Архива: 17 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

АНБ откри иранска прокси мрежа во Македонија – организирале атентат! — отвора на Инфомакс

АНБ во соработка со МВР откри и спречи терористичка група од шест државјани на Македонија, кои биле дел од иранска прокси мрежа која подготвувала терористички акт – атентат во Грција. На едно лице му е одреден куќен притвор, на останатите притвор, а едно не е достапно за органите на прогонот во Македонија, објасни директорот на ...

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари 2027 година — отвора на Скопје1

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје ќе биде отворен во јануари 2027 година, пред почетокот на вториот семестар. Реконструкцијата на објектот, вредна 10 милиони евра, е во завршна фаза, а денеска увид во градежните активности изврши министерката за образование и наука Весна Јаневска.Таа истакна дека обновата е дел од поширок проект за темелна реконструкција на девет…

Три клиники имаат нови директори — отвора на Фактор

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. За директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија е именуван вонр. проф. д-р Владимир…

Поранешниот бугарски цар со порака по средбата со Мицкоски: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија треба да влезе во ЕУ — отвора на Плусинфо

Прва трилатерална средба на Џинпинг, Трамп и Путин во Шенжен — отвора на ЦИВИЛ Медиа

Претседателите на САД, Доналд Трамп, на Русија, Владимир Путин, и на Кина, Си Џинпинг, на 19 ноември треба да одржат прва трилатерална средба во кинескиот град Шенжен. Средбата ќе се одржи во рамките на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а нејзиното одржување веќе е потврдено од трите земји. Најавата за средбата доаѓа во период ...

Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт пред конститутивната седница на српскиот парламент — отвора на 4NEWS

35 години од првиот Устав на независна Македонија — отвора на Проверено

На денешен ден 1991 година од страна на Собранието е донесен првиот Устав на независна Македонија откако на 8 септември истата година во земјата беше успешно спроведен референдум за независност со кој државата формално се одвои од поранешна Југославија и воспостави сопствен уставно-правен систем. Работниот текст на Уставот го потпишаа професорите Владо Поповски, Љубомир Фрчковски ...

Приведен 18-годишник од тетовско, осомничен за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ — отвора на Скопје1

Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце е лишен од слобода под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.Од МВР информираат дека на 17 ноември, во периодот од 5:45 до 7:25 часот, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории. Во акцијата учествувале припадници на Секторот за борба против тероризам…

Хашим Тачи осуден на 17 месеци затвор за попречување на правдата — отвора на Рацин

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, е осуден на 17 месеци затвор во Хаг поради обиди да го попречи судењето за воени злосторства во кое и самиот беше обвинет. Пресудата ја изрекоа Специјализираните совети на Косово. Судот го прогласи Тачи за виновен за обид да попречи службени лица во извршувањето на нивните должности, за нарушување ...

Десетици повредени во судир на возови во Прага, прекинат железничкиот сообраќај — отвора на Скопје1

Две патнички композиции се судриле утрово во близина на главната железничка станица во Прага, Чешка, при што се повредени повеќе десетици лица, соопштија пожарникарските служби.Според првичните информации, поголемиот дел од повредените се здобиле со полесни повреди. На местото на несреќата се испратени сите служби за итни интервенции, објави Радио Прага.Железничкиот сообраќај на оваа делница е…

Се урна воен авион во Србија — отвора на Скопје1

Авион на Војската на Србија се урнал на нива меѓу Нова Пазова и Стара Пазова, а според неофицијални информации, станува збор за борбен авион „МиГ-29“.Засега нема информации дали во несреќата има загинати или повредени лица. Министерството за одбрана на Србија сѐ уште нема објавено официјално соопштение за инцидентот.

Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми пријави дека советник во ДЗС му побарал 500 евра за позитивно мислење — отвора на 4NEWS

Се урна српски воен авион — отвора на 24 Инфо

Авион на српската армија утрово се урнал кај Стара Пазова. Засега нема информации за повредени или загинати. Авионот се урнал во поле и бил целосно уништен, а дел од српските медиуми јавуваат дека станува збор за МИГ 29. На местото на настанот се наоѓаат пожарникари, брза помош, полиција и воена полиција. Засега нема официјални информации ...

Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ — отвора на Бизнис вести

Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На последното рочиште, вештото лице од Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, изнесе низа забелешки за методологијата и опфатот на вештачењата нарачани од одбраната на првообвинетиот…

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата — отвора на Независен весник

Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов, на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше дека во објектот имало противпожарни апарати, знаци за излез и панични светла, но и дека на настани претходно се употребувале пиротехнички средства со кои раководело лице чиј идентитет не го знае. Јованова истакна дека одговорен за работењето на ...

Професорот Чупиќ кандидат на Студентската листа за спикер на српскиот парламент — отвора на ТРН

Денеска се одржува конститутивната седница на српскиот парламент, по изборите кои беа одржани на 25 октомври. На седницата треба да се избере нов собраниски спикер, а за позицијата Претседател на Народното собрание на Србија, поднесени се две кандидатури објави претседателот на седницата, Стојан Раденовиќ. Студентската листа „Студентите победуваат“ која има мнозинство во Собранието го номинираше…

АНБ разоткри иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад — отвора на Фокус

Предложен притвор за семејно насилство во Битола — отвора на Инфомакс

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата ...

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција — отвора на Бизнис вести

Кавадарци изминативе денови живееше во знакот на виното, музиката и дружењето. Во текот на трите фестивалски дена, 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на винарницата „Тиквеш“ повторно ги обедини љубителите на виното, деловните партнери, пријателите и соработниците на компанијата, претставниците на институциите и дипломатскиот кор, како и бројните гости од земјата и странство. ...

Сакаш да градиш? Плати 500 евра: Раководител во ДЗС падна во полициска акција, фатен е со бележани банкноти — отвора на Скопје1

Раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување е лишен од слобода под сомнение дека примил поткуп од 500 евра за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект, дознава неофицијално „Скопје1“.Според информациите до кои дојдовме, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност спровеле акција во која раководното…

Повеќе делови од Скопје и скопско денеска без струја — отвора на Скопје Инфо

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Илинден, Гази Баба, Петровец, Ѓорче Петров и Центар. - Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите од патот кон фармите во Јурумлери и улица 27 во Илинден, како и околните фирми на улица 27;

Се урна воен авион во Сибир: Загинаа сите 17 лица во леталото — отвора на ТРН

Воен транспортен авион Ан-12 денеска се урнал во Кемеровската област, во југозападниот дел на Сибир, при што загинале сите 17 лица што се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на информиран извор. Изворот потврдил дека во несреќата загинал целиот екипаж. Претходно беше објавено дека авионот се урнал во близина на селото Јагуново, во Кемеровската ...

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав — отвора на Бизнис вести

Во законодавниот дом денеска ќе се одржат панел-дискусии по повод 35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив. Како што информираат од собраниската прес-служба, поздравни обраќања ќе имаат претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана…

Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност? — отвора на 24 Инфо

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за ...

Падна доверливата комуникациска мрежа на американската НСА, се истражува причината — отвора на Инфомакс

Висококласифицираната мрежа што американската Агенција за национална безбедност (НСА) ја користи за внатрешна комуникација е во прекин, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на шест извори запознаени со случајот. Мрежата, позната како „НСА Нет“, им овозможува на вработените да разменуваат класифицирани информации во рамките на агенцијата. ynetnews.com Додека се утврдува обемот на проблемот, агенцијата…

Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените — отвора на МИА

Божиновска на седмиот форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава — отвора на Бизнис вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), кој ќе се одржи во Варшава, Полска. Настанот, организиран во соработка со Атлантскиот совет, претставува значајна платформа за дијалог и размена на искуства меѓу високи владини претставници, меѓународни…

Температурите во пораст, од среда дожд и силен јужен ветер со брзина над 80 километри на час — отвора на 4NEWS

Николоски од Виена: ЕУ да изнајде решенија за проблемот со превозниците и со извозот на зелената енергија од регионот — отвора на 24 Вести

Вицепремиерт Александар Николоски од 23. Виенски економски форум упати апел до ЕУ да изнајде решение за проблемот со превозниците и со извозот на електрична енергија произведена од обновливи извори за Западен Балкан. - Има две многу важни прашања за регионот кои, за жал, многу малку беа споменати, а се огромен проблем за целиот регион и се директно поврзани со Европската Унија, а за жал ЕУ не…

Десет деца повредени на ескалатор во трговски центар во Белград — отвора на Рацин

10 деца биле повредени денес на ескалатор во трговскиот центар „Галерија“ во Белград. Според информациите потврдени од Службата за итни случаи во Белград за Н1 Србија, седум деца се здобиле со тешки повреди, а три со полесни. Сите деца се пренесени во Ургентниот центар. Несреќата се случила околу 14:35 часот. Повредените деца се на возраст ...

Годишен отчет за сработеното на градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски (во живо) — отвора на МИА

Во Македонија во 2024 година биле регистрирани 78 смртни случаи во сообраќајни несреќи на милион жители — отвора на Бизнис вести

Во Македонија во 2024 година биле регистрирани 78 смртни случаи во сообраќајни несреќи на милион жители, покажуваат податоците нза регионалната распределба на жртвите во сообраќајот во Европа. Со оваа стапка Македонија е над просекот на Европската Унија, кој изнесувал 45 смртни случаи на милион жители. Иста стапка од 78 загинати на милион жители имала и ...

Македонски државјанин паднал од скала на градилиште во Италија, со хеликоптер пренесен во болница — отвора на Скопје1

57-годишен македонски државјанин е тешко повреден при несреќа на градилиште во Италија, откако паднал од скала од височина од околу два метра. Поради сериозноста на повредите, со медицински хеликоптер бил пренесен во болница во Удине.Несреќата се случила во понеделникот, 16 ноември, во градот Сачиле, во покраината Порденоне, во регионот Фриули-Венеција Џулија. Македонецот бил ангажиран на…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче, протестот во Охрид е за фотелји, а не за правда — отвора на Фокус

Почна предвремениот откуп на тутунот во Прилеп, за прва класа ќе се плаќаат 435 денари за килограм — отвора на Нова Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп денеска го започна предвремениот откуп на тутунот од годинашната реколта. Интересот кај тутунарите за предавање на „жолтото злато“ уште на првиот ден е поголем во споредба со минатата година, а очекувањата се дека претстојната откупна сезона ќе помине успешно. На почетокот на откупот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче ...

Јанев за бегството на Ива Михаилова во Бугарија: Утврдуваме кој и како ѝ овозможил да замине — отвора на Скопје1

Бирото за јавна безбедност работи на утврдување на околностите под кои осомничената Ива Михаилова успеала да избега во Бугарија, како и дали некој ѝ овозможил да се најде таму. Ова го изјави директорот на БЈБ, Александар Јанев, одговарајќи на прашање поврзано со нејзиното бегство.„Ние работиме на тоа да дознаеме кој како и што овозможил за да дотичната личност да се најде онаму каде е“, рече…

Трамп: Иран ќе плати висока цена доколку го нападне Вашингтон — отвора на Фокус

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен во ДЗС – Барал мито! — отвора на Инфомакс

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО Скопје лиши од слобода лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, потврдија од Министерството за внатрешни работи за ...

Сиљановска-Давкова: Ова е епидемија од насилства! Мора да преземеме мерки — отвора на Независен весник

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оцени дека е неопходно итно преземање заеднички активности за справување со родово базираното насилство, нагласувајќи дека досегашните законски измени и институционални мерки не дале доволни резултати. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од претседателот на Собранието на дневен ред да се стави законско решение за заштита на жените од родово…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп – Битола ќе бидат пуштени во 2027 година — отвора на Нова Македонија

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп – Битола треба да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година се очекува да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова го соопшти Општина Битола по работната средба со претставници на „Бехтел и Енка“. Во 2027 година ќе се работи и на делницата ...