Архива: 23 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат — отвора на Press24

Повеќе од половината домаќинства во Македонија немаат деца, а нивниот удел во вкупниот број во 2025 година достигнал 66,1 процент. Од друга страна, 33,9 проценти од домаќинствата имале издржувани деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата. Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без ...

Андоновски ќе го презентира напредокот на Македонија во индексот на ОН за е-влада — отвора на Бизнис вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес, 23 ноември, ќе одржи прес-конференција на која ќе го презентира напредокот на Македонија во Индексот на Обединетите нации за развој на е-влада за 2026 година. Индексот на ОН за развој на е-влада (EGDI) ја оценува подготвеноста и капацитетите на државите за обезбедување дигитални јавни услуги, како и развојот ...

Истанбул: Во тек е потрага по избегана лавица; жителите се повикани да останат во своите домови — отвора на Проверено

Веќе 12 часа трае потрагата по лавица, која била забележана во населбата Ускумрукој во истанбулската општина Саријер; сепак, животното не било детектирано од термалните камери во текот на ноќта.Надлежните се обидуваат да го фатат животното живо, користејќи пушка со средства за смирување, но лавицата сѐ уште не е погодена, пренесува „Хаберлер“ (Haberler).Во операцијата се вклучени ...

Петнаесет лица повредени во пожар во болница во Берлин, пациент осомничен за подметнување — отвора на Независен весник

Петнаесет лица се повредени во пожар што синоќа избувнал во болница во населбата Лихтенберг, во источниот дел на Берлин. Според портпаролот на полицијата, пожарот избувнал во соба на првиот кат од болничкиот објект, а постојат индиции дека го предизвикал пациент кој ја запалил постелата во својата соба. Пожарникарите го изгаснале пламенот, но чадот се проширил ...

Парното повторно поскапува од 1 јануари: Скопјани ќе плаќаат повисоки сметки за 7,5 проценти — отвора на Фактор

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење. Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. Поскапувањето од 7,5 проценти се однесува на домаќинствата кои се снабдуваат со топлинска енергија преку „ЕСМ…

Граѓански организации: Речиси една година без национална антикорупциска стратегија — отвора на 24 Инфо

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата (Платформата) изразува сериозна загриженост поради одолговлекувањето на собраниската постапка за усвојување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030, заедно со Акциониот план за нејзино спроведување. Речиси една година по истекот на претходната Стратегија за периодот 2021-2025 година…

Герапетритис со пофалби за Муцунски и напредокот на Македонија кон ЕУ — отвора на Press24

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на Северна Македонија во повеќе области, посебно издвојувајќи ја дигиталната трансформација, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија и реформите во јавната администрација. „Северна Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области, особено во дигиталната…

Манчевски со дури два филма истовремено по светски фестивали – „Сестра, брат и шахта“ во Белград, а „добри луѓе“ во Торино — отвора на Бизнис вести

Синоќа белградската публика на популарниот „Фестивал на авторски филм“ со овации ја поздрави европската премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“. Бројни љубители на делото на Манчевски останаа пред влезот затоа што салата беше распродадена, гледачи седеа и на подот, а во публиката беа и македонскиот амбасадор во Србија, проф д-р ...

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување — отвора на Фактор

Кога станува збор за производите на база на медицински канабис, информираноста за употребата е подеднакво важна како и самиот производ. Токму затоа, пред една година Реплек го отвори КА Информативниот центар, прв од ваков вид во земјава, посветен на стручна едукација и непосреден контакт со граѓаните. Денес, со над 1.500 информирани посетители зад себе, Центарот ја потврдува оправданоста на оваа…

Јаневска: Зголемени плати од најмалку седум ипол отсто за наставниците во март — отвора на Бизнис вести

Вклучувањето на зголемувањето на платите на наставниците е предвидено во буџетот. Тие во март ќе добијат најмалку седум ипол проценти покачување на платите, одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата „Образованието на возрасните и доживотното учење – инвестиција во луѓето и иднината“, во организација на ЈУ Центар ...

Без вода улиците „Марко Крале“, „Дабница“ и „Зуфер Мусиќ“ — отвора на Бизнис вести

Без вода денеска ќе бидат корисниците на улиците Марко Крале, Дабница и Зуфер Мусиќ. Причина за прекинот е уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Марко Крале 106“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

Јавна расправа за Предлог-законот за органите на државната управа — отвора на Проверено

Јавна расправа за работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се одржи во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90. седница, на 23 ноември 2026 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот, во Сала „Борис ...

Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената — отвора на Проверено

Западните разузнавачки служби проценуваат дека Русија планира да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената оваа година. Активирањето на такво оружје во орбитата би можело да уништи или оштети голем број сателити, што би имало катастрофални последици за цивилниот живот и воените операции на Земјата, според истражувањата на германските медиуми WDR, NDR и Süddeutsche Zeitung, ...

7 извештаи (сите извештаи)1 со ист текст

Известуваат и: USB

Прашања

За Извештајот на ЕК ќе расправаат две собраниски тела — отвора на Проверено

За Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година денеска ќе расправаат Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Во Собранието, расправите за годишните извештаи на ЕК традиционално се одвиваат на заеднички седници на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. Најновиот Извештај на Европската комисија за…

Без струја дел од Аеродром и Катланово — отвора на Булевар

Денес, 23 ноември 2026 година, корисниците на улица 1 во Катланово, општина Петровец, ќе бидат без струја од 08:00 до 15:00 часот. Седумчасовниот прекин е планиран поради замена на три столба на електричната мрежа. Во скопската општина Аеродром, прекинот ќе трае од 08:30 до 11:00 часот. Без струја ќе бидат куќите меѓу „Порта Супериум“ и ...

Едно лице хоспитализирано откако непозната супстанција била испуштена на концерт во Велика Британија — отвора на Независен весник

Едно лице е пренесено в болница откако „непозната супстанција“ била испуштена во публиката за време на концертот на Дон Толивер во арената „Ко-оп Лајв“ во Манчестер, соопштија официјални претставници. Полицијата на Манчестер (ГМП) соопшти дека синоќа кусо по 22:00 часот бил прогласен сериозен инцидент по пријавите дека луѓе во публиката на настапот на американскиот рапер ...

Седумгодишно момче е извлечено живо од под урнатините на зграда погодена од руски проектил — отвора на 360 степени

СДСМ: Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сѐ е во ред? — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавнот на СДСМ: Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сѐ е во ред? Трајко Славески изјави дека сѐ е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа. Во Србија Народната банка изјави дека сѐ е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата. Банката отиде во стечај. ...

„Од вкупно 817 доделени стипендии, само 80 се доделени на албански ученици“, вели ДУИ — отвора на Скопје1

Распределбата на ученичките стипендии за учебната 2026/2027 година предизвика реакција од Демократската унија за интеграција (ДУИ), која тврди дека албанските ученици се недоволно застапени меѓу добитниците.Според податоците што ги објави партијата, од вкупно 817 доделени стипендии, само 80 им припаднале на албански ученици, односно помалку од 10 отсто.ДУИ посочува дека во категоријата за…

Приведен 31-годишник од Челопек за издржување едногодишна затворска казна — отвора на Скопје1

Полициски службеници го привеле 31-годишниот М.Б. од селото Челопек, тетовско, кој треба да издржува едногодишна затворска казна.Приведувањето било извршено на 22 ноември во 13:30 часот од страна на Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР.Лицето било барано врз основа на судска наредба за издржување казна…

(Вознемирувачко ВИДЕО) Повеќе кучиња пронајдени мртви едно покрај друго во Бутел - Анима Мунди велат дека биле отруени — отвора на Скопје Инфо

Здружението за заштита на животни Анима Мунди информира дека повеќе кучиња, кои изгледаат како да се од исто легло, биле пронајдени мртви, едно покрај друго, на отворен јавен простор во населбата Бутел, а според информациите со кои располагале, животните биле отруени.

Зеленски потврди дека нападнале руски бродови кај Либија, објави снимки — отвора на Кајгана

Зеленски потврди дека нападнале руски бродови кај Либија, објави снимки Александра Спасеска 23.11.2026 / 10:19 Свет Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод Merkury во близина на либискиот брег. Тој ја опиша операцијата како „пример за украински одговор на руската војна“ и во официјално соопштение наведе дека украинските сили…

На место каде дозволената брзина била до 80 километри на час, тој возел двојно - српски државјанин уапсен на „Табановце“ — отвора на Скопје Инфо

Синоќа во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. Од МВР информираат дека при проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Затворски полицаец во Струмица фатен при обид за продажба на кокаин — отвора на Скопје1

Затворски полицаец од Струмица е осомничен за продажба на кокаин, откако бил затекнат во близина на затворот при обид да продаде дрога на друго лице додека бил на работа.Според информациите од МВР, 50-годишниот Р.С. бил лишен од слобода на 21 ноември 2026 година. При проверката кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин, а при претресите на неговиот дом и службените простории што ги користел…

Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите (видео) — отвора на Независен весник

Денеска е формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, со што се прави значаен чекор кон зајакнување на институционалните механизми за заштита на новинарите и медиумските работници во државата. Во своето обраќање по повод формирањето на ова тело, министерот за внатрешни работи истакна дека иницијативата е резултат на определбата на Владата за системско ...

Авионските билети во Европа би можеле да поскапат до 20 проценти — отвора на Проверено

Патниците кои планираат да летаат следното лето се соочуваат со низа неповолни околности. Поради зголемувањето на цените на керозинот и намалувањето на бројот на достапни седишта, мерки што авиокомпаниите масовно ги воведуваат за компензација на трошоците, патувањето ќе бара поголем буџет. Професионалните здруженија и превозниците веќе ја подготвуваат јавноста за зголемување на цените, а…

Денеска се празнуваат светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј — отвора на 4NEWS

Православните верници денеска, 23 ноември, односно 10 ноември според стариот календар, го одбележуваат споменот на светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и...

Јокиќ со монструозен трипл-дабал дојде на чекор поблиску од рекордот на Вестбрук (Видео) — отвора на Спортманија

Денвер го совлада Чикаго со 151:145 по продолжение, а Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието. Српскиот центар заврши со 37 поени, 18 скока и 11 асистенции, за својот 202. трипл-дабл во кариерата. До рекордот на Расел Вестбрук, кој има 209 трипл-дабл учиноци, му недостигаат уште седум. Џамал Мареј беше најефикасен кај Денвер со ...

Ти одлучуваш што и колку вреди: Светот го одбележува Circular Monday — отвора на Бизнис вести

Здружението „АРНО“ и скопскиот центар за поправки „Ништо ново“ и оваа година, по втор пат, се приклучуваат кон глобалното движење Circular Monday, кое одбележува десет години од своето постоење. Минатогодишниот Црн петок (Black Friday) и Сајбер неделата (Cyber Week) достигнаа историски врв, при што светската продажба достигна рекордни 336,6 милијарди долари. Додека Црниот петок соборува ...

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сѐ уште владее со Македонија — отвора на Скопје1

СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ги презема политичките методи и кампањските модели на српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека и најновата иницијатива „Очи в очи“ со граѓаните е копија на неговиот политички пристап.Од партијата реагираат и на најавената мерка според која брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комунални давачки, оценувајќи дека…

ЕУ вложува во младите од Преспа преку стипендии за природни науки — отвора на Скопје Инфо

Младите од Преспа добиваат поддршка за своето образование и можност во иднина да придонесат кон зачувувањето на природното богатство на регионот. Македонското еколошко друштво ги додели првите стипендии за студенти од Преспа, во рамки на програма која ги поврзува образованието, науката и заштитата на животната средина.

Претседателските избори во Србија ќе бидат закажани најдоцна за три дена, а ќе се одржат на 27 декември — отвора на Инфомакс

Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани најдоцна до 26 овој месец, а ќе се одржат на 27 декември. Оваа вест вчера ја потврди новиот претседател на Србија, Александар Чупиќ, кој гостуваше во емисијата „Впечаток на неделата“, на Н1 телевизија. „Изборите требаше да бидат распишани многу порано. Тоа требеше да го стори претходнот вршител на ...

Бојана Скендеровски со „Тука сме“ испраќа порака дека секое дете заслужува да биде видено и слушнато — отвора на Црнобело

Роденденски концерт на Филхармонија со британската трубачка Матилда Лојд — отвора на Вистина.мк

Македонската филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот ќе го одржи својот роденденски концерт, со кој ќе одбележи 82 години од формирањето. Концертот е насловен „Заратустра“, а како солистка ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд. Диригент е маестро Конрад ван Алфен, а на програмата се Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан и тонската поема „Така зборуваше…

ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените, вели ЛДП — отвора на Независен весник

Народот вели „ни срам, ни перде“, а токму така денес изгледа ВМРО-ДПМНЕ кога по трагичните убиства не само на Ајнет во Битола и Билјана Кириќ во Богданци, туку на Рамајана, Танкица, Ивана и нејзината ќерка, и многу други, излегува со соопштенија и зборува за превенција и заштита на жените, се вели во соопштението од ЛДП. ...

Минусни температури утре и задутре, за викендот снег — отвора на Press24

Во вторник и во среда утрата ќе бидат постудени со негативни температури. Минималните утрински температури утре ќе се спуштат до -5, а во среда до -8 степени, информира УХМР. Од среда кон крајот на денот следува период напретежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови (над ...

Кривични пријави за директор и тројца вработени во „Национални шуми“: Со фиктивни барања издавале дозволи за сеча на дрва — отвора на Фактор

Директор на шумско стопанство во Дебар, тројца вработени во „Национални шуми“ и уште две лица се осомничени за злоупотреби при издавање дозволи за сеча на дрва и документи за транспорт на дрвна маса. ОВР Дебар поднесе кривични пријави против шест лица, меѓу кои и М.П. (57) од Вевчани, директор на Шумското стопанство „Стогово“ – Дебар, кое работи во рамки на ЈП „Национални шуми“. Според МВР, во…

Азески на регионален бизнис форум – го поврзуваме стопанството, градиме партнерства — отвора на Фактор

Во рамки на 9.регионален бизнис форум во Нови Сад, во присуство на претставници на деловните заедници од регионот, делегати и инвеститори од Германија, Франција, Турција и други, како и претставници на дипломатскиот кор, претседателот на Стопанска комора Бранко Азескиво своето воведно обраќање во рамки на отворање на форумот, пред присутните истакна дека честа СКСМ да биде официјален партнер на…

Масовни напади врз Киев, многу мртви. „Светот мора да престане да ја врти главата“ — отвора на Проверено

Најмалку 12 лица загинаа во руски напади во регионот на Киев, од кои девет при делумно уривање на станбена зграда, според најновите бројки објавени од локалните власти утрово. Напади врз регионот Киев Русија ги интензивираше нападите врз украинскиот главен град во последните шест месеци, а многумина стравуваат дека претстојната зима би можела да биде најтешката ...