Најважно во 10 ч, 23 ноем. 2026

Насловната на Битно каква што беше во 10 часот.

Променливо и ветровито време, дожд и снег на повисоките места — отвора на Скопје1

Промена на времето се очекува во текот на ноќта, кога врнежите од дожд од западните делови ќе се прошират низ целата земја. Со продорот на постудена воздушна маса, на повисоките места дождот ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег.Ќе дува засилен, повремено и силен ветер, кој на моменти ќе надминува 70 километри на час. Претпладне ќе биде од западен, а попладне од северен…

Алта банка444 настани · 1587 извештаи

СДСМ: Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сѐ е во ред? — отвора на 24 Инфо

Соопштение за јавнот на СДСМ: Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сѐ е во ред? Трајко Славески изјави дека сѐ е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа. Во Србија Народната банка изјави дека сѐ е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата. Банката отиде во стечај. ...

Становите за млади брачни двојки ќе бидат за 20% поевтини. Фирмите ќе бидат задолжени да одвојат 10% од зградите за станови за млади — отвора на Плусинфо

Мицкоски: Почнуваме кампања Очи в очи, јас и членовите на ИК ќе одиме од место во место да ги слушнеме граѓаните — отвора на Пари

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб? — отвора на Скопје1

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди на сериозен скандал поврзан со вториот пензиски столб и го повика Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% од придонесите во вториот столб.Филипче посочи дека во новиот предлог-закон, кој е веќе објавен на ЕНЕР, се брише членот 120, и го отвори прашањето дали ова значи дека…

Петнаесет лица повредени во пожар во болница во Берлин, пациент осомничен за подметнување — отвора на Независен весник

Петнаесет лица се повредени во пожар што синоќа избувнал во болница во населбата Лихтенберг, во источниот дел на Берлин. Според портпаролот на полицијата, пожарот избувнал во соба на првиот кат од болничкиот објект, а постојат индиции дека го предизвикал пациент кој ја запалил постелата во својата соба. Пожарникарите го изгаснале пламенот, но чадот се проширил ...

Западен Балкан14 настани · 37 извештаи

Муцунски утре на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина — отвора на Скопје1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во Атина, каде што ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување…

Приказна4 настани · 8 извештаи

Речиси сите летови во Белгија се откажани утре. „Последиците ќе бидат катастрофални“ — отвора на Проверено

Речиси сите летови во Белгија ќе бидат откажани во понеделник, 23 ноември, поради национален штрајк на кој се приклучуваат контролорите на летање. Штрајкот е насочен кон протест против мерките за штедење од страна на владата на премиерот Барт де Вевер, која се обидува да го намали буџетскиот дефицит. Белгиската компанија за контрола на воздушниот сообраќај ...

Приказна2 настани · 8 извештаи

Седумгодишно момче е извлечено живо од под урнатините на зграда погодена од руски проектил — отвора на 360 степени

Заканувачко писмо оставено во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, уапсен 46-годишник — отвора на Скопје1

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, дознава „Скопје1“.Според информациите до кои дојде „Скопје1“, писмото било пронајдено од вработените во канцеларијата на 18 ноември, по што случајот бил пријавен во полиција во 9:50 часот.Содржината на писмото засега не…

Мицкоски ја поддржа кампањата против насилството врз жените, повика на дијалог со младите — отвора на Нова Македонија

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им порача на младите кои протестираат против насилството врз жените дека во него можат да гледаат соговорник и соработник во борбата против овој општествен проблем. Тој ја поддржа кампањата против насилството врз жените, но порача дека политиката и партиските интереси треба да останат надвор од оваа тема. Осврнувајќи ...

Рама7 настани · 34 извештаи

Албанија никогаш нема да го прекине патот на Северна Македонија кон ЕУ, рече Рама — отвора на Фокус

Не работи „Мој ДДВ“ — отвора на Скопје1

Апликацијата „МојДДВ“ во моментов е привремено недостапна поради технички проблеми, информираат надлежните служби.Како што посочуваат во известувањето, надлежните служби интензивно работат на отстранување на проблемите и повторно воспоставување на услугата во најкраток можен рок.Од надлежните упатуваат благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението додека трае отстранувањето на техничките…

Кирил10 настани · 28 извештаи

Македонските владици на средба со рускиот патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква — отвора на Булевар

Рускиот патријарх Кирил се сретна со делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Москва и порача дека средбата е посебна, бидејќи македонските архиереи првпат доаѓаат како претставници на автокефална помесна црква. Средбата се одржала на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир, каде што македонската делегација престојувала по…

Јокиќ со монструозен трипл-дабал дојде на чекор поблиску од рекордот на Вестбрук (Видео) — отвора на Спортманија

Денвер го совлада Чикаго со 151:145 по продолжение, а Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието. Српскиот центар заврши со 37 поени, 18 скока и 11 асистенции, за својот 202. трипл-дабл во кариерата. До рекордот на Расел Вестбрук, кој има 209 трипл-дабл учиноци, му недостигаат уште седум. Џамал Мареј беше најефикасен кај Денвер со ...

За Извештајот на ЕК ќе расправаат две собраниски тела — отвора на Проверено

За Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2026 година денеска ќе расправаат Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Во Собранието, расправите за годишните извештаи на ЕК традиционално се одвиваат на заеднички седници на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. Најновиот Извештај на Европската комисија за…

Јавна расправа за Предлог-законот за органите на државната управа — отвора на Проверено

Јавна расправа за работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се одржи во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90. седница, на 23 ноември 2026 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот, во Сала „Борис ...

Две од три домаќинства во Македонија немаат деца – Што покажуваат бројките на Евростат — отвора на Press24

Повеќе од половината домаќинства во Македонија немаат деца, а нивниот удел во вкупниот број во 2025 година достигнал 66,1 процент. Од друга страна, 33,9 проценти од домаќинствата имале издржувани деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата. Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без ...

Истанбул: Во тек е потрага по избегана лавица; жителите се повикани да останат во своите домови — отвора на Проверено

Веќе 12 часа трае потрагата по лавица, која била забележана во населбата Ускумрукој во истанбулската општина Саријер; сепак, животното не било детектирано од термалните камери во текот на ноќта.Надлежните се обидуваат да го фатат животното живо, користејќи пушка со средства за смирување, но лавицата сѐ уште не е погодена, пренесува „Хаберлер“ (Haberler).Во операцијата се вклучени ...

„Од вкупно 817 доделени стипендии, само 80 се доделени на албански ученици“, вели ДУИ — отвора на Скопје1

Распределбата на ученичките стипендии за учебната 2026/2027 година предизвика реакција од Демократската унија за интеграција (ДУИ), која тврди дека албанските ученици се недоволно застапени меѓу добитниците.Според податоците што ги објави партијата, од вкупно 817 доделени стипендии, само 80 им припаднале на албански ученици, односно помалку од 10 отсто.ДУИ посочува дека во категоријата за…

Ќафасан6 настани · 55 извештаи

„One Stop Shop“ на ГП Ќафасан — отвора на Проверено

На граничниот премин Ќафасан од денес ќе се применува интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ (едношалтерска гранична контрола). Со „One Stop Shop“ патниците, возилата и стоката поминат низ заедничка гранична контрола на едно место, наместо да застануваат двапати — на излезната и на влезната страна од границата. Системот е наменет за намалување на гужвите на ...

Ѓорѓиевски: Некој дебело се офајдил од нафтата во ЈСП — отвора на Фокус

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва, при вклучување во живо на Фејсбук, каде што зборуваше за...

Камерите на „Сејф сити“ се користат во истрагата за убиството кај Смилковското Езеро — отвора на Скопје1

Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај Смилковци е насочена и кон снимките од камерите на системот „Сејф сити“ поставени на повеќе клучки долж скопската обиколница. Се проверува дали на снимките може да се забележат сомнителни возила поврзани со убиството, потврдија од истрагата за Телма.Според првичните информации, автомобилот „мерцедес“ на жртвата се упатил кон клучката каде што се…

Во Скопје ќе има организиран дочек на Новата година со домашни изведувачи и македонска музика — отвора на 360 степени

Градоначалникот најави и дека Скопје навреме ќе биде украсено за новогодишните празници, а не во последните денови...

Nvidia89 настани · 158 извештаи

Вашингтон бара одговори од Nvidia за испораките на чипови во Кина — отвора на Бизнис вести

Американските власти побарале итни објаснувања од раководството на технолошкиот гигант Nvidia во врска со продажбата на нивните полупроводнички чипови на кинескиот пазар. Прашањето го отвори американскиот министер за финансии Скот Бесент, кој потврди дека администрацијата е во комуникација со привременото раководство на компанијата. Бесент посочи дека американската страна веќе разговара со…

Почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски – Бошко Ремис — отвора на Скопје1

По кратко боледување, денеска, на 63-годишна возраст, почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски, во јавноста познат како Бошко Ремис.Илоски е роден на 23 јануари 1963 година, а зад себе остава долгогодишна успешна деловна кариера, особено во градежништвото и туризмот.Тој беше добро познат во Охрид и пошироко по својата градежна компанија „Ремис“, а значаен белег остави и во…

Продолжува потрагата по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар, повторно ангажирани специјализирани тимови — отвора на Скопје1

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повторно ги активираше специјализираните тимови во потрагата по лицето кое исчезна во реката Вардар кај Гостивар. Тимовите се ангажирани по вторпат, на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР).Како што информираат од ДЗС, во теренските активности учествува и заменик-директорот на институцијата, Кашмир Салиу.Во потрагата е вклучен Тимот за брз…

Приказна14 настани · 57 извештаи

УХМР предупредува на силен ветер: Следуваат дожд, снег на планините и температури до минус шест степени — отвора на 4NEWS

Силен ветер со брзина над 70 километри на час, дожд и снег на планините најавува Управата за хидрометеоролошки работи за понеделник, 23...

Мртов скопјанец пронајден утрово кај Смилковци, телото било во близина на неговиот автомобил - полицијата истражува — отвора на Скопје1

Безживотно тело на маж утрово било пронајдено кај надвозник во близина на скопското село Смилковци. Според неофицијални информации на Скопје1, станува збор за 38-годишен жител на село од скопскиот регион, кој бил пронајден во близина на својот автомобил.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје во 06:15 часот, откако било забележано лице без знаци…

Велика Британија38 настани · 100 извештаи

Едно лице хоспитализирано откако непозната супстанција била испуштена на концерт во Велика Британија — отвора на Независен весник

Едно лице е пренесено в болница откако „непозната супстанција“ била испуштена во публиката за време на концертот на Дон Толивер во арената „Ко-оп Лајв“ во Манчестер, соопштија официјални претставници. Полицијата на Манчестер (ГМП) соопшти дека синоќа кусо по 22:00 часот бил прогласен сериозен инцидент по пријавите дека луѓе во публиката на настапот на американскиот рапер ...