Архива: 12 ноем. 2026

Настаните што започнале тој ден, најшироко пренесените прво.

Електронски алки за насилниците. Владата предлага нов закон за побрза заштита на жртвите од семејно насилство — отвора на Press24

Жената, мајката и ќерката треба најбезбедно да се чувствуваат во својот дом, а институциите се должни да направат сѐ што е во нивна можност за нивна заштита, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, најавувајќи дека во Собранието е поднесено ново законско решение за семејно насилство, со кое, меѓу другото, ...

Силен ветер со брзина над 80 км/ч ќе ја зафати Македонија: УХМР најави и пад на температурите — отвора на Press24

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h), соопштија од УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Од УХМР информираа дека под влијание на серија од ...

Ќе се оди в затвор за лажни вести што ќе го загрозат банкарскиот финансиски систем — отвора на Press24

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, во вчерашното издание на дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24 истакна дека со Кривичниот законик, којшто е испратен до Европската Комисија, предвидено е воведување на ново кривично дело кое се однесува на загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, по пат на неосновано ширење во ...

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера — отвора на Фокус

Новата шефица на ОЈО ГОКК ќе даде свечена изјава пред Советот на јавни обвинители — отвора на Проверено

Новата шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева се очекува да даде свечена изјава пред Советот на јавни обвинители. Хаџи Василева е втората жена која по Вилма Рускоска ќе застане на чело на едно од најважните обвинителства во земјава. Таа беше избрана за нова шефица на ОЈО ...

Хаџи-Василева: Ако има факти ќе се отвори истрага за Алта банка — отвора на Независен весник

Обвинителството ги следи актуелните случувања поврзани со Алта банка, организацијата на прославите за Денот на независноста и други теми од јавен интерес, но за формирање обвинителски став, неопходни се конкретни факти и докази – смета новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи-Василева. Одговарајќи на новинарско прашање…

Сведок: Обвинетите полицајци од Пробиштип биле испратени во Кочани без да знаат дека ќе вршат контрола во дискотеката „Пулс“ — отвора на Либертас

Полициските службеници Мартин Арсовски и Дарко Милошевски од Пробиштип, кои се меѓу обвинетите во постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“, биле испратени на подрачјето на ОВР Кочани, без претходно да бидат запознаени со конкретните задачи што ќе ги извршуваат и без информации дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката – сведочеше денеска Драган Василески, виш ...

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови — отвора на 24 Инфо

Еден тон подмладок од крап денес е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро. Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика” од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за ...

Трикатна зграда се урна во Њујорк; двајца загинати, 10 повредени — отвора на Проверено

Најмалку две лица загинаа, а десет се повредени по уривањето на трикатна зграда во Бруклин, соопштија њујоршките власти, додека спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по евентуално затрупани луѓе.Стамбената зграда, која имала четири станови и била изградена во 1930 година, се урнала врз соседно градилиште каде што се изведувале ископувања. Причината за уривањето е ...

Македонија бележи пад на стапката на убиства, во регионот највисока е во Црна Гора, а во ЕУ во Литванија — отвора на Независен весник

Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат. Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78. Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на ...

Руската вакцина против рак покажува резултати, метастазите се повлекуваат кај првиот пациент — отвора на Press24

Првиот пациент кој ја примил руската персонализирана вакцина против рак го завршил третманот, при што кај него повеќе не се забележуваат претходно откриените метастази. Како што изјави академикот и научен директор на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинзбург, дури и четири месеци по завршувањето на терапијата не се откриени нови туморски промени. Станува збор за пациент со ...

СДСМ поднесува кривични пријави за „Алта банка“ — отвора на Кајгана

СДСМ поднесува кривични пријави за „Алта банка“ Александра Спасеска 12.11.2026 / 10:29 Македонија „Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави…

Две години затвор за поранешниот директор на РЕК „Битола“ Пеце Матевски — отвора на Фактор

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување при јавна набавка за ископ на јаловина, во која била избрана битолската компанија „Рудкоп“, додека понудата на скопски „Гранит“ била отфрлена. Пресудата ја изрече судијата Горан Димовски од Основниот суд во Битола, кој утврди дека со постапувањето на обвинетите на…

HELLENiQ ENERGY инвестира над една милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија — отвора на Фактор

Грчката енергетска групација „Хеленик Енерџи“ (Helleniq Energy) планира да инвестира повеќе од една милијарда евра во Романија до 2030 година, како дел од својата стратегија за меѓународно проширување. Инвестициите ќе бидат насочени кон изградба на соларни и ветерни електрани, како и системи за складирање електрична енергија во батерии. Компанијата веќе е присутна на пет европски пазари, меѓу кои…

Премиера на „Црно злато“ на сцената на МНТ — отвора на Проверено

Во Македонскиот народен театар, во тек се подготовките за новата претстава „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба на претставата е закажана за 26ти ноември, додека премиерата ќе биде одржана на 27 ноември 2026 година во 20 часот на големата сцена на Театарот. Во претставата „Црно злато“, ...

Неплатените обврски кон државата достигнаа 227,6 милиони евра, на листата на УЈП уште 198 должници — отвора на Плусинфо

Европол: Уапсени 354 продавачи и купувачи на „темната мрежа“, запленети пет тони дрога — отвора на Проверено

Во операцијата со кодно име „ТорНадо“ (TorNado) уапсени се 354 продавачи и купувачи на „темната мрежа“ (dark web), а запленети се пет тони дрога, како и повеќе од 210 милиони евра стекнати преку криминални активности, соопшти денеска Агенцијата на Европската унија за соработка во спроведувањето на законот (Европол).Операцијата, насочена против сајбер-криминалот, трговијата со дрога и ...

Клиентите на Алта банка Србија можат да закажат исплата на осигурените депозити – почнува исплатата — отвора на Инфомакс

Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на Алта банка, која е во стечај, можат онлајн да закажат термин за исплата на осигурените депозити. Исплатата започнува утре. Термините се закажуваат преку официјалната веб-страница на Банка Поштанска штедилница: www.posted.co.rs. Средствата за исплата ги обезбедила Агенцијата за осигурување на депозити на Србија, додека Банка Поштанска штедионица…

Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година — отвора на Press24

Во земјава е регистриран уште еден сомнителен случај на морбили кај дете на возраст над една година, за кое во тек се лабораториските испитувања, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Досега во државата се потврдени вкупно пет случаи на мали сипаници, од кои четири се македонски државјани, а еден е странец. Министерот истакна дека ...

Најмалку две лица загинаа, 17 се повредени при уривање на зграда во Бруклин — отвора на Независен весник

Њујорк – Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои и седум деца, откако зграда се урна во њујоршката населба Бруклин, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Комесарката на противпожарната служба во Њујорк, Лилијан Бонсињоре, изјави дека спасувачката операција ќе трае подолго и дека во тек е истрага за утврдување на причините ...

Пукање во близина на Белата куќа: Четири лица повредени во Вашингтон — отвора на Скопје1

Четири лица се повредени во пукање што се случило во четвртокот наутро во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу 1,6 километри северно од Белата куќа, соопшти локалната полиција.Засега не се познати точната локација и околностите под кои се случил инцидентот.Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето на блокот 1500 на 15-та улица, каде што се наоѓаат фитнес-центарот „ВИДА“…

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија — отвора на MakPress

Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, благодарам за присуството, Во текот на вчерашниот ден, претседателот Мицкоски го матираше Венко Филипче. Вистината излезе на виделина околу случајот со Алта банка, односно претседателот Мицкоски јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записник од 194 седница на владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на…

УХМР со најава за петок - силен јужен ветер со брзина над 80 километри на час — отвора на Скопје Инфо

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал — отвора на Скопје1

Случај на семејно насилство во Кратовско е пријавен во полицијата откако 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, која живеела во кратовско село, пријавила малтретирање од нејзиниот 46-годишен партнер И. Д.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 ноември 2026 година, по пријавата во СВР Куманово, бил извршен службен разговор со двајцата. Жената изјавила дека го слушнала…

Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково — отвора на Press24

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, утре (петок, 13.11.2026 година) во 11:00 часот ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково, Општина Гази Баба. Од Владата најавија дека по пуштањето во употреба на објектот, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Настанот ...

Нови правила за патување во Европа: Од 2027 година и Македонците ќе треба да платат 20 евра за ETIAS – што треба да знаете? — отвора на Фактор

Граѓаните на Македонија, како и на другите земји од Западен Балкан што имаат безвизен режим со Европската Унија, наскоро ќе се соочат со нова обврска при патувањето во Европа. Се подготвува воведување на Европскиот систем за информации и одобрување патувања (ETIAS), кој ќе подразбира претходна електронска регистрација и плаќање надомест од 20 евра. Според најновите најави, системот треба да…

Братот на Виктор Орбан задржан во притвор еден месец — отвора на Проверено

Унгарски суд одреди едномесечен притвор за Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, поради сомневање за криумчарење мигранти, објави агенцијата МТИ.Арон Орбан и уште три лица беа уапсени во понеделникот за време на заедничка операција на Националното биро за истраги (NNI), Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH) и Европол.Братот на ...

Со јајца и зеленчук гаѓан автомобилот на Фон дер Лајен во Варна — отвора на Фактор

Во Бугарија, посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше проследена со протести во градот Варна, каде што демонстранти фрлаа јајца, овошје и зеленчук кон службените автомобили во кои се превезуваа таа и бугарскиот премиер Румен Радев. Инцидентот се случил во вторникот, на 10 ноември, пред Поморската академија „Никола Вапцаров“, каде што европската функционерка…

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист — отвора на Бизнис вести

Сојузот на спортови на Скопје ја одржа 57. свеченост за доделување на традиционалните награди „13 Ноември“, со кои се оддава признание на спортисти, тренери, спортски работници и организации за нивните достигнувања и придонес во развојот и унапредувањето на спортот. На денешната свеченост, која се одржа во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“, беа доделени ...

8 извештаи (сите извештаи)4 со ист текст

Известуваат и: MakPress365+4

Прашања

Радев повторно се пожали дека „проблемите на Бугарите во Македонија се продлабочуваат“ — отвора на Инфомакс

„Европа мора да учествува во преговорите за Украина, без неа не може да има нова безбедносна архитектура“, изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во Даблин, каде што учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Република Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, ...

НАТО го откажа самитот во Тирана во 2027 година — отвора на Независен весник

Непријатен удар за албанскиот премиер Еди Рама како последица од повеќемесечните протести против неговата влада: НАТО се откажа од одржувањето на самитот во Тирана во 2027 година. Тоа денеска во Даблин, од самитот на Европската политичка заедница, го објави премиерот Рама, пренесе Ројтерс. „Проблемот е што сѐ уште не постои заеднички став за тоа ...

Делови од општините Илинден, Кисела Вода, Гази Баба, Сопиште и Центар денеска без струја — отвора на Пулс24

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33 години – скандалот со наводни афери ја потресе технолошката компанија — отвора на Инфомакс

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, по објавите за негови две наводни вонбрачни врски, од кои едната со жена обвинета за шпионажа во корист на Кина, објави компанијата. Финансиската директорка Колет Крес привремено ќе ја преземе функцијата, додека Управниот одбор бара постојан наследник. Со тоа завршува 33-годишното раководење на ...

Дел од Гази Баба денеска без вода — отвора на Проверено

Дел од жителите на општина Гази Баба денеска ќе останат без вода од 8:30 часот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Прекинот во водоснабдувањето ќе ги опфати корисниците на улицата „Вамбел“, како и дел од корисниците на улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“. Пекинот е поради монтажа на нов затворач (шибер) со димензија Ф-100 ...

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа со шест реактори — отвора на Независен весник

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за разбирање со турската државна нуклеарна компанија „Туркије Нуклеер Енерџи“ за изработка на физибилити-студија за проширување на турската нуклеарна енергетска програма. Турската компанија планира изградба на втора нуклеарна централа во Синоп, на брегот на Црното Море, а „АткинсРеалис“ предлага поставување шест реактори од типот…

ВЛЕН бара оставка од Ахмети — отвора на 24 Инфо

Прес-конференција на ВЛЕН: Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова ...

Реакција на Делегацијата на ЕУ на јавната дискусија поврзана со Студентскиот дом „Стив Наумов” — отвора на Бизнис вести

По неодамнешната јавна дискусија во врска со условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, Делегацијата на ЕУ ги разгледа околностите и ги утврди фактите, вклучително и преку посета на објектите од страна на нејзини претставници. Врз основа на собраните информации, би сакале да ги дадеме следниве појаснувања – наведува Делегацијата на ЕУ во соопштение, ...

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во земјоделството биле утврдени со теренските контроли на АФПЗРР — отвора на Бизнис вести

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во земјоделството биле утврдени со теренските контроли на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) во Охридско-струшкиот Регион. Надзор бил извршен кај корисници на субвенции и инвестиции финансирани преку Програмата за рурален развој. При екс-пост контрола во селото Биџево, Струшко, не бил пронајден…

„Секоја одложена инвестиција има последици“ – Силјановска-Давкова бара посилно поврзување на Западниот Балкан со Европа — отвора на Нова Македонија

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, на кој присуствуваат околу 50 шефови на држави и влади. Централна тема на собирот е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Силјановска-Давкова се обрати на панел-дискусијата посветена на градењето поконкурентна Европа преку иновации, поврзаност и достапна енергија. Во своето излагање таа…

За само пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи: Полицијата со засилени контроли низ Македонија — отвора на Булевар

За само пет часа, полицијата санкционирала 221 сообраќаен прекршок поврзан со однесувањето на пешаците и возачите кон нив. Најголем дел од прекршоците биле направени од пешаци кои ја преминувале улицата надвор од обележаните пешачки премини. Засилената акциска контрола била спроведена на 11 ноември, во периодот од 8 до 13 часот, на територијата на целата држава, ...