Архива: 28 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

„Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола“, најави Николоски — отвора на Скопје1

Забрзувањето на изградбата на автопатот Прилеп – Битола ќе отвори околу 1.200 работни места, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на саемот за вработување во Прилеп, организиран од „Бехтел и Енка“.Новите работни места ќе бидат наменети за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лабораториски кадар, оператори на градежни машини, возачи, како и…

Истрага за обид за убиство во Гостивар: Со остар предмет ја удирал сопругата по главата и телото, доставен предлог притвор — отвора на 4NEWS

Забрана за камиони на Стража и Маврово – Дебар — отвора на Проверено

Од 18 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на одредени патни правци низ државата. Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека забраната е воведена на патниот правец крак Маврово – Дебар и Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража.

Илјадници пристигнаа од цела Европа во Тирана: Се бара оставка од Еди Рама — отвора на Рацин

Во главниот град на Албанија, Тирана, денес избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите, во најновиот од серијата антивладини протести. Илјадници луѓе повторно излегоа на улиците за да побараат оставка од премиерот Еди Рама. Полицијата употреби солзавец и водни топови за да ги смири демонстрантите, кои фрлаа камења и дрвени стапови врз нив и кршеа улични ...

Сопругот ја тепал два дена, таткото го пријавил насилството – гостиварка се бори за живот на КАРИЛ — отвора на Рацин

Четириесет и двегодишна жена од Гостивар е во животозагрозувачка состојба откако, според досегашните информации, два дена била изложена на физичко насилство од сопругот, кој е лишен од слобода. Жената синоќа беше примена во Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со тешки повреди на главата и градниот кош. Поради сериозноста на повредите, ...

Од вторник нови правила за боледување: матичниот лекар одобрува до 5 дена, за подолго отсуство ќе треба специјалистички извештај и дијагностички испитувања — отвора на Скопје1

Од вторник, 1 декември, стапуваат во сила новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се прецизираат надлежностите на матичните лекари и лекарските комисии, како и постапката за одобрување подолго отсуство од работа.Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) појаснуваат дека измените не го скратуваат правото на боледување, ниту го ограничуваат неговото…

Земјотрес со магнитуда 4,0 во Грција почувствуван во Битола и Охрид — отвора на 4NEWS

Нула комуналии за младите што ќе градат сопствен дом, законите следниот месец во Собрание — отвора на Press24

Во тек е подготовката на два специјални закони со кои се предвидуваат поволности за младите брачни парови при обезбедувањето сопствен дом. Се очекува законските решенија да бидат доставени до Собранието следниот месец. Првиот закон предвидува младите брачни парови да можат да купуваат станбен простор по цени за 20 проценти пониски од просечните пазарни цени остварени ...

СДСМ поднесе барање за итна седница за насилствата врз жените — отвора на Независен весник

Уште една жена се бори за живот по пријавено семејно насилство. Жена од Гостивар синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Доста е институционален молк и не преземање одговорност.Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница со една точка на дневен ...

Нема повредени во судар на два авиона при полетување на аеродромот во Вашингтон — отвора на Скопско Ехо

Две малолетнички нападнале 12-годишно девојче во соблекувална во спортска сала во Илинден — отвора на Скопје1

Дванаесетгодишно девојче било физички нападнато од две малолетнички во соблекувална во спортска сала во општина Илинден.Случајот бил пријавен на 26 ноември во СВР Скопје од таткото на девојчето, 44-годишен жител на скопско. Според пријавата, нападот се случил по претходно меѓусебно нетрпение.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Врсничко насилство во основно училиште во Скопје: двајца малолетници нападнале врсник, трет снимал — отвора на Скопје1

Полицијата истражува случај на физички напад врз малолетник во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 27 ноември, а нападот се случил два дена претходно. Малолетникот, според пријавата, бил физички нападнат од двајца врсници, додека трет малолетник го снимал настанот со мобилен телефон.Од МВР…

Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата — отвора на Независен весник

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози, а сите патни правци се проодни за сообраќај и се чистат од снег со сета расположлива механизација која активно работи на патиштата низ државата, информира ЈП „Македонија пат“. -Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите ...

Отстрането државното знаме поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“ — отвора на Скопје1

Во Гостивар е пријавено отстранување на државно знаме поставено од Општината на улицата „Илинденска“.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 27 ноември во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Полициска екипа извршила увид, а се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Силен земјотрес ја стресе Македонија — отвора на Press24

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.0.…

Од 10 до 15 декември Скопје ќе светне во новогодишно руво, огномет ќе нема за Нова Година — отвора на Проверено

Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот од 10 до 15 декември, најавува градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој за телевизија Сител вечерва изјави дека избрана е компанија задолжена за украсување на градот, а целата постапка била транспарентна и деталите се јавно достапни. Прославата на новогодишната ноќ ќе биде на плоштадот „Македонија“ во центарот на ...

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо — отвора на 24 Вести

Заборавете на гневот, заборавете на лошите зборови, напротив уживајте во играта, почитувајте го противникот. Насилството сите не боли. Навредливо е. Незамисливо е, меѓутоа тоа е сложен феномен, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на панелот на тема „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“ што денеска се одржа во Битола. Пред членовите на Здружението за развој на…

Кинески функционер осуден на смртна казна за корупција, за местење тендери зел над 88 милиони долари мито — отвора на Сакам да кажам

Кинески суд го осуди поранешниот челник на автономниот регион Гуангшји на смртна казна поради корупција, но извршувањето на казната е ...

Американците го одбија нападот со беспилотни летала врз воена база во Велика Британија. Сомнежот е дека е Иран — отвора на Проверено

Американските сили одбија напад од шест беспилотни летала врз воената база на Кралските воздушни сили Лејкенхит во источна Англија претходно овој месец, објави утрово „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Според изворите, се сомнева дека Иран е вмешан во инцидентот. Инцидентот се случил на 13 ноември, кога во базата била прогласена ...

Министерката за финансии Димитриеска Кочоска доби награда за остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра — отвора на Плусинфо

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации — отвора на Прва линија

Винарија Душа од Волково, лоцирана на 10 километри од центарот на Скопје и на само пет минути возење од обиколницата, официјално ги отвори вратите за посетители. Посетите се организираат со претходна резервација и вклучуваат тури и дегустации, а просторот е отворен и за приватни настани, прослави, тимски дружења и деловни средби, со капацитет за помали ...

Мрежата за заштита од дискриминација бара одговорност од Жаклина Пешевска: Седум фемициди од почетокот на годината — отвора на Press24

Мрежата за заштита од дискриминација упати јавни прашања до претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, изразувајќи незадоволство поради доцнењето на законските измени и отсуството на заклучоци од надзорната расправа за заштита на жените од насилство. Од Мрежата посочуваат дека поминале седум месеци од одржувањето на надзорната расправа, а ...

Македонија трета најлоша земја за вработување за младите во Европа — отвора на ТРН

Македонија се наоѓа на третото место во Европа по висината на младинската невработеност со стапка од 29 отсто во вториот квартал од 2026 година, покажуваат податоците на Евростат. Полоша состојба меѓу 35 анализирани европски држави имаат само Босна и Херцеговина со 32,2 отсто и Романија со 30,7 отсто. Статистиката го опфаќа населението во работната сила, ...

Работна посета на РЕК Битола: со раководството на ЕСМ разговарано за актуелните активности и идните планови — отвора на Фактор

Работна посета на РЕК Битола и средба со раководствата на РЕК Битола и АД ЕСМ се одржа денеска, објави премиерот Христијан Мицкоски. На состанокот биле разгледани актуелните активности во комбинатот, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците со кои се соочува производството, како и идните планови за унапредување на работењето. Во фокусот на разговорите, како што беше соопштено…

Руски државјанки со забрана за влез во државата затекнати во кабаре во Охрид — отвора на Скопје1

При полициска контрола во кабаре во Охрид биле затекнати руски државјанки кои влегле во Македонија и покрај тоа што имале активна забрана за влез во државата.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролата била спроведена на 28 ноември, околу 00:30 часот, од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, во содејство со…

Превртена кола на патот Стража – Гостивар, интервенира и противпожарна екипа — отвора на Press24

Сообраќајна незгода се случи вечерва на патниот правец Стража – Гостивар, каде што патничко возило излетало од коловозот и се превртело. Според првичните информации до кои дојде Press24, во незгодата има повредени лица, а на местото на настанот интервенира и противпожарна екипа за нивно извлекување од возилото. Засега не е познато степенот на повредите и ...

Водата од „Тасино чешмиче“ во Центар не е безбедна за пиење, утврден е зголемен вкупен број колиформни бактерии — отвора на Скопје1

Водата од левата и десната јавна чешма „Тасино чешмиче“ во Скопје не ги исполнува пропишаните стандарди за пиење, покажале бактериолошките анализи доставени до Општина Центар од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Според резултатите, во водата е утврден зголемен вкупен број колиформни бактерии.Градоначалникот на Општина Центар, Горан…

Крива Паланка блесна во празничен сјај, илјадници светилки го претворија градот во новогодишна бајка — отвора на Скопје1

Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија плоштадот во Крива Паланка, каде што илјадници светилки и насмеани детски лица го означија почетокот на предновогодишните случувања.Градоначалникот Сашко Митовски сподели фотографии од празничната декорација и им се заблагодари на граѓаните што со своето присуство внесле топлина и радост.Тој најави дека ова е само почеток на предновогодишната…

Жена во животозагрозувачка состојба по напад од сопругот, осомничениот е обезбеден — отвора на Нова Македонија

Жена синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба, откако, според медиумските објави, била физички нападната од сопругот. Од Јавното обвинителство информираат дека осомничениот е обезбеден и дека надлежните институции веќе преземаат мерки за расчистување на случајот. – Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за…

РЕС со нова понуда за 2027: до 40% пониски сметки за струја, фиксна цена и дополнителни попусти до 6.000 денари — отвора на Батали

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија. Со почетокот ...

Ја тепал вонбрачната партнерка и ја принудувал да оди со други мажи за пари – уапсен 40-годишен тетовец — отвора на Скопје1

Четириесетгодишен жител на Тетово е лишен од слобода под сомнение дека физички ја нападнал својата 27-годишна вонбрачна партнерка и ја принудувал да обезбедува пари од други мажи.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен, по што полицијата го уапсила мажот на 27 ноември, во 20:20 часот.Во пријавата се наведува дека тој ја принудувал жената да оди со други мажи и да не се враќа дома без…

Јаневска: Не гледам логика да се протестира за мерка со која на студентите им се нуди повеќе од досега — отвора на Нова Македонија

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека не гледа основа за протестот што се најавува во врска со студентскиот оброк, оценувајќи дека предложените измени предвидуваат студентите да добијат повеќе од она што го имаат во моментов, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за време на натпреварот за бизнис-идеи на средношколци во организација на ...

6 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Фокус

Прашања

Забрзано се развива апликацијата за студентски попусти од 20% Јаневска не гледа логика во најавениот протест — отвора на Плусинфо

Повеќе случаи на семејно насилство во Охрид, Тетово, Кочани, Неготино и Прилеп — отвора на Нова Македонија

Повеќе случаи на семејно насилство биле пријавени во Охрид, Тетово, Кочани, Неготино и Прилеп, при што во дел од случаите мажите биле лишени од слобода, а против други ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Министерството за внатрешни работи. Деветнаесетгодишна жена од охридско пријавила дека во домот на нејзиниот невенчан сопруг во Охрид била физички нападната ...

Со коњи и албански знамиња низ Тетово по повод Денот на албанското знаме — отвора на Скопје1

Со албански знамиња на коњски грб, група јавачи поминува низ улиците на Тетово по повод одбележувањето на Денот на албанското знаме, пренесува „Глас.мк“.Колоната се движела низ градот, а потоа се упатила кон плоштадот „Маршал Тито“, каде што продолжило одбележувањето на празникот.

Нетанјаху подготвен на историска отстапка: Му нуди на Ајзенкот прв да ја преземе премиерската функција — отвора на Скопје1

Бенјамин Нетанјаху е подготвен да се откаже од принципот според кој лидерот на најголемата партија треба да ја предводи владата, со цел да се формира влада на национално единство во Израел. Тој понудил Гади Ајзенкот прв да ја преземе премиерската функција, додека самиот би бил заменик-премиер на почетокот на мандатот.Нетанјаху истакнал дека неговата партија Ликуд има значително повеќе гласови од…

Најмалку седум загнати при експлозија во училиште во Авганистан (ВИДЕО) — отвора на Проверено

Најмалку седум ученици загинаа, а 99 други се повредени денеска при експлозија во средно училиште во источната авганистанска покраина Кунар, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Абдул Матин Кани. Претходно, локалната полиција информира дека загинале најмалку 30 ученици , а околу 40 други се повредени. Портпаролот на полицијата, Фарид Дехан, изјави дека ...

Тунелот Катланово денеска шест часа без струја - ќе се врши замена на електричен столб — отвора на Скопје Инфо

Тунелот Катланово денеска, ќе остане без електрично напојување во периодот од 9:20 до 15:20 часот. Прекинот е најавен поради замена на дрвен столб со бетонски на 10-киловолтен далекувод кон тунелот Катланово, од страната на селото Бадар.

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа? — отвора на Скопје1

Опозицискиот СДСМ преку соопштение упати критики до премиерот Христијан Мицкоски по неговата изјава дека буџетот ќе претставува предизвик во следните две години, поради обврските за враќање долгови и камати, финансирање на буџетскиот дефицит и капиталните инвестиции.Од партијата прашуваат како е можно буџетот да биде предизвик кога, според тврдењата на власта, Македонија е „трета економија во…

Загрижувачки податоци: Во Македонија и девојчиња помлади од 15 години стануваат мајки — отвора на 4NEWS

Малолетничкото мајчинство останува сериозен општествен проблем и во Македонија. Статистичките податоци покажуваат дека и покрај малите бројки во однос на вкупниот број...