Најважно во 17 ч, 28 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 17 часот.

„Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола“, најави Николоски — отвора на Скопје1

Забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола ќе отвори околу 1.200 работни места, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на саемот за вработување во Прилеп, организиран од „Бехтел и Енка“.Новите работни места ќе бидат наменети за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лабораториски кадар, оператори на градежни машини, возачи, како и…

Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките во просек повисоки за 188 денари — отвора на 4NEWS

Рама6 настани · 23 извештаи

Илјадници пристигнаа од цела Европа во Тирана: Се бара оставка од Еди Рама — отвора на Рацин

Во главниот град на Албанија, Тирана, денес избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите, во најновиот од серијата антивладини протести. Илјадници луѓе повторно излегоа на улиците за да побараат оставка од премиерот Еди Рама. Полицијата употреби солзавец и водни топови за да ги смири демонстрантите, кои фрлаа камења и дрвени стапови врз нив и кршеа улични ...

Облаци и поројни врнежи во делови од земјата. За викендот пристигнува студен воздух од север — отвора на Плусинфо

Приказна4 настани · 12 извештаи

Јаневска: Не гледам логика да се протестира за мерка со која на студентите им се нуди повеќе од досега — отвора на Нова Македонија

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека не гледа основа за протестот што се најавува во врска со студентскиот оброк, оценувајќи дека предложените измени предвидуваат студентите да добијат повеќе од она што го имаат во моментов, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за време на натпреварот за бизнис-идеи на средношколци во организација на ...

Приказна4 настани · 13 извештаи

Две малолетнички нападнале 12-годишно девојче во соблекувална во спортска сала во Илинден — отвора на Скопје1

Дванаесетгодишно девојче било физички нападнато од две малолетнички во соблекувална во спортска сала во општина Илинден.Случајот бил пријавен на 26 ноември во СВР Скопје од таткото на девојчето, 44-годишен жител на скопско. Според пријавата, нападот се случил по претходно меѓусебно нетрпение.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Браво: Ведрана Тунески со бронза на ЕП за кадети! — отвора на SportSport

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески блесна на Европското кадетско првенство во Романија, носејќи уште еден голем успех за македонскиот спорт! На патот до европскиот медал, Ведрана оствари две убедливи победи: Холандија – 2:0 Шведска – 2:0 Во полуфиналната борба беше запрена од претставничката на Полска, со што го заокружи својот одличен настап со бронзен медал. ...

Руски државјанки со забрана за влез во државата затекнати во кабаре во Охрид — отвора на Скопје1

При полициска контрола во кабаре во Охрид биле затекнати руски државјанки кои влегле во Македонија и покрај тоа што имале активна забрана за влез во државата.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролата била спроведена на 28 ноември, околу 00:30 часот, од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, во содејство со…

Приказна3 настани · 13 извештаи

Силен земјотрес ја стресе Македонија — отвора на Press24

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.0.…

Грабеж во Куманово: Ограбија златарница среде бел ден — отвора на Press24

Грабеж во златарница на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово бил пријавен денеска во 12:32 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово. Според пријавата, неколку лица влегле во објектот и одзеле злато. Од СВР Куманово информираат дека полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. Грабежот го осуди и ...

Работна посета на РЕК Битола: со раководството на ЕСМ разговарано за актуелните активности и идните планови — отвора на Фактор

Работна посета на РЕК Битола и средба со раководствата на РЕК Битола и АД ЕСМ се одржа денеска, објави премиерот Христијан Мицкоски. На состанокот биле разгледани актуелните активности во комбинатот, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците со кои се соочува производството, како и идните планови за унапредување на работењето. Во фокусот на разговорите, како што беше соопштено…

Негативниот природен прираст продолжува да се продлабочува – во третото тримесечје 647 повеќе умрени отколку родени — отвора на Press24

Македонија бележи нов демографски пад во третото тримесечје од 2026 година. Според најновите претходни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), природниот прираст изнесува -647, што претставува влошување во однос на истиот период лани кога негативниот прираст изнесувал -431. Во периодот јули – септември 2026 година, во земјава се живородени 4 160 деца, што е ...

Приказна5 настани · 24 извештаи

Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината — отвора на Press24

Мрежата за заштита од дискриминација упати јавни прашања до претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, изразувајќи незадоволство поради доцнењето на законските измени и отсуството на заклучоци од надзорната расправа за заштита на жените од насилство. Од Мрежата посочуваат дека поминале седум месеци од одржувањето на надзорната расправа, а ...

Од утре започнува Божиќниот пост – 40 дена до Христовото раѓање — отвора на Скопје1

Православните верници од утре, 28 ноември, го започнуваат Божиќниот пост, кој трае 40 дена, до 6 јануари, Бадник. Станува збор за еден од четирите големи повеќедневни пости во православната црква, чија цел е духовна подготовка за празникот Рождество Христово – Божиќ.Постот не подразбира само воздржување од одредена храна, туку и посветеност на молитвата, самоконтролата, добрите дела и…

Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари – уапсен 40-годишен тетовец — отвора на Скопје1

Четириесетгодишен жител на Тетово е лишен од слобода под сомнение дека физички ја нападнал својата 27-годишна вонбрачна партнерка и ја принудувал да обезбедува пари од други мажи.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен, по што полицијата го уапсила мажот на 27 ноември, во 20:20 часот.Во пријавата се наведува дека тој ја принудувал жената да оди со други мажи и да не се враќа дома без…

Александар Чупиќ47 настани · 210 извештаи

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид — отвора на Журнал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 ноември 2026 година (петок), ќе биде домаќинка на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ. На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и…

Нема повредени во судар на два авиона при полетување на аеродромот во Вашингтон — отвора на Скопско Ехо

Путин претстави нова нуклеарна подморница — отвора на ТРН

Во бродоградилиштето „Севмаш“ во северозападниот град Северодвинск, Путин присуствуваше на церемонија на подигнување на знамето на подморницата „Перм“, со што беше означено нејзиното официјално предавање на морнарицата. „Русија е една од ретките земји во светот способни да градат моќни нуклеарни подморници од ваков вид, оружје со глобален дострел и значење“, рече тој. Подморниците на нуклеарен ...

КАРИЛ14 настани · 51 извештаи

Сопругот ја тепал два дена, таткото го пријавил насилството – гостиварка се бори за живот на КАРИЛ — отвора на Рацин

Четириесет и двегодишна жена од Гостивар е во животозагрозувачка состојба откако, според досегашните информации, два дена била изложена на физичко насилство од сопругот, кој е лишен од слобода. Жената синоќа беше примена во Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со тешки повреди на главата и градниот кош. Поради сериозноста на повредите, ...

Приказна6 настани · 36 извештаи

Рацин.мк дознава дека Уставен го укина Колективниот договор во културата — отвора на Рацин

Уставен суд го укина колективниот договор за култура со одложено дејство до април 2027 година, дознава Рацин.мк од свои извори. Одлуката е споделена и со вработените во Национална опера и балет. Уставниот суд за денешната седница го стави на дневен ред предметот во кој се оспорени Колективниот договор за култура и членот 78-љ од Законот ...

Приказна3 настани · 10 извештаи

Детали за сообраќајката на скопската обиколница: има повредени, судирот е помеѓу три возила — отвора на Скопје1

Три возила учествувале во сообраќајна незгода што вечерва се случила на скопската обиколница „Мајка Тереза“, по клучката Радишани, во правец кон Тетово. Во незгодата има пет повредени лица кои се хоспитализирани.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека незгодата била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот.„Денеска (27.11.2026) во 19:10 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна…

Повеќе случаи на семејно насилство во Охрид, Тетово, Кочани, Неготино и Прилеп — отвора на Нова Македонија

Повеќе случаи на семејно насилство биле пријавени во Охрид, Тетово, Кочани, Неготино и Прилеп, при што во дел од случаите мажите биле лишени од слобода, а против други ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Министерството за внатрешни работи. Деветнаесетгодишна жена од охридско пријавила дека во домот на нејзиниот невенчан сопруг во Охрид била физички нападната ...

Приказна13 настани · 17 извештаи

Вардар и Силекс дадоа по еден гол, доволно да освојат три бода против Арсими и Струга ТЛ — отвора на Спортманија

Актуелниот фудбалски првак на Македонија, Вардар славеше во Гостивар против Арсими во меч од 15 коло на Прва лига. Со оваа победа црвено-црните стигнаа до 27 бодови, додека Арсими остана на последната позиција на табелата со само 10 бодови. Клучниот момент на дуелот во Гостивар се случи во 19 минута кога репрезентативецот Бобан Николов најдобро ...

„Нема ниту еден ден поминато како правник во суд“: СКРМ за уставната судијка Татјана Васиќ-Бозаџиева — отвора на Скопје1

СКРМ ја доведува во прашање професионалната биографија на уставната судијка Татјана Васиќ-Бозаџиева, која е судијка-известител во постапката по иницијативата на адвокатот Томислав Стефковски за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура.Според податоците што ги објави организацијата, Васиќ-Бозаџиева дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а…

Приказна20 настани · 84 извештаи

Со коњи и албански знамиња низ Тетово по повод Денот на албанското знаме — отвора на Скопје1

Со албански знамиња на коњски грб, група јавачи поминува низ улиците на Тетово по повод одбележувањето на Денот на албанското знаме, пренесува „Глас.мк“.Колоната се движела низ градот, а потоа се упатила кон плоштадот „Маршал Тито“, каде што продолжило одбележувањето на празникот.

Приказна3 настани · 3 извештаи

Манчестер јунајтед ја искористи клаузулата и самостојно го продолжи договорот на Бруно Фернандеш — отвора на МакФудбал

Манчестер јунајтед ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на капитенот Бруно Фернандеш за дополнителни 12 месеци, со што португалскиот репрезентативец ќе остане на „Олд Трафорд“ до летото 2028 година. Претходниот договор на искусниот играч од средниот ред истекуваше на крајот од актуелната сезона. Двете страни уште од летото преговараат за нова соработка, но, според ...

Удрил полицаец со автомобил при обид да избега, во возилото имал марихуана, а дома хашиш — отвора на Скопје1

Дваесет и тригодишен скопјанец се соочува со кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и напад врз службено лице, откако при полициска контрола удрил полицаец со автомобил.Според МВР, на 17 ноември на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници запреле автомобил „сеат леон“ управуван од Т.А. При контролата во возилото била пронајдена и…

Внатрешна контрола ги провери полицајците по обвинувањата за сообраќајката во Скопје – МВР со детали — отвора на Press24

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР) изврши проверки по објавен статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ од лицето М.М., со кој беа изнесени наводи за неправилности во постапувањето на полициски службеници при сообраќајна незгода во Скопје во која нејзиниот син, како пешак, се здобил со повреди. Како ...

Со 2,88 промили алкохол агресивно се однесувала кон полицајци – приведена 39-годишна скопјанка — отвора на 4NEWS

На 28.11.2026 во 04:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.П.(39) од Скопје, затоа...