Најважно во 10 ч, 28 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 10 часот.

Приказна2 настани · 14 извештаи

Сопругот ја тепал два дена, таткото го пријавил насилството – гостиварка се бори за живот на КАРИЛ — отвора на Рацин

Четириесет и двегодишна жена од Гостивар е во животозагрозувачка состојба откако, според досегашните информации, два дена била изложена на физичко насилство од сопругот, кој е лишен од слобода. Жената синоќа беше примена во Ургентниот хируршки центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, со тешки повреди на главата и градниот кош. Поради сериозноста на повредите, ...

Подгответе се за -14 степени: Македонија ја зафаќа вистинска зима — отвора на Press24

Облачно време со повремени врнежи од дожд – локално пообилни со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа – и снег на планините се очекува утре во Македонија, при што попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на дел од повисоките места ќе преминат во снег, а ќе дува и северен ...

Приказна3 настани · 15 извештаи

Сообраќајот без забрани, на граничните премини нема подолги задржувања — отвора на Проверено

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Приказна3 настани · 25 извештаи

Рацин.мк дознава дека Уставен го укина Колективниот договор во културата — отвора на Рацин

Уставен суд го укина колективниот договор за култура со одложено дејство до април 2027 година, дознава Рацин.мк од свои извори. Одлуката е споделена и со вработените во Национална опера и балет. Уставниот суд за денешната седница го стави на дневен ред предметот во кој се оспорени Колективниот договор за култура и членот 78-љ од Законот ...

Александар Чупиќ47 настани · 209 извештаи

Предводникот на новите српски власти, Александар Чупиќ, утре треба да дојде во Охрид — отвора на Независен весник

Ако не се промени нешто претседателот на српското собрание и в.д. претседател на Србија, Александар Чупиќ, утре во Охрид треба да ја има промоцијата на новите власти. Тоа треба да се случи на собирот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони. Домаќин ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Чупиќ беше поканет од Антонио Кошта (претседателот на Европскиот ...

Приказна10 настани · 94 извештаи

Предложен притвор за 38-годишникот осомничен за убиството кај Смилковското Езеро — отвора на 4NEWS

Од утре започнува Божиќниот пост – 40 дена до Христовото раѓање — отвора на Скопје1

Православните верници од утре, 28 ноември, го започнуваат Божиќниот пост, кој трае 40 дена, до 6 јануари, Бадник. Станува збор за еден од четирите големи повеќедневни пости во православната црква, чија цел е духовна подготовка за празникот Рождество Христово – Божиќ.Постот не подразбира само воздржување од одредена храна, туку и посветеност на молитвата, самоконтролата, добрите дела и…

Блокиран патот Охрид – Скопје кај Ботун, има повредени по излетување на автомобил — отвора на 24 Инфо

Сообраќајот на патот Охрид – Скопје кај Ботун е во целосен прекин. Според првичните информации, на коловозот има паднато дрво, а на истиот дел од патот излетало патничко возило. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Има повредени лица, но засега нема информации за нивниот број и за тежината на повредите. Причината ...

Приказна14 настани · 24 извештаи

Сиљановска-Давкова од Охрид предупреди дека без Западниот Балкан, ЕУ ќе остави геополитички вакуум — отвора на 4NEWS

Проширувањето на Европската Унија е „безбедносен императив“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по денешниот самит Брдо-Бриони во Охрид. Според неа, ако...

Крива Паланка блесна во празничен сјај, илјадници светилки го претворија градот во новогодишна бајка — отвора на Скопје1

Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија плоштадот во Крива Паланка, каде што илјадници светилки и насмеани детски лица го означија почетокот на предновогодишните случувања.Градоначалникот Сашко Митовски сподели фотографии од празничната декорација и им се заблагодари на граѓаните што со своето присуство внесле топлина и радост.Тој најави дека ова е само почеток на предновогодишната…

Приказна5 настани · 20 извештаи

Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 — отвора на Либертас

Собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево ја продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, на која беа разгледани 19 амандмани поднесени од опозицијата кои се однесуваа на обезбедување на дополнителни средства за инфраструктурни проекти, за развој на земјоделството и спроведување на активности за младите. Од сите разгледани амандмани, беше прифатен само еден…

Приказна3 настани · 9 извештаи

Речиси половина од македонската економија се создава во Скопје – Североисточниот регион на дното и по БДП и по инвестиции — отвора на Press24

Економскиот јаз меѓу главниот град и внатрешноста останува длабок. Во 2025 година, Скопскиот регион создал 47,1 отсто од вкупниот бруто-домашен производ (БДП) на државата и привлекол 45,2 отсто од сите инвестиции во основни средства, покажуваат најновите претходни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). На спротивниот крај е Североисточниот регион, кој учествува со само 4,4 ...

Од 1 декември поскапува парното во Скопје, сметките во просек повисоки за 188 денари — отвора на 4NEWS

Марта Кос22 настани · 71 извештаи

Кос: За спроведените 56 отсто од реформите, Македонија добива 71 милион евра и дополнителни 10 отсто од средствата од Планот за раст — отвора на 360 степени

По Самитот на лидерите на Западен Балкан посветен на Планот за раст, еврокомесарката Марта Кос посочи дека...

Пехчевец не почитувал забрана од суд, па ја нападнал сопругата — отвора на Независен весник

Неколку случаи на семејно насилство нотира денешниот полициски билтен, при што биле тепани сопруги, мајки, ќерки, но и син го нападнал таткото. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” и ,,неизвршување на судска одлука”. На 17.11.2026 во семејната ...

Од вторник нови правила за боледување: матичниот лекар одобрува до 5 дена, за подолго отсуство ќе треба специјалистички извештај и дијагностички испитувања — отвора на Скопје1

Од вторник, 1 декември, стапуваат во сила новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се прецизираат надлежностите на матичните лекари и лекарските комисии, како и постапката за одобрување подолго отсуство од работа.Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) појаснуваат дека измените не го скратуваат правото на боледување, ниту го ограничуваат неговото…

Сали во Тирана: Планот за раст носи конкретни резултати — отвора на Press24

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок за европска интеграција, на 26 ноември во Тирана, во рамки на Самитот за Планот за раст на Западен Балкан. На сесијата посветена на постигнувањето резултати и забрзувањето на спроведувањето, Сали го презентираше напредокот на Северна Македонија во реализацијата ...

Животните не се таму некаде: Нова меѓународна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје — отвора на ТРН

Утре (28 ноември 2026 година), во 13 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена меѓународната изложба „СЀ ШТО НИ Е ЗАЕДНИЧКО: ЖИВОТНИТЕ НЕ СЕ ТАМУ НЕКАДЕ“, во кураторство на Мира Гаќина и Јованка Попова. Изложбата „Сѐ што ни е заедничко: Животните не се таму некаде“ преку дела на меѓународни и македонски ...

4 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Рацин

Прашања

Скопје – место на средба на енергетската дипломатија и меѓународната соработка — отвора на Пари

Американската армија онеспособила брод што се обидел да ја пробие блокадата на иранските пристаништа — отвора на Либертас

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив онеспособи трговски брод што се обидувал да ја пробие американската блокада на иранските пристаништа, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Погоден е бродот „Пацифик арчер“, што пловел под знамето на Палау, а испловил од пристаништето Бандар Абас. Во соопштението на ЦЕНТКОМ се наведува дека екипажот на бродот повеќе ...

Приказна3 настани · 4 извештаи

Струмичани плаќаат за 21,6 проценти поскап леб од велешани — отвора на ТРН

Местото на живеење во Македонија влијае и врз тоа колку граѓаните плаќаат за најосновниот прехранбен производ – лебот. Истражувањето на Институтот за економски политики и истражувања „Фајненс тинк“ покажува значителни разлики во цените на лебот од пченично брашно тип 500 низ македонските градови. Најевтин леб јадат велешани, кои за еден килограм плаќаат во просек 70,65 ...

Кристијан Корабоски37 настани · 214 извештаи

Претепаната Сара со модрици на лицето дојде во судница, обвинетиот Корабоски не се појави, но побара изземање на обвинители и судии преку адвокат — отвора на Скопје1

Претепаната Сара Ѓорѓиеска од Охрид со сѐ уште видливи модрици на лицето денеска дојде во Основниот суд во Охрид, каде што требаше да започне судењето против Кристијан Корабоски, обвинет за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Во истата судница беа присутни и родителите и членовите на семејството на Корабоски, но не и обвинетиот.Судскиот процес не започна…

Кинески функционер осуден на смртна казна за корупција, за местење тендери зел над 88 милиони долари мито — отвора на Сакам да кажам

Кинески суд го осуди поранешниот челник на автономниот регион Гуангшји на смртна казна поради корупција, но извршувањето на казната е ...

Приказна5 настани · 25 извештаи

Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров, повикана полиција, објави градоначалникот — отвора на Скопје1

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ вечерва биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од Обвинителството…

Ограбил казино со пиштол, полицијата кај него пронашла 300.000 денари и две фантомки — отвора на Скопје Инфо

Полицијата расчисти разбојништво во казино на булевар „Партизански одреди“ во Скопје, од каде на 18 ноември биле одземени 789.600 денари. По претрес во домот на 50-годишниот Д.К., пронајдени се околу 300.000 денари, две црни фантомки и облека.

Приказна3 настани · 10 извештаи

Детали за сообраќајката на скопската обиколница: има повредени, судирот е помеѓу три возила — отвора на Скопје1

Три возила учествувале во сообраќајна незгода што вечерва се случила на скопската обиколница „Мајка Тереза“, по клучката Радишани, во правец кон Тетово. Во незгодата има пет повредени лица кои се хоспитализирани.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека незгодата била пријавена во СВР Скопје во 19:10 часот.„Денеска (27.11.2026) во 19:10 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна…

Каков шок за Меси и Интер Мајами: Примија гол во 90+2 минута и за нив заврши сезоната (Видео) — отвора на Спортманија

Актуелниот првак во МЛС шампионатот, Интер Мајами е елиминиран уште во првата рунда од плејофот, откако во драматичен меч со 1:0 загуби од Колумбус Кру. Интер Мајами и дома беше поразен од Колумбус со убедливи 0:3, а ако се знае дека во МЛС плејофот се игра до две добиени меча, тоа значеше и крај на ...

Естонија потврди дека од 1 декември ги затвора копнените граници со Русија — отвора на ТРН

Естонија од 1 декември ќе ги затвори своите граници со Русија, потврди шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна за време на официјалната посета на Баку. Одлуката доаѓа како одговор на зголемените безбедносни закани, саботажи и напади насочени кон европските држави, додека Талин истовремено го засилува своето дипломатско присуство на Јужен Кавказ. Министерот за надворешни работи ...

Најниска температура утрово во Тетово, дожд попладне а на повисоките места и снег — отвора на Проверено

Најмногу дожд наврна во Охрид 27 л/м2, во Демир Капија 19, во Битола 17, во Берово 15, во Струмица 11, во Крива Паланка 10, во Виница 9 и во Тетово шест л/м2. Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради ...

Жена во животозагрозувачка состојба по напад од сопругот, осомничениот е обезбеден — отвора на Нова Македонија

Жена синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба, откако, според медиумските објави, била физички нападната од сопругот. Од Јавното обвинителство информираат дека осомничениот е обезбеден и дека надлежните институции веќе преземаат мерки за расчистување на случајот. – Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за…