Најважно во 17 ч, 17 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 17 часот.

Приведен 18-годишник од тетовско, осомничен за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ — отвора на Скопје1

Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце е лишен од слобода под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.Од МВР информираат дека на 17 ноември, во периодот од 5:45 до 7:25 часот, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории. Во акцијата учествувале припадници на Секторот за борба против тероризам…

Кристијан Корабоски30 настани · 156 извештаи

Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор — отвора на Мета.мк

Според наодите на полицијата, во неговата крв имало 1,29 промили алкохол, поради што ќе добие и кривична пријава за тоа што возел пијан

Три клиники имаат нови директори — отвора на Фактор

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија е именуван вонр. проф. д-р Владимир…

ДЗС4 настани · 18 извештаи

Сакаш да градиш? Плати 500 евра: Раководител во ДЗС падна во полициска акција, фатен е со бележани банкноти — отвора на Скопје1

Раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување е лишен од слобода под сомнение дека примил поткуп од 500 евра за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект, дознава неофицијално „Скопје1“.Според информациите до кои дојдовме, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност спровеле акција во која раководното…

Крива Паланка21 настани · 70 извештаи

Градоначалникот на Крива Паланка бара ингеренции за решавање на случајот со кравите – од АХВ велат имале план — отвора на 24 Вести

АНБ откри иранска прокси мрежа во Македонија – организирале атентат! — отвора на Инфомакс

АНБ во соработка со МВР откри и спречи терористичка група од шест државјани на Македонија, кои биле дел од иранска прокси мрежа која подготвувала терористички акт – атентат во Грција. На едно лице му е одреден куќен притвор, на останатите притвор, а едно не е достапно за органите на прогонот во Македонија, објасни директорот на ...

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата — отвора на Независен весник

Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов, на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше дека во објектот имало противпожарни апарати, знаци за излез и панични светла, но и дека на настани претходно се употребувале пиротехнички средства со кои раководело лице чиј идентитет не го знае. Јованова истакна дека одговорен за работењето на ...

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари 2027 година — отвора на Скопје1

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје ќе биде отворен во јануари 2027 година, пред почетокот на вториот семестар. Реконструкцијата на објектот, вредна 10 милиони евра, е во завршна фаза, а денеска увид во градежните активности изврши министерката за образование и наука Весна Јаневска.Таа истакна дека обновата е дел од поширок проект за темелна реконструкција на девет…

Трамп: Иран ќе плати висока цена доколку го нападне Вашингтон — отвора на Фокус

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција — отвора на Бизнис вести

Кавадарци изминативе денови живееше во знакот на виното, музиката и дружењето. Во текот на трите фестивалски дена, 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на винарницата „Тиквеш“ повторно ги обедини љубителите на виното, деловните партнери, пријателите и соработниците на компанијата, претставниците на институциите и дипломатскиот кор, како и бројните гости од земјата и странство. ...

Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не сум направила намерни грешки“ — отвора на 4NEWS

Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес против поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, која се товари за злоупотреба на службената положба...

Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница на српскиот парламент — отвора на 4NEWS

Наскоро тендер за изведувач на доградбата на двете згради за ФИНКИ — отвора на Независен весник

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач на доградбата на двете згради кај Ректоратот на УКИМ што ќе ги користи Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во моментов трае периодот за сугестии за архитектонското решение, кое се разликува од првичното од пред десетина години. -Тоа мислам ќе се заврши многу скоро, во денови ...

Приказна3 настани · 13 извештаи

Предложен притвор за семејно насилство во Битола — отвора на Инфомакс

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата ...

Приказна4 настани · 26 извештаи

Се урна воен авион во Србија — отвора на Скопје1

Авион на Војската на Србија се урнал на нива меѓу Нова Пазова и Стара Пазова, а според неофицијални информации, станува збор за борбен авион „МиГ-29“.Засега нема информации дали во несреќата има загинати или повредени лица. Министерството за одбрана на Србија сѐ уште нема објавено официјално соопштение за инцидентот.

Естонија се подготвува целосно да ја затвори границата со Русија — отвора на Скопје1

Естонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовка на мерки за можно целосно затворање на границата со Русија, по обидот за саботажа во фабрика за производство на воени беспилотни летала. Естонските безбедносни служби се сомневаат дека зад инцидентот стои руската воена разузнавачка служба ГРУ, објави естонскиот јавен медиум ЕРР.Во саботата, на 14 ноември, биле приведени осум државјани на Латвија…

Сиљановска-Давкова: Ова е епидемија од насилства! Мора да преземеме мерки — отвора на Независен весник

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оцени дека е неопходно итно преземање заеднички активности за справување со родово базираното насилство, нагласувајќи дека досегашните законски измени и институционални мерки не дале доволни резултати. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од претседателот на Собранието на дневен ред да се стави законско решение за заштита на жените од родово…

Десетици повредени во судир на возови во Прага, прекинат железничкиот сообраќај — отвора на Скопје1

Две патнички композиции се судриле утрово во близина на главната железничка станица во Прага, Чешка, при што се повредени повеќе десетици лица, соопштија пожарникарските служби.Според првичните информации, поголемиот дел од повредените се здобиле со полесни повреди. На местото на несреќата се испратени сите служби за итни интервенции, објави Радио Прага.Железничкиот сообраќај на оваа делница е…

Црното Море11 настани · 31 извештаи

Драма во Црното Море: Потона танкер кај Бугарија, во тек е потрага по екипажот — отвора на Нова Македонија

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона на околу 50 наутички милји источно од бугарскиот брег во Црното Море, а бугарските воени сили и воздухопловството се вклучени во операција за пребарување и спасување на членовите на екипажот. Како што соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана, во акцијата е ангажирана и авијацијата. Авион Су-25 на бугарските воздухопловни сили ...

Procesi gjyqësor ndaj ish-kryetares së Tetovës, Teuta Arifi: Besoj në integritetin e drejtësisë, jam plotësisht e pafajshme — отвора на TV21

Ka vazhduar sot procesi gjyqësor ndaj ish-kryetares së Komunës së Tetovës, Teuta Arifi, e cila ngarkohet me akuzën për keqpërdorim të detyrës zyrtare. Në seancën e sotme dëshmuan katër persona të angazhuar dikur me kontrata në vepër në sektorë të ndryshëm komunalë, si dhe tre revizorët e brendshëm të komunës. Sipas aktakuzës së ngritur pas

5 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: Tetova Sot

Прашања
Хашим Тачи5 настани · 22 извештаи

Пипалата на лидерот на ОВК досегнувале и надвор од хашката ќелија?! — отвора на Нова Македонија

Денес Хаг уште еднаш ќе донесе пресуда за Хашим Тачи Ново соочување со правдата за поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, овој пат под обвинение за попречување на правдата и влијание врз сведоци Пресудата во вториот судски процес против поранешниот лидер на ОВК се очекува денеска во Хаг – обвинителството бара шест години затвор, додека случајот ...

АНБ разоткри иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад — отвора на Фокус

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда” стигнавме до „телесна повреда”?! — отвора на 24 Инфо

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание Нема да ви помине и ова тукутака! Како жена, но и пред сѐ како човек, бесна сум! Барам конкретни одговори за случајот со брутално претепаната девојка во Охрид! МВР првично поднело кривична пријава за ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА, по член 131 ...

Судењето за нападот врз Сара закажано за 27 ноември, Обвинителството располага со нови докази — отвора на Скопје Инфо

Судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, е закажано за 27 ноември.

Алта банка408 настани · 1454 извештаи

Алта банка Битола на продажба: Акција се продава за 3.777 денари — отвора на еМагазин

Со оружје ѝ се заканувал на сопругата со која се разведува, приведен 56-годишник — отвора на Скопје1

Маж од кичевско село е лишен од слобода откако, според пријава, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата со која е во бракоразводна постапка.Од МВР информираат дека 56-годишниот З.З. бил приведен на 16 ноември, во 22:05 часот, од полициски службеници на ОВР Кичево, по претходна пријава за упатените закани.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена од автомобил во Тетово — отвора на Скопје1

Жена од Тетово се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на булеварот „Илинденска“ во градот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа била пријавена на 16 ноември околу 17:35 часот во СВР Тетово. Во несреќата учествувале автомобил „сузуки“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од 56-годишниот Н.А. од Тетово, и 56-годишната…

Програмата за култура за Скопје 2028 е објавена и е отворена за консултации, забелешки и коментари — отвора на Независен весник

Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, кога нашиот град ќе биде Европска престолнина на културата? Одговорите на овие прашања Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ сака да ги најде заедно со сите што живеат, создаваат и работат во Скопје. Фондацијата ја објави ...

Филмови за слободата и моќта на новинарството на десеттиот Медиумски фестивал Скопје — отвора на ТРН

Како се брани уредувачката независност, што значи да се известува во војна и како новинарите да се заштитат од професионално согорување? Овие прашања се дел од програмата на десеттото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, кој ќе се одржи од 17 до 19 ноември во „Лабораториум“. Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ...

Египет12 настани · 63 извештаи

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет да прогласи за терористичка организација една организација од Македонија — отвора на Инфомакс

АНБ ја следи одлука на Египет да прогласи за терористичка организација една организација од Македонија, одговори денес на новинарско прашање директорот на АНБ, Бојан Христовски. – АНБ со особено внимание ја следи последната одлука на Египет за една македонска организација која е прогласена за терористичка организација, делуваме во рамки на можностите, меѓународна соработка и активности ...