Архива: 22 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

„One Stop Shop“ на ГП Ќафасан — отвора на Проверено

На граничниот премин Ќафасан од денес ќе се применува интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ (едношалтерска гранична контрола). Со „One Stop Shop“ патниците, возилата и стоката поминат низ заедничка гранична контрола на едно место, наместо да застануваат двапати — на излезната и на влезната страна од границата. Системот е наменет за намалување на гужвите на ...

Продолжува потрагата по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар, повторно ангажирани специјализирани тимови — отвора на Скопје1

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повторно ги активираше специјализираните тимови во потрагата по лицето кое исчезна во реката Вардар кај Гостивар. Тимовите се ангажирани по вторпат, на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР).Како што информираат од ДЗС, во теренските активности учествува и заменик-директорот на институцијата, Кашмир Салиу.Во потрагата е вклучен Тимот за брз…

Муцунски утре на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина — отвора на Скопје1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во Атина, каде што ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување…

Игор Додик ќе биде нов премиер на Република Српска — отвора на Скопје1

Раководството на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), предводено од Милорад Додик, одлучило нов премиер на Владата на Република Српска да биде Игор Додик.Тој на премиерската функција ќе го замени Саво Миниќ.Како што тврди сараевскиот портал „Истрага.ба“, одлуката за новиот премиер на Република Српска била донесена одамна, иако во јавноста се создавал впечаток дека „постои дилема и…

Расправија за крави завршила со тешки повреди: Три лица нападнале 67-годишна жена во Кривопаланечко — отвора на Скопје Инфо

Шеесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село Дрење се здобила со тешки телесни повреди откако, според нејзината пријава во полиција, била физички нападната од три лица поради недоразбирање околу крави кои предизвикувале штета. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера, 21 ноември, во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка.

Становите за млади брачни двојки ќе бидат за 20% поевтини. Фирмите ќе бидат задолжени да одвојат 10% од зградите за станови за млади — отвора на Плусинфо

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука — отвора на 24 Инфо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на албанската заедница по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука. „Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од ...

Променливо и ветровито време, дожд и снег на повисоките места — отвора на Скопје1

Промена на времето се очекува во текот на ноќта, кога врнежите од дожд од западните делови ќе се прошират низ целата земја. Со продорот на постудена воздушна маса, на повисоките места дождот ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег.Ќе дува засилен, повремено и силен ветер, кој на моменти ќе надминува 70 километри на час. Претпладне ќе биде од западен, а попладне од северен…

Албанија никогаш нема да го прекине патот на Северна Македонија кон ЕУ, рече Рама — отвора на Фокус

Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, уапсен 46-годишник — отвора на Скопје1

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, дознава „Скопје1“.Според информациите до кои дојде „Скопје1“, писмото било пронајдено од вработените во канцеларијата на 18 ноември, по што случајот бил пријавен во полиција во 9:50 часот.Содржината на писмото засега не…

Не работи „Мој ДДВ“ — отвора на Скопје1

Апликацијата „МојДДВ“ во моментов е привремено недостапна поради технички проблеми, информираат надлежните служби.Како што посочуваат во известувањето, надлежните служби интензивно работат на отстранување на проблемите и повторно воспоставување на услугата во најкраток можен рок.Од надлежните упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението додека трае отстранувањето на техничките…

Од редовна обука во вистинска спасувачка акција: Евакуиран тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија — отвора на 24 Инфо

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – ...

Рама одби да се меша во случајот „Монструм“ и му порача на новинар: Македонија е суверена држава, проблемот е во твојата глава — отвора на Скопје1

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Македонија е независна и суверена држава во чии внатрешни работи Албанија нема да се меша, одговарајќи на прашање од новинар на албански јазик, зошто не ги отвора прашањата „спорните“ судски случаи, меѓу кои и „Монструм“, а истовремено јавно зборува за пријателството со македонските политичари.„Како прво Македонија е независна и суверена држава, а Албанците…

Тошковски за „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната — отвора на Скопје1

На граничниот премин Ќафасан денеска беше промовиран системот „One Stop“ за заедничка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија, во присуство на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, и албанскиот премиер, Еди Рама.Со воведувањето на овој систем се заокружува процесот на воспоставување заеднички гранични контроли со соседните држави кои не се дел од Шенген-зоната, по успешната…

Мицкоски: Почнуваме кампања Очи в очи, јас и членовите на ИК ќе одиме од место во место да ги слушнеме граѓаните — отвора на Пари

Трагедија: Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница во Скопје — отвора на Скопје Инфо

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, вчера, 21 ноември, околу 13:40 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено починато тригодишно дете.

Скандал со вештачка интелигенција во Јужна Кореја – министерот за образование поднесе оставка — отвора на Фактор

Министерот за образование на Јужна Кореја, Чои Кјо-џин, денеска, 22 ноември, поднесе оставка по контроверзиите околу мерките против мамење со вештачка интелигенција на националниот приемен испит за универзитетите. Претседателот Ли Џе-мјунг ја прифатил оставката околу еден час по нејзиното објавување, потврди претседателскиот кабинет. Чои ја презел одговорноста за промените во испитните правила…

Велковски за ТВ 24: Не се укинува вториот пензиски столб - законската одредба за 6%, се префрла во друг закон — отвора на 24 Вести

Мицкоски ја поддржа кампањата против насилството врз жените, повика на дијалог со младите — отвора на Нова Македонија

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им порача на младите кои протестираат против насилството врз жените дека во него можат да гледаат соговорник и соработник во борбата против овој општествен проблем. Тој ја поддржа кампањата против насилството врз жените, но порача дека политиката и партиските интереси треба да останат надвор од оваа тема. Осврнувајќи ...

Речиси сите летови во Белгија се откажани утре. „Последиците ќе бидат катастрофални“ — отвора на Проверено

Речиси сите летови во Белгија ќе бидат откажани во понеделник, 23 ноември, поради национален штрајк на кој се приклучуваат контролорите на летање. Штрајкот е насочен кон протест против мерките за штедење од страна на владата на премиерот Барт де Вевер, која се обидува да го намали буџетскиот дефицит. Белгиската компанија за контрола на воздушниот сообраќај ...

Три лица загинаа, а 36 се водат како исчезнати во пожар во фабрика за слатки во Индонезија — отвора на ТРН

Најмалку три лица загинаа во пожар што ја зафати фабриката за слатки во близина на индонезиската престолнина Џакарта, додека 36 лица се водат како исчезнати, соопштија во неделата надлежните спасувачки служби. Четири повредени лица се пренесени во здравствени установи, изјави Ризки Двианто, кој претходно информирал дека 39 лица се водат како исчезнати. Пожарот избувнал во ...

Инструктор од Србија паднал од стаза за алпинизам кај Демир Капија, се здобил со тешки телесни повреди — отвора на Либертас

Инструктор од Србија паднал од стаза за алпинизам кај Демир Капија, се здобил со тешки телесни повреди, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 13:35 часот, во ОВР – Неготино било пријавено дека во реон на старите тунели кај Демир Капија, од стаза за алпинизам паднал С.Ж., на возраст од ...

Германија ја преполовува квотата: од 2027 година само 25.000 работни места за Балканот — отвора на ТРН

Германската влада донесе уредба со која годишната квота за работници од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија од 1 јануари 2027 година се намалува од 50.000 на 25.000. Тоа значи дека работните места во Германија ќе бидат достапни за двојно помалку граѓани од регионот. За да стапи на сила, уредбата ...

Почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски – Бошко Ремис — отвора на Скопје1

По кратко боледување, денеска, на 63-годишна возраст, почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски, во јавноста познат како Бошко Ремис.Илоски е роден на 23 јануари 1963 година, а зад себе остава долгогодишна успешна деловна кариера, особено во градежништвото и туризмот.Тој беше добро познат во Охрид и пошироко по својата градежна компанија „Ремис“, а значаен белег остави и во…

Камерите на „Сејф сити“ се користат во истрагата за убиството кај Смилковското Езеро — отвора на Скопје1

Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај Смилковци е насочена и кон снимките од камерите на системот „Сејф сити“ поставени на повеќе клучки долж скопската обиколница. Се проверува дали на снимките може да се забележат сомнителни возила поврзани со убиството, потврдија од истрагата за Телма.Според првичните информации, автомобилот „мерцедес“ на жртвата се упатил кон клучката каде што се…

ЗНМ ги осудува заканите по живот упатени до новинарот Кристијан Ландов и бара итна истрага — отвора на Скопје1

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува заканите по живот упатени до новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи. Според информациите што ЗНМ ги доби од новинарот, заканите започнаа по објавувањето на епизодата од неговиот подкаст „Претрес“ посветена на неодамнешниот инцидент во Охрид“, велат од ЗНМ. Тие додаваат:Во коментар на Фејсбук, профилот „Ivica Misajle“ му…

МПЦ на средба со промоторот на руската „света војна“ во Украина — отвора на Независен весник

Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот Хераклејски Климент, пренесува „Религија“. Средбата се одржала на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир во Москва, за време на посетата на македонските архиереи по повод 80-тиот роденден на рускиот…

Кочо Анѓушев во Битола: Со батерии, фабриките можат да ја користат сопствената евтина струја и кога нема сонце — отвора на Батали

Фабриките што имаат фотоволтаични електрани на своите покриви можат значително да ја зголемат користа од нив доколку инвестираат и во батериски системи. Наместо да ја користат сопствената евтина електрична енергија само додека има сонце, тие можат да ја складираат и да ја користат тогаш кога им е потребна во производствениот процес. Ова беше една од ...

МПЦ-ОА ја фали „духовната мудрост“ на Кирил, рускиот патријарх кој ја поддржува инвазијата врз Украина — отвора на 360 степени

Алкалоид домаќин на Горење Велење во меч од 1/16-финалет ЕХФ Европскиот куп — отвора на Спорт+

Македонскиот ракометен претставник Алкалоид пред домашната публика ќе бара предност пред реваншот во Словенија. Алкалоид против Горење Велење го почнува 1/16-финалниот предизвик во ЕХФ Европскиот куп, со амбиција да обезбеди пласман во осминафиналето. Тимот од скопска Автокоманда влегува во овој европски дуел со висока самодоверба по големата дерби-победа над Еурофарм Пелистер од 30:28 во…

Левица: Вмровските пипци стигнаа и до надзорот за прислушувањето — отвора на Фокус

Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување — отвора на Либертас

Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување. Како што информираа попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска од вечерните часови, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од ...

Бојко Борисов: Бугарија полека се лизга кон диктатура — отвора на Независен весник

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов ги обвини владејачките структури за вршење притисок врз општините, го опиша новиот Висок судски совет (ВСС) како „политичка конструкција“ и ги повика домаќинствата да се подготват за можни прекини во испораката на основните услуги. Според него, Бугарија трпи значителна економска штета поради ризиците за поморскиот транспорт во Црното Море, додека ...

Го малтретирал сопственото дете, а го нападнал и со стаклен предмет: Кривична пријава за делчевец — отвора на Press24

Кривична пријава за сторени две кривични дела – „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“ заработи 45-годишен жител на делчевско село, откако физички и вербално го малтретирал сопственото дете. Постапката против осомничениот А.Л. ја покрена Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево. Инцидентот се одвивал во два последователни дена во семејниот дом во селото, кулминирајќи со…

(ВО ЖИВО) 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“ — отвора на 24часа

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја одржи 35-та годишна конференција под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на конференцијата ќе се обратат претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески.

Македонските владици на средба со рускиот патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква — отвора на Булевар

Рускиот патријарх Кирил се сретна со делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Москва и порача дека средбата е посебна, бидејќи македонските архиереи првпат доаѓаат како претставници на автокефална помесна црква. Средбата се одржала на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир, каде што македонската делегација престојувала по…

„Црвена битка“: Старото ривалство повторно ќе го распали огнот на „Енфилд“ — отвора на SportSport

Едно од најголемите англиски фудбалски дербија повторно е во центарот на вниманието. Ливерпул денеска од 17:30 часот на „Енфилд“ го пречекува Манчестер Јунајтед во натпревар од 11. коло во Премиер-лигата, кој носи дополнителна тежина поради тренерската промена кај гостите. Во фокусот ќе биде Маурисио Покетино, кој дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед токму на едно ...

УХМР предупредува на силен ветер: Следуваат дожд, снег на планините и температури до минус шест степени — отвора на 4NEWS

Меси ги изгуби нервите во поразот на Мајами, тресна противник со топка во лице (Видео) — отвора на Спортманија

Во плејофот на МЛС лигата се случи големо изненадување, Интер Мајами загуби дома од Колумбус кру со 0-3 и се наоѓа пред елиминација. Во оваа фаза се игра во две добиени, и ако Колумбус победи и дома на вториот меч, Лионел Меси и другарите ќе бидат елиминирани, во спротивно, ќе се игра мајсторка. На Меси ...

Родителите на 63-те жртви од Кочани: Ни ветија два милиони денари за спомен-обележјето, сега сами собираме средства! — отвора на 4NEWS

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани бараат институциите да ги исполнат ветувањата за финансиска поддршка при изградбата на...