолетници нападнале момче пред училиште во Рашче, му нанеле тешки телесни повреди — отвора на Скопје1

Пет малолетници физички нападнале малолетно момче пред влезот на основното училиште во скопското село Рашче, при што му нанеле тешки телесни повреди.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 12 ноември во СВР Скопје од 37-годишната мајка на момчето. Нападот се случил ден претходно, на 11 ноември, околу 9:40 часот, а напаѓачите наводно употребиле и тврди предмети.Од полицијата…

Исклучителни археолошки откритија на Исар–Марвинци: Откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање — отвора на Бизнис вести

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за урбаниот развој, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град. Овогодишните истражувања, реализирани од Националниот археолошки музеј на Република Северна Македонија – Скопје, беа насочени кон истражување на дел од…

Времето денеска: Натпросечно високи температури за ноември и силен ветер — отвора на 360 степени

Починал 67-годишник откако го прегазил трактор на бензинска пумпа во Скопје — отвора на Скопје1

Трагичен инцидент се случил на бензинска пумпа на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје, каде што 67-годишен маж бил прегазен од сопствениот трактор, по што починал од здобиените повреди.Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 12 ноември околу 12:30 часот. Мажот од населбата Сингелиќ го наполнил тракторот „ИМТ“ со гориво и го паркирал, но додека стоел покрај него, возилото…

Денеска стартува 55.издание на “Златен Гонг“ — отвора на SportSport

Денеска започнува 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“. Една од најголемите спортски манифестации во Македонија со исклучителна голема и богата традиција. Истата ќе се одржи во спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Како што е познато на турнирот ќе настапат 89 боксери од 20 земји, а денешната програма започнува во 14 часот ...

Владата е најстабилна во овој дел на Европа – рече Мицкоски и најави лидерска средба со коалиционерите во декември — отвора на 360 степени

Ајвар, лутеница, маџун, вино, ракија и органски производи на саемот „Вкуси ја традицијата“ утре кај Школка — отвора на 24 Инфо

Домашни производители на храна утре, сабота (14 ноември 2026 година), ќе се претстават на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна”, кој ќе се одржи кај Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 10:00 часот. На почетокот на настанот е предвидено обраќање и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. ...

ВРЕДИ: Али Ахмети преку сватот земал кредит од 5 милиони евра од „Алта банка Белград“ — отвора на Фокус

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина — отвора на Либертас

Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на ЕУ, ќе ја претставуваат Европа во евентуални мировни преговори помеѓу Русија и Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. – Ги поздравуваме сите дипломатски напори насочени кон доведување на Русија на преговарачката маса. Се надеваме дека тоа ќе донесе конкретни резултати, наведе Кошта ...

Левица: Откриен дилот меѓу премиерот и претседателот на Уставниот суд – милионски предмет во фиока во замена за професорско место? — отвора на Кајгана

Левица: Откриен дилот меѓу премиерот и претседателот на Уставниот суд – милионски предмет во фиока во замена за професорско место? Филип Здравески 13.11.2026 / 08:55 Македонија Европскиот суд за човекови права – Стразбур, со пресудата „АД Осигурителна полиса против Република Македонија“ од ноември 2025 година одлучи дека нашата држава, како тужена странка, со децении неоправдано и противправно ги…

„Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот“, вели Фрчкоски — отвора на Скопје1

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека врши притисок врз Обвинителството и се обидува да го прикрие случајот со Алта банка, за која партијата тврди дека е поврзана со српскиот претседател Александар Вучиќ.Фрчкоски изјави дека гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, признал оти одлуката за Алта банка ја донел во…

„Дали знаете како се евидентира кривично дело? Со тефтер!“ Тошковски најави дигитализација на МВР во следните 3-4 месеци — отвора на Плусинфо

Гаши: Опозициските прашања ќе бидат повторени — отвора на Фокус

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември — отвора на Независен весник

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје ...

Истражување: Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската Унија — отвора на Независен весник

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската Унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на Унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО. Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот тинк-тенк ГЛОБСЕК (GLOBSEC) за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.…

Македонија и Јапонија ги продлабочуваат образовната и научната соработка — отвора на Скопје1

Министерката за образование и наука Весна Јаневска престојува во посета на Јапонија, каде што оствари средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел продлабочување на соработката и воспоставување нови партнерства меѓу двете земји.На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, биле разгледани можностите за…

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници — отвора на Булевар

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија – дали ќе има доволно бакар за да ги поддржи промените што се планираат во следните децении? Според најновите проценки на BloombergNEF, побарувачката за ...

Четиригодишно девојче паднало по скали дома, заврши на Државна клиника — отвора на Независен весник

Вчера, во 21:55 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено четиригодишно девојче од с.Средно Коњари, скопско. Според пријавеното, со повредите се здобило пред два дена при пад од скали во семејната куќа. Излезено е од полициски службеници од СВР Скопје и се ...

Американските власти блокираа дел од криптовалутите украдени минатиот месец од „Бинанс“ — отвора на Независен весник

Вашингтон – Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека запленило или блокирало криптовалути во вредност од над 1,2 милијарди долари, за кои се тврди дека минатиот месец биле украдени од платформата „Бинанс“. Кражбата на криптовалути во вредност од околу 6,3 милијарди долари од „Бинанс“ се смета за најголемата кражба во историјата на криптовалутите. ФБИ претходно ...

Драма како на филм во Македонија: Со автомобил тргнале кон полицајците за време на претрес — отвора на Press24

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила со приведување на тројца мажи, откако кај еден од нив била пронајдена бела прашкаста материја, а двајца други се обиделе со автомобил да ги прегазат полициските службеници. Случајот се случил на 12 ноември околу 20:35 часот, кога полицијата го запрела и го прегледала возилото „Мицубиши“ управувано од 26-годишен ...

Герасимовски: Вие го изобличивте Центар со ДУП-овите што ги носевте, а денес зборувате за урбанизмот — отвора на 24 Инфо

На денешната седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски одговори на обвинувањата за урбанистичкото планирање, посочувајќи дека последиците од деталните урбанистички планови донесени во минатото и денес го ограничуваат постапувањето на Општината. „Го унаказивте Центар со детални планови, панорамики, со згради на Водно по 8 спрата, без паркинг-места. Го унаказивте во…

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски — отвора на Скопје1

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека не постои правосуден испит што во целост се полага на албански…

Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2027: Проектиран раст од 3,8% и 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции — отвора на Press24

Предлог-буџетот за 2027 година е насочен кон обезбедување стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст, со јасен фокус на развојните инвестиции, редовното исполнување на обврските кон граѓаните и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го…

Мицкоски за Алта банка: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве, банката ќе добие нов сопственик — отвора на MakPress

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ставовите на СДСМ дека „Алта банка“ ќе пропадне и дека во банката нема кеш, изјави: „Да, можеби треба да внимаваме на сите оние пораки коишто доаѓаат од опозициската СДСМ, бидејќи искуството досега вели дека, без исклучок, сѐ е ... The post Мицкоски за Алта банка…

Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа, вели Мицкоски — отвора на MakPress

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека состојбата со цените на енергентите во Европа е алармантна, дека тие секојдневно растат и веќе се трипати повисоки од овој период минатата година. Но и покрај тоа, како што нагласи, Владата прави се што е во нејзина моќ во Македонија да нема покаспувања и да останеме земја со убедливо најниски ... The post Правиме се да останеме земја со убедливо најниски…

Судир меѓу „Голф“ и велосипед на улицата „Перо Наков“, тешко повреден велосипедист — отвора на Скопје1

63-годишен велосипедист од скопското село Трубарево се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Перо Наков“ во Скопје.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 ноември околу 11:40 часот, а во неа учествувале патничко возило „Фолксваген голф“, управувано од 58-годишен скопјанец, и велосипедот на повредениот.Велосипедистот бил пренесен во…

Бројот на дијабетичари се зголемува, неопходна е рана дијагноза, мерење шеќер во крв, терапија, физичка активност и здрава исхрана — отвора на Независен весник

Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање терапија и современиот третман, како и здравиот начин на исхрана и физичката активност, се клучни за спречување на компликациите од болеста. – Во државата има 135.000 лица со дијабетес, од кои 4.000 се со тип ...

Гренланд ја менува временската зона — отвора на ТРН

Поголемиот дел од Гренланд ќе се врати на претходната временска зона GMT-3 на крајот од 2027 година, откако локалниот парламент вчера донесе одлука за промена на временскиот систем, објави гренландскиот весник „Сермицијак“. Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час, на четири часа, додека разликата со ...