Архива: 4 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка — отвора на еМагазин

Народната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола. „За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе ...

45 извештаи (сите извештаи)25 со ист текст

Известуваат и: ФакторМакфакс+32

Ужас во Богданци: Пронајдени две мртви лица, едното во изгорен автомобил, другото покрај него — отвора на Скопје1

Две безживотни тела се пронајдени во близина на местото викано „Ичева чешма“, во Горно село кај Богданци. Едното тело, на 21-годишно момче од Богданци, било пронајдено покрај опожарен автомобил, додека второто било откриено во внатрешноста на изгореното возило, дознава „Скопје1“.Случајот бил пријавен вчера, 3 ноември, во 18:40 часот, кога Т.К. од Богданци ја известил полицијата дека забележал…

51 извештаи (сите извештаи)18 со ист текст

Известуваат и: 4NEWSСкопје Инфо+29

Филмот „Сестра Брат Шахта“ на Милчо Манчевски е во трка за престижната награда „Токио Гран-при“ — отвора на Телма

Триесет и деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Токио официјално се заокружува со свечената церемонија на затворање и прогласувањето на најдобрите остварувања за 2026 година. Фестивалот понуди богата програма со 11 филмски секции, меѓу кои и главната Интернационална натпреварувачка програма каде што за престижното „Grand Prix“ се натпреваруваа 15 селектирани филмови од целиот…

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро — отвора на Фактор

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи од познати производители, со акцент на традиционалните и медитеранските вкусови кои не се дел од вообичаената понуда на домашниот пазар. Концептот „Само во Веро“…

Злоупотреби со електронските индекси на Универзитетот во Штип: Двајца осомничени заработиле 21.000 евра — отвора на 4NEWS

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“, осомничени дека со незаконско менување, бришење и прикривање податоци...

22 извештаи (сите извештаи)13 со ист текст

Известуваат и: МакфаксСкопје1+14

flydubai повторно го поврзува Скопје со Дубаи и пошироко — отвора на Бизнис вести

Авионската компанија „flydubai“ најави повторно воведување летови меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Меѓународниот аеродром Скопје (SKP), со што се воспоставува врската меѓу Дубаи и главниот град на Северна Македонија. Линијата до Скопје, која ќе сообраќа три пати неделно почнувајќи од 01 април 2027 година, ќе овозможи патниците да имаат пристап до премиум бизнис-класата ...

Вајц ја повика Кос да посредува за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија — отвора на Нова Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Обраќајќи се пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен Пакетот за проширување, Вајц ги посочи Хрватска и Црна Гора како позитивен пример ...

Сиљановска-Давкова пред Руте: Коридорите 8 и 10 се стратешки правци за воената мобилност на НАТО — отвора на Макфакс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците. Таа ја потврди определбата…

Мицкоски од самит во Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања — отвора на Лидер

Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот "Отпорност како императив за севкупното општество" истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, напиша премиерот Христијан Мицоски на социјаните мрежи. Сега се соочуваме со вештачко барање од земја членка ма ЕУ, а сето тоа може да се гледа и како на рушење…

Клиника за детски болести: Обезбедена е современа модулаторна терапија Трикафта — отвора на Курир

Уште една добра вест од Клиниката за детски болести. Обезбедена е современа модулаторна терапија Трикафта за сите пациенти со ЦФ кај кои постои соодветна медицинска индикација. Од оваа година во Македонија има вкупно 126 пациенти со цистична фиброза, над 2 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските критериуми ќе имаат пристап до современа, таргетирана терапија, информираат од клиниката. Ова…

19 извештаи (сите извештаи)12 со ист текст

Известуваат и: Скопје1Вечер+11

Европската комисија денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година — отвора на Независен весник

Брисел – Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на Европската комисија за десет земји-кандидати за членство во Европската Унија. Пакетот, во кој Европската комисија ќе го оцени напредокот на секоја од земјите-кандидати, најпрво ќе им биде претставен на членовите на ...

18 извештаи (сите извештаи)12 со ист текст

Известуваат и: ТелмаВечер+11

ФЗОМ ги засилува контролите во здравствените установи за спречување неоснована наплата на здравствени услуги — отвора на Курир

Фондот за здравствено осигурување ги засилува контролите во здравствените установи со кои има склучено договор, со посебен акцент на проверката на наплатата на здравствените услуги и откривањето евентуални неправилности при наплата на услуги што се покриени од задолжителното здравствено осигурување - наведува ФЗОМ во соопштение. Оттаму посочуваат дека целта на засилените контроли е да се утврди…

Венс по изборниот пораз: „Причината поради која загубивме е војната“ — отвора на Инфомакс

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја посочи војната со Иран како главна причина за поразот на републиканците на конгресните избори. Во објава на „Икс“, тој оцени дека партијата изгубила дел од сопствените гласачи, кои во 2024 година го поддржале тандемот Трамп–Венс, а сега гласале за демократите. „Причината поради која загубивме е војната. И самиот претседател ...

18 извештаи (сите извештаи)7 со ист текст

Известуваат и: БулеварУтро+9

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци — отвора на Независен весник

Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци каде што го нема системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе ...

За десет месеци 84 загинати на македонските патишта, 33 помалку од лани – Тошковски најави преполовување на жртвите до 2030 година — отвора на Нова Македонија

Во првите десет месеци од годинава на македонските патишта животот го загубиле 84 лица, што е за 33 помалку во споредба со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 117 загинати. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги соопшти овие податоци по денешната промоција на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот ...

16 извештаи (сите извештаи)6 со ист текст

Известуваат и: Скопје1Курир+9

Македонија демонстрира посветеност во реформите, наша цел останува отворање на првиот кластер штом се исполнат условите, истакна Кос — отвора на Нова Македонија

Македонија покажува посветеност на реформите, а Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува земјата на патот кон членство во Европската Унија. Сепак, отворањето на првиот преговарачки кластер останува условено со исполнување на преземените обврски, пред сѐ со усвојувањето на уставните измени, пренесе МИА. Ова го порача еврокомесарката за проширување Марта Кос, претставувајќи го Пакетот за ...

17 извештаи (сите извештаи)7 со ист текст

Известуваат и: А1онРепублика+8

Имате сомнеж за трошењето јавни пари? ДЗР ги повикува граѓаните да предложат ревизии — отвора на Press24

Граѓаните и организациите ќе можат да предложат кои институции и области да бидат опфатени со државна ревизија во текот на 2027 година. Државниот завод за ревизија (ДЗР) започна со подготовка на годишната програма за работа и ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози. Од Заводот посочуваат дека на овој начин јавноста ќе добие можност ...

16 извештаи (сите извештаи)10 со ист текст

Известуваат и: ЛидерМКД.мк+8

Победата на демократите ги потресе светските берзи — отвора на Бизнис вести

По американските индекси на фјучерси, цените на акциите паднаа и на азиските берзи, главно под влијание на падот на цените на акциите поврзани со вештачката интелигенција, откако изборните проекции покажаа дека демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот на среднорочните избори во САД. Индексот MSCI на акциите во Азиско-пацифичкиот регион, без јапонските акции, е ...

Извештај на ЕК: Македонија не прави ништо за уставните измени — отвора на Независен весник

Европската комисија во извештаите за прогресот на земјите кандидати зе влез во ЕУ денес ќе порача дека овогодишната проценка – е последната што ќе ја направи за Црна Гора, бидејќи се предлага во јуни идната година таа да потпише договор за членство во ЕУ. Македонија не само што нема да биде вклучена во групата ...

15 извештаи (сите извештаи)8 со ист текст

Известуваат и: ТелмаДенешен+8

Манасиевски: Од каде се парите за зградата во Влае и дали Пендаровски е деловен партнер на Муслиу — отвора на Press24

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го отвори прашањето за потеклото на средствата за изградба на станбена зграда во скопската населба Влае, каде што како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу. Манасиевски изнесе низа прашања за тоа како со државна плата се финансира ваков градежен ...

15 извештаи (сите извештаи)7 со ист текст

Известуваат и: МакфаксКурир+7

Тешко повредено 6-годишно дете, го удри товарно возило „мерцедес“ — отвора на Курир

На 03.11.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „362“ во Скопје, 48-годишниот М.С. од Скопје управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во 6-годишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Билјана Кириќ (17) е девојката пронајдена мртва во запалениот автомобил во Богданци, Виктор Гунтаров е обесениот маж — отвора на Скопје1

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше пронајдена мртва во трагедијата кај Богданци, заедно со 21-годишниот Виктор Гунтаров. Според првичните индиции на Обвинителството, станува збор за убиство и самоубиство, но точните околности и причините за смртта допрва треба да бидат утврдени.На трагедијата ѝ претходеле пријави за насилство и закани. Според информациите од надлежните…

14 извештаи (сите извештаи)8 со ист текст

Известуваат и: СителЖурнал+7

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ — отвора на А1он

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување на мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44 годишниот...

14 извештаи (сите извештаи)5 со ист текст

Известуваат и: БрифТелма+7

Републиканците ја изгубија контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот на САД, Трамп: Ќе работиме со демократите — отвора на Бизнис вести

Републиканците на американскиот претседател Доналд Трамп ја изгубија контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, според проекциите на американските телевизиски мрежи. Се очекува демократите да обезбедат мнозинство во 100-члениот Сенат, вклучувајќи и двајца независни сенатори кои се во коалиција со партијата, според американските мрежи NBC News и ABC. Овој исход претставува голем неуспех…

13 извештаи (сите извештаи)9 со ист текст

Известуваат и: БрифКурир+8

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице — отвора на 24 Инфо

На 03.11.2026 година, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.С. (27) од Прилеп. При извршен претрес во неговиот дом и помошните простории во Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

13 извештаи (сите извештаи)5 со ист текст

Известуваат и: Press24Макфакс+6

Филипче побара гувернерот Славески да поднесе оставка поради случувањата во Алта банка — отвора на Фокус

15 извештаи (сите извештаи)8 со ист текст

Известуваат и: ОпсерверБриф+6

Сали на Европската академија во Берлин: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ — отвора на Press24

Во рамки на работната посета на Берлин, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на работен ручек организиран од директорот на Европската академија во Берлин (European Academy Berlin), д-р Кристијан Јохан, посветен на европската перспектива на Северна Македонија и иднината на политиката на проширување на Европската Унија. Разговорот беше…

Зеленски ја одликуваше Меланија Трамп — отвора на Плусинфо

Во претседателскиот декрет се наведува дека Меланија Трамп е одликувана за нејзиниот значаен личен придонес во обезбедувањето хуманитарна помош за Украина, како и за нејзиното активно застапување за човекови права и добротворна работа насочена кон помагање на луѓето погодени од руската војна и враќањето на украинските деца од Русија.

Млад скопјанец направил хаос: Во автобус нападнал патници и возачот, па им „скокнал“ и на полицајците кога дошле — отвора на Макфакс

Дваесет и седумгодишен скопјанец е приведен вчера во Драчево, откако физички нападнал неколку патници и возач на автобус, оштетил автомобил, а потоа нападнал и полициски службеници. Претходно било пријавено дека осомничениот најпрвин физички нападнал неколку патници во автобус, како и возачот на кого се обидел да му го одземе мобилниот телефон. Потоа излегол од автобусот ...

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да се одржи надзорна расправа за „Алта банка“ — отвора на Макфакс

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара надзорната расправа за случувањата поврзани со Алта банка да се одржи утре, 5 ноември, во 11 часот. Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека партијата ги собрала потребните потписи за да побара итно закажување на расправата од претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска. Стојаноски потсети дека во понеделникот ...

12 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: ОпсерверКурир+7

Целосен дебакл за Трамп: Демократите ги освоија двата дома на Конгресот — отвора на Макфакс

Демократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за упоришта на републиканците. ...

Сопственикот на Алта банка, Мацура, вели дека е невин — отвора на еМагазин

Вчера во српското Јавно обвинителство за организиран криминал беше сослушан сопственикот на српската Алта банка АД Белград, Давор Мацура, која е сопственик на македонската Алта банка АД Битола, пренесуваат српските медиуми. Тој се товари за злоупотреба на положбата на одговорно лице, а за агенцијата „ФоНет“ неговиот адвокат Иса Спаховиќ, изјавил дека обвинителот побарал притвор во ...

12 извештаи (сите извештаи)3 со ист текст

Известуваат и: MakPressЛибертас+5

Во Солун уапсен човек кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија — отвора на Република

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол издадена од нашата земја за извршено кривично дело тешка кражба, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, полицајците од Одделението за сузбивање и расчистување кривични дела, вчера во вечерните часови, во центарот на Солун уапсиле „43-годишен странски државјанин, ...

12 извештаи (сите извештаи)7 со ист текст

Известуваат и: ДенешенА1он+5

Врска со трагичен крај во Богданци: Ја убил 17 годишната девојка и го запалил автомобилот — отвора на Press24

Само 17 години имала девојката чие изгорено тело вчера било пронајдено во запален автомобил во Богданци.Според неофицијалните информации до кои дојде Press24, истрагата се сомнева дека таа е жртва на убиство на 21 годишното момче кое исто така беше пронајдено мртво на местото на настанот. Според непотврдени информации тој се обесил во близина на автомобилот. ...

12 извештаи (сите извештаи)6 со ист текст

Известуваат и: ФокусЛибертас+4

Системите се електронски, но зад нив секогаш стои некој човек. Јаневска ги охрабрува студентите да пријават ако некој им бара мито — отвора на Плусинфо

Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, но битно е дека МВР и правдата функционираат. Човекот е откриен, се води истрага и понатаму ќе ги сноси сите консеквенции за нелегалните активности што ги направил, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со истрагата што вчера ја отвори МВР за вработен ...

Обама: Американците испратија јасна порака — отвора на ТРН

Поранешниот американски претседател Барак Обама се огласи по изборниот пораз на републиканците, оценувајќи дека Американците јасно покажале каква политика сакаат. Тој истакна дека граѓаните очекуваат политичари што ќе ги обединуваат, наместо да ги раздвојуваат, и лидери кои ќе понудат конкретни решенија за нивните проблеми. „Вечерва американскиот народ испрати јасна порака. Сака политика што ги…

Иранскиот преговарач Калибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на војната — отвора на ТРН

Претседателот на иранскиот парламент и главен претставник на Иран во преговорите со Соединетите Американски Држави, Мохамад Багер Калибаф, денеска оцени дека Американците со гласањето на меѓуизборите, на кои демократите ги победија републиканците, рекле „не“ на војната. „Без разлика дали тоа го направиле водени од совеста или од трошоците за живот, Американците рекоа ‘не’ на војната ...

11 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: КурирИнфомакс+4

Зајкова: Ако законот не се почитува, правдата ќе ја тераме преку суд! — отвора на Фокус

„Има време за прес-конференции, дневни политички препукувања и само пофалби, но нема време да се испочитува законската...

Има отпор на Клиниката за онкологија и на дел од болниците каде треба да се децентрализира терапијата, но работиме да го решиме тоа, кажа Клековски — отвора на Сакам да кажам

Скопје1 дознава: 17-годишна девојка е втората жртва во Богданци, претходно го пријавила момчето за насилство — отвора на Скопје1

Седумнаесетгодишна девојка од Богданци е втората жртва пронајдена во опожарениот автомобил кај местото „Ичева чешма“, дознава неофицијално Скопје1. Покрај возилото беше пронајден мртов 21-годишниот Виктор Г., кој, според информациите до кои дојде нашата редакција, бил нејзино момче. Случајот добива дополнителна тежина по сознанијата дека девојката претходно го пријавила за физичко насилство, а на…

12 извештаи (сите извештаи)2 со ист текст

Известуваат и: КурирДенешен+3